Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Милан ја победи Верона како гостин со резултат од 1:0 во натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Тимот на Макс Алегри не се истакна денес, но сепак, неговите играчи славеа значајна победа против “фенерџијата“, по двата болни порази во домашното првенство. Не видовме многу од тоа во поголемиот дел од првото полувреме на стадионот Бентегоди, гостите не успеаја да ја наметнат иницијативата на теренот, додека екипата на Паоло Самарко ...
Армијата, која од петокот поправа неколку оштетени патишта, „целосно го отворила патот помеѓу Хардали и Набатија“, според соопштението за медиумите. Исто така, „делумно го отворила мостот Бурџ Рахал-Тир“, додека „во тек се работи на обнова на мостот помеѓу Тајр Фалсај и Тир (...) по штетата предизвикана од израелската агресија“. Израелските воздушни напади врз мостовите над реката Литани, околу 30 км северно од израелската граница, практично ...
Неколку повредени лица се однесени во локалните болници. Во соопштението се наведува дека полицијата го истражува пукањето, објави ABC. Полицијата вели дека одговорила на пријава за голема тепачка во близина на Универзитетот во Ајова и дека полицајците кои пристигнале на местото на настанот слушнале истрели. Се забележува дека досега не се извршени апсења во врска со пукањето. Неколку повредени лица се однесени во локалните болници. Во ...
Уште еднаш Лео Меси покажа кој е кој. Интер Мајами го доби својот прв натпревар под водство на Гилермо Охос откако ги победи Колорадо Рапидс со 3-2 на гостински терен во натпревар од МЛС. Пред повеќе 75.000 гледачи во Денвер, Лионел Меси им донесе водство на гостите во 18-тата минута кога реализираше пенал. Во петтата минута од продолжението на првото полувреме, Интер Мајами водеше со 2:0. По одлична комбинација, Матео Силвети центаршутираше ...
„Вчера Иран одлучи да пука во Ормутскиот теснец - целосно кршење на нашиот Договор за прекин на огнот! Многу од тие истрели беа насочени кон француски брод и британски товарен брод. Тоа не беше убаво, нели? Моите претставници одат во Исламабад, Пакистан - тие ќе бидат таму утре вечер на разговори. Иран неодамна објави дека го затвора теснецот, што е чудно, бидејќи нашата БЛОКАДА веќе го затвори. Тие ни помагаат без да знаат, а тие се оние што ...
Во модерната историја на Премиер лигата, ретко ќе се најде натпревар што навистина може да го одлучи шампионот. Но, токму така изгледа неделниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Арсенал (17:30 ч.). На неколку кола до крајот, тие денеска ќе се сретнат во она што веќе се нарекува најважниот натпревар во последните години – и се чини дека овој пат зборовите се целосно оправдани. Важноста на резултатот денес за двата тима е тешко да се опише со ...
Тој тврди дека Трамп му рекол дека Иран извршил „сериозни прекршувања“ на прекинот на огнот, но дека сè уште верува дека може да постигне мировен договор. Не прецизираше што точно смета за прекршување на примирјето. President Trump tells me Iran has committed a “serious violation” of the ceasefire but he still thinks he can get a peace deal: "It will happen. One way or another. The nice way or the hard way. It’s going to happen. You can quote ...
Фудбалерот на Баерн (М) и германски репрезентативец Серж Гнабри би можел да отсуствува од терените од три до четири месеци, објави „Скај Дојчланд“. Претходно, Баерн објави дека германскиот фудбалер ќе отсуствува подолг период поради скинат мускул на бутот. Веста ја потврдија повеќе извори, а тоа значи дека на Гнабри му е загрозен и настапот на претстојното светско првенство. Според медиумит, лекарите не се оптимисти за прерано враќање на ...
Властите беа известени за пожарот во округот Сандакан околу 1:32 часот по локално време, изјави шефот на противпожарната и спасувачка служба на округот Џими Лагунг во соопштението. „Поради силните ветрови и близината на куќите, пожарот се прошири брзо, додека ниската плима го отежна и пристапот до отворени извори на вода“, рече Лагунг. Пожарот се прошири брзо Пожарот избувна во едно од селата со бараки во Сабах и е дом на некои од ...
