Потешко од очекувањата, но селекцијата на Шкотска стигна до посакуваниот триумф на отворањето на СП над Хаити, славејќи со 1-0 за значаен чекор кон следната мундијалска фаза. Играта не беше на посакуваното ниво, но се брои резултатот, а тој вели дека Шкотска стигна до првата победа на светските шампионати по пауза од 36 години на огромна радост на многубројните навивачи на стадионот во Бостон. Шкотите се мачеа да наметнат темпо, Мектоминеј го ...
Натпреварот беше изедначен, а разликата ја направи погодокот кој го постигна Мекгин. Шкотскиот фудбалер најдобро се снајде во една мешаница во 28. минута, топката дојде до него, тој биеше и со помош на противничките играчи заврши во мрежата од голот на Хаити. На крајот се покажа дека овој гол беше пресуден Шкотска да тргне победнички на Мундијалот. По првото коло Шкотска е прва во групата со три бода, пред Мароко и Бразил кои имаат по бод, ...

