Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Тениски меч во Обединетите Арапски Емирати беше прекинат во вторникот кога остатоци од пресретнат воздушен напад запалија пожар во близина на теренот, пренесува „Сан“. Играчите и официјалните лица беа принудени да го напуштат местото на настанот на Опен турнирот Фуџаира поради ескалација на конфликтот, при што ОАЕ се меѓу земјите кои моментално се нападнати од Иран поради воздушните напади на САД и Израел. Натпреварот од АТП Челинџер ...
Директорот на јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ призна дека компанијата поминува низ исклучително тежок период и дека во иднина, ниедна опција не може целосно да се исклучи, дури ни можна продажба. Компанијата најавува затворање на фабрики, отпуштање на 20.000 работници и забрзан развој на нови модели, додека менаџментот ја остава отворена можноста за партнерство или дури и продажба. Новиот извршен директор Иван Еспиноза ја ...
Во претресот на станот на братот на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, Ацо, полицијата запленила и десетици страници документи во хартиена форма, објави „Вјести“. Во домот на Ацо Ѓукановиќ беа пронајдени и повеќе парчиња нелегално оружје, а ова е првпат како се споменуваат и документите, кои според „Вијести“ откриваат дека Ацо чувал списоци на политички непријатели на неговиот брат, од кои дел биле во папка насловена ...
Поранешниот европски шампион Вардар уште еднаш покажа дека грижата за навивачите не е само декларативна, туку и конкретна. Особено кога станува збор за најмладите фанови. Малиот Леонид минатата недела на натпреварот против Мелсунген се соочи со разочарување, неговото столче на трибините беше скршено, па не можеше да го следи мечот како што посакуваше. Неговиот татко јавно се обрати до клубот со апел проблемот да биде решен. Реакцијата не ...
Иако најчесто ја користиме само за одржување на оралната хигиена, пастата за заби може да биде и практично средство за чистење во домаќинството. Благодарение на благите абразивни честички и состојките за полирање, таа може да помогне при отстранување дамки, нечистотии и ситни гребнатини од различни површини, пишува „Вечерњи лист“. Од полирање накит до чистење на екрани или мијалници, пастата за заби може да биде едноставно решение кога ...
Речиси секое трето дете (31,2 проценти) во Македонија на возраст од шест до девет години има зголемена тежина, а 13,7 проценти од децата живеат со дебелина, што е над европскиот просек од 24 и 11 проценти, покажува студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI). (31,2 проценти). Зголемената тежина и дебелината се почести кај момчињата во споредба со девојчињата. Коментирајќи ги резултатите по повод Светскиот ден ...
Ана Костовска е родена во Скопје на 4 март 1963 година. Таа е македонска актерка и пејачка, препознатлива по бројните главни и споредни улоги во театарски претстави од различни продукции, како и по настапите во телевизиски и филмски проекти. Меѓу најпознатите е телевизиската серија „Бушава азбука“, за која ги изведува и насловните нумери. Костовска е главен вокал на култната група од осумдесеттите „Бастион“, а во текот на кариерата ...
За две години треба да се легализираат сите трактори, тракторски приколки, мобилни машини, мотокултиватори и камп- приколки. Владата достави до Собранието Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се предвидува нов рок за легализација на одредени категории возила, како и воспоставување појасни и построги правила за техничко одобрување и контрола. Легализацијата треба да заврши до 31 декември 2028 година, со што се ...
Судбината на најмалку 101 лице е непозната, додека 78 се повредени во напад на подморница врз ирански брод покрај брегот на Шри Ланка, изјавија за Ројтерс извори во морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка. Претходно, министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, објави дека неговата земја спасила 32 „сериозно повредени“ морнари од иранска фрегата што потона денес надвор од територијалните води на островот. ...
Два грчки борбени авиони Ф-16, стационирани на Кипар, полетале во средата откако околу 9:30 часот бил забележан дрон во близина на либанскиот воздушен простор, кој можеби бил насочен кон британската воена база „РАФ Акротири“. Засега не е познато дали дронот бил пресретнат или соборен, објави „Катимерини“. Како мерка на претпазливост, воздушниот простор над Меѓународниот аеродром Ларнака привремено бил затворен, поради што авион на „Егеан ...
