Најдобрата македонска тениска репрезентација денеска ги дозна ривалите во групата во рамки на Дејвис куп натпреварувањето од Третата европска група што од утре до сабота ќе се игра во Кишињев, Молдавија. Македонија е во групата Б и за ривали ги има Грузија (рангирана на 71 позиција – носител), Косово (85 место) и Молдавија (86 место). Групата А ја сочинуваат: Република Ирска, Летонија, Црна Гора и Азербејџан. Дејвис куп репрезентацијата на ...

Кина брзо се подготвува да го запали својот моќен нуклеарен реактор познат како „вештачко сонце“ кое може да произведе огромни количини евтина енергија. Научниците најавуваат историски експеримент за 2027 година кога овој систем ќе работи независно за прв пат. Овој неверојатен проект би можел целосно да го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија за целата планета. Реакторот наречен EAST работи на температури од неверојатни 150 ...

Неколку кинески компании, меѓу кои технолошкиот гигант „Алибаба“ и автомобилскиот производител „БЈД“, вчера беа обвинети од Пентагон дека ѝ помагаат на кинеската армија, објави „Гардијан“. Американското Министерство за одбрана ги додаде двете фирми на список на компании, за кои вели дека утврдило дека ѝ помагаат на Народноослободителната армија на Кина. Компаниите беа вклучени и во претходна верзија што накратко беше објавена во февруари, но ...

Основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром ќе се прошири со осум нови училници, со што треба значително да се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат можности за настава во една смена. Денеска беше поставен камен-темелник за доградба на 770 метри квадратни нов училишен простор во ова училиште, кое е трето во Општина Ѓорче Петров кое добива доградба во период од еден месец. Полуматурска парада ...

Претседателот на шпанскиот фудбалски клуб, Реал Мадрид, Флорентино Перез почна да ги исполнува ветувањата дадени во предизборната кампања. Португалскиот тренер Жозе Мурињо пристигна во Мадрид за да потпише договор со Реал, кој ќе треба да ѝ плати на Бенфика надомест од 15 милиони евра. Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо истакнува дека соработката е договорена за период од три години. Мурињо претходно во својот прв мандат како ...

За два дена започнува најголемата фудбалска треска. Четириесет и осум фудбалски репрезентации поделени во 12 групи ќе учествуваат на овогодинешниот Мундијал. Кои градови ќе бидат домаќини, која репрезентација е фаворит за освојување на пехарот, чија селекција е највредна според трансфер маркетот, кој фудбалер е најмлад а кој највозрасен и уште многу други факти слушнете ги во првото издание на Мундијалските вести. За сите случувања во САД, ...

Петгодишно дете од село Чегране вчера било итно пренесено во болница откако ги испило таблетите на баба му додека го чувала. Од СВР Тетово соопштија дека на 8 јуни, во 18:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар разговарале во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар во Гостивар, каде што детето било донесено поради труење со лекови. Мајката на детето, 25-годишната Н.А., појаснила дека настанот се случил околу ...

Додека републичкиот јавен обвинител Ненад Савески не ги коментира изјавите на политичарите, а според Уставот – Јавното обвинителство е самостојно и независно од извршната власт, премиерот Христијан Мицкоски се чуди зошто се кренала толку голема врева што му се јавил на Савески за да се распраша за случајот со злоупотребите од мазутот. Овој случај јавната обвинителка Катерина Коларевиќ го затвори поради недостиг на докази, одлука што ја ...

По неколку недели пад на цените на златото, сè повеќе аналитичари веруваат дека благородниот метал би можел да биде подготвен за нов раст. Иако златото изгуби дел од својата вредност во текот на пролетта по рекордниот пораст на почетокот на годината, многу експерти тврдат дека основните фактори што го поттикнаа повеќегодишниот раст сè уште остануваат силни. Меѓу нив се геополитичките тензии, инфлацијата, продолжувањето на купувањето злато од ...

Министерството за внатрешни работи доби нови возила и специјализирана опрема обезбедени преку регионалниот ИПА-проект EU4FAST, со поддршка од Европската Унија. Примопредавањето беше извршено утрово во кругот на МВР, а министерот Панче Тошковски рече дека опремата веднаш ќе биде ставена во функција на македонската полиција. Станува збор за четири теренски возила, три комбиња, видеокамери, детектори за отчукување на срце и опрема за проверка ...

