Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со резултат од 0:2. Стрелци за струмичката фудбалска гордост беа Костов и Крстев со што Беласица беше подобра од гевгеличани. Овој натпревар беше можност за проверка на формата и како оди подигањето на истата, а тренерите Благој Дуганов и Мартин Алаѓозовски имаа можност да ротираат и комбинираат. Новата сезона во Втора лига екипата на Кожуф ја отвара во ...
Македонскиот шампион Вардар беше на чекор до голем подвиг во Летонија, но и покрај херојската борба со играч помалку, не успеа да го издржи силниот притисок на Рига, која по продолженија славеше со 5-2 и обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Во регуларните 90 минути „црвено-црните“ победија со 2-1, со што го анулираа поразот од првиот натпревар, но дополнителните 30 минути му припаднаа на летонскиот првак. ...
Спортската сала „Млаз“ во Богданци по влезот на Младост во Супер лигата доби комплетно нов лик. Соблекувалните за домаќините и гостите се комплетно уредени, со нови шкафчиња, комплетно уредени тушеви, wc и сите потребни елементи за да можат истите да понудат максимално одлични услови за ракометарите. Вратен е во функција официјалниот влез за публиката, службен влез (број еден) за новинари и службен влез (број два) за ракометари и службени ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш не запира со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во редовите на кавадаречкиот клуб е бразилскиот фудбалер Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо. Станува збор за млад фудбалер кој настапува на позицијата десен бек и од кого во Тиквеш очекуваат да внесе дополнителен квалитет, енергија и конкуренција во составот. Кавадарчани веруваат дека неговите технички способности и желбата за ...
Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски официјално е нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана, откако со клубот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. 49-годишниот стратег во Љубљана пристигнува по успешната сезона на клупата на Радомље, каде со својата работа остави силен впечаток во словенечкиот фудбал. Токму резултатите што ги оствари со Радомље беа главната ...
На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе може да смета во текот на подготовките и за новата сезона. Во тимот владее одлична позитивна атмосферата, новите засилувања се запознаа со своите нови соиграчи. Собирот започна со состанок меѓу управата, стручниот штаб и играчите, а потоа беше одработен и првиот тренинг. На играчите им беше соопштен планот за подготовки, а целите на клубот ќе бидат директен опстанок во ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов член на полскиот прволигаш Погон Шчечин. Двете страни потпишаа договор на две години, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач во Полска пристигнува со богато интернационално искуство стекнато настапувајќи во неколку силни европски првенства. Во текот на својата кариера ги носеше дресовите на германските Келн, ...
Третолигашот Илинден дефинитивно е решен за влез во Втората македонска фудбалска лига, за што клубот веќе промовираше четири квалитетни екстра засилувања со што квалитетот во сопствените редови е подигнат значително. Станува збор за Ален Јашароски, Филип Манасиевски, Кристијан Чурлинов и Дарко Глишиќ, кои веќе ставија потписи на договори со новиот клуб. 34-годишниот Јашароски е искусно име во македонскиот фудбал со над 300 настапи во Првата ...
Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ двајцата во пакет пристигнаа од редовите на третолигашот Победа од Валандово. Ашовалиев и Миленковиќ минатата сезона беа шампиони со Победа во Трета лига – Исток, но во баражот не успеаја во дресот на „калинкарите“ да триумфираат за пласман во Втора лига. Ашовалиев кој има 20 години веќе се истакна на пријателската против Новаци кога го постигна единствениот гол ...
Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, повеќе нема да го носи дресот на Астибо и во новата сезона ќе има нов клуб во својата богата кариера, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Искусната 32-годишна ракометарка, која настапува на позицијата лев бек, донесе одлука да ја промени средината откако Астибо, поради финансиски проблеми, се откажа од настап во ...
Талентираниот напаѓач Аган Сулејмани е пред заминување од кумановскиот прволигаш Башкими. 21-годишниот фудбалер беше дел од почетниот состав на Башкими во натпреварот против Силекс од првото коло на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, кој кумановскиот тим го загуби со убедливи 6:0 во рамките на првото коло од новата сезона. Според информациите, се очекува Сулејмани кариерата да ја продолжи во друг македонски клуб, со што ќе ...
