Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар од групната фаза на Бразил на Светското првенство поради повреда на листот, изјави селектор на националниот тим, Карло Анчелоти. – Тој работи напорно за да се опорави што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела – рече Анчелоти. Бразил ќе се соочи со тешка задача во нивниот прв натпревар (00.00 часот, недела, 14 јуни) против ...
Жена е сериозно повредена по напад од ајкула на популарната плажа Куги во источните предградија на Сиднеј, поради што властите затворија неколку плажи во областа. Итни служби беа повикани на плажата кратко пред 11.15 часот по локално време откако пливачите ја извлекоа повредената жена од водата, за која се верува дека е во 30-тите години. Според австралиските медиуми, жената претрпела сериозни повреди на ногата и раката. Лекарите ја згрижиле ...
СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија, порача Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ...
Со почетокот на летната сезона, црногорското приморје повторно е едно од најпосетуваните дестинации во регионот. Првите поголеми групи туристи веќе пристигнаа, а плажите почнаа да се полнат со посетители од различни земји. Сончевото време, топлото море и летната атмосфера ги означуваат првите вистински туристички гужви за оваа година. Иако сезоната штотуку започнува и многумина очекуваа стабилни или дури и пониски цени во споредба со лани, ...
Првото коло од Групата Б на Светското фудбалско првенство ни носи исклучително интересен дуел помеѓу Катар и Швајцарија. Натпреварот ќе се игра денеска од 21.00 часот, закажан на стадионот „Левис“ во Санта Клара. Претходно во првиот меч од оваа група со резултат 1:1 ремизираа репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина. Швајцарија, предводена од искусниот капитен Гранит Џака, влегува во оваа група, барем на хартија, како најголем фаворит ...
Со почетокот на летната сезона, грчките власти повторно ги засилуваат контролите врз таканареченото бесплатно кампување, практика што останува нелегална надвор од организираните кампови, но и понатаму е популарна меѓу дел од туристите, пишува „Грик репортер“. За многу патници, поставувањето шатор покрај море претставува поевтина и поавтентична алтернатива за одмор, особено во време кога трошоците за живот и патување постојано растат. Сепак, ...
Статусот на светско наследство може да ги катапултира дури и помалку познатите места кон глобална слава, но зошто некои места се борат да бидат отстранети од престижната листа? Во планините на централна Словачка, живописното средновековно село Влколинец има повеќе куќи отколку луѓе. Околу дваесетина од нив живеат во 45 живописни колиби групирани околу камбанарија од 18 век. Извонредно добро зачуваната архитектура на селото му ја донесе ...
Денеска во Нион со жрепка беа одредени составите на групите за претстојните квалификации за настап на Европското првенство за фудбалерки до 17 и 19 години. Селекцијата до 17 години е во конкуренција со репрезентациите на Велс, Луксембург и домаќинот на турнирот Грузија. Мечевите ќе се одиграат на 25, 28 и 31 октомври оваа година. Репрезентацијата до 19 години е дел од Б3 групата во која партиципираат Црна Гора, Азербејџан и организаторот ...
Вчера рано утрото, полицијата уапсила 14-годишно момче од Скопје, откако германска државјанка пријавила дека тинејџерот ја нападнал и ѝ го зел телефонот, соопшти полицијата. „На 11.06.2025 во 05:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 14-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал Ц.Л.(27) од Германија и ѝ го одзел мобилниот телефон. По целосно ...
Администрацијата на Трамп вчера во поднесена тужба изјави дека отстранувањето на името на претседателот Доналд Трамп од фасадата на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“ е одложено поради лоши временски услови, што може да предизвика загриженост за безбедноста на работниците, и дека очекува работата да биде завршена утрово. Порано во текот на денот, федерален судија во Вашингтон го отфрли барањето за привремено одложување на ...
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако стана најбаран играч во светот, според Трансфермаркт. Лукиќ привлече големо внимание со својот гол против Канада, што беше и негово деби во дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Сепак, не беше само голот причина за огромниот интерес на навивачите и скаутите низ целиот свет. Според статистиката, напаѓачот на ...
