Водителката Искра Канзурова се огласи во врска преиначената казна на Љубе Крстевски, за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година. „Љубе, добар си? Ако мислиш дека си се спасил, си згрешил. Ќе ти дишам во врат“, напиша Искра на нејзиниот Фејсбук профил објавувајќи слика од Крстевски. Основниот Кривичен суд првично го осуди Љубе Крстевски на затворска казна од три месеци за убиството на кучето Феликс, кое почина од ...

Иранските државни медиуми објавија дека ограничувањата за летови во земјата се укинати, а воздушниот простор се врати во нормала, откако денеска Израел соопшти дека ќе ги прекине нападите врз Иран на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Тајмс оф Израел“. Претходните извештаи покажаа дека сите летови до и од иранските аеродроми се прекинати до понатамошно известување поради страв од понатамошни израелски напади. ...

Светлана Црнокрак за првпат прозборе за нејзината врска со фолк-пејачот Благоја Грујовски и откри детали за нивната љубов. Познатиот модел, денес сопственичка на модното студио „Црнокрак“, заедно со нејзиниот сопруг Мики, беше гостинка на „Гламур“, каде што се наврати на еден од најинтересните периоди од нејзиниот приватен живот. Во отворен разговор, таа ја потврди долгогодишната врска со популарниот фолк-пејач Благоја Грујовски. Светлана ...

Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи. Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место ХОЛАНДИЈА Најдобри пласмани: Трипати вицепрваци (1974, 1978 и 2010) Учества: 12 Рангирање на ФИФА: 7 Холанѓаните се најнесреќната мундијалска нација, ...

Малку работи можат да ја расипат вечерата во луксузен ресторан како глетка на глувци што безгрижно трчаат меѓу масите. Токму тоа, според тврдењата на еден гостин, се случило во ресторан на славниот готвач Гордон Ремзи, а целиот инцидент бил снимен и објавен на „Тикток“, пишува „Њујорк пост“. @j0792433 @Gordon Ramsay @604 Now ♬ original sound – J На снимката се гледа речиси празната сала на ресторанот „Гордон Ремзи Стејк“ во Ричмонд, Канада, ...

Израел ги прекина нападите врз Иран на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави висок израелски функционер, додека иранското раководство најави дека ќе ги прекине своите операции доколку не продолжат нападите врз Либан, пишуваат американските медиуми. Трамп лично побарал од премиерот Бенјамин Нетанјаху да не одговара веднаш на иранските ракетни напади и да се избегне ново ширење на конфликтот. Информацијата доаѓа откако ...

Претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, попладнево на „Фејсбук“ објави дека поднел оставка од партиската функција, која веќе му ја доставил на лидерот на партијата, Венко Филипче. Даскаловски во објавата пишува дека одлуката ја донел „со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини“. „Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се ...

Македонската машка одбојкарска репрезентација го заврши првиот турнир од Европската лига 2026 со половичен ефект, откако забележа победа над Луксембург и пораз од селекцијата на Холандија. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски успешно го отворија новото издание на натпреварувањето и ја исполнија првичната цел поставена пред стартот на турнирот. Стратегот на националниот тим истакна дека е задоволен од прикажаното, особено од отпорот ...

Екипата на Вардар доведе големо засилување за наредната сезона и вечерва објави дека потпишале договор со Мигел Пиреш од редовите на Силекс. Португалецот минатата година пристигна во македонското првенство од кипарскиот Дигенис и во изминатата сезона во првенството во дресот на Силекс одигра 30 натпревари во кои постигна 11 гола и подели седум асистенции, а уште пет настапи додаде во Купот на Македонија. Претходно во кариерата 29-годишниот ...

Доаѓањето на европските министри за одбрана на неформален состанок на Европската унија на Кипар се претвори во сериозен дипломатски и воен инцидент. Владата во Никозија објави дека турските сили ги попречиле воените авиони што ги носеле министрите за одбрана на Грција, Франција и на Холандија вчера и денеска, пишува „Политико“. Кипар, кој моментно претседава со Советот на ЕУ, објави дека ќе поднесе официјални жалби до меѓународните тела, ...

