Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Дека животот во големите светски метрополи не секогаш го нуди она што е најважно за едно безгрижно детство, доказ е едно прекрасно видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи. Едно семејство ја заменило светската престолнина на забавата, Лас Вегас, со малото и мирно македонско гратче Виница, а нивната 11-годишна ќерка најдобро објаснува зошто оваа промена е вистински погодок. Во опуштен разговор на Инстаграм, мајката Инга Мцева ...
Иако температурата во изминатиот период се искачи над 30 степени Целзиусови, скопјани и понатаму се превезуваат во неклиматизирани автобуси. И не само што се навистина ретки возилата во кои возачите ја вклучуваат климата за да им овозможат колку-толку понормални услови за превоз на граѓаните, туку и во другите автобуси „пеколот“ не може да се намали ниту со проветрување, затоа што поголемиот број од нив имаат само мали прозорчиња на „кипање“. ...
Секој Мундијал носи нови херои, но и некои нови лица кои за прв пат го чувствуваат притисокот од најголемата сцена на фудбалот. Светското првенство (11 јуни-19 јули 2026 година) ќе биде најголемото во историјата со 48 репрезентации, и ќе биде посебно по тоа што голем број играчи и цели репрезентации ќе стапнат на сцената за која сонувале уште од детството за прв пат. Меѓу нив не се само аутсајдери и егзотични репрезентации, туку и некои од ...
Повеќе од петнаесет години, односот помеѓу Тони Зен и Слаткаристика е еден од главните столбови и движечката сила на македонскката хип-хоп музика. Од нивните рани почетоци, преку соло кариерите со кои ја извадија урбаната музика од андерграундот и ја внесоа во мејнстримот, нивните патишта постојано се испреплетуваа, некогаш како здрава конкуренција, но секогаш како симбол за квалитет и меѓусебна почит. На последната прес-конференција по ...
Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладне покрај реката Лепенец во селото Орман, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај реката е забележано тело. На местото излегле полициски службеници кои извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител биле преземени мерки за расчистување на случајот. Кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. ...
Планираната прва комеморативна монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините. Монетата, првично закажана за објавување во втората половина на 2026 година со планиран тираж од еден милион парчиња, не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ. Одлуката ...
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во понатамошна собраниска процедура. Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, образложи дека новото законско решение произлегува од потребата за обезбедување посеопфатна и поефикасна заштита на јавното здравје, со посебен акцент на децата и младите, како и од обврската ...
Од 15 јуни во сила стапуваат нови правила за користење на лентите на наплатните станици низ државата, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта. Според новиот режим, лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски таг за наплата. Плаќањето со МКард повеќе нема да биде дозволено на овие ленти. Од претпријатието појаснуваат дека корисниците на МКард и понатаму ќе можат без проблем да ги плаќаат ...
Американскиот рапер и продуцент Шон „Диди“ Комбс е тужен од неименуван маж кој тврди дека бил сексуално злоупотребен додека бил малолетен детски актер, објави „Форбс“. Според тужбата поднесена во понеделникот до Вишиот суд на округот Лос Анџелес, тужителот, кој работел како детски актер од 2004 година, присуствувал на настан за професионално вмрежување во Холивуд Хилс во мај 2007 година, каде што бил присутен и Комбс. Во судските документи ...
Министерството за надворешна трговија и економски односи при Советот на министри на БиХ и здружението „Зелен тим“ Нови Град и Архускиот центар Сараево поднесоа извештај против Хрватска до Секретаријатот на Бернската конвенција при Советот на Европа, пишува Сараево тајмс. Барањето е поднесено поради активностите поврзани со основањето на Центарот за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора, веднаш до границата со Босна и ...
„Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мораат да се оддалечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот на објектот“, вели за телевизијата „24“ градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски, откако се обелодени случајот ...
Принцезата од Велс уште еднаш покажа зошто се смета за една од најдобро облечените жени во светот. На венчавката на внукот на кралот Чарлс, Питер Филипс, и Хариет Сперлинг, Кејт Мидлтон се појави во елегантно издание кое комбинираше луксуз и прифатлива мода, а токму овој детаљ предизвика најголемо воодушевување кај јавноста. Питер Филипс (48), инаку син на принцезата Ана, во саботата се ожени со медицинската сестра Хариет Сперлинг на приватна ...
Модната куќа „Прада“ направи чекор што малкумина би можеле да го замислат – од модните писти се пресели во вселенската индустрија, пишува „Венити фер“. Италијанскиот луксузен бренд и компанијата „Аксиом спејс“ ја претставија следната фаза од својата соработка на развојот на вселенските одела што ќе ги носат астронаутите во рамките на идните мисии на НАСА кон Месечината. По претставувањето на надворешниот дел од оделото минатата година, сега ...
Четиринаесетгодишна ученичка е уапсена откако со нож повредила двајца ученици и еден вработен во училиште во Манчестер, објавија британските медиуми. Инцидентот се случил утрово во училиштето „Co-op Academy“ во населбата Блекли, по што објектот бил привремено затворен. Според полицијата на Голем Манчестер, во нападот биле повредени 14-годишна ученичка, 14-годишен ученик и 27-годишен член на училишниот персонал. Сите тројца биле пренесени во ...
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи. Мундијал 2026 | Група Г: Последниот танц на белгиските ѕвезди, Иран и Египет ќе се борат за следна фаза ШПАНИЈА Најдобри пласмани: Шампиони (2010) Учества: 17 Ранг на ФИФА: Второ место „Ла Роха“ влегува во турнирот како еден од ...
Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се огласи откако доби правосилна казна затвор од една година. Тој вели дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и ...
