Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Фудбалерите на Бриж остварија важна победа (4:1) и со тоа ги задржаа шансите за пласман во плејофот во Лигата на шампионите. Белгискиот, со втората победа сезонава, по некомплетната седма рунда скокна на 23-то место со седум бода. Бриж успеа да ја оправда улогата на фаворит против најслабиот тим оваа сезона на Лигата на шампионите. Александар Станковиќ, синот на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ го постгна рпвиот гол,а до крајот на ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој ќе се игра вечерва во 21 часот. Коментирајќи ги свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор. „Сакам и очекувам поддршка од „Бернабеу“ за сите играчи, а пред сè за Винисиус“, рече тренерот. Тој ја нагласи важноста на навивачите за неговата ...
Един Џеко (39) постигнал договор со Шалке, објави новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг. Инсајдерот открива дека сега ќе мора да се договорат водечкиот тим во германската втора лига и Фиорентина. Един Џеко ѝ се придружи ова лето, но одигра 18 натпревари (722 минути) главно како резерва и сега сака да си замине. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната. Плетенберг додава дека спортскиот директор Франк Бауман и тренерот Мирон ...
Жан-Филип Матета постигна договор со Јувентус и го чека исходот од преговорите меѓу Кристал Палас и „старата дама“. Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус, според која ќе заработува 4.000.000 годишно, но сега следува потешкиот дел од преговорите. Наводно, Палас сака да собере 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за позајмица до крајот на летото со задолжителен откуп за 28-30.000.000 евра. ...
Финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал сè уште е најжешката тема на фудбалската јавност. Натпреварот во Рабат тешко дека ќе се памети по фудбалскиот спектакл, но настаните ќе се раскажуваат долго време поради кои африканскиот фудбал секогаш ќе служи за потсмев. Медиумите сега се фокусираат на драмата што се одвиваше зад голот на сенегалскиот голман Едуар Менди. Имено, во второто полувреме, капитенот на Мароко, Ашраф ...
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија. Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, ...
Избраниците на тренерот Сеск Фабрегас им нанесоа тежок пораз на „лациалите“ во последниот натпревар од 21-то коло од Серија А и ја продлабочија кризата на тимот предводен од искусниот Маруцио Сари. Комо, среде Рим, го декласира Лацио со 3:0. До победата Комо го предводеа талентираните Нико Паз и Батурина. Хрватот Батурина го постигна првиот гол по 120 секунди игра, Паз зголеми на 2:0 во 24-та минута, а до крајот на полувремето младиот ...
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) издаде соопштение по финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, кој имаше скандалозен крај. Фудбалерите на Сенегал го кренаа вториот трофеј во последните три учества на континенталното првенство со минимален триумф (1:0), над домаќинот Мароко, а малку фалеше Сенегалците да не го доиграат натпреварот. Виновник за циркузот на стадионот во рабат, беше конгоанскиот судија, Жан-Жак Нгамбо Ндала, ...
Натпреварите од седмото коло од Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена. Дербито ќе се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано, силите ќе ги одмерат лидерите во Серија А и Премиер лигата, Интер и Арсенал. Интер и Арсенал, во оваа фаза играа и минатата сезона, тогаш италијанскиот тим победи со 1:0. Интер ги загуби последните два натпревари во Лигата на шампионите и никогаш не загубил три во својата историја, додека Арсенал бележи ...
Ол-стар натпреварот, оваа година ќе се игра на 15 февруари во Инуит Дом, новата арена на Лос Анџелес Клиперс. Во пресрет на натпреварот на „Сите Ѕвезди“, познати се стартните петорки. Стартерите за натпреварот, ги избираат навивачите и комисија составена од претставници на медиумите, но гласаат и самите играчи. Гласовите на навивачите сочинуваат половина од вкупниот број гласови. Тројца играчи прв пат ќе бидат стартери во тимот на Источната ...
Голден Стејт Вориорс, скапо ја платија убедливата победа над Мајами Хит со 135:112. Поранешниот играч на Мајами, Џими Батлер, поради повреда го напушти теренот. Еден од главните играчи на франшизата, Џими Батлер, незгодно се приземји и, судејќи според она што беше видено, сериозно го повреди коленото. Крилниот играч испушти болен крик, а неговите соиграчи го изнесоа од теренот. „Се молиме сè да биде во ред“, рече тренерот на Вориорс, Стеф ...
Германија ја победи Шпанија со 34:32 и го обезбеди првото место во А групата на 17-то Европско првенство во ракомет. Германците кои беа на работ на бездната, по поразот од Србија, вечерва, го искористија подарокот од Србите, кои претходно загубија од Австрија (25:26) и со победата над Шпанија во втората фаза ќе пренесат два бода. Германците беа подобри од самиот почеток, имаа предност што ја држеа во текот на целото прво полувреме. Како што ...
Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити. Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул. Геи потпиша договор со Манчестер Сити до летото 2031 година. Дефанзивецот е второто засилување на ...