Долгогодишната потрага конечно заврши – швајцарските нуркачи го открија потопениот мост од римската ера во Солотурн, Швајцарија, што истражувачите се обидуваа да го лоцираат со децении. Можеби е единствениот столбен носач од ваков вид што постои, пишува „Интерестинг инџениринг“. Додека беа во тек плановите за изградба на мост преку реката Аре, швајцарските археолози ангажирани од Кантонската археологија спроведоа рутински археолошки ...

Изминатиот ден го нагласи ризикот САД повторно да бидат вовлечени во големи борбени операции на Блискиот Исток, иако претседателот Доналд Трамп јасно сака да излезе од конфликтот, анализира „Аксиос“. Во понеделникот, Трамп ги оддалечи Израел и Иран од работ на нова ескалација, но не е јасно колку долго ќе трае тоа. Сто дена по почетокот на конфликтот, Трамп сè уште не успеа да обезбеди достижен договор за крај на војната, а изминатите 24 ...

Швајцарците на 14 јуни ќе гласаат на референдум за тоа дали бројот на жители во земјата треба да се ограничи на 10 милиони. Иницијативата, која дел од критичарите ја нарекуваат „швајцарски Брегзит“, предизвика силна загриженост кај бизнис-заедницата, бидејќи евентуално усвојување би можело да ги наруши односите со Европската Унија и да го ограничи пристапот до странска работна сила, анализира „Ројтерс“. Предлогот е поддржан од десничарската ...

Здружението „Извор“ од Кратово, како и татко и ќерка од овој град, кои според општината го узурпираат заштитеното подрачје „Куклица“, и незаконски наплаќале влез на посетители, со години имале поврзаност со овој споменик на природата, а во еден период и преку проект поддржан и од Европската Унија, објави Фокус. Преку Здружението „Извор“ од Кратово, застапувано од М. Д., како што може да се види од нивната фејсбук-страница, во 2019 година се ...

Волкот треба да се заштити со ловостој, имајќи предвид дека неговата популација е во опаѓање, а тој е еден од главните предатори кои нè штитат од експанзија на инвазивни видови животни како што е чакалот, порачуваат од Македонското еколошко друштво (МЕД). МЕД се повикува на нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, која покажува дека чакалите би можеле да населат до 75 отсто од европскиот континент, ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доживеа неочекувана и шокантна елиминација уште во второто коло на Ролан Гарос, каде што беше поразен од Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло, а во тој меч светскиот рекет број еден се соочи и со сериозни здравствени проблеми. Синер се соочи со мачнина, вртоглавица и силни грчеви, а очигледниот недостаток на енергија му ја олесни работата на неговиот ривал, кој направи пресврт и се пласираше во следната рунда. ...

Голманот на најдобрата македонска репрезентација, Мартин Томовски имаше значаен придонес во одличната сезона за својот клуб, Битигхајм, и пласманот во најдобрата германска ракометна лига. Нашиот чувар на мрежата беше еден од најзаслужните за второто место на екипата во втората Бундеслига за влез во елитната Бундеслига. Благодарение на неговите добри партии, Томовски се најде во идеалниот тим на сезоната во втората германска лига. Во 31 ...

Ербас, заедно со Сафран, Тереос и Технип Енерџис, денес потпишаа договор за основање на заедничко вложување, кое ќе развие еден од најголемите проекти во Европа за производство на одржливо гориво за авијација (SAF) во пристаништето Денкерк во Северна Франција. Планираната фабрика ќе ја користи технологијата „Алкохол-во-џет“ (ATJ), која го претвора етанолот добиен од земјоделски и шумски остатоци во одржливо гориво за авиони. Фабриката треба ...

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра значајна улога во победата на Кувајт над Ал-Араби со 27-22 на Азиското клупско првенство. Неговиот тим уште во првото полувреме ја наметна својата игра и стекна убедлива предност од 16-8, со што практично ги постави темелите за конечниот триумф. Во продолжението Кувајт рутински ја контролираше ситуацијата на теренот и не му дозволи на противникот да се врати во натпреварот. Кузмановски ...