„Тој влезе во војна во која Биби Нетанјаху го вовлече, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна која американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност“, рече таа за време на говорот во Детроит. Таа го обвини Трамп дека ја користи воената операција „Епски бес“ како „слаб обид да го одвлече вниманието од досиејата на Епштајн“. Таа ја нарече администрацијата на Трамп „најкорумпираната, најбездушна и ...
Еден од демонстрантите отворено го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху за, како што изјави, започнување конфликти за кои сметаше дека се непотребни. „Сити сме од фашизмот, сити сме од корупцијата, сити сме од бескрајните војни и дефинитивно сити сме од оваа влада“, рече демонстрантот, изразувајќи ја фрустрацијата на дел од јавноста од долгорочните конфликти и политичката ситуација во земјата. Критика за милитаризацијата на општеството ...
Екипата на Челзи загуби четири последователни натпревари во Премиер лигата без да постигне гол, за првпат по повеќе од 28 години. Вчера, лондончани загубија со 0-1 од Манчестер Јунајтед на домашен терен. Претходно, загубија од Њукасл (0-1), Евертон (0-3) и Манчестер Сити (0-3). Според Би-Би-Си, во целата историја на настапи на клубот во англиското првенство, Челзи само еднаш доживеал подолга слична низа – во ноември 1912 година кога на пет ...
Англискиот тим Бромли обезбеди историски пласман во Лига 1, третото по ранг англиско фудбалско натпреварување, на две кола до крајот на сезоната. Клубот кој е основан во 1892 година, за првпат се пласираше во натпреварување од Англиската фудбалска лига (Лига 2) во 2024 година, откако помина 132 години во долните дивизии. Сепак, тимот не застана тука: во својата втора сезона на професионално ниво, „гавраните“ направија уште еден чекор напред. ...
Ланез, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, го тужи системот и затворскиот персонал, тврдејќи дека никогаш не требало да биде сместен со опасниот затвореник кој го нападнал, објави АП. Според тужбата, инцидентот се случил минатиот мај во затворот во округот Техачапи, каде затвореникот Сантино Кашо наводно го нападнал со импровизирано оружје, нанесувајќи му повеќе убодни рани во грбот, торзото, главата и лицето. Ланез бил итно префрлен во ...
Гутереш „остро го осудува нападот“, се вели во соопштение на неговиот портпарол. Во текстот се нагласува дека според првичните заклучоци на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), кон „сините шлемови“ „стрелале недржавни субјекти, за кои се верува дека припаѓаат на Хезболах“. Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „сè се чини дека укажува“ дека либанското проиранско движење е одговорно за нападот, во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрзување на процесот на одобрување и истражување на психоделични дроги, вклучувајќи го и ибогаинот, кој се промовира како потенцијален третман за посттрауматско стресно растројство (ПТСН). „Оваа наредба ќе им обезбеди на луѓето кои страдаат од тешки симптоми конечно да имаат можност да си го вратат животот и да живеат посреќен живот“, рече Трамп вчера во Белата куќа. Тој ...
Владите на Шпанија, Бразил и Мексико повикаа на помош за Куба. - Веруваме во меѓународен поредок заснован на правила, но мултилатералниот систем има потреба од обнова. Обединетите нации ќе можат да преживеат само ако ја претставуваат реалноста, изјави Педро Санчез на самитот „Во одбрана на демократијата“. Опкружен од државници од земји како Бразил, Мексико и Јужна Африка, чие економско и политичко влијание порасна во последните децении, ...
Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети. - Се верува дека балистичките ракети паднале во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров. Повторните лансирања и низата акции на Северна Кореја го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница, изјави Масахиса ...
Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на кралот по четвртипат во историјата, а вторпат во 21 век, откако го кренаа овој голем трофеј и во сезоната 2019/2020. Тие вечерва го победија Атлетико Мадрид во финалето на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља по подобро изведување на пенали. По 90 минути фудбал, резултатот беше 2:2, а таков остана и по продолженијата, па Баскијците победија на пенали со резултат 4:3. Голманот Унаи Мареро ...
Слонот, кој се роди во февруари, ќе биде претставен на јавноста за прв пат на 22 април. Неговото доаѓање е особено значајно бидејќи е загрозен вид. На новинарите на CNN им беше дадена можност да ја запознаат пред официјалната презентација. Во прилогот можете да видите како двомесечното слонче, тешко речиси 200 килограми, веќе го препознава своето име и со апетит пие заменски млеко. View this post on Instagram A post shared by Smithsonian ...