Имињата што ги носиме не се само лична ознака, ниту семејна навика пренесена од генерација на генерација. За православниот човек, тие често се врска со христијанското наследство, со светителите, со преданието и со духовната меморија на народот. За тоа зборуваше архимандрит отец Иринеј во гостувањето во „Попкаст со Мартин Богатиноски“, посочувајќи дека имињата како Никола, Димитриј, Михаил и многу други не се појавиле случајно во нашиот ...

Папата 14 го искористи своето обраќање пред шпанскиот парламент за да предупреди дека светот поминува низ „длабока духовна и културна криза“ и ја повика меѓународната заедница да се справи со причините и последиците од, како што рече, „трагичната драма на миграцијата“. Во опсежен говор пред пратениците во Мадрид, папата се осврна на конфликтот, вештачката интелигенција, климатската криза и прашањето за абортусот и еутаназијата, пишува ...

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се огласи по драматичните сцени на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, кога колабираше на теренот и предизвика голема загриженост кај соиграчите, навивачите и спортската јавност. Ериксен падна на тревата во 65. минута од натпреварот во Оденсе, по што мечот беше прекинат при водство на Данска од 2:1, а подоцна и целосно откажан. Ова е втор ваков инцидент во неговата кариера, откако во 2021 година ...

Најемотивниот момент на концертот на Елвир Мекиќ и Јован Јованов беше сеќавањето на легендарниот Гоце Арнаудов. Јован и Елвир одржаа спектакуларен концерт со бројни сценски ефекти во арената „Борис Трајковски“, а целата публика беше облечена во бело. Еден од најтрогателните моменти на вечерта беше посветен на легендарниот Гоце Арнаудов. Концертот беше замислен како музички спектакл исполнет со хитови, носталгија и специјални гости, а ...

Амбициозен европски транспортен проект предвидува создавање на брза железничка мрежа што до 2040 година би можела да ја поврзе Атина со речиси 40 градови низ Европа, пишува „Грик репортер“. Планот, наречен „Старлајн“, има за цел да воспостави единствена железничка мрежа долга околу 22.000 километри, која би ги обединила постојните национални железнички системи и би понудила побрза и поеколошка алтернатива на кратките авионски летови. ...

Овој месец, на стотици студенти во државата неосновано им беше прекинато правото на субвенциониран студентски оброк, при што најголем дел од погодените овој пат се од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Ова го објави платформата „Студентарија“ за најновите проблеми на студентите, кои не добиле пари за оброк бидејќи „не се редовни студенти“, иако, како што тврдат, уредно го имаат овој статус и ги ...

Општина Кратово попладнево соопшти дека со години е спречена да управува со локалитетот Куклица, кој е прогласен за споменик на природата, наведувајќи дека просторот е бесправно узурпиран и оти незаконски се наплаќа влез од туристите кои доаѓаат да го посетат. Ова доаѓа откако „Слободен печат“ објави сведоштва од граѓани и посетители дека маж и жена им барале пари за влез на локалитетот, им се заканувале дека ќе им пуштат кучиња и гаѓале со ...

Руската компанија „Тримикс“ развила слушалки „Петар“ наменети за воен персонал, кои за разлика од слични уреди достапни во светот овозможуваат создавање безбедна комуникациска мрежа, пренесува „Тас“. Како што е наведено, овие слушалки истовремено ги засилуваат звуците од потенцијални закани, како што се мотори на дронови. Директорот за развој на компанијата, Сергеј Шандобило, изјави: „Развивме целосно запечатени слушалки, при што сите ...

Ученик на возраст од 9 години, кој бил во второ одделение во основно училиште во Велика Горица, Хрватска, денеска се задушило додека јадело крофни, пишуваат хрватските медиуми. Според неофицијални информации, момчето ставило две крофни во уста истовремено, што довело до задушување, додека според друга верзија, зело преголем залак кој му се заглавил во трахеата. Екипата за итна медицинска помош веднаш излегла на терен, но, за жал, не успеале ...

Раскошната свадбена прослава на светската музичка ѕвезда Дуа Липа и актерот Калум Тарнер во Палермо предизвика негодување кај дел од локалното население, по што пејачката одлучила да ги обесштети жителите погодени од ограничувањата воведени за време на свеченостите. Според британските медиуми, Дуа Липа, чие богатство се проценува на околу 45 милиони долари, им исплатила вкупно околу 5.000 фунти на засегнатите жители како компензација за ...