Србија не успеа да ја победи Австрија, во последното коло во групата, загуби со 25:26. Србите сега навиваат за Шпанија, доколку „црвента фурија“ ја победи Германија, Србите одат понатаму, во спротивно го завршија турнирот. За разлика од Србија, Хрватска не дозволи изненадување, ја победи Холандија со 35:29 и доколку вечерва не се случи мега сензација, Шведска да не слави против Грузија, Хрватите се во следната фаза. Србија и Австрија ...
Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид. Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие. Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да гарантира дека нема да се предомисли во иднина. „Дали сум возбуден ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на мечот со Романија, на Европското првенство, го повика Гоце Ојлески. Селекторот, мораше да реагира по повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов. Повкот го доби 36-годишникот од ГРК Охрид, кој инаку беше на поширокиот список на Лазаров. Инаку, Атанасијевиќ се повреди во првиот натпревар шротив Данска, а Џонов вчера против Португалија. Макеоднските ракометари, ...
Брахим Дијаз, играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Мароко е трагичар на годината. Промаши пенал, во 90+23.минута, во финалето на Африканскиот куп, а Мароко остана без титулата, на која чекаше 50 години. Бурно беше финалето на Африканскиот куп. Поништен гол, неоправдано, на Сенегал во 93-та минута, а потоа ВАР пенал, многу сомнителен, во 99-та минута за Мароко. Сенегалците, на повик на селекторот, незадоволни од судењето, го напуштија ...
Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето, го победија домаќинот на натпреварувањето, Мароко, со 1:0 по неверојатна драма обележана со контроверзни судиски одлуки, а голот за освојување на африканската титула го постигна Папе Геје во 94-та минута. Кон крајот на регуларното време, натпреварот беше прекинат во целосен хаос откако селекторот на Сенегал, Папе Тиау, ги повлече своите играчи од теренот. Одлуката дојде откако на ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа убедлив пораз на домашен терен, а ЛА Лејкерс славеа против еден од најдобрите тмови во Источната конференција. Денвер загубија од Шарлот Хорнетс со 87:110. Поразот е очекуван, бидејќи Нагетс покрај повредениот Јокиќ на овој меч беа и без Арон Гордон, Кем Џонсон, Кристијан Браун и Јонас Валанчунас. Хорнетс победата ја најавија во првиот период кога стекнаа предност од 18:33. Кај Денвер се истакна Џамал ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот во неделата од Реал Сосиедад (2:1) на „Реале арена“, истакнувајќи дека резултатот не ја одразува играта на неговиот тим, кој создаде многу шанси. Тој, исто така, се согласи со изјавите на капитенот Френки де Јонг за судијата Хесус Хил Манзано, наведувајќи дека комуникацијата со него била невозможна. Тимот од Сан Себастијан славеше со головите на Микел Ојарзабал и Гонзало Гуедес, ...
Марин Чилиќ (37) го победи Даниел Алтмаер (27) во првото коло на Австралија Опен. Хрватскиот тенисер, 70-ти на АТП ранг-листата, победи со 6:0, 6:0, 7:6 во својот прв натпревар против Германецот, 44-тиот играч во светот. Ова е прв пат во кариерата на Чилиќ да отвори натпревар од Гренд Слем со два освоени сета со резултат од 6:0. Иако претходно успеа да освои барем два сета со 6:0 на Гренд Слем турнирите, тоа никогаш не беа првите два. Чилиќ ...
Лидерот во шпанската Примера, Барселона, го забележа третиот пораз во првенството. Во Сан Себастијан, во рамките на 20-то коло, Реал Сосиедад ја победи Барселона со 2:1. Барселона на „Реале арена“, налета на мотивиран противник, чии гол го бранеше одличниот Алекс Ремиро и „против себе“ го имаше ВАР. Два гола и беа поништени на Барселона поради офсајд во првиот дел. Сосиедад знаеше да казни, во 32-та минута, по асистенција на поранешниот ...
Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување. Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на Африка. Мароко ќе почека на втората титула, првата ја освои пред 50 години. ...
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпреварот од 2. коло од Групата Б на Европското првенство, освојувајќи бод во драматична завршница. Македонија го освои првиот бод на ЕП и ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вторник, во последното коло во групата, Македонија ќе ира против Романија, а Португалија за пртивник ќе ја има Данска. „Не знам дали можам да кажам што ми е на ум ...
Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа. Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг. Водеше ...
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст. За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет. Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен ...
Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“. Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата. „По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја ...
Челниците на Тотенхем сериозно размислуваат да му врачат отказ на тренерот Томас Франк. Тотенхем, вчера, доживеа пораз на домашен терен од Вест Хем (1:2). Иднината на Франк. како што пишува „Тајмс“ е доведена во прашање по неговиот осми пораз во 14 натпревари. Данецот беше исвиркан додека навивачите на Спарс скандираа „Утре сабајле ќе добиеш отказ“ по поразот од нивните лондонски ривали. Во текстот се наведува дека раководството на клубот ...
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула. Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа ...
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола. Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот ...