Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Пожарот што изби денеска околу 11 часот, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, поради високата и сува трева и ветерот се раширил со голема брзина, загрозувајќи ги двете села. Таму се испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци. „Тој е најверојатно започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот што овде дува, се раширил со голема брзина загрозувајќи ги двете села. Се јави градоначалникот на ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...
Побарав вајлд-карта за Отвореното првенство на САД. Се надевам дека ќе можам да играм таму уште еден последен пат, изјави Стан Вавринка минатиот јули, за време на АТП 250 во Есторил. И сепак, организаторите на грен-слем турнирот во Њујорк не му понудија вајлд-карта на швајцарскиот тенисер и покрај тоа што го освои турнирот во 2016 година. – Дадовме сè од себе за да играме уште еден последен грен-слем турнир на 41 година, но тоа не беше ...
Предвремената смрт на американската актерка Хејден Панетиер повторно ја отвори дебатата за условите во кои растат децата глумци и за недостигот од соодветна заштита за малолетниците во филмската и телевизиската индустрија, пишува „Евроњуз“. По смртта на 36-годишната ѕвезда од сериите „Херои“ (Heroes) и „Нешвил“ (Nashville) и филмовите од франшизата „Врисок“ (Scream), неколку познати актерки јавно побараа построги правила и поголема грижа за ...
Доколку Енцо Фернандез навистина го напушти Челси и се пресели во Манчестер сити, „сините“ веќе имаат подготвена алтернатива за средниот ред. Лондонскиот клуб во тој случај би можел да тргне по Едуардо Камавинга од Реал Мадрид. Французинот веќе извесен период се поврзува со заминување од „Сантијаго Бернабеу“, иако досега не покажал голема желба за промена на средината. Клучен фактор би можела да биде финансиската моќ на Челси. „Сините“ се ...
Македонската борачка Вероника Консевиќ вечерва ќе има можност да се бори за медал на Медитеранските игри во Таранто. Консевиќ ќе настапи во борбата за бронза во слободен стил во категоријата до 57 килограми, каде за противник ќе ја има српската борачка Милица Перовиќ. Посебно внимание привлекува фактот што македонската репрезентативка на Медитеранските игри отпатува заедно со своето 11-месечно бебе. Најмладиот член на експедицијата ѝ е ...
Филмското студио „Парамаунт“ работи на продолжение на една од најомилените романтични комедии од 2000-тите, „Како да го изгубиш момчето за 10 дена“. Актерката Кејт Хадсон е веќе ангажирана како продуцентка на проектот преку нејзината куќа „Shiny Penny“, а главна желба на авторите и студиото е таа и Метју Меконахи повторно да ги играат своите познати улоги, пренесува „Верајети“. Проектот моментално е во рана фаза на развој. Во тек е потрага ...
И покрај новите зголемени цени на горивата, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „мора да се зачува макроекономската“ стабилност и засега не најавува намалување на ДДВ. Од полноќ, бензините – зависно од типот, се продават по 93 и 95 денари за еден литар, а дизелот 101, 5 денари. Имаше прериоди кога за да се намали растот на цените на дизелот и на бензините, данокот на додадена вредност за горивата беше 10 проценти, место општата стапка од ...
Поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти, утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки и ќе има измени во режимот на движење на подрачјето на градот. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги ...
Аркин Јахији, Насер Зенуни и Хаким Рамадани засега се имињата што се вртат за можни кандидати за градоначалник на Брвеница откако неодамна ненадејно почина градоначалникот Јовица Илиевски, а претседателот на Собранието Африм Гаши веќе ги распиша предвремените избори за прв човек на таа општина. Ако тројцата ги потврдат кандидатурите, тогаш се навестува интересна изборна трка во албанскиот политички блок за градоначалник на Брвеница на ...
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против управител кој незаконски го намалил имотот на фирмата и затаил околу 380.000 евра данок. „Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој ...
За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. „Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите“, соопштија од ...
Скопските општини и годинава ќе им ги олеснат трошоците на родителите на првачињата со тоа што дел од нив обезбедуваат ранчиња и училишен прибор, а дел даваат еднократна парична помош. Денеска и од општините Ѓорче Петров и Бутел информираа дека и за учениците кои од 1-ви септември ќе седнат во клупите во училиштата на нивна територија се обезбедени ранчиња. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вели дека годинава во оваа ...
Како инженер и како човек сметам дека вештачката интелигенција и податочните, односно дата-центрите, се новата нафта, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуката на Советот на Општина Пехчево, кој гласаше против изградба на дата-центар. Но, Мицкоски потенцираше дека тоа била приватна иницијатива. – Од тоа што бев информиран од градоначалникот, станува збор за нацрт-предлог на урбанистички план. ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата квалификациска рунда за пласман на УС Опен. Ѓорческа денеска загуби од Јапонката Маи Хонтама со 2:0 во сетови (7:6, 6:3), со што го заврши настапот во квалификациите за последниот гренд-слем турнир во сезоната. Јапонката подобро го отвори мечот и веднаш направи брејк за водство од 2:0. Ѓорческа возврати со одземен сервис, но Хонтама брзо ја врати предноста. Првиот сет ...
