Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Елферсберг не е име што обично се слуша во европскиот фудбал. Станува збор за мало место со едвај 7.000 жители, без железничка станица и со само неколку локални продавници. Но токму од таа речиси незабележлива точка на мапата дојде една од најголемите сензации во германскиот спорт – клуб што со години беше далеку од врвот денес е дел од Бундеслигата. Елферсберг е мало место североисточно од Сарбрикен. Дел е од општината Шпизен-Елферсберг, ...
„Фронт за вистина и правда“ кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански, невладини организации, интелектуалци, активисти и млади - сите обединети околу вредностите за Европска Македонија. Ова го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека програмата на Фронтот ќе се фокусира на четири столба: нулта толеранција за корупција и европска правда; иднина за младите; подобар животен стандард и достоинствен живот за сите; силно ...
Двајцата шефови на држави очигледно негуваат големи меѓусебни симпатии. На почетокот на мај, молдавската претседателка Маја Санду и нејзиниот романски колега, Никушор Дан, објавија заедничка фотографија на нивните профили на Фејсбук. Двајцата се сликани насмеани еден до друг во романски воен авион. „Заедно со претседателот Никушор Дан сме на пат кон главниот град на Ерменија, каде што ќе се одржи самитот на Европската политичка заедница“, ...
„Според моето чувство, заглавени сме во еден вид парализираност, затоа што немаме искуство како да се однесуваме кон вакви политички сили.“ Ова го напиша Матијас Брант, синот на канцеларот Вили Брант. Кога зборува за политичките сили на кои треба јасно да им се каже „Не“, тој мисли на партијата АфД и на нивната авторитарна реторика. Тој е еден од најтивките и најповлечените од јавноста меѓу германските уметници. Во моментот е еден од ...
Се случува ретко, речиси по исклучок, и обично трае онолку колку што трае еден телевизиски пренос. Ноќта кога Дара ја освои Евровизија, бугарскиот јавен простор доживеа неочекувана емоционална катарза. Социјалните мрежи, кои обично функционираат како фронтови на исцрпувачка конфронтација, одеднаш го намалија интензитетот. За неколку часа земјата излезе од вообичаениот замор и почна да зборува во прво лице множина. Не „тие“, не „оние“, не ...
Војната во Украина го врати прашањето на проширувањето на врвот на агендата на ЕУ. Додека Брисел сигнализира дека Црна Гора би можела да стане следната членка, во Унијата и натаму постојат длабоки поделби. Некои земји инсистираат дека прво ЕУ мора да се реформира. На маса се бројни предлози. „Проширувањето е приоритет за ЕУ и ако нашите кандидати го исполнат тоа што се бара од нив, тогаш и ние мора да го исполниме нашето ветување“, изјави ...
Насилството меѓу деца во училиштата станува сè поизразен и загрижувачки проблем. Инцидентите се понасилни и сè почесто се префрлаат и на социјалните мрежи. Институциите алармираат дека се неопходни законски измени, построги мерки и поголема одговорност од родителите, но и системска превенција. Министерката за образование, Весна Јаневска. најави измени на Законот за основно образование, во кој би се предвидела казна за децата кои се насилни во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти Пекинг во петокот по важниот самит со кинескиот лидер Ши Џинпинг. Трамп полета со претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ околу 14:40 часот (по локално време) од Меѓународниот аеродром во Пекинг , упатувајќи се кон Вашингтон. Двајцата претседатели претходно ги завршија последните меѓусебни разговори, тврдејќи дека е постигнат значаен напредок во стабилизирањето на односите меѓу двете земји иако ...
Секако дека не се репрезентативни, но кога станува збор за САД коментари како овие во последно време се сè почести на профилите на ДВ на социјалните мрежи: „Дали навистина треба да нè интересира што се случува во САД? (…) Ве молиме ДВ, конечно престанете со оваа постојана фиксација на сè што е американско“, или: „Не би било на одмет да се зборува за ‘уморот од Америка’, од кој Европејците – или можеби и целиот свет – моментално страдаат.“ ...
Дали постои сигурен рецепт за успешна песна на Евровизија? Прашање што станува особено актуелно во пресрет на големото финале. Според најнова научна анализа, шансите за победа ги зголемуваат оние кои умеат паметно да ги пробијат утврдените правила и трендови. Ова прашање го заинтригирало и физичарот и социолог Дирк Хелбинг од Федералниот технолошки институт (ETH) во Цирих. Неговиот истражувачки тим од областа на компјутерски поддржаните ...
