Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Метал бендот „Лавина“ победи на националниот избор за српски претставник за Евровизија во Белград со песната „Крај мене“. Бендот ќе ја претставува Србија на Евровизија во Виена на првото полуфинале на 12 мај. „Лавина“ е прогресивен метал бенд. Формирани се кон средината на 2020 во Ниш, а нивниот прв албум „Одисеја“ е издаден во 2022. Имаат настапувано Арсенал Фест во Крагуевац, како и во многу градови низ Европа. Лавина е шестчлен бенд, а за ...
Алекандра Радовиќ одржа одличен коцерт вчера (27 февруари) во Филхармонијата во Скопје. Српската поп-пејачка ја наполни салата, а публиката остана на нозе на почетокот од концертот. Во публиката, главно жени ги пееја хитовите на Радовиќ, која на „Златна Бубамара на популарноста“ ја доби наградата за најпопуларна регионална пејачка. „Многу од моите песни напиша Дарко Димитров и се снимени во неговото студио. Тие песни уште траат“, рече ...
Вечерва (28 февруари) од 20:30 часот, во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје концерт ќе одржи „Амплидајн ефект трио“. Ова е концертна поставка на проектот „Амплидајн ефект“ на Мартин Георгиевски, активен од 2009 и препознатлив по својот амбиентален, електронски и импровизациски звук. Во триото, освен Георгиевски, членуваат и Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоска (флејта). Специјална гостинка на концертот е Добрила ...
Kонцертот „Maglota Live“, што секстетот на Јордан Костов и хорот „Св. Злата Мегленска“ го одржаа во Филхармонијата на 30 јуни 2025, доби свое винилно издание. Плочата ќе биде промовирана на 3 март од 19 часот во „Аудиокултура“ во Скопје, кога првпат ќе може да се слушне. „‘Maglota Live‘ не е обичен концертен запис, туку звучен документ на еден комплексен, колективен и длабоко интегративен музички чин. Во оваа изведба се сретнуваат секстетот ...
Најсветското издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа вчера (26 февруари) во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Цела сала беше на нозе на настапот на легендарната британска соул, фанк и диско група „Делегејшн“ и американската соул ѕвезда Марта Хај, која 34 години му беше придружен вокал на Џејмс Браун. Енергичната Марта Хај (81) го испеа токму најголемиот хит на Џејмс Браун „Се чувствувам добро“ (I Feel Good), а ја придружуваше ...
Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано вели дека е возбуден пред концертот на 7 март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, кој ќе биде различен од претходиот што се одржа во 2019. „Ме информираа дека салата е речиси полна и тоа најмногу ме радува“, рече пејачот на денешната прес-конференција во Скопје. Лозано најави дека на концерот ќе има многу гости и неколку дуети кои ќе се објават во наредните денови. „На концертот ќе бидат и моите ...
Вилијам Шатнер, легендарниот капетан Кирк од оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, сними хеви метал албум на 94 години. Канадскиот актер кажа дека на албумот има обработки од „Ајрон мејдн“, „Блек сабат“ и „Џудас прист“, како и неколку авторски песни. „Металот отсекогаш бил место каде што имагинацијата станува гласна. Овој проект е, буквално, собирање на силите. Секој уметник ги носи својот оган, својата прецизност, својот хаос“, кажа Шатнер. ...
Хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ (20) на 9 април ќе го одржи првиот концерт во Скопје, во салата „Јане Сандански“. Јозиновиќ потекнува од спортско семејство од Винковци и студира политички науки во Загреб. Стана популарен во 2018 со учеството на музичкиот натпревар за млади таленти „Ѕвездички“, а подоцна и на „Суперталент“. Најголемо внимание привлекоа неговите настапи на улица и градски плоштади, каде што пееше хитови од Тоше Проески, ...
„Не ме сакаш“ е новата песна на поп-пејачката и харфистка Сара Мејс, која ја напиша таа, а аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов. Во спотот глуми и комичарот Стеган Николовски, а пејачката вели дека песната сменила неколку аранжмани додека се дошло до финалниот. „Песнава смени неколку аранжмани и сценарија додека не стигнавме и како звук и како визуелен продукт до оваа последна идеја со целиот мој тим. На мое огромно задоволство, ...
Можевме да имаме и трет и четврти и петти концерт, но рековме дека ќе застанеме на овие два, рекоа Драган Спасов-Дац и Александар Митевски пред нивните концерти „Дамите бираат“, кои ќе се одржат на 6 и 7 март во Македонскиот народен театар (МНТ) по повод 8 Март. Спасов најави дека концертот ќе биде поделен во три дела, а на сцената ќе ги придружува групата „Дрим тим“. Дуото и директорот на МНТ рекоа дека трет концерт ќе има на 18 јуни, на ...