Ненад Димитријевиќ повторно е на располагање на македонската кошаркарска репрезентација, а неговото враќање доаѓа во важен момент за националниот тим. Македонија го продолжува патот кон Евробаскетот 2029, а првиот голем предизвик ќе биде гостувањето против Австрија во Виена. Македонскиот плејмејкер добро го познава противникот и очекува тежок натпревар, но верува дека неколкудневните подготовки ќе бидат доволни за тимот да се подготви за ...
Бугарската пејачка Дара, која во мај годинава ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија со песната „Bangaranga“, повторно е актуелна. Овојпат причина е британскиот диџеј и продуцент Џекс Џонс, кој јавно ѝ упати необичен предизвик и навести можна соработка. Откако повеќе обожаватели го означувале на социјалните мрежи и го прашувале дали би снимил песна со актуелната евровизиска победничка, Џонс реши директно да ѝ се обрати. „Добро, ...
Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ донесе одлука за воведување временски режим на водоснабдување во населеното место Булачани, објаснувајќи дека оваа одлука е донесена поради намалувањето на водотекот и дотокот на вода од природните извори, предизвикано од високите временски температрури. Од претпријатието велат дека рестрикциите, кои првенствено ја зафаќаат водоводната линија Булачани 1, се воведуваат со цел да се обезбеди ...
Полицијата вчера попладне уапсила 20-годишен жител на Студеничани, кој обидувајќи се да избега, удрил во бетонски ѕид, а потоа и во службено возило. „На 24.08.2026 во 17:25 часот во с. Морани, Скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, Скопско. Претходно, тој со возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ...
Финансиски податоци за достасани, а неплатени фактури од страна на јавниот сектор, заклучно со јуни, откриваат загрижувачка слика за фискалната дисциплина во земјава. Министерства, општини, државни и јавни претпријатија примиле фактури, чиј рок на плаќање веќе истекол, во износ од 42,7 милијарди денари, или околу 693 милиони евра, покажува Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), што го води Министерството за ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска соопшти дека годинава досега се запишани околу 14.500 првачиња, а во текот на учебната година се очекува да бидат затворени 26 рурални училишта. Јаневска на прес-конференција во Министерството за образование и наука рече дека бројот на запишани првачиња е помал од лани, но нагласи дека бројката сè уште не е конечна. „Тоа не е дефинитивна бројка, затоа што во текот на целиот август ...
Јахта која вчера се запалила на јужната страна од островот Чиово во Далмација, потона при обидот за нејзино извлекување во Трогирскиот канал. Сите шест лица од бродот биле евакуирани на време и никој не е повреден, пренесе Индекс. Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море (МРЦЦ Риека) ја координираше акцијата за гаснење, соопшти Министерството за море, транспорт и инфраструктура. „Вчера учествувавме во ...
Партизан сака да направи голем потег на трансфер-пазарот, а во плановите на белградскиот клуб се најде и ракометар кој во моментов настапува во македонската Суперлига. Станува збор за Дарко Ѓукиќ, искусното десно крило на Охрид. Според информациите кои ги пренесуваат српски извори, Ѓукиќ е меѓу приоритетите на Партизан за новата сезона, а клубот од Белград веќе размислува како да го реализира неговиот ангажман. Потенцијалниот трансфер би бил ...
Песните кои претежно или целосно се создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) се забранети на австралиските музички топ-листи. Од оваа недела, сите изданија мора да бидат „значително создадени од човек“ за да имаат право на учество, пишува „Би-би-си“. Австралиската асоцијација на музичката индустрија (ARIA) соопшти дека новиот кодекс ќе помогне во „промовирањето на човечката природа на уметноста“. Оваа одлука следува по ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите од Китка. „Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема ...
Германските истражители денес соопштија дека пронашле и трет дрон во близина на аеродромот Лајпциг-Хале, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори. Властите се сомневаат дека во обидот за напад на аеродромот во почетокот на август биле користени повеќе дронови отколку што се знаеше досега. Првиот дрон беше пронајден на 4 август во близина на украински товарен авион „Антонов“. Според истрагата, тој бил наполнет со ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денес го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на процесот на проширување, најавувајќи планови за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и за нова методологија, објави „Еуроњуз“. „Светот се промени. А проширувањето мора да се промени заедно со него“, изјави словенечката комесарка за време на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб. Според Кос, ЕУ се соочува ...
Тотенхем официјално го потврди ангажманот на Савињо, кој по само една сезона во Манчестер сити ја продолжува кариерата во Лондон. Бразилското крило пристигнува за сума од околу 87 милиони евра, без вклучените бонуси. Савињо минатата сезона одигра 36 натпревари за „граѓаните“, на кои постигна четири гола и запиша три асистенции. Сити со продажбата ќе заработи значителна сума, а парите би можеле веднаш да бидат искористени за нова голема ...
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт отворено проговори како се справува со сите падови и предизвици кои ги носи славата, особено во моментите кога животот станува „неподносливо тежок“. Во интервју за „Сесија со иконите“, организирано од кантавторскиот оддел на Академијата за снимање, 14-кратната добитничка на „Греми“ зборуваше за тоа како не дозволува јавната перцепција за неа да ја забави нејзината креативност, пишува „Пипл“. „Поминувам низ неколку ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација. Тој во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News) тврди дека сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, изјави во ексклузивно интервју Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на ...