Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова откри дека годинава преку здружението „Проект среќа“ се обезбедени средства за летување на 26 деца од социјално ранливи семејства, кои благодарение на донации ќе заминат на одмор во Македонија, Грција и Црна Гора. Арнаудова, која повеќе од една деценија активно работи на проекти за поддршка на деца и семејства во ризик, по овој повод се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека и покрај ...
Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој додаде дека домашните аеродроми ...
Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека не разговарал за изборите со Александар Вучиќ и потсети дека неговиот став е изборите да се одржат во редовно време, пренесуваат српските медиуми. На прашањето дали е полесно да се биде министер за полиција или да седи на електрична столица, Дачиќ одговори дека понекогаш му се чини дека бил најдобар кога бил во кома, бидејќи тогаш не ...
Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. „На 6 јуни околу 16:52 часот, во хотелска соба бил пронајден починатиот С.Е. (63) од Турција, кој престојувал во државата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен ...
Сан Антонио беа поразени од Њујорк со 105:104 во вториот натпревар од НБА финалето и сега имаат негатива од 2:0 во серијата што се игра до четири победи. Трагичар на натпреварот беше Виктор Вембањама. Спарс во средината на последната четвртина имаа негатива од 14 поени, но со серија од 14:0 успеаја да се вратат во игра. Францускиот центар на помалку од една минута до крајот постигна кош со дополнително слободно фрлање и накратко му донесе ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 7 јуни, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, неделата ви носи можност да забавите и да размислите за сè што сте постигнале во изминатите денови. Некој разговор ќе ви помогне да ги подредите мислите и да сфатите што е навистина важно. Не се изненадувајте ако добиете поддршка од личност од која најмалку ја очекувате. Вечерта носи чувство на мир и задоволство. Бик Ќе уживате во ...
Четворица загинаа, а еден е повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 12:25 часот на северната обиколница Вировитица во Хрватска, објавија хрватските медиуми. Според досегашните информации, ужасната сообраќајка се случила при судир меѓу две возила. На местото на несреќата бил повикан хеликоптер, но повредениот што го превезувал не преживеал поради сериозноста на повредите. Во несреќата има и повреден кој е пренесен во ...
Се одржа 10 јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ кој повторно деновите е во центар на спортот и рекреацијата. Оваа спортска манифестација низ годините прерасна во препознатлив бренд и една од најмасовните во Македонија. Годинава имаше над 2.700 натпреварувачи од 30 држави, што уште еднаш ја потврдува меѓународната препознатливост на настанот и неговото значење за туристичкиот, спортскиот и економскиот развој на градот Охрид. Победник во машка ...
Светското фудбалско во САД, Мексико и Канада би можело да донесе нешто невидено во светот на фудбалот. Поради екстремната топлина што се очекува во некои американски градови, неколку национални тимови ја разгледуваат можноста резервните играчи да ги следат натпреварите од соблекувалната. Ова е потег што би бил преседан на Мундијалот, наместо резервните играчи бидат покрај теренот, некои би можеле да останат во климатизирани соблекувални за ...
Куба почна да им дели оружје на своите граѓани бидејќи властите се плашат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник „Верзија Финал“. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да им дели оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват ...
Ненад Тодоровски, попознат како „Македонац“, успеа својата љубов кон храната да ја претвори во успешна приказна во Белград. Неговиот „Македонац бургер бар“ е препознатлив по необичните комбинации на вкусови, впечатливиот изглед на бургерите и пристапот кој, како што вели, храната ја претвора во вистинско искуство. Иако брендот денес е добро познат меѓу љубителите на бургери, Тодоровски и понатаму е лично вклучен во подготовката на храната и ...
Граѓаните на Косово денеска гласаат на третите парламентарни избори за 18 месеци, додека расте фрустрацијата поради континуираниот политички ќор-сокак во малата балканска земја, која се стреми да се приближи кон Европската Унија и НАТО. Предвремените избори беа закажани откако главните политички партии не успеаја да се договорат кој треба да ја замени сега веќе бившата претседателка Вјоса Османи, објави „Ројтерс“. По речиси една година без ...
Панголините се најшверцуваните диви цицачи во светот. Во исто време, нивната рехабилитација бара огромна грижа и стручна помош. Сепак, дури и оние што ќе завршат во синџирот на нелегална трговија можат да бидат спасени. Ова е приказната за панголинот Стиви, кој беше вратен во природата и денес успешно живее во дивината, пишува Би-би-си. Беше потребен голем напор за да се спаси тримесечното младенче панголин по име Стиви. Тој беше спасен во ...
Вистинска драма се случила вчера во Тетовско, кога возач со автомобил удрил велосипедист, го однел во амбуланта и таму го оставил со тешки повреди а тој заминал. Подоцна за време на увидот дошол друг човек и рекол дека тој е возачот на автомобилот, соопшти полицијата. „На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција го повика Инспекторатот за труд да го провери отсуството од работа на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски со оглед на тоа што не се појавил на работа една недела откако му заврши, како што го нарече, лажното боледување. „Наводното боледување му е истечено на 30 мај. На него пишува дека вработениот треба да се јави на работа на 30 мај. Оттогаш до ...
Демократската унија за интеграција денеска објави документи од Агенцијата за катастар кои, како што тврди, отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на „Номагас“, Недим Рама, кого ДУИ го обвинува дека стекнал значителен имот и финансиски капитал додека бил вработен во Општина Чаир како советник на Изет Меџити. Според тврдењата на ДУИ, Висар Ганиу ...
