Неколку дена откако француските пратеници гласаа за забрана на социјални медиуми за деца под 15 години, шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека ќе ги заштити децата на Шпанија „од дигиталниот див Запад“. Часовите минати во скролање штетни содржини ги програмираат младите мозоци и предизвикуваат вознемиреност и други здравствени штети, предупредуваат експерти и од европските влади бараат да преземат мерки за заштита. „Фокусот специјално на ...

Заплените на марихуана во Србија и во Македонија, отворија нов бран политички конфликти и обвинувања меѓу власта и опозицијата. Тензиите ескалираа со барања за извинување и најави за тужби од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кого ВМРО‑ДПМНЕ јавно го поврза со случаите за заплена на медицинска марихуана. Една недела по објавувањето на случајот со заплена на околу пет тони марихуана во Србија, по што следеше акција во која беа откриени 40 ...

Со денови се шпекулираше дали премиерот Кир Стармер ќе го жртвува својот шеф на кабинет, Морган МекСвини – меѓу другото и за да си купи време. Стармер заради т.н. Манделсон афера се соочува со најголемата политичка криза во неговиот мандат. Искусниот политички стратег МекСвини, 48-годишен Ирец, одигра клучна улога во убедливата победа на Лабуристите на изборите во 2024 година и по ненадејната оставка на претходниот шеф на кабинет, стана ...

Тој што денес сериозно размислува за состојбата во светот во само еден месец од новата календарска година, почнува се‘ повеќе да се чуди како големиот филозоф Хегел можеше да верува дека историјата е процес на самопројавување на „светскиот дух” (Weltgeist), кој со „итроста на умот“ (List der Vernunft), наспроти сите кризи, на крајот се преобразува во совршен, „апсолутен ум“. Така во 19-от век Хегел го замислуваше историскиот прогрес. Денес ...

Една година наназад, па и повеќе, парламентарните избори на 12 април во Унгарија, во европскиот политички дискурс се сметаат за исклучително важни за развојот на политичките преференции на континентот. Премиерот Виктор Орбан е најдолговечниот меѓу лидерите на Европската унија. Тој е непрекинато на власт од 2010 година (претходно имаше и еден четиригодишен мандат од 1998 до 2002). Доколку победи во април тоа ќе биде неговиот петти ...

„Во Бугарија ми остануваат околу 300 евра повеќе нето приход месечно отколку во Германија“, вели Кристина Борисова. 41-годишната Бугарка по 8-годишен престој во Германија, на почетокот на 2025 година се вратила во татковината. Денес, Кристина живее во Поморие, мал град на брегот на Црното Море, и натаму работи за својот германски работодавец како административка во енергетскиот сектор. Нејзината компанија со седиште во Гера, ѝ ја исплаќа ...

По завршувањето на преговарачкиот круг за Украина во Абу Даби, САД упатиле покана за нова рунда разговори, соопшти Зеленски. Според него, Вашингтон „за првпат предложил“ украинската и руската делегација да се сретнат на американска територија. Средбата, како што најави, најверојатно ќе се одржи следната недела во Мајами, во сојузната држава Флорида. Украинскиот претседател Володимир Зеленски додаде дека САД поставиле рок до јуни за ...

Германската технолошка индустрија доби значајно засилување со отворањето на т.н. „фабрика за вештачка интелигенција“ на Дојче Телеком во Минхен. Објектот, кој над земја изгледа како обична индустриска зграда среде голема градежна зона, под површината крие огромна инфраструктура: на шест подземни нивоа се распоредени 10.000 специјализирани графички процесори ((Graphics Processing Units, GPU), поврзани со километри оптички влакна. Овие системи ...

Расистичко видео со Обама, објавено на профилот на Доналд Трамп, предизвика силни реакции во САД. Иако постот беше избришан, Трамп одби да се извини. На официјалниот профил на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата платформа Трут соушл беше објавено видео генерирано со помош на вештачка интелигенција, во кое лицата на поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама се монтирани врз тела на мајмуни. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави понатамошни разговори со Иран за почетокот на следната недела. Индиректната рунда преговори во петокот во Оман помина „многу добро“, рече Трамп. Во исто време, тој го зголеми притисокот врз Техеран и предупреди на „многу сериозни последици“ ако раководството на земјата не се согласи на договор во врска со нејзината нуклеарна програма. Иран не смее да има нуклеарно оружје, повтори тој. Според ...

