Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано во Конфликтот од 2001 при што, во содејство со специјалните единици на МВР, до израз дојдоа нејзиниот суштински белег и намена, а тоа е способноста за сочувување на територијалниот интегритет на Република Македонија. 25 години подоцна, на 34-годишнината од основањето, наместо ...
Руската амбасада во Лондон денеска обвини дека Обединетото Кралство намерно ја ескалира украинската криза, дејствувајќи како соучесник во она што Москва го нарекува терористички напади на Киев, откако британски весник откри дека украинските сили користеле дронови произведени во Британија за далекусежни удари длабоко во руска територија. Во остро соопштение, руската дипломатија предупреди дека Лондон неизбежно ќе сноси последици и ќе „ја ...
Адвокатот и советник од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, преку објава на социјалните мрежи сподели информации дека поднел повеќе пријави по обидот за сечење на заштитен јавор во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп. Пријавите се однесуваат на постапувањето на полициски службеници, условите за безбедност при работа, како и на околностите под кои во недела рано наутро бил направен обидот за сечење на дрвото. Неговиот статус ...
На 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова отиде во Струга и од таму пропагираше флоскули за соживот, обединување и почитување на различностите. Убави зборови, само што правната држава не се мери според пригодните говори на функционерите, туку според тоа дали Уставот и законите важат и таму каде што на власта политички не ѝ одговара да ги види. Самата претседателка во својата објава го пофали ...
Седумнаесет месеци по трагедијата во Кочани, државата успеа да произведе нешто речиси подеднакво морбидно како сопствениот институционален распад што доведе до неа – парламентарна комисија која постои на хартија, а осум месеци нема членови, седница, расправа и никаков резултат. Родителите коишто со право бараат одговори, Собранието им сервира некакви флоскули за усогласувања, а ДПМНЕ, кое ја предложи и изгласа оваа конструкција, денес не може ...
Иран упати ултиматум до Соединетите Американски Држави, барајќи враќање кон сериозна дипломатија и целосно укинување на американската поморска блокада, во спротивно закани со проширување на конфликтот, пренесе Ројтерс. Рокот, кој според извештаите изнесува најмногу неколку недели, до Вашингтон бил пренесен преку посредниците, Пакистан и Катар, при што висок ирански званичник изјави дека Техеран одлучил да премине од одбранбена кон целосно ...
Пентагон разгледува развој на нова генерација мобилни радари за противвоздушна одбрана инспирирани од руските системи С-300 и С-400, откако американските сили претрпеа значителни загуби во војната против Иран, објави специјализираното военото списание Military Watch. Новите радари на системите THAAD веројатно ќе добијат функција на мобилна сензорска платформа слична на онаа вградена во руските системи уште од самиот почеток. Според извештај ...
Меморандумот за разбирање помеѓу Иран и Соединетите Американски Држави, чиј 60-дневен рок истече синоќа, дополнително ги заоструви веќе затегнатите односи меѓу двете земји. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД не ги исполниле своите обврски предвидени во меморандумот, поради што прашањето за рокот е ирелевантно, додека нагласи дека иранските вооружени сили се подготвени. Истовремено, американскиот претседател Доналд ...
Опозициската партија Левица реагираше на препораките на Меѓународниот монетарен фонд за реформи во пензискиот систем, кои вклучуваат подигнување на старосната граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Од Левица истакнуваат дека вистинската причина за пензискиот дефицит не е возраста на пензионирање, туку континуираниот пад на бројот на осигуреници поради иселувањето на работоспособното ...
Движењето за социјална правда Ленка објави детален преглед на новите задолжувања на централната влада, гаранциите и кредитните линии склучени во текот на 2025 година, вклучувајќи заеми од Светска банка, ЕБОР, ЕУ, домашни комерцијални банки и странски кредитори. Според податоците, преземени од Извештајот на Министерството за финансии за јавно задолжување, само годинашните нови заеми и гаранции изнесуваат стотици милиони евра, наменети за ...
Локалниот огранок на Левица во Кисела Вода реагираше на изјавите на министерката за образование за наводен „прилив” на првачиња во општината, наведувајќи дека официјалните податоци од самата Општина, добиени преку мерката „Ранче за секое прваче”, покажуваат спротивна тенденција – пад на бројот на новите првачиња од дури 15% во последните три години. Од Левица порачуваат дека вистинскиот проблем е демографското празнење на целата држава, а не ...
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан упати остро предупредување до Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека недостатокот на притисок врз Израел би можел да ги наведе Турција, Катар и Египет заеднички да преземат радикални чекори во врска со спроведувањето на мировниот план за Газа. Фидан нагласи дека палестинската страна, и покрај големите жртви, ги исполнила своите обврски, додека Израел, според неговите зборови, во ...
Црвена Младина денеска обвини дека студентите во изминатите три години противзаконски биле оштетени за околу 6,5 милиони евра, поради неприменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој предвидува годишно усогласување на износот со стапката на инфлација. Според организацијата, секој студент месечно е скратен за 650 денари кои му следуваат по закон, а пратениците од Левица најавуваат итна законска измена за да се коригира ...
Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи, жестоко ја критикуваше политиката на задолжување на државата, оценувајќи дека јавниот долг станува товар за работничката класа и идните генерации. Во својата објава, тој презентира дел од задолжувањата и издадените државни гаранции во 2025 година, посочувајќи дека државата, наместо да создава производствени капацитети и додадена вредност, се задолжува за ...
Мицкоски гордо зборува за некакви стратегии и механизми со кои Владата наводно спречила сушно сценарио и обезбедила вода во Тиквешката акумулација. Реалноста кај Возарци е до тој степен апсурдна што буквално може да се нарече политичка сатира – водата во езерото се задржува затоа што не смее да се испушта низ Црна Река и дополнително да ги натопува и еродира веќе поткопаните фундаменти на мостовите. Она што премиерот енергетичар го рекламира ...
Став на Мери Георгиевска Ниту една власт нема право сама да слави 35 години постоење на државотворноста на Независна Република Македонија. Прво, затоа што тие 35 години не црпат од сегашната власт, а сегашната власт црпи од тие 35 години независност. Што требаше да направи моменталната власт за да биде прославата заедничка, и да припаѓа на сите граѓани кои живеат и творат и копаат рудници во Македонија? 1.Требаше 3 месеци предвреме да направи ...
Централната команда „Хатам ал-Анбија“ на Иран: „Лажните тврдења на Соединетите Американски Држави во врска со нормалното минување на пловните објекти низ Ормускиот Теснец, кои ја покажуваат очајноста и беспомошноста на американската војска, не се ништо повеќе од лаги и невистини. Објавуваме дека Ормускиот Теснец и понатаму, како и во минатото, останува под целосен надзор и контрола на Исламската Република Иран и дека ниту еден трговски брод ...
Кинеската вештачка интелигенција сè посериозно ја засилува својата позиција на глобалниот технолошки пазар, а нејзиното влијание веќе се гледа и во практичната примена. Најновото рангирање на „ОпенРутер“ покажува дека DeepSeek-V4-Flash е на првото место, додека дури шест кинески ВИ-модели се најдоа меѓу десетте најдобри во светот. Освен високата употреба, кинеските модели бележат и конкретни деловни резултати. Американскиот ВИ-стартап „Линди“ ...
Во 2021 година Владата на Зоран Заев започна постапка за концесија за детални геолошки ИСТРАЖУВАЊА на дијабаз на локалитетот „Вирови“, с. Подлес, Општина Градско. Но во мај 2026 година Владата на Христијан Мицкоски ја доделува концесијата за ЕКСПЛОАТАЦИЈА на дијабаз во траење од 30 години, на простор од околу 151,8 хектари. А експлоатацијата предвидува и ДУПЧЕЊЕ И МИНИРАЊЕ. Според координатите од одлуката, концесискиот полигон е приближно: ...
Почитувани градинари, Како национална земјоделска мрежа изразуваме јавен револт и негодување на објавите за одлуките од денешниот состанок на министерот Серафимов со одредена група градинари. На истата средба се изврши класична манипулација кон барањата на градинарите и истите се доведоа до заблуда односно се направи привидна состојба дека се прифатени и задоволени нивните барања од страна на откупувачите. За жал продадената рака за наша ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна ...
Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски опасности да ја дочекаат со ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, обвинува дека повеќе од 50 охридски семејства се соочуваат со опасност да останат без единствениот пристап до своите домови поради изградба на нова зграда во центарот на Охрид. Според неа, градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба без претходно да биде обезбеден алтернативен пристап или спроведена експропријација за нов пат. Мојсоска во објавата тврди дека и покрај протестите на жителите ...
Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, реагира на, како што вели, двојните стандарди на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, три недели по загадувањето на Лепенец јавноста сè уште нема информации за причинителот и резултатите од анализите, додека за ширењето на непроверена информација за безбедноста на водата веднаш била обвинета опозицијата. Мустафаоглу оценува дека наместо политички обвинувања, надлежните ...
Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат исплатени? Кој гарантира ...
Орце Ѓорѓиевски денес повторно покажа дека функцијата градоначалник ја разбира првенствено како ПР-платформа за лична промоција и партиски пресметки. Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта. Надлежните институции од него и неговата ...
“Почитувани, по не знам кој пат читам за Битката за Радуша и повторно истите грешки и неточни податоци. Бидејќи бев еден од учесниците во таа битка, најодговорно можам да кажам дека, првата престрелка беше во месец Јули 2001, помеѓу група на тнр. УЧК и припадници на единицата ПЕП (Крива Паланка) со резервен состав. Битката која се спомнува почна еден ден по масакарот кај месноста Карпалак. Како припадник на ПЕП (Битола) во селото Радуша ...
Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини, Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел, откако од почетокот на годината се регистрирани 24 потврдени случаи на заболување. Според надлежните, дополнително двајца пациенти се суспектни на западнонилска треска. Од вкупниот број потврдени случаи, 20 лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, а пет од нив се во тешка, односно критична состојба и се ...
Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, изјави дека вештачењето покажало целосно нефункционирање на системот, институциите и поединците ...