Фудбалската репрезентација и стручниот штаб на Англија беа ограбени ноќта од петок кон сабота пред да пристигнат во Канзас Сити, каде што ќе се соочат со Хрватска, објавија речиси сите британски медиуми. Англиската фудбалска асоцијација објави дека меѓу украдените предмети се топки и фудбалски копачки. Крадците ја извршиле операцијата со провала во возила што ги транспортирале нивните работи од Флорида до „Swoop Soccer Village“. Меѓу ...
Бразилскиот топ модел Адријана Лима вчера го прослави 45-от роденден. Една од најпознатите светски убавици со години ги полни насловните страници поради успешната кариера и бројните модни ревии, но внимание од јавноста привлекува и нејзиниот љубовен живот. Кога го запозна српскиот кошаркар Марко Јариќ на забава во Лос Анџелес во 2006 година, меѓу нив веднаш се појави „искра“. Нивната романса започна недолго по таа средба. Марко и Адријана се ...
Најдобрите македонски тенисери успеаја во третото коло од Третата европска група да остварат победа над Грузија со 2:0 и на тој начин да го освојат второто место во групата и во сабота во дуел со Црна Гора ќе се борат за промоција (враќање) во Втората светска група од Дејвис купот. Лошото време и дождот направи многу проблеми на организаторите, па не беше реализирана целата програма – мечот во двојки не се одигра, откако нашите тенисери ги ...
Програмата, гостите и новитетите на петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ беа соопштени на прес-конференција во Скопје. Петтото издание на фестивалот „Преку езерото“ ќе се одржи од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. Програмата ја претставија Јани Бојаџи, директор на фестивалот, Златко Гелески, селектор, и Дејан Милошевски, извршен директор. – Фестивалот „Преку езерото“ останува доследен на ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се зголемува бројот на персоналот на руските вооружени сили за речиси 10.000. Ова е второ вакво зголемување за само четири месеци, со цел да се компензираат огромните загуби на бојното поле, објавија независните руски медиуми „Курент Тајм“ и „Дожд“. Ново зголемување на бројот на војници Според текстот на декретот, вкупниот број на персонал на руските вооружени сили е зголемен од ...
Зачестените критики кон Каја Калас како висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика открија структурни недостатоци и тензии во Унијата. Калас се најде во центарот на политичка бура откако неофицијален документ, поврзан со француската влада, изложи неколку идеи за драстична реформа на нејзината улога. Документот предлага три опции: едната би го зајакнала нејзиното портфолио и би ги проширила нејзините овластувања за ...
Актерката Софија Вергара со нетрпение го очекува Светското првенство, но признава дека се соочува со еден неочекуван проблем – како да одлучи кои членови од своето многубројно семејство ќе ги поведе на натпреварите. Ѕвездата, која неодамна се појави и во реклама поврзана со Светското првенство, планира да навива за својата родна Колумбија и од дома и од трибините, но ограничениот број билети предизвикал вистинска семејна дилема. „Има и добри ...
Договор меѓу САД и Иран за ставање крај на конфликтот е блиску и би вклучувал повторно отворање на Ормускиот Теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи. Сејед Абас Арагчи изјави за државната телевизија дека договорот би вклучувал и укинување на блокадата на САД кон Иран, додека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе се одржат подоцна, објави Би-Би-Си. Војната започна на 28 февруари со американски и израелски напади низ ...
Катар за време на војната водел тајни преговори со Иран, нудејќи помош за потресување на светските енергетски пазари, со цел Техеран за возврат да го поштеди неговото клучно гасно поле Рас Лафан, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на американски функционери. Според извештајот, Иран не дал цврсто ветување дека нема да го нападне постројката што обезбедува една петтина од светскиот природен гас, но Катар верувал дека може да ...
Фудбалските репрезентации на Канада и Босна и Херцеговина одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар на Светското првенство. Јово Лукиќ, на асистенција на Иван Башиќ, ѝ донесе водство на Босна и Херцеговина во 21 минута, а Сајл Ларин во 78 минута стрелаше за Канаѓаните. Во анализа за Би-Би-Си по натпреварот, легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни нагласи дека верува оти Канада е тешко оштетена и дека босанскиот репрезентативец Никола Васиљ ...
