Непосредно пред средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп што се смета за решавачка за мировен договор, Русија повторно изврши тешки воздушни напади врз Украина. Воздушни напади врз Киев и повеќе други украински региони Во Киев вноќеска (26/27.12) се слушаа експлозии, додека украинската противвоздушна одбрана беше активна. Според информации од армијата, биле испукани ракети и насочени ...

„Многу храбри луѓе живееле пред Агамемнон“ е познат цитат од римскиот поет Хорациј (а не ликот Хорациј во Шекспировиот „Хамлет“). Поширокото толкување на стихот од неговите „Оди“ значи дека хероизмот постои дури и ако никој не го забележува. Самиот цитат ја возвишува улогата на писателите и поетите во давањето бесмртност на хероите. А Хорациј во основа се потсмевал на оригиналниот „свет поетски бард“ Хомер, автор на „Илијадата“, каде што се ...

Владата на вчерашната (23.12) редовна седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на одлуката. Истата е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, но не е изненадување бидејќи беше најавена. Недостиг на мазут причина за енергетската криза „Како што ...

По протестите на еколошките иницијативи, се отвори можноста за дислоцирање на цементарницата „Усје“ од Скопје. Но, според експертите, оваа постапка е исклучително комплексна и може да трае со години. Во игра се неколку сценарија, а клучна улога имаат Владата и надлежните институции. Процесот може да трае 5-6 години Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, за Дојче веле изјави дека реализацијата на ...

Сериозни економски прогнози за 2026 „Сметам дека оваа година беше тешка за граѓаните, но 2026-та ќе биде уште потешка. Ќе има сериозна криза и пораст на сиромаштијата,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на брифинг со новинарите. Според него, следната година ќе биде обележана со задолжување од најмалку дополнителни 2 милијарди евра, кои ќе се користат за тековни трошоци, а не за капитални инвестиции. „Вкупната сума за капитални ...

Управата за јавни приходи (УЈП) досега испратила околу 10.000 покани до граѓани кои треба да го пријаватдоходот остварен во странство. Директорката Елена Петрова е децидна дека сите даночни резиденти се должни да го пријават и оданочат целокупниот светски доход, вклучително и приходите стекнати надвор од државата. 10.000 покани и бројки за текот на постапката Според соопштението на УЈП, по испратените покани: околу 1.200 лица доброволно ...

Матични лекари во приватни гинеколошки ординации во Македонија незаконски наплаќале услуги и не издавале фискални сметки. Ова го покажа контролата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП). Надлежните институции најавија засилени и координирани контроли и други мерки. Незаконски наплати кај матични гинеколози Фондот има договори со 149 ординации за примарназдравствена заштита. Во ноември, по 13 години без ...

Кој ги креира соопштенијата на СДСМ? Кој сака таков партиски начин на комуникација со јавноста и со другите партии? Дали е тоа вистинскиот комуникациски јазик со кој социјалдемократите ќе ја вратат довербата во нивната партија? Речиси еден месец се поставуваат овие прашања, откако дојде невообичаен комуникациски пресврт од Прес-центарот на СДСМ. Во почетокот на декември, когаСДСМ почна со иронизирање и козериски пристап во соопштенијата, ...

Родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се сомневаат дека обдукциските наоди се нецелосни и бараат дополнителни токсиколошки анализи. Според нив, постои сомнеж дека во телата на жртвите имало цијанид, но тоа не било испитано. Александар Наунов, татко на загинато девојче и претседател на здружението „16 Март 2025 Кочани“, пред денешното судско рочиште за трагедијата во Кочани, изјави дека форензичките анализи на МВР не ја ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и со советникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер. „Разговаравме за некои важни детали од тековната работа“, објасни Зеленски на социјалните мрежи. „Постојат добри идеи што можат да придонесат за заеднички резултат и траен мир“. Зеленски им се заблагодари на Виткоф и Кушнер за нивниот ...

„Бранот на банкроти продолжува“, новинската агенција Ројтерс го цитираше главниот аналитичар на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Фолкер Трајер: „Особено малите и средни компании се соочуваат со проблеми“. Истражувањето на ДИХК покажа дека речиси секоја трета компанија со помалку од 20 вработени се плаши од влошување на деловната состојба. Овие компании сочинуваат околу 85 проценти од сите компании во земјата. Сојузниот завод ...