Шкендија со сигурна победа од 3-0 против Скопје успешно ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот состав на натпреварот одигран во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ од самиот почеток ја презеде контролата и заслужено ги освои првите три бода. Избраниците на Артим Положани уште во воведните минути создадоа неколку добри можности, а по иницијативата што ја имаа, заслужено поведоа во првиот дел. Фахд ...
Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува зад клубот, но новите предизвици веќе се пред врата. Со стартот на подготовките, охридскиот тим започна ново поглавје, а пред тренерот Борис Ројевиќ е задачата повторно да создаде тим што ќе биде конкурентен на домашната и европската сцена. По заминувањето на неколку важни ракометари и доаѓањето на нови засилувања, во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа, српскиот ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, на импресивен начин ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Башкими со убедливи 6-0 на домашен терен во Кратово. Избраниците на Александар Васоски уште од самиот старт покажаа дека немаат намера да остават простор за изненадување. Веќе во 3. минута Дарко Илиевски по изведен корнер со удар со глава ја затресе мрежата за водство од 1-0, а само пет минути подоцна ...
Екипата на Куманово го утврди планот за подготовки за новата сезона, а целта ќе биде влез во Втора лига. Куманово кој пред неколку сезони беше шампион во Трета лига – Север не успеа да го помине баражот откако загуби од Победа, а сега ќе се натпреварува во Трета лига регион 2 каде ќе се натпреваруваат екипи од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. Куманово се наметнува како главен фаворит, а за таа цел ...
На 24.07.2026 година во Хотел Хилтон Скопје се одржа летен семинар за делегатите на фудбалските натпревари од Првата и Втората МФЛ и Купот на РМ за сезона 2026/27. Семинарот го водеше Претседавачот на Комисијата за натпреварување на ФФМ Г-дин Светозар Станковски, во присуство на Заменик Претседавачот на Комисијата за натпревари на ФФМ Г-дин Дончо Герасимовски, Г-дин Виктор Крстиќ од Правниот оддел на ФФМ, Г-дин Мартин Мицев од Одделот за ВАР ...
Екипата на Башкими ќе ја започне новата сезона на гостински терен, каде што в недела ќе се соочи со тимот на Силекс во Кратово. Кумановскиот тим се соочи со одредени потешкотии и доцна ги започна подготовките, но тоа не го намалува оптимизмот кај фудбалерите за уште една успешна сезона во домашната елита. „Ја започнуваме оваа шампионска сезона со голем ентузијазам. Иако се соочивме со одредени проблеми и ги започнавме подготовките со ...
По првиот европски предизвик против Браво во Словенија, вицешампионот во Првата лига, Шкендија од Тетово, в недела како домаќин ќе се соочи со екипата на Скопје, со јасна цел да ги потврди своите шампионски амбиции. „Секако, ова е нова сезона и нов шампионат. Амбициите остануваат исти — одиме на шампионската титула и сакаме да започнеме успешно, онака како што треба. Ќе го дадеме својот максимум за да победиме на овој натпревар“, изјави на ...
Новиот прволигаш ФК Скопје ја отвора сезоната со гостински натпревар против вицепрвакот Шкендија. Мечот ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток во 19 часот, а новиот шеф на стручниот штаб на клубот од Автокоманда, Муарем Муарем, верува дека неговиот тим може да му парира на фаворитот. „Нема сомнение дека Шкендија фаворит по неколку основи, и квалитативно, но и се наоѓа веќе во натпреварувачка форма, со ...
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со првиот работен состанок и прозивката на ракометарите, битолскиот тим означи почеток на новото поглавје, кое ќе биде предводено од искусниот хрватски стратег Лино Червар. Червар, на првата средба им се обрати на ракометарите, го претстави планот за подготовките и ги мотивираше своите избраници, посакувајќи им пред сѐ добро ...
Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона без едно од своите најискусни крила. Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков и битолскиот клуб нема да ја продолжат соработката, па по три сезони минати во зелено-белиот дрес, нивните патишта се разделуваат. Манасков беше еден од најстандардните и најзабележителните ракометари во составот на Еурофарм Пелистер во изминатата сезона, но двете страни не успеаја да се договорат за ...