На денешен ден пред десет години нè напушти Дарко Марковиќ, најпознатиот македонски карикатурист, но и сатиричар, филмски режисер, аниматор, илустратор и дизајнер. Кај многу генерации ќе остане запаметен како татко на популарниот стрип-јунак Пецко, во стриповите потпишани под псевдонимот Дар-Мар, кој е кратенка од првите три букви од неговото име и презиме. Стрип-јунакот Пецко, за првпат беше претставен пред јавноста во 1979 година, а со ...

Довчерашната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска, утрово во објава на Фејсбук ги образложи причините за нејзината оставка, тврдејќи дека решила да се „произнесе за вистината“ откако министерот за култура Зоран Љутков изјавил дека таа си заминала од „лични причини“. Притоа, Груевска упатува повеќе критики кон Владата и кон Министерството за култура, особено дека лани не предвиделе буџет за одбележувањето на ...

Четириесет и четиригодишен работник од Кавадарци паднал од кровот на една од зградите на охридскиот аеродром и со тешки повреди бил итно пренесен во болница, соопшти СВР Охрид. Според информациите, несреќата се случила вчера утрото за време на градежни работи на покривот. „На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле” во ...

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање: Дали ќе бидат донесени нови економски таргет мерки, имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“. - Од нашата анализа, конкретно ...

Мадона (67) повторно докажа дека е кралица на поп-музиката. Таа продолжува да ги поместува границите, овој пат со новиот албум и со еден од своите најпровокативни спотови во последно време, во кое се појавуваат бројни славни личности, меѓу кои актерот Бенедикт Камбербач и супермоделот Кејт Мос. Пејачката на неодамнешната премиера на филмот во Њујорк наговести дека овој формат ќе ги замени класичните музички видеа во нејзината нова ера. Во ...

Обвинителството поведе постапка против 36-годишен скопјанец, кој е осомничен за семејно насилство. Тој, според ОЈО, почнал да вика и да им се заканува на сопругата и на нивните две малолетни деца на возраст од 6 и 4 години, со намера да ги заплаши. Кога жената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, по што кршел низ домот. „Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, ...

Руски напади утрово убија четири луѓе, а ранија уште 10 во Харковската Област, пренесува „Франс 24“. Нападот го погодил украинскиот градот Чугуив, предизвикувајќи пожари, оштетувајќи станбени згради и возила, и дополнително зголемувајќи го бројот на цивилни жртви во услови на интензивирани борби во последните месеци. Одделно, градоначалникот на Харков Игор Терехов соопшти дека 10 луѓе биле ранети во неговиот град. Секојдневните руски напади ...

На две локации во Скопје наскоро ќе се отворат претоварни станици за отпадот од камионите на ЈП „Комунална хигиена“, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Град Скопје одговарајќи на советничко прашање. Тој соопшти дека претоварните станици ќе бидат лоцирани во Гази Баба и помеѓу општините Ѓорче Петров и Карпош и според него, тие ќе служат за акумулирање на отпадот со што ќе се намалат трошоците на „Комунална ...

Светското првенство започнува за само два дена. Оваа година, најголемиот фудбалски турнир се одржува во три земји, Америка, Канада и Мексико, и за прв пат ќе се одржи во формат од 48 репрезентации. Сите селекции пристигнаа во своите кампови, ги одиграа своите контролни натпревари и сега останува само најважното, да започне Мундијалот. Сепак, како што традиционално се прави, пред секое СП, се оценуваат и рангираат дресовите на сите ...

Светските статистики велат дека заболувањата на тироидната жлезда се меѓу најчестите ендокрини заболувања во светот. Милиони луѓе живеат со хипотироидизам, хипертироидизам, јазли на штитната жлезда, но и карциноми. За тироидните заболувања, нивната рана дијагноза и современите методи на лекување, во емисијата „Медицинско катче“ зборуваме со доктор Андреја Арсовски, хирург од приватната болница „Аџибадем Систина“. Доктор Арсовски истакнува ...

Во бањалучката населба Лауш, денес е уапсен маж под сомнение за семејно насилство, откако граѓани пријавиле вознемирувачки инцидент во кој тој го врзал својот син за бандера, пренесува „Кликс“. Според информациите, минувачи биле сведоци на настанот и ја информирале полицијата, а полициски службеници набрзо интервенирале на местото на инцидентот. На социјалните мрежи се појави видео од настанот, каде што може да се види млад човек врзан за ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09