Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Службите на Националниот парк „Пелистер“ поставија нови 72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува инфоцентарот на Паркот со Цапарски вир и Ротинско Езеро. „Со новата сигнализација патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП ‘Пелистер’. Уживајте во прекрасната и недопрена природа на Пелистер и не заборавајте дека за заштита и зачувување на ова наше богатство, одговорни сме сите ...
Јапонската фудбалска репрезентација одлучи да го напушти Мексико и да остане во САД до крајот на Светското првенство. Од самиот почеток, Јапонците беа незадоволни од тревната површина во Монтереј. На крајот, тие одлучија да ја напуштат својата оригинална база и се преселија во Нешвил. Иако ќе играат два од своите три натпревари во САД, Монтереј првично беше избран, бидејќи тие два натпревари ќе ги играат на стадионот на Далас Каубојс, првиот ...
Аријана Гранде и Итан Слејтер ставија крај на романсата. Извор за „Пипл“ потврдил дека колегите од филмот „Злобница“ ја прекинале врската по речиси три години врска. „Разделбата е пријателска. Тие посветија многу време и внимателно размислуваа пред да одлучат да тргнат по сопствените патишта. Тие сè уште се пријатели и си даваат голема поддршка. Во тајност се разделени веќе неколку месеци“, изјави изворот. Фокус на новата турнеја и ...
Слушај ја веста Патнички возови што ќе се движат со 160 километри на час, а товарни композиции – со 110 километри на час, напредок во изградбата на железничката пруга кон Бугарија и изградба на неколку клучни автопатишта се само дел од инвестициите во патната и железничка инфраструктура што ги најави премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот брифинг со новинарите. Мицкоски најави дека Македонија влегува во најголемиот инвестициски циклус во ...
Албанскиот премиер Еди Рама наместо да ги смирува тензиите поради секојдневните масовни протести поради контроверзниот туристички проект вреден 1,4 милијарди долари, го обвини Иран за немирите и објави бизарно видео со вештачка интелигенција. View this post on Instagram A post shared by Edi Rama (@ediramaal) Рама во интервју за „Политико“ изјави дека Иран е вклучен во „хибридна војна“ и шири дезинформации за проектот на компанијата на ...
Марјан Цветковски, кој беше на чело на Македонската радио телевизија (МРТ) до април годинава, сега е избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“, објави СДК.мк. Фондацијата „Скопје 2028“ ја формираше Град Скопје на 28 јануари и таа ќе раководи со сите активности поврзани со спроведувањето на манифестацијата, како и со финансиите кои се наменети за овој проект. Цветковски со МРТ раководеше 15 години, од ...
Двајца алкохолизирани велешани, едниот речиси двојно постар од другиот, заедно се однесувале дрско и непристојно во казино во градот, по што се уапсени, соопшти МВР. „На 08.06.2026 во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа Џ.А.(46) и Б.Ј.(24), двајцата од Велес, затоа што во казино во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под ...
Бразилскиот судија Вилтон Сампајо ќе застане на центарот на првиот натпревар од Светското првенство меѓу репрезенациите на Мексико и Јужна Африка, објави ФИФА. За Вилтон Сампајо ова ќе биде трето Светско првенство во својата кариера. Натпреварот од првото коло од групата А на Мундијалот ќе се игра во четврток од 21.00 часот по македонско време во Мексико Сити. Помошниците на главниот судија ќе бидат исто така од Бразил, Бруно Пирес и Бруно ...
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи. Мундијал 2026 | Група Ф: Четири репрезентации со еднакви шанси за пласман понатаму ГРУПА Г- Белгија,Египет,Нов Зеланд, Иран БЕЛГИЈА Најдобри пласмани: Трето место (2018) Учества: 15 Рангирање на ФИФА: 9 Белгија има репутација за негување ...