Едно прашање и натаму се поставува по неодамнешното убиство на двајца американски војници и еден цивилен преведувач во централна Сирија од страна на следбеник на екстремистичката група Исламска држава. Убиецот бил инфилтриран во сириските безбедносни сили. Колку други луѓе во сириските безбедносни сили би можеле да делат слични екстремни ставови? Нападот „открива празнини во разузнавачките капацитети на сириската влада, позната слабост со ...

Обвинувања за поскапувањето на струјата Во Собранието денеска (25.12) се водеше жестока дебата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.Двајцата си разменија остри зборови околу енергетската криза и поскапувањето на струјата, што стана една од најактуелните теми во земјата. Филипче ја обвини Владата дека по две години на власт не презела доволно мерки за зајакнување на домашното производство на ...

УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на протоколи за подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата и препораки за постапување при зголемено загадување. Овие мерки се особено важни бидејќи нивото на загадување во Скопје и другите региони претставува сериозен ризик за здравјето, особено кај децата. Новите протоколи за квалитет на воздухот Новите насоки предвидуваат различни активности во зависност од квалитетот на воздухот. Кога воздухот е ...

Кон средината на месецов Папата Лав Четиринаесетти (70) остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп (79), без да го спомене по име, или по функција. „Изјавите за Европа, меѓу кои и во неодамнешните интервјуа, според мене се обид да се уништи она што го сметам за многу важен сојуз денес и во иднина“, рече папата. Сите разбраа на кого мислеше тој. Американски папа и американски претседател во невообичаена политичко-верска ...

Кога деновите стануваат пократки, а надвор е ладно или дождливо, се чувствуваме удобно дома. Соодветното осветлување создава пријатна атмосфера, можеби готвиме нешто вкусно и гледаме серија, филм или играме компјутерски игри. Веројатно се тушираме и потопло и подолго отколку во лето или се капеме. Но, сето ова чини електрична енергија, а со тоа и пари – и колку повеќе електрична енергија користиме, толку повеќе испуштаме јаглерод диоксид ...

Декември 1914 година. Првата светска војна беснее веќе пет месеци. На Западниот фронт се води исцрпувачка рововска војна - од едната страна агресорот, германската армија, а од другата страна армиите на Франција, Белгија и Велика Британија. Фронтот се протега од Ламанш, преку Белгија и Франција, па сè до границата со Швајцарија. Милиони војници се во ровови, од двете страни - понекогаш на само триесет метри оддалеченост. Стаорци, вошки, студ и ...

Линеарното зголемување на пензиите останува. Уставниот суд не донесе одлука за негово укинување поради изедначен резултат во гласањето. Ова прашање беше на дневен ред на денешната седница на судот, но одлука не е донесена. Предметот ќе се разгледува повторно по комплетирање на судискиот состав. „Судот поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на одредби од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На денешната седница гласовите се ...

Македонија засега не планира да ја прифати понудената помош од Бугарија за снабдување со мазут, иако беше воведена седумдневна кризна состојба во енергетиката. Од Владата за „Дојче Веле“ велат дека државата во моментов не се наоѓа во ситуација во која има потреба од ваков тип на помош. Владата уверува: Нема потреба од надворешна помош „Државата не е во фаза на чекање помош од надвор, туку со сите свои расположливи капацитети е во можност да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за првпат јавно ги презентираше 20-те точки од мировниот план инициран од САД за ставање крај на војната. Според нацртот, предвидени се безбедносни гаранции за Украина по примерот на Член 5 на НАТО - клаузулата за взаемна помош - како и армија од 800.000 војници, како што изјави Зеленски пред новинарите во Киев. Претседателот зборуваше за нацрт-рамковниот документ и ги повтори изјавите од претходниот ...

Владата ќе обезбеди средства за набавка на 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата. Во план е и решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот за здравство Азир Алиу информираше преку социјалните мрежи за овие одлуки, а се огласи и коалицијата ВЛЕН, чиј кадар е ресорниот министер. Тие оценија дека со овие одлуки „се нанесува директен удар врз хаосот и ...