Професорката Силвана Филипова предупредува од тешки последици по здравјето на децата поради изложеност на екраните. Долготрајната изложеност на децата на телефон, компјутер, ајпад или телевизор предизвикува ткн. екран-траума. Eкранизмот доби своја понапредна верзија која веќе предизвикува дури и непоправливи нарушувања во развојот на децата. Сложената клиничка слика на екран-траумата се поклопува со други развојни нарушувања кај нив и тоа ја ...

Со импресивна, раскошна и визуелно силна церемонија во Милано и Кортина д’Ампецо, официјално беа отворени Зимските олимписки игри. Италијанскиот претседател Серџо Матарела во петокот вечерта, пред десетици илјади гледачи на легендарниот стадион „Сан Сиро“, ги прогласи игрите за отворени. Историски момент претставуваше паралелното палење на олимпискиот оган на двете главни локации: во Милано – од ски-легендите Алберто Томба и Дебора Кампањони ...

Словачкиот адвокат Јанош Фиала-Баторија не може да верува што се случува. Неколку клиенти му се обраќаат за правна помош бидејќи им биле одземени имотите поради 80 години старите Бенешови декрети. „Де факто сѐ уште е на сила подзаконски акт за спроведување на Бенешов декрет во Словачка, а некои државни службеници нашле начин како да го применуваат“, вели Фиала-Баторија. „Тие конфискуваат земјиште врз основа на етничката припадност на ...

Убиството на судија во судница минатиот октомври повторно ја стави под лупа судската реформа што Албанија ја започна пред една деценија. На 6 октомври 2025 година, во 15:40 часот, судијата на Апелациониот суд во Тирана читал пресуда во долгогодишен имотен спор што датира од 1992 година. Набргу потоа, во судницата одекнале три истрели. Судијата Каљаја, 62-годишен, подоцна ја загубил битката за живот. Напаѓач бил 30‑годишниот Елвис Шкамби, кој ...

Министерството за образование и наука најавува сеопфатни реформи во високото образование и науката во Македонија. На Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР) веќе се објавени предлог‑законот за високо образование и законот за квалитет во високото образование, а во наредните денови ќе биде поставен и законот за научноистражувачка дејност. Јавноста во следните 30 дена ќе може да доставува коментари и забелешки. Измените имаат за цел ...

Земјите од регионот го стегаат обрачотоколу пристапот на децата до социјалните мрежи. Со порастот на негативните последици – од нарушено ментално здравје, онлајн врсничко насилство, самоповредување, опасни предизвици, намалена концентрација и изобличена перцепција за вредности и успех – сè почести се иницијативите за заштита на малолетниците. По примерот на повеќе европски држави, и во Македонија е покрената петиција која бара забрана за ...

Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба ГРУ, Владимир Алексеев, е тешко повреден и хоспитализиран по обид за атентат. Според информациите од властите, 64-годишниот Алексеев бил застрелан во станбена зграда во североисточна Москва. Напаѓачот е во бегство, а потерата е во тек, соопшти истражната комисија. Отворена е истрага, меѓу другото, и за обид за убиство. Според медиумските извештаи, нападот се случил рано утрината во Москва. ...

Дел од учесниците во протестите и блокадите што изминатите денови се одржаа во неколку градови, поради примената на ригорозните сообраќајни мерки и одземањето на возила управувани без возачка дозвола, јавно упатија извинувања откако МВР најави кривични постапки против сторителите. По најавата на премиерот дека „жестоко ќе се одговори на блокадите“, со видеопорака се огласи Рафет Мемишовски од Битола, еден од учесниците во протестите. Тој се ...

Во Германија владее невообичаено студена зима, што ја отвори дилемата: дали гасните резерви ќе бидат доволни? Дел од јавноста се вознемири откако медиумите објавија дека домашните складишта се исполнети само околу 30 проценти. На 1 февруари магазинот „Фокус“ предупреди: „Студениот бран ги голта нашите гасни резерви“. Два дена претходно НТВ објави уште подиректна проценка: „Германските гасни залихи теоретски се доволни за околу шест недели“, ...

Иран се обидува да излезе од безбедносната ќор-сокак ситуација и најави подготвеност за директни преговори со САД околу својата атомска програма. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска (петок, 06.02.) во Оман треба првпат да се сретне со посредниците на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според информациите што на 4 февруари ги објавија иранските весници „Џамаран“ и „Ентехаб“, со ...

По прекинот на електрична енергија на 31 јануари на голема територија и уште еден руски воздушен напад во ноќта кон 3 февруари, 1.170 станбени блокови во украинскиот главен град останаа без греење. Надворешната температура пак во истиот период падна и до минус 20 степени Целзиусови. Голем број станбени згради заради уништувањето на инфраструктурата од страна на руската војска, со недели се без греење и струја. Некои домаќинства во Киев немаат ...