Дата-центрите што вицепремиерот Александар Николоски ги најави како можност за значајна странска инвестиција, се сѐ уште далеку од конкретни работи на терен иако тој најави и законски измени за нивно побрзо градење. Сепак, според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, тој веќе разговарал со десетина светски компании кои покажуваат интерес за инвестирање во големи дата центри, а со две од нив се влезени во понапредна фаза ...
Такси возила без таксисти, управувани од вештачка интелигенција, наскоро ќе станат дел од сообраќајот во Лондон, што претставува прв ваков чекор за британската престолнина. За првпат автономни возила ќе бидат достапни за јавноста во еден од најпрометните градови во светот. Услугата ќе биде достапна преку апликацијата „Убер“, благодарение на партнерството со британската технолошка компанија „Вејв“, пренесува „Си-ен-ен“. Почеток на глобално ...
Бугарија повеќе нема да испраќа оружје во Украина, објави денеска министерот за одбрана на земјата, Димитар Стојанов, пренесуваат бугарските медиуми. Овој потег го зацврстува противењето на новата бугарска влада на поддршката на Европската Унија за Украина, откако прорускиот премиер Румен Радев победи со убедлива победа на парламентарните избори во април. Бугарија испрати 13 пакети воена помош во Киев од почетокот на целосната руска инвазија ...
Правилата на ФИФА предвидуваат дека осум проценти од билетите за секој натпревар треба да бидат доделени на фудбалските асоцијации на земјите учеснички, кои тие можат да ги продаваат или дистрибуираат до своите навивачи на Светското првенство. Доделувањето на билети за навивачи на Иран за групната фаза на Мундијалот е отповикано само неколку дена пред почетокот на турнирот, соопшти фудбалската федерација на азиската земја, а пренесува ...
Поп-ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо за првпат заедно се појавија на црвен тепих, со што уште еднаш потврдија дека нивната врска е сериозна. Двојката присуствуваше на премиерата на концертниот филм „Кети Пери: турнејата Лајфтајмс – во живо од Париз“ (Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris) во рамките на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк. За оваа пригода, 41-годишната пејачка избра бел фустан со детали во ...
Граѓаните во Хрватска отсега можат да користат виртуелен асистент со вештачка интелигенција на централниот државен портал gov.hr за полесно да пронајдат информации за јавните услуги и полесна комуникација со државната администрација, соопшти хрватското Министерство за правда, администрација и дигитална трансформација. Виртуелниот асистент, базиран на вештачка интелигенција, им овозможува на корисниците да поставуваат прашања на хрватски ...
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена граѓанска и правна постапка против ФИФА и сегашниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино поради обвинувања за корупција од 2015 година, кои, според него, го попречиле неговиот обид да го води управното тело, пренесува „Би-би-си спорт“. Кривичната тужба, поднесена до француските судови, ги обвинува Инфантино и двајца поранешни функционери на ФИФА – правниот ...
Единаесетмесечната питбулка Ела и нејзините 12 кученца пристигнале во засолништето „Пети Бејкер Хјумејн Сосајети“ од пренатрупан прифатен центар во југозападна Флорида, а вработените веднаш се посветиле на пронаоѓање нови домови за нив, пишува „Додо“. Кученцата биле стари околу четири недели кога пристигнале во засолништето и таму ги поминале сите фази од растењето – од првите чекори до разиграните денови исполнети со гушкање и игра. „Тие ...
Автор во фокус на јубилејното издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е драмскиот автор Дејан Дуковски и со него се поврзани повеќе програмски целини. Разговор посветен во негова чест како автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржа на 7 јуни во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. – Уште како студент учествував на фестивалот со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу ...
Морски бранови со висина до 11 метри и силен ветер го погодија јужниот брег на Велингтон во Нов Зеланд, што предизвика евакуација на населението, прекин во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, а стихијата попушти во текот на денот, јавија локалните медиуми, пренесе Анадолу. Властите издадоа наредба за задолжителна евакуација на крајбрежните населби во Овхиро Беј, Исланд Беј, Хотон Беј, Брекер Беј и Моа Поинт откако ...
Во битолската населба „Кланица“ вчера било пронајдено тело во водите на реката Драгор, кое го забележале граѓани во близина на познат локален мост, информира СВР Битола. Полициски екипи веднаш излегле на местото, по што е покрената постапка за идентификација, во која било утврдено дека се работи за битолчанец кој претходно бил пријавен како исчезнат. „Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека ...
Општина Аеродром и оваа година за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на општината ќе обезбеди еднократна парична помош во износ од 3.500 денари. Родителите на првачињата за оваа помош ќе можат да аплицираат од следниот понеделник, 15 јуни, па се до 30 септември. Од Аеродром објаснуваат дека за остварување на правото на парична помош, треба да се достават во општинската архива неколку документои – потврда за запишан ...
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан повторно се најде на удар на критики откако беше снимена како зема крпа за која наводно била оставена за Андреа Кими Антонели по Големата награда на Монако. Кардашијан претходно викендот се соочи со негативни реакции поради непријатна средбата со Мартин Брандл. Изминатиот викенд, 45-годишната ѕвезда допатува во Монако со сестра си Клое за да го поддржи своето момче Луис Хамилтон на една од најпрестижните трки ...
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека делумно ја отфрлило кривичната пријава против поранешниот началник на Полициската управа на Градот Белград, Веселин Милиќ, односно дека тој нема да се гони за помагање во убиството на мафијашот Александар Нешковиќ-Баја, јавија српските медиуми. Но, Обвинителството соопшти дека во врска со делот од кривичната пријава што го товари Милиќ за Непријавување на кривично дело и сторител, продолжува ...