Висок командант на џихадистичката организација Исламска држава (ИС) е убиен во заедничка воена операција на Соединетите Американски Држави и Нигерија. Станува збор за Абу-Билал ал-Минуки, кој според американскиот претседател Доналд Трамп бил „вториот по ранг командант на ИС на глобално ниво“. Операцијата е спроведена во текот на ноќта меѓу петок и сабота во западноафриканската земја, а смртта на ал-Минуки ја потврди и нигерискиот претседател ...
Пред шест години, речиси непознатата германска фармацевтска компанија ја разви првата одобрена мРНА (mRNA) вакцина против ковид и значително го промени текот на глобалната пандемија. Бионтек (BioNTech), која повеќе од една деценија ја развиваше мРНА (mRNA) технологијата за лекување рак без значителен комерцијален интерес, во партнерство со Фајзер (Pfizer) ја пласираше вакцината „Комирнати“ (Comirnaty) во рекордно време, што ѝ донесе светска ...
Глобалната сателитска навигација одамна е темел на секојдневниот живот — од паметните телефони и навигацијата во автомобили до управувањето со воздушен, морски и воен сообраќај. Но, истата технологија станува клучен фактор и во современото војување, што ја прави истовремено и ранлива на напади. Како функционира сателитската навигација? Ако некогаш сте користеле мапа на паметен телефон или сте гледале како возило за достава се движи преку ...
Ѕидови покриени со мувла, оштетени скали и запуштени улици – токму вакви објекти криминални групи често изнајмуваат на лица пристигнати од Бугарија и Романија. На тој начин се злоупотребува германскиот социјален систем, бидејќи се наплаќаат високи кирии, од кои значителен дел се покрива со социјални бенефиции, пишува германската јавна телевизија АРД во репортажа од градот Хаген во Рурската област. Според податоците, во градот со околу 200.000 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја гледа својата сè уште недонесена одлука за дополнителни продажби на оружје на Тајван, остров што Кина го смета за своја територија, како ефикасно средство за притисок врз Пекинг. Тој изјави дека намерно ја држи одлуката „во неизвесност“, истакнувајќи дека исходот ќе зависи од однесувањето на Кина. „Тоа зависи од Кина“, рече Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, додавајќи: „Искрено, тоа е многу ...
Израел и Либан постигнаа договор за продолжување на примирјето за дополнителни 45 дена по дводневни преговори во Вашингтон, соопшти американскиот Стејт департмент. Официјално, прекинот на огнот меѓу двете земји е во сила од 17 април и требаше да истече во недела, но сега е продолжен за да се овозможи напредок во преговорите. Според информациите, нова рунда разговори во американското Министерство за надворешни работи е закажана за 2 и 3 јуни, ...
Комисијата за заразни болести констатира дека ризикот од појава и ширење на хантавирус во државата е низок, и покрај актуелните случаи во светот. Надлежните институции, вклучително и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), континуирано ја следат состојбата. На последната седница, Комисијата го разгледала појавувањето на кластер на случаи на хантавирус (варијанта Andes) на глобално ниво и оценила дека здравствениот систем е подготвен за евентуална ...
Патот „прво средно училиште, потоа факултет“ не им изгледа толку привлечен на многу луѓе во Германија како порано. Младите луѓе се плашат од неизвесните перспективи за вработување, меѓу другото поради брзиот развој на вештачката интелигенција (ВИ). Експертите проценуваат дека ВИ може да загрози дури половина од работните места на почетно ниво во таканаречените професии базирани на високо образование. Растот на невработеноста кај ...
Новите законски мерки за оддалечување на коцкарниците од училиштата, построгите правила за рекламирање и ограничувањата во областа на коцкањето предизвикаа различни реакции во јавноста. Граѓанските иницијативи ги поддржуваат законските измени, оценувајќи дека тие ќе воведат нови правила во индустријата на игри на среќа. Од друга страна, Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) остро реагира на дел од предложените мерки. Ставот на ...