Осуденик кој избегал, а треба да одлежи три и пол години затвор бил екстрадиран во Македонија, соопшти вчера Кривичниот суд, со што ова е првата екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја. Станува збор за лицето Ф. Л., кое со правосилна пресуда од 10 јуни 2020 година е осудено на казна затвор од три години и шест месеци за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки ...
Ракометарите на Вардар вчера славеа голема победа над Бенфика во Лигата на Европа со 33-27 со што обезбедија место во осминафиналето, а во овој триумф најдобар на теренот беше Јака Малус. Вардар има шанси и за четвртфинале, меѓутоа тоа зависи од дуелот против Мелсунѓен на гости во кој избраниците на Чупиќ не треба да загубат. Малус вчера против Бенфика блескаше со девет гола, а еден ги воодушеви и луѓето во ЕХФ. „Каква ракета“, стоеше во ...
Од ЈСП-Скопје информираат дека денеска жичницата на Водно нема да биде во функција поради прекин на електричната енергија на крајната станица кај Милениумски крст. -Надлежните служби ја следат состојбата на терен и по санацијата на дефектот на дистрибутивната мрежа и нормализирањето на испораката на електрична енергија, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците. Ви благодариме на разбирањето– соопштија од ЈСП. Од ...
Водата е основна потреба за која многу луѓе дури и не размислуваат. Ја користиме за пиење, туширање, перење облека и садови, но за една девојка, дури и најкраткиот контакт со вода го претвора нејзиниот живот во борба со болка. Челси, 23-годишна мајка, проговори на Тикток за нејзината исклучително ретка состојба – тешка алергија на вода, пишува „Сан“. Челси, во видеото објасни за предизвиците со кои се соочува секој ден. Иако се тушира како и ...
Жителка на населбата Ченто во општина Гази Баба утрово објави видео и фотографии од вандализирано игралиште и неколку диви депонии сместени во близина на последната постојка на автобуската линија на ЈСП со број 43, на улицата „Јужноморавски Бригади“, поточно веднаш после автосервисите во населбата. „Депонија, ѓубришта, кучиња скитници, во Ченто на последна 43-ка после сервисите. Игралиштето го искршиле, вратите се откорнати, ѓубре се фрла ...
Oколу 11 илјади мали инвеститори во Германија изгубиле приближно 300 милиони евра вложени во проекти поврзани со Soravia, а сега случајот е предмет на кривична истрага од страна на обвинителството во Франкфурт. Истрагата опфаќа менаџери и лица од врвот на компанијата под сомнеж за организирана измама, додека паралелно се водат и граѓански постапки во кои веќе има пресуда во корист на оштетен инвеститор. Компанијата ги отфрла обвинувањата и ...
По втор пат за два дена, објектите на „Сауди Арамко“ беа цел на напад. Рас Танура, најголемата домашна рафинерија на државниот нафтен гигант на Саудиска Арабија, беше погодена од „непозната“ ракета, изјавија првични извори за Ројтерс. Министерството за енергетика на Ријад потоа објави дека нападот бил извршен од дрон и дека не влијаел врз работењето на рафинеријата. Според соопштението, нападот не предизвикал никаква штета и немало прекин во ...
Боб Пауер, истакнат музичар и продуцент кој работеше со имиња како Ерика Баду, Чака Кан, Ди’Анџело и Дејвид Брн, почина на 73-годишна возраст, пишува „Ролинг стоун“. Веста за неговата смрт беше споделена преку објава на Инстаграм од музичката платформа „Окејплејер“, основана од Квестлав, член на групата „Д Рутс“, со која Пауер соработуваше со години. View this post on Instagram A post shared by Okayplayer. (@okayplayer) Во објавата се ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Евакуациски авион на „Ер Србија“ со 67 патници слета ноќеска во Белград од египетскиот град Шарм ел Шеик, објави „Нова“. Во авионот, покрај државјани на Србија, имало и граѓани на Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Словенија, кои биле евакуирани од Израел. 473 македонски граѓани на Блискиот Исток чекаат спас – МНР вели дека „не е безбедно да се евакуираат“, додека нашите соседи ги враќаат своите граѓани дома Државниот ...