Подготовките за Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина во Италија беа далеку од идеални. Изградбата на лизгалиштeто доцнеше, проблемите се редеа еден по друг, а боб-стазата предизвика контроверзии уште од самиот почеток. Историјата покажува дека бројни домаќини на Зимските олимписки игри се соочиле со истите предизвици – задоцнета инфраструктура и експлодирачки трошоци. Но некои експерти сметаат дека токму 2026 година може да стане ...

Смртоносниот напад врз кондуктер во регионален воз кај Кајзерслаутерн предизвика длабока трага на тага и неверување низ цела Германија. Триесет и шестгодишниот железнички работник беше нападнат од патник за време на редовна контрола на билети во понеделникот, а утрово им подлегна на тешките повреди. Претседателката на Управниот одбор на Германските железници (Deutsche Bahn AG), Евалин Пала, го оцени настанот како „црн ден за сите железнички ...

Новата арена за хокеј во Милано и новото лизгалиште во Кортина беа завршени токму на време. 25-тите Зимски олимписки игри може да започнат. Кортина д'Ампецо веќе втор пат е домаќин на Олимписките игри, првиот во 1956 година, односно пред 70 години, кога во зимскиот спортски центар во италијанските Доломити се одржа седмото издание на игрите. Кои се клучните факти за Зимските олимписки игри 2026? Зимските олимписки игри официјално ќе бидат ...

Податоците на германското Сојузно министерство за здравство покажуваат дека чекањето за преглед кај лекар-специјалист во Германија продолжува да расте за задолжително осигурените пациенти. Според одговорот на министерството на пратеничко прашање на партијата Левица, времето потребно за добивање термин кај специјалист бележи континуиран пораст. Во 2024 година, просечната временска рамка за државно осигурените пациенти во Германија изнесувала ...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Владата се договорија за зголемување на платите, но конечниот збор ќе го кажат органите и телата на синдикатот. „Владата го прифати барањето на УПОЗ, иако не во целост, но важно е што се договори исплата на додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството“, рече претседателот на синдикатот, Трпе Деановски, по средбата со ...

Заострените казнени мерки за сообраќајни прекршоци ги изнесоа на површина длабоко вкоренетите системски слабости и отворија прашања што со години останувале без одговор: Како е можно илјадници граѓани со децении да учествуваат во сообраќајот без валидна возачка дозвола? По серијата протести, блокади, запалени огнови и реакции на граѓаните, МВР и премиерот Христијан Мицкоски останаа на ставот дека казнената политика ќе се спроведува без ...

„Вашингтон пост", една од најреномираните американски весници, соопшти дека ќе отпушти повеќе од една третина од своите новинари. Одлуката доаѓа по повеќегодишна финансиска и внатрешна криза што го потресува медиумот откако во 2013 година го презеде основачот на Амазон, Џеф Безос. Сали Квин, долгогодишна колумнистка на весникот, ја опиша атмосферата како „едно погребување по друго“ – со постојани отпуштања, откази и понуди за отпремнини. ...

Часовникот отчукува: денеска истекува договорот „Нов СТАРТ" меѓу Русија и САД. Загриженоста е голема. Дури и Папата Лав XII повторно ги повика двете страни да го продолжат договорот. Што е Нов СТАРТ? СТАРТ е кратенка за „Договор за намалување на стратешкото оружје“ и се однесува на нуклеарно оружје со долг дострел во сопственост на САД и Русија. Новиот СТАРТ договор од 2010 година го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви ...

„Се надевам дека Ангела Меркел наскоро ќе ја прегази автобус“. Овие мрачни фантазии потекнуваат од пенкалото на поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, и се дел од новообјавените делови од т.н. Епстинови досиеја. Германскиот неделник Шпигел пренесува дека меѓу стотиците илјади мејлови и разговори се наоѓаат и делови што се занимаваат со состојбата во германската политика. Бенон против Германија Станува збор ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1025
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
40%
1026
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
50%
1025
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
60%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.52
53%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
53%
1024
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
29%
1023
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
39%
1024
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
46%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
42%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.35

Калај

51.64

Родиум

368126.05

Цинк

3.28

Сребро

2704.52

Бакар

11.80

Паладиум

52823.68

Кобалт

66.14

Злато

166049.28

Платина

69606.37

Иридиум

221848.72