Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Адвокатот Александар Димитријевиќ, во објава на својот Фејсбук профил, детално ги образложи законските права на граѓаните на Гостивар во врска со сметките за вода за периодот кога водоводната мрежа била загадена, тврдејќи дека жителите не само што не се должни да ги платат тие сметки, туку имаат право и да бараат оштета од Општина Гостивар и ЈП Комуналец – Гостивар. Според адвокатот, законот е јасен, давателот на услугата е должен да ...
Енергетичарот Дејан Димовски од Левица во синоќешното гостување во студиото на ТВ24 рече дека договорот со Косово за тригодишен ископ на јаглен за потребите на ЕСМ, односно на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, ќе чини многу поскапо со тековните цени на горивата за транспорт. ЕСМ претходно објави дека граничниот премин Блаце овозможува дневен транзит од максимум 120 камиони или околу 3.000 тони јаглен дневно. Партнерството ...
Еден од обвинетите за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“, Шабан Салиу, добил нова функција само една недела откако беше разрешен од позицијата министер без ресор во рамки на владината реконструкција. Салиу е назначен за национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Салиу, инаку, е на обвинителна клупа во големиот предмет за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е еден од обвинетите ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари и е зголемена за 177 денари во споредба со јули, кога изнесувала 68.498 денари, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Најголем дел од месечните трошоци на едно четиричлено семејство и натаму отпаѓаат на храната и пијалаците, за кои се потребни 25.032 денари. За образование се предвидени 7.192 денари, додека за облека и обувки се потребни ...
Клековски конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, тогаш ПЕТ/КТ услугата не функционира. И тоа повеќе од еден месец. Уште полошо, самиот министер вели дека ако за „еден или два ...
Левица со нова жестока реакција ја обвини министерката за образование Весна Јаневска дека продолжува да ја лаже јавноста околу студентскиот оброк, откако таа тврдела дека износот бил зголемуван и дека Владата дури однапред давала повеќе средства на студентите. Од партијата истакнуваат дека официјалните повици на Министерството за образование за учебните 2024/2025 и 2025/2026 година сè уште стојат на 140 денари, што директно ги демантира ...
Еден месец по силното невреме што го зафати Скопје, делови од Градскиот парк сè уште се со паднати дрвја, висечки гранки и купови исечени дрвја кои не се подигнати, реагира советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска. Таа посочува и дека паркот е пожолтен и исушен, без соодветно наводнување, прашувајќи колку време им е потребно на градските власти за целосно да го расчистат и одржуваат. Нејзиниот статус ви го ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, остро реагира на, како што вели, сведувањето на вредностите и традицијата на Армијата на Република Македонија исклучиво на нејзиното членство во НАТО. Исмаил потсетува дека АРМ е наследник на традицијата на македонските партизани и антифашистичката борба во Втората светска војна, оценувајќи дека таквото историско наследство не смее да биде потиснато од „натовските рамки“. Неговиот статус ви го пренесуваме ...
Германските премиум производители БМВ, Мерцедес-Бенц и Порше со години уживаа речиси недопирлив статус на кинескиот пазар, но денес состојбата драстично се менува под притисок на домашните кинески производители, кои сè поагресивно навлегуваат токму во сегментот некогаш целосно контролиран од европските марки. Со напредни софтверски решенија, богата опрема и далеку поконкурентни цени, кинеските модели веќе не се перцепираат само како поевтина ...
Откако обзнанивме дека вмровската владина постава не го усогласувала студентскиот оброк согласно Закон и дека студентите се ограбени за околу 6,5 милиони евра, Весна Јаневска на ТВ24 реши да понуди една навистина револуционерна одбрана, односно да измисли дека го покачиле! Со мртва сериозност министерката раскажа дека само штом дошле на власт, 140 денари прво станале 147, па потоа биле покачени за уште 20 денари и дека ДПМНЕ, ни помалку ни ...
Лидерот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, предупредува дека состојбата со епидемијата на западно-нилска треска во Скопје е алармантна. Во објава на социјалните мрежи тој посочува дека во изминатите 15 години во Македонија биле регистрирани вкупно пет смртни случаи од оваа заразна болест, додека само во текот на ова лето починале четири пациенти. Апасиев ја обвинува власта за, како што наведува, ненавремена и неефикасна заштита ...
Американецот со палестинско потекло Луј Риди се соочи со еврејски доселеник кој навлезе во неговиот имот во селото Кусра, откако домот му бил опколуван од милитантни доселеници повеќе од недела дена. Инцидентот, снимен ексклузивно од Ројтерс, се случи откако Риди специјално патувал од Охајо за да ја заштити куќата во која растел, додека еврејските доселениците вребаат во опколената зона и се обидуваат да ги избркаат Палестинците за да им го ...
Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...
Да се произведе веќе не е единствениот предизвик за домашните земјоделци. Сè поголем проблем станува како произведеното да се продаде навреме и по цена што ќе ги покрие вложените средства. Додека овошјето и зеленчукот созреваат, а сигурен откуп нема, дел од производителите сè почесто се обидуваат сами да најдат купувачи, нудејќи го родот директно од нивите. Групите за земјоделство и продажба на домашни производи се преплавени со огласи за ...
Левица со жестока критика до Владата поради ширењето на епидемијата од западнонилска треска, посочувајќи дека Македонија, според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), има највисока стапка на регистрирани случаи по глава на жител во Европа. Од партијата тврдат дека раниот здравствен аларм регистриран уште во мај бил игнориран, при што само за неполни два месеца ситуацијата ескалирала до епидемија ...
Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, повеќе од 60% над грчката, над четири ...
„Ер трактор“ на грчката Противпожарна служба вчера паднал во морето додека црпел вода во близина на Астакос, соопштија локалните власти. Пилотот, кој бил единствениот човек во леталото, бил спасен и, според информациите, се наоѓа во добра здравствена состојба. Инцидентот се случил во морскиот простор југоисточно од пристанишниот град Астакос. Пилотот првично бил извлечен од приватен чамец, по што бил преземен од патролно пловило на грчката ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф се исмаева на високите американски функционери Скот Бесент и Пит Хегсет, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го засили притисокот врз Иран. Во објава на социјалната мрежа „X”, Галибаф оцени дека американските претставници не се способни да се справат со ситуацијата, порачувајќи да престанат да очекуваат чудесно решение од нивниот „кловновски“ тим. ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, предупредува дека состојбата во погодените подрачја се влошува и дека се исполнети сите критериуми за прогласување елементарна непогода. Тој повика итно да се свика вонредна седница на Советот и заеднички да се донесе одлука за прогласување на елементарна непогода, оценувајќи дека еднократната парична помош нема да биде доволна за обесштетување на погодените жители. Неговиот ...
Заменик-координаторот на Секторот за политичка економија на Левица, Игор Ѓуровски, во својот фејсбук статус ја критикува функцијата „национален координатор“, посочувајќи дека во државата има осум лица на овие позиции, кои, според него, земаат плата од околу 2.000 евра, додека јавноста нема јасна претстава за нивните конкретни обврски. Како пример го наведува поранешниот министер за култура Зоран Љутков, кој неодамна беше именуван за ...
Владата на Србија денеска предложи зголемување на минималната плата од 1 јануари 2027 година за 9,2 отсто, со што минималецот кај нашиот сосед би пораснал од околу 550 на 600 евра, објави српскиот министер за финансии Синиша Мали. Додека Белград чекори кон 600 евра минимална плата, Владата на ДПМНЕ годинава го зголеми македонскиот минималец на само околу 26.000 денари (околу 420 евра), одбивајќи го континуираното барање на Сојузот на ...
Глобалните цени на храната би можеле значително да пораснат во текот на 2026 година, при што најголем притисок се очекува врз цената на пченицата, што може да доведе и до поскапување на лебот, тестенините и други прехранбени производи. Според проценките на британската фирма за економски анализи Oxford Economics, глобалните цени на храната годинава ќе се зголемат за 11,8 проценти, а во 2027 година се очекува дополнителен раст од 4,8 проценти. ...
Стратешките нафтени резерви на Соединетите Американски Држави се намалија на само 300 милиони барели, најниско ниво во последните 40 години, при што стручњаци предупредуваат дека понатамошното празнење на подземните солени пештери во кои се складира нафтата би можело да ги оштети самите резервоари кои се под ризик од колабирање. Ситуацијата дополнително се влошува со планот на американската администрација да пласира дополнителни 172 милиони ...
Колумна на Емил Јанчески по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија Армијата полни триесет и четири години, а датумот што го носи е осумдесет и три години постар од неа. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, се формирал баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена формација на македонската народноослободителна војска, и токму затоа тој ден стана роденден на АРМ. Луѓето што тргнале од таа планина немале сојуз, ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести денеска почина уште еден пациент кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска, со што бројот на починати од оваа болест во земјава се искачи на четворица. Според директорот на Клиниката, Фадил Цана, моментално се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, а на интензивна нега се наоѓаат петмина пациенти со потешка ...
Приносот на американските 30-годишни државни обврзници во понеделникот достигна највисоко ниво во речиси две децении, откако скокна на 5,31%, што дополнително ги зголемува стравувањата на инвеститорите за одржливоста на растечкиот државен долг на САД. Ова е највисоко ниво од јуни 2007 година, а аналитичарите предупредуваат дека приносите би можеле дополнително да пораснат поради комбинацијата на масовно издавање долгорочни обврзници, ...
Јапонскиот јен веќе ja избриша половина од добивката постигната преку заедничката интервенција на американското и јапонското Министерство за финансии, а трговците внимателно ги следат следните потези на властите. Јенот во понеделникот ослабна за 1%, завршувајќи ја сесијата на ниво од 159,29 за долар, што претставуваше најслаб перформанс меѓу валутите на Групата на 10 најразвиени економии, а аналитичарите сега главниот фокус го ставаат на ...
Левица денеска реагираше со обвинување дека Владата на ДПМНЕ спроведува „селективна социјална политика”, покачувајќи ги пензиите заради изборна исплатливост, додека истовремено три години свесно го игнорира законското право на студентите на усогласен субвенциониран оброк. Од партијата истакнуваат дека Владата и Министерството за образование останале тивки по вчерашните обвинувања дека студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра, а ...
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најнизок процент откако е на власт, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена во четиридневен период што заврши во понеделник. Само 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го одобруваат неговото работење во Белата куќа, додека дури 80 отсто од Американците очекуваат американското воено вмешување во Иран да продолжи подолг временски период. Според анкетата, 64 отсто од ...
Светските пазари се соочуваат со драстично намалување на количините на дизел гориво, предизвикано од затворањето на Теснецот Хормуз, воениот конфликт меѓу САД и Иран, како и рускиот извозен ембарго на дизел, што доведе до рекордно високи цени и стравувања од сериозна криза во снабдувањето пред зимскиот период. Експерти предупредуваат дека ситуацијата е „најсериозната дизел криза” во последните децении, а последиците веќе се чувствуваат и во ...