Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Второлигашот Слога од Виница во своите редови има вистински фудбалски бисер. Станува збор за 18-годишниот перспективен фудбалер Матеј Фидановски, кој со својата фантастична партија во победата над Преспа од 3:2 го привлече вниманието на спортската јавност. Младиот офанзивец беше еден од најзаслужните за триумфот на Слога, постигнувајќи два спектакуларни погодоци. Првиот и третиот гол беа вистински проектили од далечина, додека вториот ...
Во Подгорица денеска беше направен значаен чекор за иднината на ракометот во регионот, откако беше потпишан Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора, со што официјално беше потврдена заедничката определба за подигнување на квалитетот на натпреварувањата, развојот на младите ракометари и создавање подобар ракометен амбиент во ...
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, а кое финале стартува во 20 часот. Силекс ќе го игра своето шесто финале во Купот на Македонија, тимот од Кратово има три Куп титула од 1994 година кога беше освоена првата, 1997 година беше освоена втората, а по долг пост во 2021 година беше освоена третата Куп титула. Силекс има уште две финалиња од 1995 и ...
Вечерва се игра финалето од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија со почеток од 20 часот на арената во Скопје. Тежината од финалето е голема, бидејќи освојувачот на Купот обезбедува излез во Европа, па за тимот од Кратово ова е единствена опција за да излезе во Европа, бидејќи во шампионатот ќе заврши како четврти. „За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во ...
Шкендија вечерва против Силекс ќе атакува на третата Куп титула во својата историја, откако претходно истата ја освојуваше во 2016 и 2018 година. Стратегот Јетон Беќири вели дека можеби за нив мала предност ќе биде европското искуство, но додава дека во финале секогаш одлучува еден момент. „Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон ...
Екипата на Мулти Есенс повторно ќе биде дел од Супер лигата на Македонија, откако со убедлива победа над Драчево Јуниор од 39-25 го завери првото место во Првата лига и промоцијата во елитното друштво. Тимот предводен од Миле Бочкаровски одигра одлична сезона и сосема заслужено се враќа меѓу најдобрите, по две години минати во Првата лига. Мулти Есенс шампионатот го заврши со импресивен учинок од 23 победи и само еден пораз на 24 одиграни ...
Екипи на Младост Богданци и Струга ќе водат директна битка за место во македонската Суперлига за следната сезона. Тимот од Богданци ја заврши сезоната во Првата лига на второто место и на тој начин обезбеди бараж натпревар за пласман во елитата. Избраниците на Горан Андоновски имаа одлична сезона и сега ќе се обидат повторно да го вратат клубот во најсилното домашно натпреварување, каде последен пат настапуваа во сезоната 2020/2021. На ...
Преку фотографиите ја доловуваме атмосферата од последниот тренинг на фудбалерите на Силекс пред утрешното финале од Купот на Македонија против Шкендија. Фудбалерите на Силекс вечерва го одработија последниот официјален тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде утре ќе се игра 34. финале од Купот на Македонија со почеток од 20 часот. Кратовци се максимално мотивирани и подготвени за големиот предизвик, а во таборот на ...
Еден од најпознатите и најпочитувани фудбалски и футсал судии во Македонија, Дарко Радески од Брвеница, одлучи да стави крај на својата професионална судиска кариера. Радески зад себе остава долгогодишна кариера исполнета со бројни натпревари во фудбалот и футсалот, а јавноста ќе го памети како судија кој секогаш беше максимално посветен на својата работа, но и како човек кој во еден момент стана вистински херој на теренот, за што објави ...
Здружението на ракометни тренери на Македонија (ЗРТМ), во соработка со Европската ракометна федерација (ЕХФ) и Ракометната федерација на Македонија, на 13 јуни ќе организира задолжителен семинар за обновување на тренерските лиценци за сезоната 2026/2027. Овогодинешниот семинар ќе се одржи во Струга, поточно во Спортскиот центар „Тими“, наместо во Охрид како што беше пракса во претходните години. Семинарот е од задолжителен карактер и се ...
Возбудувањата во Општинската фудбалска лига Битола продолжуваат и по крајот на регуларниот дел, откако в сабота ќе се одиграат бараж натпреварите кои ќе одлучуваат за опстанок и пласман во Општинската А лига. На стадионот во Црно Буки ќе се водат две големи битки. Екипите на Новаци 2011 и Црна Река ќе се борат за зачувување на својот статус во А лигата, додека Буково и Златни Деца ќе се обидат да обезбедат место во повисокиот ранг. Во првиот ...
