Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ремо играше против Сантос во 1/8 финалето од Купот на Бразил на домашен терен, а гостите славеа минимална победа од 1:0 во овој натпревар. Нејмар (34) по победата на Сантос имаше жестока вербална конфронтација со членовите на раководството на противничкиот клуб. Снимките од новинарот Брен Рајол ја покажуваат ѕвездата на Сантос како влегува во вербален конфликт со делегацијата на Ремо веднаш по натпреварот. Не е јасно што ја иницирало ...
Холандскиот репрезентативец Тижани Рејндерс, по само една сезона, би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето. Рејндерс пристигна од Милан минатата сезона за 55 милиони евра, а „Дејли мејл“ пишува дека би можел да заврши во Нотингем Форест ова лето. „Шумарите“, минатата сезона ја завршија на 16-то место во Премиер лигата. Нотингем Форест, сака дел од парите што ги доби од Сити за Елиот Андерсон да ги инвестира во Холанѓанецот. За ...
Црвен картон каков што ретко се гледа на фудбалските терени, му беше доделен синоќа на Матан Балтакса, фудбалер на Хапоел Бер Шева, клубот што ја победи Црвена Звезда со 1:0 во првиот натпревар од третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Израелците победија иако играа со играч помалку од 58-та минута, а начинот на кој Балтакса е бизарен. Во истиот напад, Балтакса направи два прекршоци за само две секунди, поради што Хесус Хил ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) воведе две значајни промени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони и прикажувањето на времето на семафорите на стадионите. Нов праг за суспензии Првата промена се однесува на акумулираните жолти картони. Според новото правило, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар, откако ќе акумулира четири жолти картони. Ова им овозможува ...
Преодниот рок за Манчестер Сити е далеку од завршен. На почетокот, тие го срушија рекордот за Британец со доведувањето на Елиот Андерсон, но новиот менаџер, Енцо Мареска побара уште неколку засилувања. Тоа ќе биде поврзано со заминувања, во моментов има неколку играчи кои сигурно ќе го напуштат „Етихад“. Преодниот рок зависи и од евентуалната продажба на Родри во Реал. Веќе е познато дека трансферот би бил олеснет со купувањето на одличниот ...
Фудбалските великани и илјадници навивачи се збогуваа со легендарниот капитен на Милан, Франко Барези во базиликата Сант’Амброџо во Милано. Толпа се собра на плоштадот пред базиликата за да го испрати еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Навивачите на „Росонерите“, вклучувајќи ги и членовите на групата „Курва Суд“, го исполнија просторот пред црквата долго пред почетокот на церемонијата. Со аплауз и скандирања ги поздравија ...
Египетскиот крилен напаѓач Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, објавија неколку релевантни турски медиуми. Поранешниот играч на Ливерпул, годишно ќе заработува 17 милиони евра, а платата со бонуси може да достигне до 22 милиони. Салах исто така ќе добива 20 проценти од продажбата на дресови со неговото име. Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, во кои стана еден од најголемите играчи во историјата ...
РБ Лајпциг повторно го ангажираше норвешкиот голман Орјан Ниланд. Голамнот потпишал договор до 2028 година, објави клубот од Бундеслигата. 35-годишникот се враќа во Лајпциг, каде што веќе настапуваше како позајмен играч во сезоната 2022/23. Ниланд во Лајпциг дојде како слободен играч откако неговиот договор со Севилја истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на ...
Поранешната француска министерка за спорт, Мари-Жорж Бафет, во нов документарец за Зинедин Зидан призна дека ѝ било наредено да ги прекине контролите за допинг врз националниот тим пред Светското првенство во 1998 година. Целта била да не се вознемирува тимот до крајот на турнирот, пишува „Газета дело Спорт“. Нејзиното признание, емитувано во документарецот „Зидан, фабрика на легенди“ на француската телевизија BFMTV, е во целосна ...
Светскиот фудбал е во сериозна криза, ескалираше по идејата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде дел од Светското првенство на приватен капитал, а епилогот би можел да биде создавање на ново светско првенство. Според британскиот „Тајмс“, европското фудбалско тело УЕФА, северноамериканскиот КОНКАКАФ и азиската АФЦ размислуваат за создавање на свое натпреварување како директно натпреварување на натпреварувањата под ...
