Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Струга, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На вториот ден Духовден, во Парумба – гулабицата во струшкото село Горна Белица се собираат голем број на верници кои прават литија која тргнува во 05:00 часот наутро од центарот на селото. И годинава оваа прекрасна традиција беше испочитувана од бројни верници, но и сите вистински вљубеници во планината и традицијата. Црква „Св. Троица“ е позната по името Парумба, по истоименото место што значи Гулабица на ...
Охрид/Струга, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот народ го смета Духовден за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места дури, кога ќе прекрши денот, имено попладне, се играат и ора. Во народното верување овој празник најмногу се поврзува со душите на умрените, а според народните верувања, „бидејќи душите на мртвите се слободни во овој период и бидејќи им е мило да се покрај своите“, ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење. Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид покажаа дека таа не е исправна за употреба. По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со јавните реакции за рушењето на куќата во Охрид, изградена во 1927 година, ја известуваме јавноста дека предметниот објект не поседува статус на заштитено културно наследство согласно Законот за заштита на културното наследство, ниту е евидентиран како добро под привремена заштита, информираат од Управата за заштита на културното наследство. – Оттука, Управата за заштита на културното наследство ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Големи црни кеси со најразличен отпад оставени до кантите, картонска амбалажа, расфрлани пластични шишиња, остатоци од храна… ова е „декорот“ што често може да се види низ уличките на стариот дел на градот. – Ова се редовни слики од најпосетуваниот дел од Охрид од страна на туристи, место коешто е живеалиште на голем број граѓани, место со голем број бизниси. Ова не е сликата којашто сакаме да ја ниту ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 3 јуни 2026 година, со почеток во 10:30 часот, со стартна позиција кај Холандскиот парк во Охрид ќе се одржи третото издание на настанот „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Настанот има за цел да ја поттикне употребата на велосипедот како здрав, еколошки и модерен начин на превоз, истовремено промовирајќи ги локалните бизниси низ градот. – Заедно ќе возиме низ улиците на Охрид, ќе уживаме во ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони-Цветен Охрид“. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Радојца Новичиќ“ и „Кленоец“. Акцијата ќе се реализира во четврток, на 4-ти и петок, ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, во стариот дел на градот, кај црквата Свети Климент и Пантелејмон, Плаошник. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со ретроспективна изложба и премиера на претставата „Оркестар Титаник”, Народен театар Охрид во среда, 3 јуни, ќе одбележи 15 години од основањето. 46 премиера „Оркестар Титаник” е по текст на Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со охридската ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На високообразовните установи во Охрид во текот на 2025 година дипломирале 122 студенти запишани на додипломски студии. Според податоците на Државниот завод за статистика, на Факултетот за туризам и угостителство дипломирале 80 студенти, од нив 65 редовни и 15 вонредни. На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ дипломирале вкупно 42, сите редовни студенти. Од нив најмногу дипломци ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со цветен мотив од паркот до Градското пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Јован, епископ Готски. Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики.) Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени. – До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со резултат 31-25 (12-11), ракометарите на ГРК „Охрид“ вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид беа подобри од унгарска „Татабања“ и го освоија ЕХФ Европскиот куп. По релативно изедначеното прво полувреме, второто донесе предност за охридскиот тим, кој на крајот стигна до вредната победа. ГРК „Охрид“ го повтори успехот на Алкалоид од минатата година и дојде до првиот европски трофеј во својата ...
Струга, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На плажата пред хотелот „Бисер“ кај Калишта, денеска се одржа голема меѓународна еколошка акција за чистење со цел зачувување на природните вредности на Охридското Езеро и подигнување на јавната свест за важноста од грижата и заштитата на животната средина. Учество зедоа нуркачки клубови и учесници од Република Македонија, како и гости од Србија и Хрватска, кои заедно со волонтери, граѓани, еколошки ...
Загреб/Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Кристина Колоска Шкварч избра да создава тивка, нежна и лична убавина. Под името Sunny Pearls, таа изработува рачно правен накит инспириран од охридските бисери, македонската традиција и женственоста, пишува zenskimagazin.faktor.mk. Родена во Скопје, со семејни корени поврзани со Струга и Охрид, а денес со живот во Загреб, Кристина е мајка, сопруга, вработена во амбасада и жена која својата креативност ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Иако беше поднесено барање за итна заштита на објектот, утрово започна да се урива старата куќа на „Димитар Влахов“. Претходно до Секторот за заштита на културното наследство при Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците од Охрид, беше доставено барање за итна привремена заштита на овој објект, лоциран во непосредна близина на старото градско ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започна реконструкцијата на покривот на охридската гимназија, ОСУ „Свети Климент Охридски“. Работници ги отстрануваа покривните панели, а на страната кон Булевар „Туристичка“ е поставено и скеле за изведување на градежни работи. За тоа како и кога започнала изградбата на денешната гимназиска зграда, архивските материјали говорат дека е изградена во 1908 год, а според други архивски извори 1912 ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 25 до сабота 30 мај 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од црквата Свети Јован Богослов Канео. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за последното вакво, повторено „дело“, кога некој „ничим изазван“, се „пресметал“ и си ја измерил силата, со една од клупите во Градскиот парк во Охрид. Со ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Веста за инцидентот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во строгиот центар на градот, кога група кучиња лаат на вработен во локално комунално претпријатие, кој за среќа не беше нападнат е една од најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Лоша слика остава што целиот настан се случува пред поголема група странски туристи кои со неверување го снимаат настанот. Во битката за храна, ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска ја одбележуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден), за кој се врзани и бројни верувања. Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Се ...
Струга, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 2 до 4 јуни 2026 година, во Струга ќе се одржи 10 Дримска Конференција, како дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиот Басен (2011) и Вториот ГЕФ Дримски проект за имплементација на приоритетните мерки од Стратешкиот акционен план за Дримскиот Басен (2020). На конференцијата ќе учествуваат преставници од надлежните институции на државите од Дримскиот Басен, локалните ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети маченик Теодот и седум други маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија. Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкара во времето на Диоклецијан. Иако беше оженет, живееше според словото апостолско: оние што имаат жени ќе бидат како да ги немаат (1Кор. 7, 29). А крчмарот сметаше дека би можел, без некој да се ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска ја одбележуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Празникот го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охрид некогаш: Мирисот на скара од „Ориент“ се осеќат и денес низ оваа слика Се зборува на Facebook: Го ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 24 степени. – Во текот на новата седмица времето ќе биде релативно топло. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток се ...
Охрид, 31. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...