Ноќеска во Штип избувнал голем пожар во ресторанот „Мал одмор“, објави ТВ Стар на Фејсбук. На терен веднаш излегле сите капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип, со три возила и дванаесет пожарникари, кои заедно со навивачката група „Ултра Банда“ учествувале во гасењето на огнот. Пожарот предизвикал голема материјална штета, но среќата е што нема повредени. Интервенцијата на пожарникарите, заедно со помошта од локалните ...
Симоне Таљапиетра, водечки аналитичар на бриселската тинк-тенк организација „Бругел“, зборуваше за енергетската ситуација во Европа во контекст на нападот на САД и Израел врз Иран. Стариот континент е голем увозник на катарски течен природен гас (LNG), што е особено случај од почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година. Тоа е дел од светот што го размени рускиот гас за катарски гас, што значи дека е значително зависен од него. ...
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба, но нагласи дека одбивањето на Иран да им дозволи на инспекторите целосен пристап до објектите е причина за сериозна загриженост. Гроси на социјалните мрежи изјави дека е јасен и доследен во своите извештаи. „Бев многу јасен и доследен во моето известување за нуклеарната програма на Иран: иако нема докази дека ...
Иранската Палата Голестан, која е дел од светското наследство, беше оштетена од воздушните напади на Израел и САД кои од саботата гаѓаат различни цели во Техеран, пренесува Скај њуз. Сликата од Палатата Голестан во Техеран, главниот град на Иран, по нападите на САД и Израел е трогателна. Споменикот на културното наследство на УНЕСКО беше оштетен по американско-израелскиот напад. Според информациите, Иранците го предвиделе тоа и предметите од ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, упати остри напади врз американскиот претседател Доналд Трамп преку Икс, пренесува Анадолу. „Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат.Резултатот? Бомбардирање на преговарачката маса со злоба. Господинот Трамп ја предаде дипломатијата и Американците што ...
Денеска во својот трет натпревар од главната фаза во групата 3 од Лига Европа, ракометарите на Вардар 1961 на домашен терен со 33:27 ја совладаа Бенфика и така обезбедија најмалку пласман во осминафиналето, иако постојат шанси да се најдат и на првата позиција, која носи директно место во четвртфиналето. По првото полувреме македонскиот претставник имаше предност 15:14 против Португалците пред полните трибини во СЦ „Јане Сандански“ во ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерс до победа над Њу Орлеанс со 110:101. Дончиќ натпреварот го заврши со 27 поени, десет скока и седум асистенции, додека Леброн додаде 21 поен, со по седум скока и асистенции. Остин Ривс реализираше 15 поени, осум скока и три асистенции, а Деандре Ајтон постигна 13 поени со осум скока. Двоцифрен беше и Маркус Смарт со десет поени, седум асистенции и три скока. Кај гостите, најрасположен ...
Холивудската актерка Меган Фокс (39) се врати на Инстаграм по долга пауза, објавувајќи серија фотографии во едно од најпровокативните изданија досега. Актерката позира во црн краток топ кој го открива нејзиниот стомак, како и во најминијатурна танга. Нејзиниот поранешен свршеник, 35-годишниот музичар Машин Ган Кели, не можеше да одолее да не остави коментар под објавата. Ѕвездата на филмот „Телото на Џенифер“ (Jennifer’s Body) го надополнила ...
Најмалку шест лица загинаа во израелско гранатирање во два града јужно од Бејрут, објави либанското Министерство за здравство во раните утрински часови. Од таму појаснија дека „нападите на израелскиот непријател во областите Арамун и Саадијат“ резултирале со убиство на 6 лица и ранување на 8 други „според сè уште прелиминарните бројки“ на жртвите. Во меѓувреме, либанската национална новинска агенција АНИ објави дека израелските воздухопловни ...
Ставот дека Шпанија, како земја-членка на Европската Унија, не може да биде третирана неповолно беше изразен во изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц, по завршувањето на средбата со Доналд Трамп во Белата куќа, за време на која американскиот претседател ги нападна и Педро Санчез и Кир Стармер, пренесува Билд. Како што нагласи Мерц, Шпанија е членка на Европската Унија и тој појасни дека „нема причина сега да се третира особено ...