Оскаровецот Том Хенкс ќе го глуми американскиот претдседател Абрахам Линколн во филмската адаптација на романот „Lincoln in the Bardo“ од Џорџ Сондерс. Покрај тоа што ќе ја игра улогата на 16. претседател на САД, Хенкс ќе биде и продуцент на проектот. Режисер е Дјук Џонсон. Ова не е првпат Хенкс да толкува вистинска историска личност. Ги глумеше астронаутот Џим Ловел во „Аполо 13“, пилотот-херој Челси Саленбергер во „Чудото од Хадсон“ и ...
Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во Прилеп на 4 април од 20 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“. „Најдоброто од Игор Џамбазов доаѓа во Прилеп. ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената заедно со Игор за најпознатите хитови да прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум ‘Првите триесет’. Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во ...
За 16 дена од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, спортистите изеле околу еден тон кашкавал грана падано и 1.800 метри пица, изјави извршниот директор на ЗОИ, Андреа Варниер. Во просек, тие јаделе 60 килограми од овој кашкавал на ден, 365 килограми паста, 10.000 јајца и 12.000 парчиња пица и пиеле 8.000 кафиња. „Колку да се добие претстава за обемот, ако ги наредиме сите послужавници што се користеа за секој оброк секој ден, тие би ...
Лили Колинс, ѕвездата на хит-серијата „Емили во Париз“, ќе ја глуми легендарната холивудска актерка Одри Хепберн во нов филм. Тој ќе се фокусира на снимањето на нејзината романтична комедија од 1961, „Појадок кај Тифани“. Филмот, кој сè уште нема наслов, ќе се базира на книгата на Сем Васон „Fifth Avenue, 5 AM: Audrey Hepburn, Breakfast at Tiffany’s and the Dawn of the Modern Woman“, со сценарио напишано од Алена Смит, креаторка на серијата ...
Хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ ќе одржи концерт во Скопје на 9 април во салата „Јане Сандански“. Јозиновиќ (20) стана популарен во 2018 со учеството на музичкиот натпревар за млади таленти „Ѕвездички“, а подоцна и на „Суперталент“. Најголемо внимание привлекоа неговите настапи на улица и градски плоштади, каде што пееше хитови од Ѓорѓе Балашевиќ, Оливер Драгојевиќ и Здравко Чолиќ. „Песната без која не ми поминува ниту еден настап е ...
Поп-пејачката Полина Тас (Полина Тасева) ја промовираше новата песна „Феномен“, за која објави и видеоспот. Тасева вели дека „Феномен“ е современа поп-песна со модерен звук која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. „Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони“, вели пејачката. Иван Костадинов-Панда е продуцент и автор на песната, а режисер на спотот е Владислав Гавриловски. Уметникот Бојан ...
НУ Камерен оркестар на Битола ја отвора годинашната концертна сезона со концертот „Вечер на романтични балади“, кој ќе се одржи на 24 февруари во Офицерскиот дом во Битола. „Ќе диригира Владимир Димовски, а оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма посветена на романтичниот израз во музиката, со дела од Антонин Дворжак, Јозеф Сук и Петар Илич Чајковски. Влезот е слободен. Концертот е замислен како емотивно музичко ...
Песната „Небесно“ (Heavenly) на Владимир Василевски-Четкар е снимена во нова верзија, во соработка со диџејот и продуцент Доктор Пакер од Австралија. Песната беше оригинално издадена во 2014 на истоимениот албум на Четкар и освен во Македонија, се промовираше и во Унгарија, Италија и Јапонија. Во тоа време, ја преработи и францускиот продуцент Димитри од Париз. „Новиот ремикс од Доктор Пакер се искачи на врвот на листата на музичката ...
Ема Стоун, Леонардо ДиКаприо, Кејт Хадсон и Тимоти Шаламе беа меѓу ѕвездите на доделувањето на британските филмски награди БАФТА во Лондон на 22 февруари. „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон освои најмногу награди, шест, меѓу кои и за најдобар филм. Младиот Роберт Арамајо („I Swear“) беше прогласен за најдобар актер, победувајќи ги фаворитите Тимоти Шаламе и Леонардо ДиКаприо. Ирската актерка Џеси Бакли доби БАФТА за најдобра актерка ...
„Небитен“ е новата песна на поп-пејачката Симона Поповска. Автор на музиката и аранжманот за оваа балада е Панче Касапски, а текстот го напиша Кристина Зимбакова-Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на „Дулелуд“. Видеоспотот се снимаше на Козјак во продукција на студиото „20TWO“, a го режираше Крсте Шупев. „‘Небитен’ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие сè“, вели поп-пејачката . Песната ...
