Швајцарија ги замрзна сите средства што ги поседуваат Николас Мадуро и неговите соработници во земјата, објави денеска Федералниот совет, по неговото апсење од страна на американските сили во Каракас и неговото префрлање во Соединетите Држави, забележува Ројтерс. Мерката, која стапува на сила веднаш и е важечка четири години, има за цел да спречи одлив на потенцијално нелегални средства и е додадена на постојните санкции воведени врз ...

Гуанју Жоу од Кина ќе биде резервен возач за тимот на Кадилак во новата сезона од Формула 1 шампионатот. Жоу беше во Алфа Ромео/Кик Заубер во периодот од 2022 до 2024 година, а лани беше тест возач во Ферари. Сега ќе ја чека својата шанса кога Валтери Ботас и Серхио Перез нема да можат да возат за американскиот тим, кој ќе користи мотори на Ферари. Жоу е првиот и досега единствениот Кинез во Формула 1. Тој освои поени во седум од 68 трки на ...

Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство. На заедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, потпишаа договор до јуни 2028 година. Во есенскиот дел од шампионатот досега сезонава, 23-годишниот играч од ...

Селекторот на Дејвис куп тениската репрезентација на Србија, Виктор Троицки, го состави составот за Чиле за првото коло од квалификациите за Ф8 во Болоња. Хамад Меѓедовиќ (81 на АТП листата), Душан Лајовиќ (121), дебитантот Огњен Милиќ (469) и специјалистите за двојки браќата Сабанов, Матеј (175) и Иван (200) ќе играат на земјена подлога во Сантијаго – објави денес Тениската асоцијација на Србија (ТСС). Како што е истакнато, составот на ...

Македонската ракометна репрезентација интензивно се подготвува за настапот на Европското првенство, а селекторот Кире Лазаров ја повлече и првата одлука околу составот што ќе патува на континенталниот собир. Лазаров најави дека Македонија на ЕП ќе настапи со 19 ракометари, а првиот што отпадна од поширокиот список е Томислав Јагуриновски. Ракометарот веќе ги напуштил подготовките и се врати во редовите на својот клуб, Охрид. До почетокот на ...

Синоќа сè беше во знакот на гламурот! Наградите на филмските критичари (Critics Choice Awards) уште еднаш го потврдија статусот на една од најочекуваните доделувања на награди во сезоната, не само поради филмските и телевизиските достигнувања, туку и поради модните изданија кои редовно ги поставуваат трендовите за месеците што следат. Годинешниот црвен тепих беше вистинска демонстрација на луксуз, женственост и враќање на високата мода, а ...

Користењето на пиротехника и овие празнични денови го зеде својот „данок“. Педесет и осумгодишен човек сакал да ѝ покаже на својата внука како се пукаат петарди, по што му биле ампутирани врвовите од прстите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија информираше денеска на прес-конференција директорката на Клиниката доктор Јасмина Ѓоргиевска Павловска. Таа спомена уште еден случај каде 50-годишен граѓанин исто така бил хируршки ...

Актуелниот македонски шампион, фудбалскиот клуб Шкендија денеска објави дека нов играч на екипата е 25-годишниот дефанзивен играч за врска, Дрилон Ислами. Косовскиот интернационалец ја започна својата професионална кариера во Дрита и во периодот од 2019 до 2023 година запиша 43 настапи и еден гол. Со Дрита беше шампион на Косово во сезоната 2019/20. Потоа, се пресели во редовите на Феризај, а од 2023 до 2025 година беше дел од Приштина со 62 ...

Еден маж е во притвор по инцидент во домот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Синсинати. Според локалните медиуми, во домот се пронајдени неколку скршени прозорци. Портпаролот на Тајната служба изјави дека властите продолжуваат да собираат информации и дека официјално ќе биде објавено штом ќе заврши истрагата. BREAKING: Man arrested after incident at home of Vice President JD Vance in Ohio. Windows damaged. No statement yet from ...

„Иако сметаме дека воените интервенции не се соодветни за решавање на проблемите, интервенцијата на Соединетите Американски Држави во Венецуела врз основа на заканата што ја согледаа е легитимна“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Антонио Тајани за радио станицата РТЛ 102.5 . „Ова е нешто што ќе произлезе од судењето на Мадуро благодарение на клучните сведоци на венецуелските тајни служби“, рече италијанскиот ...