Љубителите на фудбалот во Куманово утре ќе бидат сведоци на големото финале во Општинската фудбалска лига, каде екипите на Јуниор од Доброшане и Победа ќе се борат за шампионската титула и пласман во Третата македонска фудбалска лига – Север. Финалниот натпревар ќе се одигра утре (20 мај) на Градскиот стадион во Куманово со почеток од 17 часот, а интересот кај спортската јавност е огромен. Се очекува голема посетеност и вистинска фудбалска ...
Во рамки на деветтото коло од плеј-офот во македонската Супер Лига, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува големо дерби против РК Еурофарм Пелистер во битката за второто место на табелата. За охриѓани овој натпревар доаѓа во важен момент, непосредно пред првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, па избраниците на Ројевиќ, ќе сакаат со позитивен резултат и добра атмосфера да влезат во европскиот предизвик. Во таборот на Охрид владее голема ...
Утре се игра финалето од Купот на Македонија на Националната арена во Скопје со почеток од 20 часот меѓу Силекс и Шкендија. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на 34. финале од Националниот фудбалски Куп. Игор Стојчевски од Скопје ќе биде главен арбитар на финалната Куп пресметка, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев од Кавадарци и Вјолца Изеири од Гостивар. Четврт судија ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје. ВАР судија ќе биде ...
Главен судија на утрешното Куп финале на РМ кое ќе се одигра на арената Тодор Проески со почеток од 20:00 часот помеѓу екипите на Силекс и Шкендија ќе биде Игор Стојчевски, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Вјолца Изеири. За четврти судија е назначен Бењамин Ќерими. Во ВАР-собата ќе бидат Александар Грујоски и Гоце Петрески, додека делегат на натпреварот ќе биде Станко Манчевски. Оператор за повторување на снимката е Виктор Васев, ...
Фудбалерите на Силекс се подготвени за утрешното 34. финале од Фудбалскиот куп на Македонија, каде на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат со екипата на Шкендија. Финалниот натпревар е закажан со почеток од 20 часот. Кратовци во големата пресметка влегуваат со јасна цел – освојување на четвртата Куп титула во клупската историја. Силекс првиот трофеј во ова натпреварување го освои во 1995 година, втората Куп титула тимот ...
Дисциплинската комисија при ФФМ донесе низа казни и отвори постапка против ФК Вардар поради недолично славење. Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот; ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар. ФК Вардар се казнува ...
Општинскиот фудбалски сојуз Струмица официјално ги повика сите екипи кои настапуваат во тековната сезона, како и новите заинтересирани клубови, навремено да го пријават своето учество за натпреварувачката сезона 2026/2027 во Општинската фудбалска лига Струмица. Од ОФС Струмица апелираат клубовите да го запазат рокот за пријавување, со цел навремено да се подготви целокупната документација и да се завршат сите административни обврски пред ...
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, во својот кабинет ги прими фудбалерките и стручниот штаб на Тиверија Брера, по големиот успех и освојувањето на Купот на Македонија. Струмичанки блеснаа во големото финале и со убедлива победа од 5:0 против Каменица Саса стигнаа до втората Куп титула во клупската историја, потврдувајќи дека оваа генерација е една од најуспешните во женскиот фудбал во Македонија. Градоначалникот Јанков упати ...
Бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром, со победа ја отвори финалната серија во домашниот шампионат, откако во првиот натпревар од плејофот славеше против Маџари со 84:77 во СЦ „Јане Сандански“. Дебитантот во елитното друштво покажа дека заслужено стигнал до финалето и во поголем дел од првото полувреме имаше контрола над резултатот. Гостите поведоа и со највисоки плус девет (33:24), а имаа и предност од седум поени (35:28), пред ...
Кошаркарите на Водно Санс се нови шампиони во М20 лигата, откако во финалниот натпревар од завршниот турнир славеа против Вардар со 93:86, во меч исполнет со квалитетна и ефикасна кошарка. Уште од самиот старт, младите кошаркари на Водно Санс наметнаа силно темпо и ја презедоа контролата врз резултатот. Во првата четвртина постигнаа дури 30 поени, додека Вардар остана на 19, што им донесе солидна предност. Во вториот период, „вардарци“ ...