Светската музичка ѕвезда објави песна на француски јазик наречена „Dansons“, пред неговиот повратнички концерт на резиденција во Париз најавен за подоцна оваа година. Дион така ја продолжува својата кариера и покрај борбата со синдромот на вкочанета личност. Враќање и покрај болеста Новата песна е првата што пејачката ја објавила од „Courage“ од ноември 2019 година, со исклучок на нејзината преработка на „Hymne à l'amour“ на Олимписките игри ...
Војвотката од Сасекс е почесен гостин на женскиот семинар „Нејзиниот најдобар живот“, а нејзиното појавување на последниот ден од австралиската турнеја со принцот Хари ќе ѝ донесе проценета заработка до 130.000 фунти (околу 150.000 евра), пишува Дејли Меил. И Хари слушаше По 120 минути поминати на гала вечерата, соодветно наречена „Мегсток“, Меган и нејзиниот сопруг го напуштија хотелот Интерконтинентал Куги во луксузен Рејнџ Ровер кратко по ...
Четврти пораз за Челзи по ред. Вечерва на домашен терен, „сините“ загубија од Манчестер Јунајтед со 0:1 и повторно останаа без постигнат гол. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ денес беше поразен од директен конкурент за пласман во Лигата на шампионите. Без никакви шанси во првиот половина час од играта и пред се со дефанзивна игра, з прва сериозна шанса се чекаше до 33-тата минута кога Енцо Фернандез успеа да се избори за топката во противничкиот ...
„Американците во последните денови ја објавија својата блокада, тоа е неодговорна и погрешна одлука. Невозможно е ако ние не можеме да поминеме низ Ормутскиот теснец, други да можат да го сторат тоа. Ако САД не ја укинат блокадата, транзитот низ Ормуската теснина сигурно ќе биде ограничен“, рече Калибаф. Според него, Иран би отворил оган врз американски воен брод стациониран во близина на Ормуската теснина, во случај тој „да се приближи уште ...
Мултимилионерите Карин Валтер-Момерт и основачот на ланецот продавници за електроника „Медиамаркт“, Валтер Гунц, го финансираат последниот обид за спасување на грбавиот кит Тими,кој од крајот на март е насукан во залив во Балтичкото Море, на северниот брег на Германија.. Последниот обид за спасување на залутаниот кит започна и покрај критиките дека има мали шанси за успех и дека може дополнително да му наштети на 12-тонското животно. ...
Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат напорите на партнерите во борбата против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на американските трупи стационирани во земјата. Министерството за надворешни работи во Дамаск објави во четврток дека воените објекти во кои претходно беа сместени американските трупи во Сирија се целосно предадени на ...
На состанокот присуствуваа, меѓу другите, потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар на САД Марко Рубио. Не е познато каков е епилогот од состанокот, ниту кои се можните следни чекори на САД. Како што објавува „Гардијан“, Трамп ја напуштил Белата куќа по состанокот и отишол на терен за голф. Во последните денови, Трамп имаше телефонски разговори со командантот на ...
Како што е наведено, одобрението вклучува барање од германската влада и е дел од политиката за зајакнување на капацитетите на сојузниците на НАТО, објави германскиот „Шпигел“. Продажбата сепак мора да се проследи до американскиот Конгрес, кој може да има забелешки. Планираниот пакет оружје вклучува осум интегрирани системи за управување со борба, модерни радарски системи и ракетни лансери, наменети за зајакнување на поморските капацитети и ...
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, продолжува да бара измена на условите од неговиот договор, но раководството на клубот нема намера да прави отстапки. Според извори од клубот, страната на играчот инсистира на зголемување на платата или дополнителен бонус за продолжување на договорот – опции што клубот претходно не ги користел во слични ситуации. Во исто време, Реал Мадрид сака да го задржи играчот, но не планира да ја менува ...
Два дена по нивното испаѓање од Лигата на шампионите, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, им вети на навивачите дека славните денови на тимот ќе се вратат. „Кралевите“ беа елиминирани од Баерн Минхен во четвртфиналето на турнирот и речиси сигурно ќе ја пропуштат титулата во Ла Лига, каде што Барселона е многу блиску до победа. Оваа сезона се оквалификува како нулта сезона, бидејќи тимот веќе беше елиминиран од Купот на ...