Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Владата прави потрошувачко портфолио, кое треба да го усогласи со дистрибутерот „ЕВН хоум“ и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната – најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување обновливи извори на енергија и како може да ...
На 60-годишна возраст утрово почина политичкиот аналитичар и поранешен дипломат Арсим Зеколи. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во семејното соопштение. Семејството информираше дека погребот ќе се одржи денеска ...
На годишното собрание на Европската слободна алијанса едногласно е усвоена декларација со која од Бугарија се бара формално извинување за злосторствата врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење, како и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со регистрацијата на македонски организации во Бугарија, наведено е во извештајот на ЕФА. Во декларацијата се оценува дека македонското ...
Денешниот ден, 8 Јуни, зазема посебно место во македонската културна историја. На овој датум се родени две истакнати личности кои оставиле длабока трага во македонската уметност и творештво – композиторот Стефан Гајдов и писателот Видое Подгорец. Иако твореа во различни области, двајцата имаа заедничка цел, преку своите дела да го негуваат и афирмираат македонскиот јазик, култура и национален идентитет. Гајдов со својата музика даде значаен ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против 52-годишниот В.Г. од Битола, поранешен директор на ЈП„Национални шуми“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој се товари дека преку примена на застарен ценовник овозможил шест приватни фирми да купат дрвна маса по нереално ниски цени. „Пријавениот В.Г., поранешен ...
Премиерот Албин Курти и неговата партија Самоопределување освоија најмногу гласови на вонредните избори во Косово, но резултатот не им обезбедува самостојно формирање влада и ја остава земјата пред нови тешки коалициски преговори. Според речиси целосните прелиминарни резултати, со преброени повеќе од 95 отсто од гласачките ливчиња, Самоопределување освои околу 43 отсто од гласовите. Опозициската Демократска партија на Косово, ПДК, доби околу ...
Најмладата избрана градоначалничка во Јапонија повторно пишува историја — таа сега стана и првата функционерка во државата која ќе користи породилно отсуство од работа, пренесе Си-ен-ен. 35-годишната Шоко Кавата, градоначалничката на градот Јавата во префектурата Кјото, објави дека ќе земе породилно отсуство, што ја стави во центарот на национална дебата, укажувајќи на големиот недостаток во традиционално патријархалните политички и работни ...
Законот за Судскиот совет, кој власта го најавуваше како закон што конечно ќе ги реши сите проблеми во судското тело што со години е мета на критики и скандалозни одлуки, а беше донесен во Собранието во изминатиот декември како дел од реформската агенда, сега повторно ќе се врати пред пратениците. Донесениот закон, всушност, не го поминал европскиот филтер. Како што дознава „Слободен печат“, Европската комисија констатирала дека во Законот ...
Необичен проблем ја вознемири фудбалската репрезентација на Швајцарија во пресрет на Светското првенство, откако во непосредна близина на нивниот тренинг-камп во Калифорнија беше забележано присуство на отровни змии. Додека националните селекции низ САД, Канада и Мексико ги прават последните подготовки за мундијалот, Швајцарците се соочија со ситуација каква што ретко се гледа на големите спортски натпреварувања. Швајцарската репрезентација ...
До стартот на Светското првенство во фудбал нѐ делат само три дена, а фудбалската треска веќе ја зафати целата планета. Мундијал 2026 | Група E: „Панцерите“ се кандидати за титулата, Курасао дебитира на големата сцена За првпат дури 48 репрезентации ќе тргнат во борба за најважниот трофеј во фудбалскиот свет, а кој оваа година ќе се искачи на светскиот врв и кој во следните четири години ќе може да се нарекува најдобар на светот, ќе ...
Државата, која досега редовно ги исплаќаше обврските кон американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, сега ќе ги финансира со кредит од четири македонски банки- пишува Фактор. Одлуката била донесена на седница на Владата на 2 јуни. Кредитот ќе изнесува 140 милиони евра, со рок на користење 30 месеци, грејс период од три години и отплата во следните 12 години. Министерката за финансии Гордана ...
Претставата „Кармен“ на 8 јуни ќе биде изведена во официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности „Бабел“, кој се одржува во градот Т’рговиште во Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“ со идеја да создаде простор за средба на различни култури, театарска естетика и современа сценска практика. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија не би постоела во рок од 48 часа ако не троши пари за војската, објави „Данас“. „Би нè проголтале и би нè изеле ако не е така. Погледнете само какво ни е опкружувањето, а не сакам ни да зборувам за големите сили. Со инвестирањето во војската го чуваме нашето небо и земја и никој нема да се осмели да нè нападне. Некогаш можевме да собориме два или три агресорски авиони, денес ...
Четири танкер-авиони на американските воздухопловни сили го напуштија аеродромот „Васил Левски“ во Софија, што е прво видливо намалување на присуството на американската воена авијација стационирана во Бугарија веќе неколку месеци. Според податоците од платформата за следење на летови „Флајтрадар24“, авионите што го напуштија бугарскиот главен град беа авиони за полнење гориво „боинг КЦ-135 стратотанкер“, објавија бугарските медиуми. ...
Градоначалникот Сотир Лукровски не е неоправдано отсутен, тврдат од Општина Карпош откако во медиумите се прошири информација дека тој сѐ уште не доаѓа на работа иако боледувањето му завршило на 30 мај. Не се вистинити тврдењата дека градоначалникот Сотир Лукровски неоправдано отсуствува од работа. Имено, градоначалникот на Општина Карпош во моментов користи боледување и сето тоа е во согласност со Законот за работни односи. Во оваа пригода ...