Поскапувањето на струјата и прогласувањето на кризна состојба поради недостиг на мазут ја разгореа јавноста и политичката сцена. Левица бара итно замрзнување на цената за домаќинствата, додека СДСМ обвинува за пропусти во набавката на мазут. Во меѓувреме, РКЕ најави нови тарифи од 1 јануари, а ВМРО-ДПМНЕ возврати со остри критики и ветувања за инвестиции. Реакциите следат откако Владата донесе одлука за воведување седумдневна кризна состојба ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во годишното обраќање пред пратениците, повика на национален консензус и побара гаранции за евроинтеграциите. Таа упати повик за обединување околу стратешките цели на државата, нагласувајќи дека евроинтеграциите не се само административен процес, туку политички предизвик кој бара уставни измени и јасни гаранции од Европската Унија и Бугарија. Претседателката на почетокот на својот говор се осврна на ...

Карибите генерално се сметаат за еден од помирните региони во светот. Но, од септември, ескалираат тензиите меѓу САД и левичарската националистичка влада на Венецуела. Американскиот претседател Доналд Трамп нареди бомбардирање на бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога од Венецуела и запленување на венецуелски нафтени танкери. Во вторникот вечерта, Советот за безбедност на ОН на итен состанок, а на барање на Венецуела, расправаше за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа 55-минутен говор во парламентот, што спаѓа во категоријата подолг говор. Нејзиниот настап е како што рече по четврти пат пред пратениците, но должината покажа дека имала што да каже. Првиот впечаток е дека Претседателката повторно не одолеа да одржи историски час по меѓународно право, веројатно наменет за амбасадорите кои седеа во собраниската галерија, на професорски начин опиша што значи ...

Со Лав Четиринаесетти, Божик во Ватикан ќе го слави нов папа, но божиќните традиции што се омилени кај посетителите и верниците, остануваат непроменети во центарот на Римокатоличката црква. Кога започнуваат прославите? За католиците, периодот од четири недели пред Божик, а со него и очекувањето на Христовото раѓање, оваа година започна на 30 ноември, првата недела од предбожиќните четири седмици, т.н. Адвент. Но, прославите во Ватикан секогаш ...

Постапките на американската армада во Карибите веројатно ќе предизвикаат растечки немири во Венецуела: воените бродови не само што ги таргетираат бродовите за наводен шверц на дрога, туку, од декември 2025 година, и нафтените танкери. Иако експертите имаат различни мислења за улогата на Венецуела во трговијата со дрога, постои согласност за тоа колку е клучен извозот на нафта за јужноамериканската земја: економски уништената Венецуела се ...

Во последната декада тендерите во здравството во Македонија достигнале рекордни вредности, но конкуренцијата меѓу понудувачите останува ограничена. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, од 2015 до 2024 година вредноста на договорите се зголемила од 135 на 293 милиони евра, додека бројот на фирми пораснал минимално – од 765 на 853 компании. Овој тренд покажува дека зголемената потрошувачка не довела до поширока ...

Изборот на Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител предизвика силни реакции од двете најголеми политички партии во земјата. Опозицискиот СДСМ ја обвини власта дека се обидува да стави целосна контрола врз обвинителството и судството, додека ВМРО-ДПМНЕ најави дека следува период на реформи и воспоставување на неселективна правда. Одлуката на Советот на јавни обвинители доаѓа по неотповикливата оставка на ...

Античките филозофи, особено Сократ и Аристотел, веруваа дека филозофијата започнува со зачуденоста пред светот, пред постоењето, пред битието. Никогаш не би се „запрашале” за смислата на постоењето, доколку претходно не сме се „зачудиле“ поради самиот факт на постоењето. Децата се вистински мајстори во зачуденоста, запрашаноста и восхитеноста од сите нешта во светот, иако не знаат дека со тоа тие веќе го познаваат изворот на таа наука која ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
80%
1007
weather icon

Белград

-3ᴼ / -5ᴼ
7.2
84%
1010
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -9ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
9.26
80%
1008
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
13.02
85%
1003
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -10ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.81
66%
1008
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
66%
1008
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
56%
1007
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
93%
997
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -5ᴼ
5.81
79%
1008
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
10.29
67%
1001
Currency

61.5417

Currency

52.6962

Currency

70.9333

Currency

35.4364

Currency

38.0169

Currency

66.0521

Currency

7.52932

Currency

0.65446

Currency

0.33604

Currency

0.5245

Currency

1.22462

Currency

0.5861

Платина

69516.08

Злато

142522.91

Бакар

11.67

Алуминиум

3.10

Цинк

3.17

Сребро

2439.02

Калај

44.87

Рутениум

44142.98

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Паладиум

54399.06

Родиум

316684.85