На 26 јули 2026 година, Спортска Мрежа одбележува голем јубилеј – 10 години постоење. Точно пред една деценија, на 26 јули 2016 година, започнавме со работа на социјалните мрежи Facebook и Instagram, а подоцна и на тогашниот Twitter, денес познат како X, со една единствена цел – македонскиот спорт да го добие медиумскиот простор што го заслужува. Уште од првиот ден се определивме целосно да бидеме посветени на македонскиот спорт. Додека ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани одигра пријателски натпревар со Тетекс, каде со резултат од 2:0 новајлијата беше подобар на овој тест-меч. Веби Ислами и Бленд Џемаили беа стрелци за Камјани, кој за првпат ќе настапи во второлигашката конкуренција. Стручните штабови на двете екипи им дадоа шанса на сите фудбалери, ротираа и комбинираа на терен со цел да се провери формата и како оди подигањето на истата пред стартот на ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс денес го пречекува „разнишаниот“ Башкими од Куманово на стартот од новата сезона. Кратовци ќе ја имаат улогата на фаворит на овој меч и ќе целат кон трите бодови, а со тоа да се започне сезоната на најдобар можен начин. Силекс и годинава ќе биде претендент да се вмеша сериозно во трката за титулата, а во Купот на Македонија ќе има за цел да ја одбрани Куп титулата. Прволигашот од Кратово под водство ...
Вечерва ќе биде комплетирано првото коло од новата сезона во фудбалската елита на Македонија со мечот меѓу вицешампионот Шкендија и повратникот Скопје, кој се игра на тренинг центарот на ФФМ со почеток од 19 часот. Екс прволигашот од Тетово ќе ја има улогата на голем фаворит на овој меч против „пиратите“ од Автокоманда кој се повратници во елитното друштво. „Црвено-црните“ ќе мора да комбинираат и да чуваат сили за реваншот против Браво, каде ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш успешно ги затвори сите отворени случаи пред ФИФА и повеќе не се наоѓа на листата на клубови со забрана за регистрација на нови фудбалери. Кавадаречкиот клуб претходно имаше две активни санкции од Светската фудбалска федерација, секоја со важност од по три преодни рока, поради неисплатени обврски кон поранешни странски фудбалери. Откако сите побарувања се подмирени, Тиквеш официјално е избришан од таканаречената ...
По две сезони Брегалница одново е во Првата македонска фудбалска лига, а на воведниот меч од новата сезона „сините“ од Штип беа поразени од шампионот Вардар со резултат од 2:0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Капитенот на Брегалница, Стефан Коцев по мечот вели дека направиле многу грешки во текот на мечот, а тоа Вардар знаел да го искористи. “Направивме многу грешки во текот на натпреварот и Вардар како голем тим тоа знаеше да ...
Вардар победнички ја отвори новата сезона во која ќе ја брани титулата, откако во рамки на првото коло со 2:0 го доби повратникот во елитата, тимот на Брегалница. Димитар Тодоровски по триумфот на неговиот тим потенцираше дека ова е многу важен за нив, на почетокот од новата сезона, а пред реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. “Ова е многу важен триумф за нас, на почетокот на новата сезона, но и во пресрет на ...
Второлигашите Кожуф и Новаци одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа за тимот од Гевгелија (1:0). Единствен стрелец на погодокот кој го реши победникот на овој пријателски натпревар беше Давид Ашовалиев кој погоди во 65. минута од мечот. Тренерите на двете екипи Благој Дуганов и Иван Варадиновски комбинираа и им дадоа шанса на сите фудбалери со кои располагаат во моментот со цел да ја проверат формата, воедно комбинираа и ...
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата сезона која стартува на 15 август, кога радовишани ќе се соочи со Шкупи во гости. Нови имињата во тимот од Радовиш се искусниот Зоран Андонов, како и младиот Асан Риифадов, кој го засилија Детонит Плачковица. 26-годишниот Андонов во Детонит Плачковица доаѓа од прволигашот Силекс, а за него ова значи враќање во Радовиш, бидејќи во минатото го носеше дресот на ...