Ливерпул испрати понуда тешка повеќе од 100 милиони евра за крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен и француската репрезентација Бредли Баркола. Англискиот клуб така започна обид да го доведе еден од клучните играчи на европскиот шампион, но ПСЖ ја отфрли првичната понуда. Францускиот шампион не се откажува од својата проценка и бара дури 170 милиони евра за играчот. Преговорите меѓу клубовите, и покрај големата разлика во цената, започнаа, што ...
Шпанскиот напаѓач Гонзало Гарсија е нов играч на Фулам. Трансферот на 22-годишникот од Реал Мадрид во лондонскиот клуб беше официјално потврден од двете страни, со што се потврдуваат претходните најави. Фулам ќе издвои околу 40 милиони евра за овој договор и со тоа ќе се стекне со 70 проценти од правата врз играчот. Реал Мадрид задржа одредено влијание врз иднината на Гонзало, а играчот потпиша договор со новиот клуб до 2031 година. ...
Според белгиските медиуми, Кевин Де Брујне и неговото семејство одлучиле да останат во Наполи барем уште една сезона, и покрај интересот од клубовите од МЛС лигата. Досега се веруваше дека искусниот играч од средниот ред ќе сака да го напушти клубот ова лето, бидејќи неговата прва сезона во Серија А беше обележана со сериозна повреда, но и големо незадоволство од тактиката на тогашниот тренер Антонио Конте. По доаѓањето на Масимилијано ...
Португалскиот репрезентативец Рафа Леао и покрај најавите дека ќе го напушти Милан, решил да остане на „Сан Сиро“. Ниту една добра понуда не пристигнала во клубот за услугите на Леао. Челниците на Милан не биле импресионирани од понудите испратени од Турција, од Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. На крајот од минатата сезона, се чинеше дека ситуацијата е јасна, бидејќи португалскиот репрезентативец во неколку наврати изјави дека верува оти ...
Попладнево на ждрепката во Нион, Шкендија го дозна името на противникот во плеј-офот за пласман во главната фаза, во Конференциската лига. Шкендија, доколку во третото коло го елиминира претставникот на Шкотска, Хибернијан, во плеј-офот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Гетеборг (Шведска) и Гент (Белгија). Дуелите во плеј-офот се закажани за 20 и 27 август. Доколку се пласира во оваа рунда, Шкендија ќе биде домаќин во првиот ...
Барселона се обидува, но како што стојат работите нема да го добие Хулијан Алварез. Сагата околу аргентинскиот напаѓач тргна во неочекувана насока, пишува „Марка“. Барселона понуди 100 милиони евра за Алварез, а од „Метрополитано“ добија едно големо „Не“. Атлетико порача дека Аргентинецот може да замине само доколку Барселона ја плати клаузулата за откуп од 500 милиони евра. Каталонците се надеваат дека Алварез, кога ќе се врати во Мадрид ...
Тотенхем сериозно се засилува за новата сезона, која во Англија ќе започне за нешто повеќе од две недели. Тотенхем, кој веќе потроши 267 милиони евра за доаѓањето на Сандро Тонали, Матеус Фернандеш и Жан-Пол ван Хеке, а во клубот без обесштетување пристигнаа Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон. Клубот се уште не го комплетирал ростерот, менаџерот Де Зерби бара и крилен напаѓач. Еден од кандидатите е Коди Гакпо. Холандскиот репрезентативец и ...
Њукасл Јунајтед го официјализираше своето петто засилување во летниот преоден рок. Голот на „страчките“ ќе го брани чешкиот репрезентативец Лукаш Хорничек (24), кој пристигнува од Брага. Англискиот клуб ја активираше откупната клаузула од 30 милиони евра. Хорничек потпиша петгодишен договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“ и веднаш им се придружи на своите нови соиграчи на тренинзите во Шпанија. Високиот чешки голман (197 см) ја започна ...
ПСЖ ги интензивираше преговорите за доведување на јапонскиот голман Зајон Сузуки од Парма и сака што поскоро да го заврши трансферот. Францускиот шампион испрати понуда вредна 33 милиони евра. Преговорите со италијанскиот клуб и претставниците на играчот ќе продолжат оваа недела. Иако неколку клубови се заинтересирани за Сузуки, пред сè Јувентус, ПСЖ моментално е во најдобра позиција и води во трката за потписот на 24-годишниот јапонски ...
Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Хвича Кваратцкелија, го искористи летото за интензивни подготовки со цел да влезе во новата сезона со јасна цел, освојување на Златната топка. „Лекип“ изненадувачки го прогласи грузискиот напаѓач за прв фаворит за освојување на Златната топка оваа година. Иако го пропушти Светското првенство во 2026 година, бидејќи Грузија не успеа да се квалификува за турнирот што се одржа во САД, Мексико и Канада, ...
Официјалната објава за трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу две менаџерски агенции. Спорот е помеѓу „Максидел Менаџмент“, во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“, мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, која посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со агенцијата „Рок Нејшн“, која ...
По многу (не)проверени информации околу кариерата на Возиња, голманот на сензацијата на Светското првенство, Зелено’ртските Острови, сепак, пристигна во Чиле, за да потпише договор со локалниот гигант Коло Коло, а потоа да биде претставен на локалните медиуми како капитално засилување. ⚪️⚫️🇨🇱 Cape Verde hero Vozinha arrives in Chile to join Colo Colo.@rodrigogomezf @cooperativa 🎥 pic.twitter.com/et26l71mgd — Fabrizio Romano ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) се закани дека ќе покрене судска постапка против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател Џани Инфантино, во врска со повлечениот план за продажба на удели во натпреварувањата под покровителство на ФИФА на приватни инвеститори. Би-Би-Си Спорт пишува дека покрај силната реакција од Нион, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) исто така се подготвува да ја повлече својата поддршка за ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го потврди трансферот на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани (27) од ПСЖ. Клубот и фудбалерот договорија соработка до летото 2031 година. Вредноста на трансферот е 38 милиони евра, како фиксна сума, а ПСЖ доколку се остварат бонусите дополнително може да заработи уште 12 милиони евра. Актуелниот европски првак пред три години за трансферот на Коло Муани од Ајнтрахт издвои 95 милиони евра. Коло Муани ...
Ливерпул ги заврши подготовките во САД со пораз од Лидс Јунајтед (4:2). Тренерот Андони Ираола има многу грижи по натпреварот. „Црвените“ одиграа одлично прво полувреме, веројатно најдоброто откако Ираола го презеде тимот, но по паузата целосно се распаднаа и примија четири гола за само 25 минути. Бројните промени не можат да бидат изговор за слаба игра, која го разоткри недостатокот на длабочина во составот и проблемите во одбраната. ...
Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со Винисиус Жуниор. Бразилецот и неговите менаџери, до крајот на неделата ќе се сретнат за последен пат со челниците на Реал. Доколку не се согласи на условите што му ги постави Реал, Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листата. Информациите од тој состанок се чекаат и во Лондон. Доколку Винисиус го одбие Реал, тогаш „тобџиите“ ќе стапат во акција. Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Арсенал е ...
Галатасарај наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој не е задоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен играч, но првата сезона на стадионот „Диего Армандо Марадона“ му беше тешка и обележана со повреда која го оддалечи од теренот речиси четири месеци, пишува „Goal.com“. Турскиот клуб подготвува финансиски богата понуда за да го реализира трансферот на Де ...
Пари Сен Жермен постигна принципиелен договор за платата со крилниот напаѓач на Ајакс, Мика Годтс, но трансферот не е завршен бидејќи двата клуба сè уште не се договориле за обештетувањето. Според „Goal.com“, Ајакс бара околу 60 милиони евра за 21-годишниот белгиски фудбалер, што е главната пречка во преговорите. Иако техничкиот директор на холандскиот клуб, Жорди Кројф, не е заинтересиран за продажба на еден од најважните играчи на тимот, ...
Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, вели дека од Ришарлисон зависи дали ќе остане во клубот. Искусниот Бразилец, кој е во клубот од Северен Лондон четири години, беше стрелец на победничкиот гол во предсезонскиот натпревар со Челзи (2:1). На прашањето каков е статусот на 29-годишниот напаѓач во клубот, Де Зерби по натпреварот рече: „Не знам, не го разбирам најдобро, понекогаш вели дека сака да остане, а потоа вели дека сака да си оди. ...
Европската фудбалска унија УЕФА му постави ултиматум на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Или тој доброволно ќе поднесе оставка, или 55 европски федерации ќе покренат гласање за недоверба и ќе се обидат да го сменат од функцијата. Според ексклузивни информации од британскиот весник „The Telegraph“, сите членки на УЕФА се подготвени да гласаат против Инфантино ако тој одбие да поднесе оставка. УЕФА може да побара вонреден конгрес на ...