Португалецот Рубен Аморим доби отказ на местото менаџер на Манчестер јунајтед, официјално соопштија денеска од англискиот фудбалски клуб. Аморим си заминува ден после ремито во Лидс, во кое Јунајтед дури имаше помош од судиите за да избегне пораз, но и поради неговата провокативна изјава за управата на клубот дека „секој си ја работи својата работа, а дека неговата е да биде менаџер“, односно да прашува за засилувања. Аморим отиде дотаму што ...

Француската влада денес објави дека ги заострува контролите врз неколку увезени прехранбени производи, во обид да ја ублажи загриженоста на земјоделците кои протестираат против, како што велат, нелојална конкуренција од земјите со помалку строги регулативи. Француските земјоделци протестираат поради планираниот европски трговски договор со јужноамериканскиот блок Меркосур, како и други прашања, вклучително и мерки за спречување на болестите ...

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот. Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на дизелот се намалуваат за половина денар за литар. Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ...

Земјите на ОПЕК+ денес постигнаа договор за одржување на стабилно производство на нафта и покрај тензиите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, еден ден откако САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Средбата на осумте членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман, кои произведуваат околу половина од светската нафта, се одржа по падот на цените од повеќе од 18 проценти во ...

Расте притисокот за одговори за причината за пожарот во барот на новогодишната ноќ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица, откако властите соопштија дека сите жртви, повеќето од нив тинејџери, се идентификувани. Алпското село, во кантонот Вале, беше преплавено со пораки на сочувство од лидери и познати личности – од папата Лав до кинескиот претседател Си Џинпинг. Обвинителите објавија дека пожарот, кој брзо се ...

Два дена по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД и неговото префрлање во Њујорк, поранешниот руски претседател и потпретседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, наводно предложил киднапирање на „неонацистот“ – германски канцелар, Фридрих Мерц. Поконкретно, според ТАСС, Медведев изјавил дека „киднапирањето на неонацистот Мерц би можело да биде одличен пресврт во овој карневал на настани“. „Во ...

Поминаа речиси три месеци откако градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, најави трајно решавање на паркинг-хаосот во Автокоманда како еден од најголемите проблеми на жителите, но улиците во оваа скопска населба сѐ уште се пренатрупани со возила, како и тротоарите, каде луѓето поради отсуството на простор по улиците, автомобилите ги паркираат пред своите влезови. Стефковски ја најави одлуката за воведување зонски паркинг во ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи со соопштение по реакциите од Бугарија во однос на Акцискиот план за заштита на малцинствата. Оттаму наведуваат дека Македонија останува доследна на европските правила на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Се нагласува дека предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците е изработен и на македонски и на англиски јазик од ...

Пејачот на бендот „Парни ваљак“ Игор Дрвенкар и неговата партнерка Нора станаа родители. Тие ја споделија среќната вест на Инстаграм, каде што го открија полот и името на бебето. „Добредојде мала душо. Лира – 03.01.2026“, напишаа тие. Среќните родители споделија и фотографија со својата ќеркичка. View this post on Instagram A post shared by 𝙄𝙜𝙤𝙧 𝘿𝙧𝙫𝙚𝙣𝙠𝙖𝙧 (@igor_drvenkar) Пејачот го држи својот приватен живот подалеку од очите на ...

Операција чие планирање траеше со месеци, но се спроведе за само 148 минути, резултираше со апсењето на Николас Мадуро и неговата сопруга, Селија Флорес, во раните утрински часови минатата сабота. Зборувајќи за „демонстрација на сила од страна на една империја“, Гардијан забележува дека „улогата на ЦИА и другите американски разузнавачки агенции беше клучна за операцијата „Апсолутна решителност“. Надзорот врз Мадуро започна во август со цел ...

Граничниот премин „Евзони“ повторно ќе биде затворен за сообраќај вечерва, во периодот од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време. Во тој временски интервал нема да биде дозволен влез и излез од Грција за сите категории возила. Земјоделците во близина на Лариса, на автопатот што ги поврзува Атина и Солун, се подготвуваат да ја ескалираат својата протестна акција поради доцнењето на субвенциите од Европската ...

