Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Аргентинската репрезентација пристигна во Буенос Аирес откако загуби со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Претседателот на фудбалската асоцијација Клаудио Тапија, заменик капитенот Николас Отаменди и тренерот Лионел Скалони беа првите што го излегоа од авионот. 🇦🇷 AHORA | Así llegó la Selección argentina al país https://t.co/2JLP7R4gg0 pic.twitter.com/LMb31jqy0K — TN – Todo Noticias (@todonoticias) July 20, 2026 За ...
Шпанија е на врвот на светот, но и на врвот на ранг-листата на ФИФА. На листата објавена по завршувањето на Светското првенство, репрезентацијата на Македонија го задржа 69-то место. Дури 121,17 поени собра Шпанија на ова Светско првенство и ја престигна Аргентина на првото место на ранг-листата на ФИФА. Шпанците сега се на првото место со 1995,88 поени, Аргентина на второто место со 1970,37. Најголем напредок забележа Норвешка, која ...
Месец и половина пред неговиот 41-ви роденден, Лука Модриќ се согласи да остане во Милано уште една сезона и да го продолжи договорот со клубот, кој истече на последниот ден од минатиот месец. Ова го објави доцна синоќа италијанскиот Скај Спорт. „Росонерите го финализираат продолжувањето на договорот со хрватскиот играч од средниот ред, кој се подготвува да потпише договор до 30 јуни 2027 година“, објави споменатиот извор. Модриќ дојде во ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, одлучи да не присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а причината е незадоволството од начинот на кој ФИФА го реши случајот со американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Словенечот првично планираше да биде дел од финалето на турнирот. Заедно со другите членови на Советот на ФИФА, тој присуствуваше на отворањето на Светското првенство во Мексико Сити на 11 јуни, ...
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња го напушта Реал Мадрид ова лето. Хрватскиот кошаркар го известил Реал Мадрид дека го напушта тимот и оди во НБА. Кога Хезоња потпишал повеќегодишен договор, важна ставка била клаузулата што му овозможува да оди во НБА кога ќе заврши сезоната и секоја година до одреден датум, Марио може да преговара со НБА тимовите. Во понеделникот, Хезоња ги известил челниците на Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата и ...
Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Фудбалерите и тренерскиот штаб пристигнаа попладне во Шпанија од САД, каде што во недела навечер го победија бранителот на титулата Аргентина со 1:0 во финалето по продолженија и ја освоија титулата светски шампион по втор пат во историјата. Победничкиот гол го постигна ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да ја одбранат титулата светски шампион, бидејќи беа поразени од Шпанија во финалето на Светското првенство со резултат од 1:0. Меси истакна дека ќе биде потребно време за да се опорави од поразот, но нагласи дека репрезентацијата ќе ги памети сите успеси што ги постигна во претходниот период. „Болката е огромна ...
Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА покрена дисциплинска постапка поради масовната тепачка што избувна веднаш по завршувањето на натпреварот, а на аргентинскиот играч од средниот ред му се заканува неколкумесечна суспензија од натпреварите на репрезентацијата. Паредес беше еден од главните актери на инцидентот на теренот на стадионот „МетЛајф“ во Њу ...
Светски шампиони, фудбалерите на Шпанија се вратија дома. Вчера, во Њу Џерси, Шпанија со голот на Феран Торес ја победи Аргентина по продолженија. Шпанија ја освои светската титула втор пат во својата историја. „Црвената фурија“ ја освои својата прва титула пред 16 години во Јужна Африка кога ја победија Холандија со 1:0 во финалето по продолженија. Како што е вообичаено по секоја голема титула освоена од шпанската репрезентација, има ...
Италијанската фудбалска федерација презеде конкретен чекор во обид да го доведе Пеп Гвардиола на функцијата селектор на националниот тим. Според информациите на „Скај Спорт“, Паоло Малдини и Леонардо отпатувале во Барселона и за време на викендот имале директни разговори со поранешниот тренер на Манчестер Сити. Двајцата, кои се дел од новата структура на италијанската федерација, сакале да испитаат дали Гвардиола е подготвен да ја преземе ...
Вардар и Шкендија ги дознаа потенцијалните ривали во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Во оваа фаза натпреварите ќе се играат на 6 и 13 август. Вардар и Шкендија најпрво треба да ја го мина второто коло во Конференциската лига. На патот на Вардар стои Рига, а доколку го мината второто квалификациско коло, во третото противник ќе им биде победникот од дуелот меѓу Атлет Бисен од Луксембург и ЕТО Ѓер од Унгарија. Шкендија, ...
Поранешниот англиски фудбалер, легенда на Ливерпул и Њукасл, Кевин Киган почина попладнево на 76-годишна возраст. Веста за смртта на фудбалскиот великан ја потврди неговото семејство во соопштение. „Поранешниот англиски фудбалер и тренер се бореше со рак, беше опкружен со своето семејство со целото внимание на неговата сопруга и ќерка во последните денови. Двократен освојувач на Златната топка, Кевин беше сакан сопруг, татко и дедо. ...
Откако се изрезили и себеси и аргентинскиот фудбал пред очите на целиот свет, Леандро Паредес им кажа на медиумите во неговата земја зошто го нападнал Гави по финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал. „Гави ми пријде веднаш по последниот свиреж на судијата, додека сите славеа. Ме погледна и на шпански рече дека денес судија и ВАР-от не беа тука за да му помогнат на Меси. Тоа не ми се допадна. Беше непочитување, особено кога ...
Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со Ламин Јамал, ги тероризираше противниците. Тој го круниса одличното Европско првенство со гол во победата над Англија во финалето. На Мундијалот, Нико ниту еднаш не беше стартер. Остана на клупата на два натпревари, а влезе од клупата во преостанатите шест. И во финалето беше резерва, влезе на теренот по 70-та ...
Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон беа 117 минути. Ќе остане забележано дека два пати се обидоа до крајот на мечот, но обидот на Меси беше изблокиран, а ударот на Симеоне заврши над голот. Срамната партија ја зачинија со низа инциденти по завршувањето на големото финале. Молина го удри Родри, Паредес го нокаутира Гави, а помошникот на Лионел Скалони, Ајала му удри ...
Шпанија стана светски шампион по втор пат откако ја победи Аргентина со 1:0, по продолженија во финалето на Светското првенство. Натпреварот беше обележан со грубата игра на аргентинската репрезентација, а беше решен со голот на Феран Торес, кој со тоа му се придружи на Андрес Иниеста како единствен Шпанец кој постигнал гол во финален натпревар на Светско првенство. Медиумите од Англија, чија репрезентација беше елиминирана од Аргентина во ...
Луис де ла Фуенте ја предводеше Шпанија до титулата светски шампион две години откако стана европски шампион со националниот тим. Шпанија, под негово водство нема пораз на 38 последователни официјални натпревари, а 65-годишниот тренер ги смири сите критичари кои се соменваа во него кога во 2022 година беше именуван за селектор. Де ла Фуенте ја изгради Шпанија како тим кој се потпира на колективот, дисциплината и меѓусебната доверба, а не ...
Шпанија ја освои титулата светски првак, втор пат во својата историја. Шпанците, во Њу Џерси, во финалето на 23-то Светско првенство, ја победија Аргентина, по продолженијата со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106-та минута. Откако го освои Светското првенство со Шпанија, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се пошегува на прес-конференција, го потсети Марк Кукуреаа да си го одржи зборот и да се истетовира ...
Шпанската фудбалска репрезентација доминантно го освои Светското првенство, триумфот на „црвената фурија“ донесе и индивидуален подвиг што ќе се памети со генерации. Алекс Баена влезе во историјата како првиот фудбалер што ги освои трите најголеми репрезентативни натпреварувања, Европското првенство, Олимписките игри и сега Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид комплетираше неверојатна колекција трофеи за само ...