Германскиот тенисер Александер Зверев и Италијанецот Флавио Коболи ќе се сретнат во финалето на Ролан Гарос. Двајцата играчи ќе се борат за својот прв грен трофеј во кариерата, а мечот на теренот „Филип Шатрие“ нема да започне пред 15.00 часот. Зверев го игра своето четврто финале на грен слем турнирите како голем фаворит. Откако загуби во финалето на Отвореното првенство на САД во 2020 година, Ролан Гарос во 2024 година и Отвореното ...
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо веќе потврди дека ова ќе биде неговото последно Светско фудбалско првенство. Дури и ако повеќе не е во својот врв физички, нема сомнение дека играта на Португалија ќе се врти околу него почнувајќи од првиот натпревар против ДР Конго на 17 јуни. – Кристијано ги разбира големите моменти подобро од скоро кој било друг во фудбалот. Тоа искуство може да биде одлучувачко на Светското првенство. ...
Непалскиот водич Дава Шерпа (57) кој беше пронајден како лази по падините на Еверест цели шест дена откако последен пат беше виден жив, за „Би-би-си“ откри дека преживеал благодарение на тоа што „џвакал мраз“ и изел неколку чоколатца што случајно ги нашол во џебот. Дава е дециден дека воопшто не се „изгубил“ за време на спуштањето, туку едноставно бил принуден да „остане зад групата“ откако сакал малку да се одмори. Бидејќи сите ...
Педесет и осумгодишен жител на тетовско село е уапсен поради демнење на поранешната невенчана сопруга, соопшти тетовската полиција. Според информациите, тој ја следел и ѝ се заканувал, барајќи од неа повторно да живеат заедно. „На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Полицијата постапила по пријава од неговата ...
33-годишен кумановец бил нападнат во Центар, откако при доставување на нарачка на храна, човекот кој ја нарачал му рекол дека нема пари да плати, по што физички го нападнал и му ја зел нарачката, информираат од МВР. -На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Куманово пријави дека на 04.06.2026 околу 14:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки, С.С., кој имал нарачано ...
Повеќе од еден милион луѓе се собраа на улиците на Мадрид за да го поздрават папата Лав XIV, кој во неделата ја предводеше големата миса на отворено во рамките на својата прва посета на Шпанија, објави Би-би-си. Верниците мавтаа со знамиња и извикуваа пораки за добредојде додека папата се движеше со папамобил низ главната улица „Пасео де ла Кастелјана“ кон плоштадот Сибелес, каде што ја одржа мисата. Дел од присутните фрлаа и цветни ливчиња ...
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац, со која наскоро ќе стане родител. Веста за свадбата брзо се прошири на социјалните мрежи, а првите фотографии ја илустрираа романтичната церемонија. Невестата беше во елегантна бела венчаница, додека пејачот не ја криеше среќата за време на церемонијата. Насмеани и видливо среќни, младенците постојано разменуваа нежности, а внимателно ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против селекцијата на САД до 20 години. Натпреварот ќе биде одигран на 8 јуни во Петрич, Бугарија и претставува одлична можност за проверка на формата и потенцијалот на младите македонски фудбалери против квалитетен противник. На списокот на Таневски се наоѓаат 22 фудбалери: Голмани: ...
Американската војска објави дека соборила два ирански дрона кои, според Централната команда на САД, претставувале закана за меѓународниот поморски сообраќај во Ормускиот теснец, објави АП. Централната команда на САД објави на X дека американските сили на Блискиот Исток одговориле откако беспилотните летала биле оценети како закана за бродовите во една од најважните поморски линии во светот. Во соопштението се вели: „Американските сили на ...
Фудбалерите на Аргентина ја победија Хондурас со 2:0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство. Аргентина рутински стигна до победата, во првото полувреме Лаутаро Мартинез беше сигурен од пенал за да им донесе водство на „гаучосите“ во 37 минута. Потоа во второто полувреме Џулијано Симеоне ја потврди победата во 54 минута, кога постигна гол за 2:0, а беше и асистент на првиот гол. Најдобриот играч на Аргентина, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на отворањето на 32. програмски конгрес на партијата порача дека целта на собирот не е само усвојување нова идеолошка платформа, туку преиспитување на политичката улога на СДСМ и враќање кон основните вредности на социјалдемократијата. Конгресот беше најавен како програмски собир на кој треба да се разгледаат новата идеолошка платформа и програмската рамка на партијата. „Целта на овој Конгрес не е да ...
Детално смислен концепт и интензивни подготовки претходеа на реализацијата на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а тоа беше голем предизвик за уметничкиот директор и селектор Ана Стојаноска. Јубилејното издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почна на 5 јуни и ќе трае до 12 јуни, кога ќе бидат доделени наградите и ќе настапи Београдско народно позориште со претставата „Црно ...
Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението. Иако банките веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или речиси никакви реални трошоци, изјави пратеникот од ...
Хари Кејн го постигна својот 79 гол во кариерата на меѓународната сцена со кој ја одведе Англија до победа од 1:0 над Нов Зеланд, во пријателски натпревар како подготовка пред настапот на Светското првенство. Избраниците на селекторот Томас Тухел доста се мачеа против репрезентацијата која е 81 место на светската ранг-листа. – Тука сме повеќе за подготовки отколку за резултат – рече Кејн по неговиот 67 гол во сезоната за клубот и ...