Сите екипи кои ќе настапат во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига се познати, а познати се и второлигашите кои ќе се борат за опстанок во мечот кој за нив ќе има карактер на финале. Според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, бараж натпреварите се закажани да се одиграат на 30 мај (сабота), на неутрален терен, дополнително ќе биде утврдено каде. Според нашите информации второлигашите меѓусебно не може да се погодат во ...
ГФК Неготино уште еднаш се покажа како одличен организатор и вистински спортски домаќин, откако успешно беше реализиран завршниот турнир од ФФМ Детската фудбалска лига за Централниот регион. Градскиот стадион во Неготино беше исполнет со детска радост, многу емоции, атрактивни потези и фер-плеј, а младите фудбалери покажаа дека македонскиот детски фудбал има светла иднина. На турнирот настапија дури 35 генерации, а беа одиграни вкупно 23 ...
12-тата рунда од Општинската фудбалска лига во Струмица донесе нов лидер, откако екипата на Дрвош со 0:2 славеше над Интер Кукла, со што фаворитот е симнат на врвот, а сега нов лидер е Огражден кој во Ново Село славеше со 6:2 над Напредок од Радово. Екипата на Илинден од Добрејци дојде до триумф во Злеово совладувајќи ја Слога со резултат од 1:3. Натпреварот меѓу Спартмани и Единство ќе се одигра дополнително. Сега на врвот е Огражден со 25 ...
Тиверија Брера го доби дербито на 25. коло на Првата женска фудбалска лига откако со 4:2 славеше над Истатов во Струмица. Резултатот го отвори Ивана Илиева во 10. минута од мечот, а во 20. минута гостинот преку Радица Чонева израмни на 1:1. Сепак, до крајот на првиот дел Билјана Панеска со два гола обезбеди 3:1 на полувреме за Тиверија Брера. Во второто полувреме Теона Галабовска во 85. минута постигна гол за 4:1, а во 89. минута Елма ...
Младиот фудбалски талент на Шкендија од Тетово, Аулон Куртиши, денес доживеа еден од најзначајните моменти во својата досегашна кариера, откако со тимот на Шкендија до 16 години (помлада пионерска Супер лига) освои шампионската титула во Суперлигата на Македонија. Со многу труд, дисциплина и посветеност, 15-годишниот Куртиши сезонава уште еднаш го потврди својот огромен потенцијал и важеше за еден од најдобрите фудбалери во генерацијата на ...
Македонската машка ракометна репрезентација повторно ќе биде дел од светската елита, откако со убедлива победа од 38-23 над Словачка го завери пласманот на Светското првенство 2027. За националниот тим ова ќе биде десетто учество на мундијалите, а осмо последователно. Избраниците на Кирил Лазаров уште од самиот старт покажаа дека нема да дозволат никакво изненадување. Македонија отвори фуриозно, поведе со 5-1, а одличниот Томовски со неколку ...
Последното коло во Трета лига – Север донесе многу погодоци – Фортуна на домашен терен со 6:0 го доби Ржаничино преку Рамани кој беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Максуди, Исмаили, Сула и Јашари. Беса од Сарај победнички ја затвара сезоната откако на домашен терен со 2:0 го доби Башкими Љуботен. Стрелци на двата погодоци во првиот дел беа Мустафа Јусуфи и Амар Мустафа. Лопати со 1:2 славеше над Отља во гости, откако за гостинскиот ...
Заврши сезоната во Трета лига – Југ, екипата на Росоман е шампион, а тимот од Велес со пораз ја заврши сезоната, откако загуби денес од Бучин со 6:5. Хет-трик за домаќинот имаше Александар Србиноски, а по еден гол постигнаа Вурмески, Шопески и Мицески, за гостинот Мирчевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Филиповски, Имеров и Миловановиќ. Млекар и Влазними Јуниор ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. За домаќинот стрелец беше ...
Заврши сезоната во Трета лига – Запад, шампионот Камјани кој ќе игра бараж за влез во Втора лига со пораз ја затвори сезоната откако загуби од Влазерими во гости со 2:1. За победничкиот тим Имери и Хајдарини беа стрелци, а пак за гостинот стрелаше Берзати. Со погодоците на Шаќири и Мурати екипата на Речица со 2:0 беше подобра од Вардар Неготино на домашен терен. Џепчишти со голот на Ментор Саљиу славеше минималец од 0:1 над Скендербеу и ...