Мислењата околу Палантир веќе подолго време се разидуваат. Во очите на неговите поддржувачи и противници, глобално бараниот аналитички софтвер на оваа американска компанија котирана на берза или претставува чудесно оружје, или нешто злокобно. Во тој контекст привлекува внимание еден медиумски извештај: според информациите на весникот Зидојче Цајтунг и регионалните јавни сервиси НДР и ВДР, Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ) ...
Претседател на суд и судски администратор се осомничени дека барале и примиле мито од 8.000 евра за да влијаат кај судија во Основниот суд во Гостивар, но и кај судии во тамошниот Апелациски суд, за граѓански спор во кое странка било лицето од кое ги побарале и земале парите. Предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК вчера донел наредба за спроведување истражна постапка против двете лица соизвршители во кривичното дело Примање награда за ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, најверојатно не направи случаен дипломатски гаф кога ги нарече претставниците на владата во Скопје „северномакедонски партнери“. Формулацијата повеќе наликува на прв, засега умерен сигнал дека Софија го напушта досегашниот воздржан пристап и нема намера да ги избегнува чувствителните теми. Тивката дипломатска тензија избувна третиот ден откако Чамова положи заклетва како ...
Кризата на пазарот за станбен простор ја заострува социјалната нееднаквост. Особено доселениците се борат за прифатлив простор - со последици за интеграцијата, образованието и пазарот на трудот. Стан под кирија со три до четири соби во Берлин? Нема проблем за оние со највисоки приходи. Во мај 2026 година на портал за огласени недвижнини, се бараат добри 4 илјади евра месечно – со вклучени трошоци за греење и други комунални услуги - за нешто ...
Маските на автократите и диктаторите често паѓаат откако по нивното соборување од власт ќе бидат објавени сликите од нивниот таен, луксузен животен стил, како на пример во случајот со романскиот диктатор Николае Чаушеску или поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Снимките од нивните златни тоалети се длабоко врежани во колективното историско сеќавање на нивните нации. И Виктор Орбан и врвните ешалони на неговиот режим сега го ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати повик до опозицијата на зрелост и конструктивност, со цел да се поддржат клучните реформи за напредок на државата кон Европската Унија (ЕУ). Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, одговорност и минимум национален консензус околу најважните прашања. „Ова не е процес на една влада или на една политичка партија, туку процес што ја определува иднината на ...
Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет и близок доверлив човек на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде ставен во притвор. Во четврток, антикорупциски суд нареди апсење на Андриј Јермак по обвинение за перење пари. Судот одреди кауција од 140 милиони гривни - што е еквивалентно на 2,72 милиони евра. Јермак ги негира обвинувањата. Со плаќање кауција, тој би можел да остане на слобода до конечна пресуда во неговиот случај. На ...
Одлуката за запирање на постапката за набавката на мазутза ТЕЦ „Неготино“ ја вжешти релацијата меѓу Владата и Обвинителството, отворајќи серија политички и институционални дилеми. Ваквиот тек на настаните следи откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) реши да ја запре истрагата, што предизвика остри реакции од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков. Реакции од Владата: ...
За помалку од две години, владејачката Лабуристичка партија во Велика Британија го мина патот од убедлива изборна победа до историски пораз на локалните и регионалните избори минатата недела, што сериозно ја доведе во прашање позицијата на премиерот Кир Стармер. Иако владејачките партии ширум Европа се соочуваат со слични предизвици, британската политичка сцена станува сè понапната во деценијата по одлуката за напуштање на Европската унија. ...
Добрите работи бараат време, гласи една ориентална поговорка. По откажувањето во април, американскиот претседател Доналд Трамп сега ја посетува Кина. Во денешниов свет, глобални предизвици како економскиот раст и климатските промени може да се решат само преку ангажман на двете големи нации. САД се најголемата, а Кина втора по големина економија во светот; истовремено Кина е најголем испуштач на стакленички гасови, а САД веднаш зад неа. Во ...
Со векови, малечкиот Ахен се смета за симбол на обединета Европа. Токму од тука Карло Велики (748–814) владеел со најголемото царство во западна Европа по падот на Рим, наследство кое подоцна довело до тоа тој да биде сметан за средновековен „татко на Европа“. Денес, со Карловата награда им се оддава почест на оние кои се залагаат за европско единство на помодерен начин. На 14 мај таа ќе му биде доделена на Марио Драги. Кој е Марио Драги? ...