Македонскиот шампион Вардар и во наредната сезона ќе ја има поддршката од својот генерален спонзор, откако клубот и „Новоматик Македонија“ постигнаа договор за продолжување на соработката. Според договореното, „црвено-црните“ ќе продолжат да располагаат со финансиска поддршка од еден милион евра годишно. Продолжувањето на партнерството беше официјализирано на прес-конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на „Новоматик ...
Две 15-годишни момчиња се удавија во неделата во Јужна Морава во близина на селото Сталаќ, потврди Полициската управа Крушевац. Според информациите, момчињата се удавиле додека ловеле риба во близина на железничкиот мост над Јужна Морава во Сталаќ, објави Н1. Според медиумските извештаи, момчињата наводно биле повлечени од вртлог. Н1 пренесе дека нема елементи на кривично дело во трагедијата. Се утврдуваат околностите под кои дошло до ...
Девет лица се повредени во пукање што се случило на Траст Авенју во Канзас Сити, во близина на хотелот каде што е сместена делегацијата на англиската фудбалска репрезентација. Повредените биле пренесени во болница, а според првичните информации, ниту еден од нив не се наоѓа во животна опасност. Засега нема приведени лица. УЕФА: Лигата на нации од сезоната 2028/29 ќе има три лиги Девет лица се повредени во пукање што се случило на Траст ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 1 јуни 2026 година. Како резултат на оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР ...
Возач од Албанија во саботата бил уапсен на граничниот премин Ѓуешево, откако бугарските власти откриле голема пратка марихуана во вредност од половина милион евра во неговиот камион. „На 06.06.2026 година на ГП Ѓуешево, по метода на анализа на ризик, царински службеници од одделот ‘Борба против наркотрафик’ избрале за детална контрола товарно возило со албански регистарски таблички, кое пристигнувало од Северна Македонија. При прегледот на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Како што соопштија од Општината, наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни активности, достојно ...
Конгресот на СДСМ веќе ја испрати главната порака: партијата на Венко Филипче сака консолидација, нова енергија и враќање кон темите што традиционално ја дефинираат левицата, а тоа се грижата за работниците, растот на платите, социјалната правда, младите, борбата против скапотијата и владеењето на правото. Но вистинското прашање не е што пишува во платформата, туку дали СДСМ има сила, дисциплина и политички нерв тоа да го претвори во ...
Камион излетал од патот во селото Глумово, при што возачот со тешки повреди бил пренесен во болница, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 06.06.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Сарај кон Матка во атар на село Глумово товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(60) од с.Шишево,скопско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот ...
Фејнорд ја прекина соработката со Робин ван Перси, иако холандскиот стратег го одведе тимот до второто место во првенството. Ван Перси го предводеше Фејнорд на 58 натпревари, при што забележа 30 победи и 19 порази. Фејнорд во наредниот период ќе започне потрага по нов тренер кој ќе има задача да го врати клубот во борба за трофеи на домашната и европската сцена. Од Уругвај 1930 до Катар 2022: Патот на светските шампиони Фејнорд ја прекина ...
Косовскиот фудбал е завиен во црно по трагичната смрт на младиот фудбалер Фатјон Буњаку, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 22-годишна возраст. Трагедијата се случила во неделата наутро на патниот правец меѓу Митровица и Приштина. Според првичните информации, во несреќата биле повредени уште три лица. Буњаку бил итно пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат поради сериозноста на повредите. Младиот играч во ...
Слушај ја веста Шеќерот поскап за 7,5 проценти, пченицата за 7,8 отсто. Светските цени на основните прехранбени производи повторно се движат нагоре, при што најголем раст покрај шеќерот и пченицата има кај пченката и оризот – покажуваат најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Аналитичарите предупредуваат дека климатските промени, повисоките цени на енергенсите и растечките производствени ...
Трошоците на живот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат раст од 4,8 %, додека цените на мало се зголемени за 5,6 %, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Инфлацијата измерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на април, изнесува 0,6 %. Најголем пораст е забележан кај транспортот – 1,6 %, следен од облека и обувки, како и храна и безалкохолни пијалаци, со пораст од по 1,0 %. Зголемување ...
Во Њујорк синоќа се одржа 79-тото издание на престижните театарски награди „Тони“, вечер исполнета со рекорди, емотивни моменти и многу гламур. Церемонијата во салата „Радио Сити мјузик хол“, ја водеше поп-ѕвездата Пинк, која за првпат се најде во улога на домаќин на едно од најзначајните случувања на американската театарска сцена. Пејачката приреди спектакуларно отворање, појавувајќи се над публиката во стилот на Петар Пан, а подоцна блесна ...
Од денеска па се до крајот на оваа недела, на повеќе нови локации низ Гази Баба се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад, што е трета акција од овој тип во општината, откако минатите три седмици овие контејнери беа поставени на различни локации низ општината. Оваа недела, контејнерите за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени во населените места Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма. Од Јавното ...
Вистински хаос го одбележа полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим, кој беше прекинат поради ракетна тревога предизвикана од нападите од Иран. Драматичните сцени се случија во третата четвртина, кога безбедносните служби реагираа по активирањето на алармите. Во моментот на прекинот, Хапоел Тел Авив имаше предност од 77:67. Судиите веднаш ја стопираа средбата и ги упатија играчите, ...