Новоформираната Грчка левичарска алијанса, или партија ЕЛАС на поранешниот премиер Ципрас, се појави како главна политичка сила што ѝ се спротивставува на моќната владејачка партија Нова демократија, според најновите анкети на јавното мислење, пренесуба Еуроактив. Избори мора да се одржат до јули 2027 година, сепак, додека Грција се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ во исто време, се зголемуваат шпекулациите дека ...

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и белгиската репрезентација, Дивок Ориги, официјално стави крај на својата професионална кариера. Најголемиот белег во кариерата Ориги го остави во дресот на Ливерпул, каде на 175 натпревари постигна 41 гол и беше дел од генерацијата која ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот. Покрај настапите за англискиот гигант, белгискиот напаѓач играше и за Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест, ...

Додека наталитетот дома бележи пад, германските породилишта сведочат за нов тренд со дури 1.620 родени македонски бебиња минатата година. Вкупниот број на македонски државјани регистрирани како странци кои живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120, што е за 2.000 повеќе отколку во 2024 година кога овој број изнесувал 158.995, се наведува во податоците од Германскиот федерален завод за статистика. Од 2015 до ...

Принцезата Лилибет на 4 јуни го прослави својот петти роденден, а со тоа официјално стапува во сила едно од традиционалните правила на британското кралско семејство. Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл отсега треба да се поклонува пред кралот Чарлс Трети и кралицата Камила при средба со нив. Според кралскиот протокол, членовите на семејството од петгодишна возраст се очекува да го поздравуваат монархот со наклон. Кралската експертка Марлен ...

Хирурзите и анестезиолозите во Струшката болница од 1 јуни ја ограничиле работата исклучиво на итни случаи, а сите планирани операции се одложуваат до понатамошно решение. Тие велат дека ова е последица на долготрајни проблеми со пресметката и исплатата на нивниот труд, кои со години остануваат нерешени, пишува „СДК.мк“. Лекарите реагираат дека постојниот модел за пресметка на платите е застарен, а дел од реално одработените часови не се ...

Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Големи делови од Охрид и Струга останаа струја нешто по 17 часот. Причина за прекинот е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО, откаде за „Фокус“ велат дека се ...

Александар Зверев вчера со победата на Ролан Гарос го освои својот прв грен-слем трофеј во кариерата, по што доби емотивна честитка од Новак Ѓоковиќ, кој се огласи на социјалните мрежи со порака посветена на нивното долгогодишно пријателство. Ѓоковиќ сподели заедничка фотографија од теренот, придружена со емотивна порака потсетувајќи на нивните тениски почетоци уште во детството. „Саша, те познавам уште од кога имаше 10 години. Ти се бореше ...

Тирамису е еден од најпознатите италијански десерти, направен од пишкоти натопени во кафе, богата крема од маскарпоне и завршен слој какао, пишува „Пун куфер“. Доколку сте љубители на ф’стаци, оваа варијанта би можела да стане вашиот нов омилен десерт. Наместо класичните вкусови, главната улога ја има кремот од ф’стаци, кој му дава посебна арома и кремаста текстура. Колачот се подготвува за околу 30 минути, а најголем дел од времето ќе ...

Американски туристички пар го посетил Рим претходно овој месец, каде што се шокирале од цените на сладоледот во самиот центар на градот. Во текот на едно излегување се нашле на неколку метри од Пјаца Навона, а целото искуство го опишала Никол Ен, жена од Флорида. Ен објавила на една фејсбук-група и објаснила како таа и нејзиниот сопруг свратиле во слаткарницата „Дон Нино“ која се наоѓа на улицата „Виа ди Тор Милина“, пишува „Еуроњуз“. ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама,реагираше преку објава на социјалните мрежи на протестот поради проектите во Зврнец и Сазан, опишувајќи ги протестите против нив како поттикнати од „имагинарни предавници“, „имагинарни проекти“ и неосновани тврдења за штета на природата, пренесуваат албанските медиуми. И албанските власти започнаа истрага за проект за луксузен одморалиште вреден 1,5 милијарди долари поврзан со брачниот пар Џаред Кушнер и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33