Најтоплиот град во Македонија, според најновиот пресек на Управата за хидрометеоролошки работи за температурите во 17 часот, бил Велес. Во градот биле измерени 34 степени, а максималната температура во текот на денот достигнала 34,5 степени. Веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци, каде во 17 часот биле регистрирани 32,4 степени. Денеска беше топло и во Скопје – на Зајчев Рид се измерени 31,4 степени, а во Петровец – 31,8 степени. Високи ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 9 јуни, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, денес имате енергија да ги завршите обврските што ги одложувате. Можен е нов проект што бара брз одговор. Денес можете да очекувате зголемена страст и потреба отворено да ги изразите вашите чувства. Вашиот партнер може да реагира изненадувачки, но искрениот разговор ќе ги реши сите недоразбирања. Физичката активност е добра за вас ...

Тестовите на личност со оптички илузии се забавен начин подобро да се запознаете себеси и да откриете кои особини најмногу ве издвојуваат. Потребно е само да ја погледнете сликата и да одговорите што прво сте забележале – слон или село? Вашиот одговор, според овој популарен тест, може да открие кој е вашиот вроден дар, пишува „Сенса“. Ако прво го забележавте селото Доколку најпрво сте ги виделе куќите, дрвјата и луѓето, вашиот вроден дар е ...

Летото е совршено време за зајакнување на романтичните врски, одење на спонтани состаноци и заедничко доживување авантури. Многу парови ги гледаат летните месеци како можност повторно да се поврзат и да се посветат еден на друг, планирајќи одмори на егзотични дестинации или кратки бегства од секојдневниот живот. Сепак, се чини дека многумина не успеваат да го искористат максимално времето заедно. Работните обврски честопати се вметнуваат во ...

Ако барате идеја за брз, хранлив и вкусен ручек, овие тортиљи со пилешко месо, печурки и свеж зеленчук се одличен избор. Подготовката трае околу 20 минути, а резултатот е богат оброк инспириран од мексиканската кујна, пишува „Пун куфер“. Тортиљите може да ги наполните со различни состојки, но комбинацијата од сочно пилешко месо, грав, пченка и освежителен прелив од грчки јогурт е вистински погодок. Состојки За тортиљите: – 4 тортиљи – 2 ...

На 9 јуни се одбележува Меѓународниот ден на Пајо Паторот, легендарниот анимиран лик кој со децении ги забавува генерациите ширум светот. Овој датум се смета за негов роденден, бидејќи токму на 9 јуни 1934 година тој првпат се појавил на филмското платно. Пајо Паторот е вториот најпознат цртан лик на Волт Дизни по Мики Маус, кој уживаше светска популарност како ѕвезда на анимирани филмови, стрипови и телевизија. Првото појавување на Пајо ...

Управата за јавни приходи (УЈП) објави известување за граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“, односно за оние кои имаат проблем со најавувањето поради заборавена лозинка. Од УЈП информираат дека корисниците можат самостојно да ја ресетираат лозинката без да посетуваат шалтер, следејќи неколку едноставни чекори преку електронскиот систем. Постапката започнува со отворање на платформата за електронски услуги на УЈП, каде што ...

И покрај тоа што постојат повеќе изрази за особено „надарен“ човек, сега можеби ни треба уште еден – „секогаш подготвен како алигатор“. Иако, искрено, тоа не звучи баш пријатно, кај луѓето ситуација во која пенисот би бил често или постојано во ерекција би се сметала за медицинска состојба. Кај алигаторите, пак, тоа не функционира на ист начин како кај човекот, па затоа се вели дека се „секогаш подготвени“, пишува „Вајс“. Да, како да не беа ...

Rазводот е едно од најтешките животни искуства, но 48-годишниот Ерик Пјервша од Бафало Тауншип во американската сојузна држава Пенсилванија решил да реагира на начин што сега го доведе пред суд, пишува „Вајс“. Според локалните медиуми, Пјервша се соочува со повеќе кривични обвиненија откако наводно се качил во градежен багер и почнал да ја урива сопствената куќа по расправија со сопругата, која поднела барање за развод. Во моментот на ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е длабоко вознемирен од обновената ескалација на Блискиот Исток и побара од страните во конфликтот веднаш да ги запрат сите напади, објави „Ројтерс“. „Сите напади мора веднаш да престанат. Прекините на огнот во Либан, Иран и Газа мора целосно да се почитуваат и сите чекори што би можеле да ги поткопаат тековните дипломатски напори мора да се избегнуваат“, рече Антонио ...

Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување на одредени права на глас за идните нови членки на блокот и создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото, се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, до кој Ројтерс има пристап. Во периодот кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија се залагаат за напредок ...

На брифингот со новинарите, извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски кажа дека клубот се соочувал со голем, сериозен проблем и исфрлување од Европа поради двојни договори и двојно книговодство. Беше покрената постапка од УЕФА по пријава двајца поранешни играчи Дарко Глишиќ и Мартин Блажевски, за потпишување на двојни договори и целиот процес траеше 10 месеци. Тој процес со УЕФА се однесува за фалсификувани двојни ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска го одигра својот прв меч по Бризбејн во јануари оваа година. Кирјос го победи Корентан Муте со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 во првото коло на турнирот во Штутгарт, Германија, по 74 минути игра. Пред Бризбејн, Австралиецот играше во Мајами во март 2025 година. Долго време се мачеше со повреди, но тоа не го спречи да дојде до триумф над 36 играч во светот. Исто така, играше во финалето на Вимблдон ...

Ако не сте слушнале досега, Јапонија се справува со огромен проблем со мечките. Поради намалените живеалишта и синџирот на исхрана, кои се нарушени од климатските промени, мечките сега талкаат по градските улици и провалуваат во згради барајќи оброк. Во борбата против натрапниците се користат роботизирани волци кои се распоредени како страшила против мечки кои брзо се продаваат во руралните градови. Но, не секоја заедница може да добие ваков ...

На улиците на Белфаст расте тензијата, а демонстрантите, разгневени од синоќешниот напад од судански мигрант, палат автобуси и контенјери. Немирите ескалираа во Северна Ирска откако 30-годишен маж беше обвинет за обид за убиство по напад со нож во Белфаст, објави Би-би-си. Жртвата на нападот претрпе повреди на очите, грбот и на лицето. Полицијата објави дека мажот е обвинет за обид за убиство, поседување остри или зашилени предмети на јавно ...

Во последниот настап во овој циклус на квалификации за пласман на Светскиот куп, женската фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од Азербејџан со 3:1. Натпреварот што се одигра на стадионот Петар Милошевски во Битола беше решен уште во првото полувреме кога беа постигнати сите четири гола. Гостинките поведоа во осмата минута кога Кристина Бакарандзе ја совлада Викторија Панчурова која вечерва го одигра последниот настап во дресот ...

По сите тажни случувања кои ги преживеа изминативе години, пејачката и професорка по пеење Ана Костадиновска се пофали со убава вест. Таа сподели фотографии од својата ќерка Марта, која вчера слави полуматура. Гордата мајка покрај преубавата Марта напиша: „Нашата медена полуматурантка“. На сликите, Марта е со својата мајка, баба и тетка, двете ќерки на легендарниот композитор Кире Костов и неговата сопруга, Кармен Костова. Оваа семејна ...

Дизајнерката Сара Ричарди истражуваше една од најголемите мистерии во животот преку нејзината лебдечка инсталација за време на Неделата на дизајн во Милано 2026. Нејзиното импресивно, специфично дело насловено како „Серотонин – хемијата на среќата“ се обиде да ја испита врската помеѓу убавината и блаженството. Ричарди го трансформираше концептот на серотонин, мозочна хемикалија која помага да се регулира нашето расположение, во импресивно ...

Лидерите на осум нордиски и балтички земји од самитот во Талин испратија силна порака за поддршка на „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО и нејзиното членство во Европската Унија „во најкраток можен рок“, пишуваат украинските медиуми. На средбата во естонската престолнина присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со лидерите на Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија. Во заедничката ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека, по денешниот состанок на Управниот одбор, достави понуда од 150 милиони евра до ФК Атлетико Мадрид за федералните права на играчот Хулијан Алварез. По разгледувањето и оценувањето на понудата, Атлетико Мадрид изрази благодарност за предлогот, даден во рамките на добрите односи меѓу двата клуба, и го отфрли, повикувајќи се на клаузулата за ослободување на играчот. А откупната клаузула во договорот ...