Добра вест за сите што не можат да замислат почетокот на денот без кафе – се чини дека од вашата омилена навика не мора да се откажете. Новото истражување дава подлабок увид во тоа зошто токму кафето може да ви помогне да живеете подолго. Сè поголем број научни докази потврдуваат дека овој пијалак носи и значајни здравствени придобивки, пишува „Храна и вино“. Истражувањата спроведени во 2025 година веќе покажале дека редовното консумирање ...
Американската војска доцна во петокот соопшти дека „соборила“ неколку ирански дронови кои напаѓале бродови што минувале низ Ормускиот теснец, откако двете земји претходно сигнализираа дека е близу договор за завршување на војната. „Иран лансираше повеќе еднонасочни дронови за напад во обид да ги таргетира комерцијалните бродови што минуваат низ Ормускиот теснец“, напиша Централната команда на САД (CENTCOM) во објава на платформата за ...
Обединетите Арапски Емирати (OAE) планираат да деблокираат дел од иранските средства што со години беа замрзнати во земјата, како дел од поширок договор кој би требало да придонесе за намалување на тензиите и обновување на соработката меѓу двете страни. Според информациите што ги објави „Ројтерс“, станува збор за најмалку 10 милијарди долари ирански средства, додека првите три милијарди долари веќе биле префрлени. Изворите наведуваат дека ...
Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ е оптимист за почетокот на Светското фудбалско првенство, каде што ќе се натпреварува по втор пат во кариерата. Играчот од средниот ред изјави дека искуството стекнато на претходниот Мундијал во Катар носи дополнителна самодоверба пред новите предизвици. Влашиќ нагласува дека Хрватска се чувствува одлично во базата во Александрија и дека меѓу играчите владее позитивна атмосфера. – Кога поминуваме ...
Трите дела од паркот „Македонија“ во општина Карпош ќе добијат нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, а ќе се уредат и летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски Нашата обврска е парковите да бидат чисти, уредени, безбедни и достојни за сите посетители. Затоа редовно ги одржуваме зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, но истовремено упатувам ...
Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави го почна настапот на Светското првенство на импресивен начин. Американците го победија Парагвај со 4:1 пред своите домашни навивачи во Лос Анџелес. Домашниот тим покажа од самиот почеток дека ги сака сите три бода, а прашањето за победникот беше практично решено по првите 45 минути игра. Американците поведоа во седмата минута по несреќниот автогол на Дамијан Бобадиља, кој по брза ...
На денешен ден, 10 јуни 1922 година, пред точно 104 години, е родена една од најголемите филмски и музички ѕвезди во историјата на Холивуд. Џуди Гарланд, жената чиј глас и талент ја одбележаа златната ера на американската кинематографија, и повеќе од половина век по својата смрт останува симбол на уметничка величина, но и на суровата цена што многу млади ѕвезди ја плаќале за славата. Светот ја памети како незаборавната Дороти од „Волшебникот ...
Еден од врвните водачи на организацијата Трен де Арагва, картел и организација означена како терористичка од САД, е убиен во напад на американската војска, објави во петокот американскиот претседател Доналд Трамп. Хектор Растенфорд Гереро Флорес, познат како „Њињо Гереро“, е убиен во „брз и смртоносен кинетички напад“, објави Трамп во петокот вечерта на социјалната мрежа Truth Social, пренесува CNN. Трамп рече дека нападот бил „тесно ...
Компанијата Aнтропик во петокот соопшти дека американската влада им наложила да им го блокираат пристапот на странските државјани до нејзините модели на вештачка интелигенција Fable 5 и Mythos 5, наведувајќи ги загриженостите за националната безбедност, јавува Ројтерс. Компанијата соопшти дека во петокот ја добила наредбата за контрола на извозот од владата, за која, како што рече, не дала детали за нејзините загрижености за националната ...