Нов начин на одржување на советнички прашања се применува од денеска во Советот на Град Скопје. Како што објасни претседателот на Советот, Даме Димитровски, советниците, по принцип два од опозиција и еден од позиција, наизменично, најпрво ги поставуваат прашањата кон градоначалникот, службите или јавните претпријатија, а откако ќе завршат со поставување прашања тогаш следуваат одговори на прашањата – усно или писмено. Според него, ова било ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени, кој го погоди јужниот дел на Филипините, се искачи на 37 луѓе, а четворица се водат како исчезнати. Спасувачките тимови продолжуваат со потрага во разурнатите населени места во најтешко погодените области на островот Минданао, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Земјотресот, кој вчера во 7:37 часот по локално време го погоди крајбрежјето на провинцијата Сарангани, ...
Шпанската фудбалска репрезентација ги заврши подготовките за Светското првенство со победа, победувајќи го Перу со 3:1 во мексиканскиот град Пуебла. Голот на Микел Ојарзабал во втората минута и на Педри во 32. минута за Шпанија донесоа водство од 2:0 по првото полувреме. Автоголот на Педро Галезе во 53. минута го зголеми резултатот на 3:0, а Хаиро Велез го постигна единствениот гол за Перу во 66. минута од натпреварот. Репрезентативците на ...
Грчките власти уапсија 37-годишен маж на островот Крит под сомнение за активности поврзани со тероризам. Тој им рекол на истражителите дека е припадник на Хамас и дека е поврзан со двајца уапсени неколку дена претходно во Кипар кои планирале напади на цели поврзани со Израел, објави „Ројтерс“. Уапсениот потекнува од Газа и во Грција престојувал легално како сезонски работник во хотел. Во своето првично сведочење, тој рекол дека сè уште немал ...
Државната компанија АД ЕСМ во текот на 2025 година платила околу три милиони евра за закуп на капацитет на гасниот терминал во Александрополис, иако истиот не бил користен, објави Фактор повикувајќи се на финансискиот извештај на компанијата. Според податоците, под ставката „останат наем“ биле исплатени 187 милиони денари во текот на 2025 година, додека во 2024 година биле платени дополнителни 48 милиони денари. Во извештајот е наведено дека ...
Првата грен слем титула на Александар Зверев го насочи вниманието кон една од најважните личности во неговиот приватен живот. Германскиот тенисер го победи Флавио Коболи во пет сета и го освои Ролан Гарос 2026 на 7 јуни, стигнувајќи до првиот голем трофеј во кариерата. Додека во Париз конечно заврши неговото долгогодишно чекање на грен слем титула, интересот на јавноста повторно се сврте и кон Софија Томала – германска манекенка, телевизиска ...
Унгарските пратеници вчера едногласно изгласаа да ги намалат своите плати за 40 проценти, пренесува „Бриселс Тајмс“. Мерката има за цел да се олеснат јавните финансии и да се покаже интегритетот што од функционерите го бара новиот премиер Петер Маѓар во услови на предизвикувачки буџетски контекст. Маѓар го опиша потегот како чин на скромност во изјава минатиот месец. Сите 189 пратеници присутни во законодавниот дом гласаа за законот, ...
Одбранбениот фудбалер на репрезентацијата на Сенегал и Ал-Хилал, Калиду Кулибали (34), ги сподели амбициите на националниот тим за претстојното Светско првенство, наведувајќи дека целта е да се стигне барем до четвртфиналето. – Ќе направиме сè што можеме за да победиме, но мора да заборавиме што се случи во 2002 година (кога Сенегал стигна до четвртфиналето, најдоброто достигнување во историјата на земјата). Сега е 2026 година. Знаеме дека ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ распиша тендер за изработка на проект за реновирање на целиот објект на базенот „Карпош“, кој, како што информираа од спортскиот центар, ќе остане отворен во текот на летната сезона и ќе се затвори наесен, со цел да се остави простор за да се најде соодветна алтернатива за пливачите. Тендерот е поделен на два дела, едниот за изработка, а вториот за ревизија на проектот за обнова на базенот „Карпош“, а ...
Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со 2:0 од селекцијата на САД до 20 години на контролниот натпревар одигран во Бугарија. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен тест против силен противник, натпревар кој послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот. Македонија добро се спротивставуваше во текот на поголемиот дел од средбата, но головите ги прими во ...