Шпанија е новиот светски шампион во фудбал. Во напнатото финале на Светското првенство, Шпанците ја победија Аргентина со 1:0 по продолжение. Решавачкиот момент се случи во 106-та минута, кога Феран Торес го постигна победничкиот гол. Аргентина на тој начин не успеа да ја одбрани титулата освоена во 2022 година во Катар, додека Шпанија го повтори успехот од 2010 година. По 90 минути немаше победник, па натпреварот отиде во продолжение. ...
Поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство тешко го погоди Николас Отаменди, кој веднаш по завршувањето на натпреварот влезе во вербален конфликт со капитенот на Шпанија Родри, незадоволен од изјавите дадени од Ајмерик Лапорт пред финалето. Кога Родри се приближи да ги поздрави противниците по последниот свиреж на судијата, искусниот аргентински стопер имаше што да му каже. „Треба помалку да зборуваш, глупав еден. Цела недела ...
Килијан Мбапе продолжи да ги поместува границите на Светските првенства. Францускиот напаѓач ја освои Златната копачка за најдобар стрелец на Светското првенство во 2026 година, откако го заврши турнирот со 10 гола во осум натпревари. Со тоа, тој стана првиот фудбалер во историјата што ја освои Златната копачка двапати по ред на Светските првенства, откако ја однесе истата награда дома во Катар 2022 година, кога постигна осум гола. Мбапе, ...
Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство. Шпанија ги обедини титулите на европското и светското првенство победувајќи ја Аргентина по продолженијата со 1:0. „Преплавен сум од гордост. Горд сум на оваа генерација фудбалери кои пораснаа со оваа идеја, останаа верни на неа и секогаш го даваат својот максимум“, рече Де Ла Фуенте, додавајќи: „Тие се пример за ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека неговиот тим бил надигран во борбата за титулата. По поразот од 1:0 по продолженијата, стратегот на „гаучосите“ не се обиде да го намали успехот на новиот светски шампион. „Тажни сме, но знаеме дека дадовме се од себе. Има многу што би можел да кажам за нашиот пат до финалето, но сега тоа не е важно. ...
Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула светски шампион во историјата на националниот тим. Во разговор за шпанската телевизија Ла 1, најдобриот играч на Светското првенство им се заблагодари на своите соиграчи и рече дека ова е најголемиот успех во неговата кариера. „Сакам да им се заблагодарам на сите. Оваа група е неверојатна, а ние сме светски ...
Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако на почетокот успеа да ја задржи смиреноста, Меси „се скрши“ во моментот кога требаше да се качи на импровизираната бина да го прими медалот. Лео Меси и „Гаучосите“ не успеаја да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар. Ова е второ изгубено финале на Меси (2014, 2026) во неговата кариера, а ...
Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата, Славко Винчиќ. Шпанија, ја освои втората светска титула во својата историја, откако во финалето ја победи Аргентина со 1:0, со голот на Феран Торес во 106-та минута. Аргентинските играчи Леандро Паредес и Тијаго Алмада беа во центарот на инцидентот. Паредес доби директен црвен картон за своето однесување по ...
Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за најдобра стрелец им припаднаа на Шпанците. Пау Губарси е прогласен за најдобар млад играч. Дефанзивецот е еден од ретките во светот на фудбалот што како тинејџер настапил во финале на СП. Најдобар голман на првенството е Унаи Симон. Шпанецот во текот на турнирот прими само еден гол, во четвртфиналето ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија Аргентина по продолженија со 1:0. Херојот на „Црвената фурија“ е Феран Торес, кој го совлада изворедниот Дибу Мартинез во 106-та минута. За Шпанија ова е втора светска титула, правата ја освоија во 2010 година, во Јужна Африка. Шпанија апослутни ја заслужи победата, беа подобри во текот на сите 120 ...
Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави два нови рекорди штом стапна на теренот, што само сведочи за неверојатната долговечност на неговата кариера на највисоко ниво. Со 39 години и 25 дена, Меси стана најстариот играч што некогаш играл во финале на Светско првенство. Со тоа, тој го сруши рекордот на Швеѓанецот Гунар Грен, кој имаше 37 ...