Рамбо Амадеус ќе одржи втор концерт во Скопје, во „ Јавна соба“ на 15 март од 18 часот, откако се распродаде првиот, на 14 март. Во времето на сѐ поголема популарност на трибјут бендовите, црногорскиот музичар во свој стил го нарече концертот „Трибјут на самиот себе“. Антоније Пушиќ попознат како Рамбо Амадеус е една од најоригиналните појави на регионалната музичка и општествена сцена. Тој речиси четири децении ги поместува границите на ...
Третата сезона на ТВ-серијата „Куќата на Змејот“ премиерно ќе почне да се прикажува од јуни, објави Ејч-Би-О со трејлер. Третата сезона ќе има осум епизоди. Сезоната ги опфаќа настаните од книгата „Крв и оган“ на Џорџ Р. Р. Мартин, која ја раскажува приказната за куќата Таргарјен. Книгата е претходник на „Песна за мразот и оганот“, според која беше снимена серијата „Игра на тронови“. Главните улоги ги играат: Оливија Кук, Ема Д’Арси и Мет ...
Дуото Дац и Александар ја издаде првата плоча насловена по неговиот хит „Уште ми фалиш“. На неа се песните кои продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац ги испеаја од 2019 до денес, како „Цреши охридски“, „Душа бакшиш“, „Четири страни“, „Љуби ме“ и други. „Ова е нашата прва плоча, со најголемите хитови на Дац и Александар. Плочата е црвена како љубовта, а можете да ја имате и вие посветена со наши потписи“, рекоа Митевски и ...
Познати личности беа модели на традиционалната модна ревија на венчални фустани во рамките на 14. Саем за венчавки во Скопје, кој почна вчера (20 февруари) и ќе трае до утре (22 февруари) во хотелот „Александар палас“. Диригентката Бисера Чадловска, поп-пејачката и харфистка Сара Мејс, Мис на Македонија Чарна Невзати, моделите Светлана и Моника Црнокрак, професорката Калтрина Круезиу, водителката Емакулате Вандера-Блажеска, моделот Маја ...
Се забележува тренд на враќање на децата и родителите во кино по периодот на стагнација, велат од скопското кино Синеплекс, презентирајќи ги бројките за гледаноста во изминатата година и насловите во 2026. Оттаму се задоволни што по три години пауза, по „Те дуа жими мене“ од Марјан Гавриловски, македонскиот филм повторно е во топ-10 листата, со „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски. „’Диџеј Ахмет’ е еден од најгледаните македонски филмови во ...
Легендарната британска соул, фанк и диско група „Делегејшн“, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 1970-тите и 1980-тите во Европа и САД, ќе настапи на 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“ на 26 февруари во aрената „Борис Трајковски“. Групата ќе ја добие наградата за животно дело. „Ниту една забава порано во Скопје не поминувала без хитовите на ‘Делегејшн’, а сега ќе имаме можност да ги слушнеме во живо на ‘Златна ...
Битолскиот диригент Владимир Димовски вечерва (20 февруари) ќе гостува во Ниш, каде што ќе диригира со тамошниот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата е „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот ќе се одржи во Офицерскиот дом со почеток во 19 часот. Роден во 1984 во Битола, Димовски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во ...
Поп-пејачот Јоце Панов ќе одржи концерт во Скопје на 18 март, во Филхармонијата од 20 часот. Лани на 8 март во истата сала, пејачот одржа концерт со оркестар, со кој прослави 25 години на сцената. „Го подготвуваме секој детаљ, избор на песни, аранжмани, сцена. Јоце Панов е влезен во студио и подготвува две нови песни, ‘Жено вистинска’ и ‘Алкатраз’, чија премиера ќе биде на концертот”, велат од тимот на пејачот. „Во секоја песна оставам дел од ...
Долго време познат по маслинките и крајбрежниот шарм, јужниот грчки град Каламата се најде во центарот на вниманието благодарение на импозантен мурал со легендарната сопранистка Марија Калас. Огромното уметничко дело на една истакната зграда во центарот на градот е прогласено за „Најдобар мурал на светот“ за 2025 година од страна на Street Art Cities, глобална платформа што ја слави уличната уметност. Жителите на Каламата, 240 километри ...
Владо Јаневски ќе биде гостин на концертот на хрватската пејачка Весна Писаровиќ, кој ќе се одржи на 28 март во Филхармонијата. Организаторот на настанот „Евентум“ вели дека Јаневски ќе пее по желба на Писаровиќ. „Поводот е нивното долгогодишно пријателство, но и дуетот ‘Љубовта е религија‘ (Љубав је религија) снимен пред речиси дваесет години, песна што остави длабока трага и кај македонската и кај хрватската публика. Весна Писаровиќ лично ...