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс би можел да ја продолжи кариерата во израелскиот Хапоел Тел Авив, откако не успеа целосно да ги оправда очекувањата во редовите на Панатинаикос. Шортс минатото лето пристигна во Атина од францускиот Париз како едно од најзвучните засилувања на тимот предводен од тренерот Ергин Атаман и потпиша двегодишен договор со грчкиот гигант. Сепак, плејмејкерот не успеа да се наметне како еден од лидерите на ...
Израелските сили вчера убија најмалку 14 луѓе и ранија десетици други во воздушни напади низ јужен Либан, откако Иран предупреди на „разорни мерки“ доколку Израел продолжи со нападите врз земјата. Убиствата се случија откако Иран и Израел разменија оган во најсериозната ескалација од почетокот на нивниот „прекин на огнот“ на 8 април. Новото разгорување на конфликтот беше предизвикано од израелски напад врз либанската престолнина Бејрут во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
Повеќе од 300 мигранти кои минатото лето тргнале кон Велика Британија биле киднапирани, мачени и се соочиле со закани за присилно вадење органи. Младите мажи, сите по потекло од Ирачки Курдистан, биле заробени во Либија, каде што вооружена милиција барала откуп од 5.000 долари по човек од нивните семејства, заканувајќи се дека ќе им ги отстрани бубрезите ако не платат на време, пишува Би-Би-Си. Милицијата требала да ги однесе мигрантите низ ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е свесен оти вниманието на светот сега е насочено кон ситуацијата со Иран. Тој вчера телефонски разговараше со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во обид да ги оживеат разговорите за ставање крај на војната во Украина , пренесе „Укринформ“. „Благодарен сум им за нивната подготвеност да се посветат што е можно повеќе во наредните недели на оживување на дипломатијата ...
Италијанските обвинители отворија истрага против израелскиот крајнодесничарски министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, поради третманот на активистите кои минатиот месец беа дел од флотилата за Газа, објави „Ројтерс“. Извор од правосудството, кој побара да остане анонимен, ги потврди претходните извештаи на италијанските новински агенции и рече дека Бен Гвир се истражува под сомнение за тортура и за киднапирање италијански ...
Фактот дека технолошките компании сè повеќе размислуваат за тоа како да ги направат зависни луѓето од нивните производи не е ништо ново. Вест е кога ќе протече документ што директно зборува за тоа. Според интерен документ на Мајкрософт добиен од 404 Media, технолошкиот гигант случајно откри дека сакал да ги „направи зависни луѓето“ од својот нов асистент за вештачка интелигенција наречен Scout. Ваквата формулација привлече посебно внимание ...
Завршувањето на основното образование е значајна пресвртница во животот на секое дете, а токму таков ден вчера прослави Андреја, синот на Владимир Блажев – Панчо и Маја Блажев. По повод полуматурската вечер, Маја на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија со својот син и му упати емотивна порака. „Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува сине, ти посакувам успеси на ...
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е суспендиран од должност со непосреден ефект, соопшти доцна вчера управното тело на судот. Суспензијата на Кан доаѓа по 18-месечна истрага за сведочењата на една негова соработничка за сексуално недолично однесување од страна на обвинителот. Во реакција, адвокатите на Кан ја опишаа одлуката како „незаконска, процедурално неправедна и неподдржана со докази“. Кои се ...
Нови младински протести се случија вчера попладнето низ Брисел, кои повторно прераснаа во судири со полицијата, јави агенцијата Анадолу. Полицијата интервенирала откако дел од демонстрантите почнале да оштетуваат корпи за отпадоци и електрични тротинети, како и да фрлаат камења и пиротехнички средства. Протестот е организиран како реакција на полициското насилство за време на демонстрациите минатата недела против најавените кратења во ...
Американски воен хеликоптер утрово се урнал во близина на Ормускиот Теснец, а претседателот Доналд Трамп изјави дека двајцата членови на екипажот се спасени, објави „Телеграф“. Причината за несреќата, која се случи во тесниот морски премин што во голема мера е под контрола на Иран, сè уште не е позната. „Никој не е повреден. Утре ќе објавиме извештај. Но, пилотите се добро“, изјави Трамп. Иранските државни медиуми ја потврдија несреќата, но ...