Венецуела влегува во нова и неизвесна ера по ненадејното апсење на Николас Мадуро, претседател на земјата во последните 12 години. Среде широко распространетата вознемиреност за тоа што претстои, улиците на главниот град Каракас и другите градови остануваат мирни, според Си-ен-ен. Луѓето се плашат да излезат надвор, а безбедносните сили се во состојба на зголемена готовност. Сепак, нема знаци за присуство на паравоени групи поддржани од ...

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ донесе одлука официјално да се повлече од Здружението на професионални тенисери (ПТПА), организација во чие формирање имаше клучна улога. Преку објава на социјалните мрежи, Ѓоковиќ откри зошто одлучил да стави крај на својата поврзаност со ПТПА, посочувајќи дека одлуката не била донесена преку ноќ. „По темелно размислување, решив целосно да се повлечам од Здружението на професионални тенисери. Во изминатиот ...

Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за најдобар филм на синоќешното доделување на престижните награди од изборот на филмските критичари за 2025 (Critics’ Choice Awards). Меѓу најголемите добитници на вечерта беше и филмот „Грешници“ (Sinners), „К-поп ловци на демони“ (KPop Demon Hunters), „Студиото“ (The Studio), „Адолесценција“ (Adolescence) и емисијата „Џими Кимел во живо“ (Jimmy Kimmel Live!), пренесува ...

Францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот денеска изјави дека „методот што го користат“ САД за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро „не е поддржан ниту одобрен“ од Франција, изјави портпаролката на владата, пренесува Франс24. Емануел Макрон, исто така, рече дека Николас Мадуро е „диктатор“ и дека неговото отстранување „е добра вест за Венецуелците“, додаде Мон-Брезон пред новинарите. Емануел Макрон беше ...

Десет лица се осудени на условни затворски казни до осум месеци за учество во онлајн вознемирување на првата дама на Франција, Брижит Макрон, објави Ле монд. Осудените се соочија со обвиненија за напади и закани преку социјалните медиуми, како дел од растечките напори на француските власти за справување со дигиталното насилство и вознемирувањето на јавни личности. Судот посочи на „особено понижувачки, навредливи и злонамерни“ коментари што ...

Од Здружението „Бадникови поворки“ информира дека оваа година поворките ќе се одржат на повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија. Годинава, освен на десетиците локации низ државата, Бадниковите поворки ќе се одржат и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните ...

Раперот и продуцент Тони Зен сподели стара фотографија на својот Инстаграм профил, а истата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Во описот кратко напиша: „1988 > 2025“. Следбениците веднаш реагираа со бројни коментари, меѓу кои: „И кој си бил мал, си бил голем“, „Сè е кажано со фотографиите“, „Газдата на аеродром“, а објавата за кратко време собра илјадници лајкови. View this post on Instagram A post shared by Toni Zen ...

Според податоците на Министерството за финансии, во 2025 година реализацијата на приходите во однос на ребалансираниот буџет за 2025 година изнесува 92,09 проценти. Односно собрани се 5,46 милиони евра, наспроти планираните безмалку 6 милијарди евра, што значи дека планот потфрлил за околу 500 милиони евра. На расходната страна пак, реализацијата е 93,01 процент. Лани се потрошени 6,14 милијарди евра, а со ребалансот било планирано да се ...

Митрополитот европски г. Пимен не крие дека повикот што во 2018 година го упати до граѓаните да излезат на референдумот за промена на името, денес го гледа како погрешен чекор. Без обид да ја релативизира одлуката, тој во гостувањето на „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен печат“ отворено призна дека бил убеден во поинаков исход и во придобивки што никогаш не се материјализирале. Премиерата на емисијата ќе ја гледате вечерва ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
2.06
63%
1022
weather icon

Белград

-4ᴼ / -4ᴼ
4.63
80%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -8ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
4.63
73%
1024
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
7.12
76%
1020
weather icon

Љубљана

-9ᴼ / -11ᴼ
0.78
90%
1027
weather icon

Атина

8ᴼ / 5ᴼ
7.2
68%
1012
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
47%
1017
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
9.26
34%
1021
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
3.13
84%
1017
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
10.29
65%
1020
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.72
81%
1013
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.4077

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Злато

144981.23

Цинк

3.10

Калај

44.73

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Бакар

11.84

Платина

72292.89