Елвир Мекиќ за првпат прозборе за родителите и за тешкиот дел од детството во Чаир кога татко му останал без работа, а мајка му се грижела за трите деца. Попуарлниот пејач кој заедно со Јован Јованов одржа концерт за паметење во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни, сега со синот Дарис и со сопругата Лејла живее во Сараево. Мекиќ работи во претставништво на позната македонска винарија, и рече дека во Сараево се преселил поради ...

На социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како автомобил „лета“ од патот и влетува во тротоарот, удирајќи во продавач во Истанбул. Несреќата се случила на авенијата Баглар во населбата Гултепе кога возачот на изнајменото возило наводно ја изгубил контролата. Автомобилот поминал низ бетонски и метални столбови пред да го удри продавачот на пешачката патека. Повредениот продавач, идентификуван како Ихсан Јениад, бил однесен во ...

Во Холивуд ретко се случува некоја актерка истовремено да биде симбол на интелигенција и добитничка на најпрестижните награди. Но, Натали Портман никогаш не била типична холивудска ѕвезда. Денес таа зад себе има повеќе од три децении кариера, Оскар, диплома од Харвард и десетици незаборавни улоги. Но, патот до успехот бил исполнет со необични одлуки, жртви и предизвици. Од девојче од Ерусалим до светска ѕвезда Натали Портман е родена како ...

Поранешен пилот на авиокомпанијата „Ер Канада“ е обвинет дека со години управувал со патнички авиони без соодветна дозвола, пренесува Би-би-си. Според истрагата, Џефри Вол (59) од Бери, Онтарио, од 2009 до 2025 година работел како капетан на повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, иако немал лиценца потребна за управување со големи комерцијални патнички авиони. Иако имал важечка дозвола за комерцијален пилот, Вол бил унапреден во капетан ...

Резултатите од анкетата спроведена од Израелскиот институт за демократија (ИДИ) покажуваат дека 61 процент од Израелците веруваат дека сегашниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, не треба да се кандидира за реизбор, објави Тајмс оф Израел. Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж во Израел, е на власт речиси континуирано од 2009 година и е подготвен повторно да се кандидира на избори на или пред 27 октомври, објавува „Тајмс оф Израел“. ...

Новинарката Вики Чадиковска откри приказна за Перо Антиќ и за Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ која е помалку позната во јавноста. Откако вчера, легендарниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија го испрати на полуматура Андреја, постариот син на Панчо кој почина на 14 октомври лани, приказна за Антиќ и за Панчо сподели Вики Чадиковска. „Син ми е роден во јули, на истиот ден како Панчо и Перо Антиќ. Пред неколку ...

Европската унија денеска претстави нов пакет предложени санкции против Русија, насочени кон банкарскиот, енергетскиот и трговскиот сектор на земјата, во обид да ја ослабне нејзината економија, објави „Ројтерс“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека економијата на Русија „нагло забавува“ додека го презентираше 21-от пакет санкции на блокот, седум недели откако претседателот на Советот, Антонио Кошта, го ...

Селекторот на узбекистанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро се запраша зошто тој и неговиот тим биле единствените кои биле подложени на интензивни безбедносни проверки кога пристигнале во Њујорк, САД, за пријателскиот натпревар затворен за јавноста против Холандија. Узбекистанската делегација пристигнала во Њујорк во понеделник, а поранешниот италијански репрезентативец Канаваро рекол дека му било кажано „тоа е правило“ откако ...

Албанскиот премиер Еди Рама во денешното интервју за „Асошиејтед прес“ ветува дека ќе продолжи со луксузниот проект поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и покрај порастот на протестите против него таму. Рама ги отфрли приговорите за животната средина истакнувајќи дека станува збор за дезинформации и рече дека развојот ја претвора Албанија од земја некогаш игнорирана од инвеститорите во земја „каде што ...

Некои натпревари не завршуваат по последниот свиреж, туку остануваат во меморијата како рани што не зараснуваат. За Гана, таков е натпреварот против Уругвај во четвртфиналето на Мундијалот во Јужна Африка 2010. Поради епилогот од натпреварот, секое споменување на „Сокер сити“ во Јоханесбург буди гнев и неверување кај секој Ганец. ВИДЕОАНКЕТА: За која репрезентација ќе навиваат граѓаните на Мундијалот? Само еден пенал ги делеше „црните ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Рутениум

48965.59