Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) Предраг Бошковиќ денеска оствари посета на Општина Охрид. – Голема чест и задоволство ми претставуваше можноста да остварам средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ. Заедно разговаравме за иднината на ракометот, за возбудата која нè очекува со претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 29 мај 2026 година, во 16:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, едно лице од Охрид физички нападнало сограѓанин. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 4 Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 29 мај 2026 година, во 16:10 часот, во СВР ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 мај 2026 година, во 02.20 часот, лишено е од слобода 19-годишно лице од Ресен кое претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. – При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 19 мај 2026 година, во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, во семејниот дом било агресивно кон неговата мајка и и’ упатувал вербални закани по нејзиниот живот. – По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 3 Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 19 мај 2026 ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот гитарист Carlos Santana и Becky G ги здружија силите на новата песна „Mi Gran Amor“, создавајќи дело кое ја истакнува длабоката општествена реалност што ја доживуваат многу латиноамерикански семејства во Соединетите Американски Држави. Песната, која е набиена со емоции се фокусира на стравот, тагата и неизвесноста предизвикани од имиграциските политики и разделбите на семејствата. Напишана и ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Четири години по објавувањето на нејзиниот многу успешен албум „L’Emprise“, кој доживеа голем комерцијален успех во Франција, легендарната француска уметница Mylène Farmer се враќа со „C’est à qui le tour?“, прв сингл од нејзиниот долгоочекуван 13 студиски албум. Официјално, песната беше објавена на 29 мај и веќе е достапна на сите поголеми стриминг платформи, како што се Spotify, Deezer и Apple Music. ...
Струга, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со свечено отворање во Домот на писателите во Бургас, на 26 мај започна дваесеттото јубилејно издание на Меѓународниот литературен фестивал „Свето слово“, кој траеше до 29 мај и годинава собра поети, писатели и преведувачи од осум држави – Полска, Чешка, Србија, Република Македонија, Хрватска, Црна Гора, Ерменија и Бугарија. Меѓу гостите и учесниците на фестивалот беа реномирани литературни имиња од повеќе ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, во стариот дел на градот, на потегот од Горна до Долна порта. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово кај малиот парк до Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 8 Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Кучињата скитници деновиве повторно се „декор“ по охридските улици, а утрово малку фалеше да се случи инцидент на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во строгиот центар на градот. Читатели на OhridPress испратија до редакцијата видео на кое се гледа како група кучиња лаат на вработен во локално комунално претпријатие, кој за среќа не е нападнат. Лоша слика остава што целиот настан се случува пред ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат празникот Духовденска задушница, саботата пред педесетница. Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под менторство на професорите Маја Цветанова Терзиоска и Андријана Паскали, а во соработка со Општина Охрид и Општина Дебрца, вечерва, во манастирот „Св. Недела“ во селото Оровник, со почеток во 19:00 часот ќе биде промовиран филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и промоција на проектот „Светлина на верата“. Проектот „Светлина на верата“ претставува изработка на веб страна за црквите и манастирите ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 24 степени. – Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 30. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети апостол Андроник. Бил еден од седумдесетте, роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Започна вториот по ред продолжен викенд, за одбележување на празникот Духовден, а туристички Охрид е одлично исполнет со гости. Денешниот ден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, што секако ќе помогне градот да бележи солидна исполнетост со гости во пресрет на новата сезона. Бројни возила пристигнуваат во текот на целиот ден, а Градскиот кеј ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Lions club Lyhnidos од Охрид, со посебен настан денеска се одбележаа 300 години од градењето на познатата Саат кула, на Дебој, во стариот дел на Охрид. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков кој истакна дека 300 години Саат кулата во Охрид есведок за времето, традицијата и духот на нашиот град. – Денес со особена чест и гордост одбележавме значаен јубилеј ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Време е за вечер со префинета музичка селекција во охридската Art Terrazza – Dј Jane is back in the game! – Во четврток, на 29 мај од 21:00 часот, Art Terrazza добива вечер со префинета музичка селекција. Резервации на 070/251-361 и 078/206-396, порачуваат од Art Terrazza. По пауза од 10-тина години, Dj Jane се враќа. Повелете на уште една прекрасна вечер исполнета со внимателно одбрана музика. (Крај) извор: ...
Кичево/Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 мај 2026 година, во 10.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во работнички камп лоциран во кичевското село Извор, 57-годишен турски државјанин, вработен во градежна фирма, при самоволно извршување на сеча на гранки од дрво и невнимание, паднал и се здобил со скршеници. – Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Cruz Beckham продолжува да го гради својот музички идентитет со објавувањето на новиот сингл „Yeah Yeah Yeah“, песна што ја доловува спонтаната и разиграна страна на младиот пејач, текстописец и музичар, кој испорачува енергична и непретенциозна песна, снимена со неговиот бенд, The Breakers. Песната е продуцирана од Justin Raisen и Lewis Pesacov, двајца креатори кои претходно соработувале со имиња како Kim ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид е пред уште еден празничен, продолжен викенд, за одбележување на празникот Духовден. Денешниот ден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, што секако ќе помогне градот да бележи солидна исполнетост со гости во пресрет на новата сезона. Бројни гости секојдневно уживаат во убавините на Охрид, најголемиот туристички центар кај нас. ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 мај 2026 година, во 17.45 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, приведено е 44-годишно лице од Охрид кое претходно, во угостителски објект го нарушило јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. – По извршено алкотестирање, кај него се констатирани 2,51 промили алкохол во крвта и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со „Viajando Por El Mundo“, снимена заедно со одличниот Manu Chao, Karol G става нова музичка ѕвезда во својот уметнички универзум. Песната првично беше објавена во јуни 2025 година, како дел од петтиот студиски албум на колумбиската суперѕвезда, „Tropicoqueta“, за подоцна да биде петти официјален сингл од албумот, издаден на 25 мај 2026 година. „Viajando Por El Mundo“ е еден од најпосебните моменти на ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – James McCartney го објави видеото за новата песна „I’ll Say What I Want To“, како сериозно продолжение на неговото присуство на современата инди и алтернативна рок сцена. Синот на сер Paul McCartney последниве години следи личен уметнички пат, избирајќи понезависен и потивок музички стил, подалеку од интензивните комерцијални продукции. Музичкото видео е едноставно и директно, со нагласување на ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охриѓанецот Љупчо Паункоски, синоќа во Куќата на Робевци во Охрид, свечено беше отворена изложбата „Малесија низ старите фотографии“. – Низ ретки и вредни фотографии, се раскажа приказната за традицијата, животот и духот на Малесија, информираат организаторите. Настанот беше под покровителство на Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид, Фото клуб „Охрид“ и Општина Охридм како уште ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под менторство на професорите Маја Цветанова Терзиоска и Андријана Паскали, а во соработка со Општина Охрид и Општина Дебрца, утре во манастирот „Св. Недела“ во селото Оровник, со почеток во 19:00 часот ќе биде промовиран филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и промоција на проектот „Светлина на верата“. Проектот „Светлина на верата“ претставува изработка на веб страна за црквите и манастирите во ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Идната сабота започнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 09:00 часот, а учениците ќе избираат ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од плажата „Горица 1“, со мотив од стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 13 Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажата „Горица 1“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да ја погледнат театарската претстава „Марта“, која е силна приказна за тивката борба со анорексијата. Претставата „Марта” е работена според делото „Марта пред огледалото“ и претставува интимен театарски запис, односно покана за влез во дневникот на една млада тинејџерка која се соочува ...