Денес на Градскиот стадион во Кочани се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Осогово и Еуромилк ГЛ, кој заврши со три погодоци за славје на „лисиците“ од 1:2 над „жетварите“. Стрелец на првиот гол за Еуромилк ГЛ беше Никола Анчевски, а пак во вториот дел погодок за тимот од Горно Лисиче постигна новото засилување Стојан Попоски. До крајот на натпреварот Осогово успеа да го ублажи поразот откако домаќинот постигна гол за конечни ...

Историската сезона, крунисана со трофејот во ЕХФ Европскиот куп, ги крена очекувањата во Охрид на највисоко ниво. Амбициозниот проект на клубот не застанува тука – со осум нови засилувања и внимателно испланирани подготовки, охриѓани влегуваат во новата сезона со уште поголеми предизвици. Во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа, спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески, зборува за исполнетата тригодишна цел, промените во играчкиот ...

Струга Трим Лум на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со убедливи 3-0 ја совлада дебитантската екипа на Шкендија Арачиново и ги освои првите три бода. Иако гостите имаа охрабрувачки почеток и први се заканија кон голот на стружани, домаќините постепено ја презедоа контролата врз играта и почнаа да создаваат сè поопасни ситуации пред противничкиот гол. Резултатот беше ...

ГРК Охрид вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона, која доаѓа по најуспешната година во клупската историја. Меѓу ракометарите кои повторно се ставија на располагање на тренерот Борис Ројевиќ е и Давид Савревски – еден од играчите што минатата сезона беа дел од генерацијата која испиша историја, оставајќи срце на теренот и носејќи го првиот европски трофеј во Охрид. Пред новите предизвици, тој верува дека тимот повторно има ...

Македонскиот шампион Вардар успешно ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на Националната арена „Тодор Проески“ славеше со 2-0 против повратникот во елитата, Брегалница. Стратегот Кристијан Фабијани мораше да направи промени во стартниот состав поради реваншот против летонска Рига во Конференциската лига, „црвено-црните“ одиграа зрел натпревар и заслужено стигнаа до првите три бода. Вардар од самиот почеток ја ...

Брегалница по двегодишна пауза повторно ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига. Штипските „сини“ се вратија во елитното друштво откако минатата сезона го освоија првото место во Втората лига, а новиот прволигашки предизвик го започнуваат со едно од најтешките гостувања – против актуелниот шампион Вардар на Националната арена „Тодор Проески“. Ждрепката не беше наклонета кон Брегалница, која уште во првото коло ќе се соочи со еден од ...

Струга Трим Лум со домашен натпревар против новиот прволигаш Шкендија Арачиново ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот на стадионот во Струга се игра денеска со почеток од 17 часот, а стружани посакуваат победнички старт пред своите навивачи. Капитенот Буњамин Шабани истакна дека целта е освојување на трите бода, но предупреди дека противникот не смее да се потцени. „Мечот против Шкендија Арачиново е многу ...

Екипата на Шкендија Арачиново ќе испише ново поглавје во својата клупска историја, откако со гостувањето кај Струга Трим Лум ќе го има своето деби во Првата македонска фудбалска лига. Новиот прволигаш по успешната мината сезона и изборениот пласман меѓу елитата, со големи амбиции влегува во новиот предизвик. Првиот испит носи тешко гостување против поранешниот шампион Струга Трим Лум, но во таборот на Шкендија Арачиново веруваат дека можат ...

Македонскиот шампион Вардар новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја отвора со домашен натпревар против Брегалница на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Среде двомечот со Рига во европските квалификации, „црвено-црните“ не го губат фокусот и кон домашниот шампионат, каде ќе ја бранат титулата освоена минатата сезона. Играчот за врска Димитар Тодоровски истакна дека Вардар има јасна цел уште од првото коло – освојување ...

Денес ќе бидат одиграни два натпревари од првото воведно коло на Првата македонска фудбалска лига, а познати се и официјални лица. Вардар ќе ја пречека Брегалница на домашен терен, а за правдата ќе биде задолжен Влатко Илиоски. Негови асистенти ќе бидат Владимир Митревски и Борис Трајков, а четврт судија е Благојче Ралевски. Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Гоце Петрески, а оператор за повторување на снимка е Матеј Димитриевски. ...

Македонскиот второлигаш Беласица загуби од Беласица Петрич на пријателски натпревар, откако бугарскиот тим беше подобар со резултат од 2:0. Стрелец на првиот гол беше новото засилување Љубомир Тодоров, а пак во вториот дел погоди Антон Каракачанов за конечни 2:0. Беласица новата сезона во Втора лига ја отвара на домашен терен против Осогово од Кочани. Македонскиот второлигаш Беласица загуби од Беласица Петрич на пријателски натпревар, откако ...

Охрид забележа нов триумф за време на летните подготовки, откако на пријателски меч со 1:2 беше подобар од Пелистер во Битола. „Рибарите“ преку Бакрачески во 17. минута дојдоа до предност од 0:1 со која заминаа и на пауза. Во вториот дел битолчани преку Ивановски израмнија на 1:1 во 68. минута од средбата, но само четири минути подоцна Охрид преку Николовски стигна до нова предност од 1:2, а со тоа беше поставен и конечниот резултат. Пелистер ...

ГРК Охрид, денес и официјално ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, а тренерот Борис Ројевиќ ја изврши првата прозивка со играчкиот кадар. По заминувањето на хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ, охридскиот клуб, на голманската позиција го ангажираше неговиот сонародник и хрватски репрезентативец Дино Славиќ. Заедно со Даниел Ѓорѓески и Бојан Блажески, Охрид и во новата сезона ќе располага со квалитетен голмански ...

Ракометниот клуб Ѓорче Петров 2 продолжува со екипирањето за новата сезона, а најново име во тимот е искусната Савица Мркиќ Стојанов, која настапува на позицијата лев бек. Мркиќ Стојанов во македонскиот клуб пристигнува од италијанскиот Ериче, носејќи со себе богато меѓународно искуство стекнато во неколку европски шампионати. Во текот на својата кариера настапуваше во клубови од Шпанија, Романија, Грција, Исланд, Србија, Германија, како и во ...

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова и во новата сезона ќе настапува во полскиот шампионат, но во дресот на нов клуб. Искусната ракометарка официјално е нов член на Калиш, каде што ќе ги здружи силите со уште една македонска репрезентативка, голманката Драгана Петковска. Клубот од Калиш ја претстави Гакидова како големо засилување на позицијата пивот, истакнувајќи дека во тимот пристигнува ракометарка со богато меѓународно искуство и ...

Македонскиот голман Иван Николоски веќе втора сезона успешно ја гради својата интернационална кариера во Италија, каде што настапува за Јоника (Jonica FC) од Санта Тереза ди Рива, Сицилија, клуб кој се натпреварува во регионалната лига Ечеленца (Eccellenza) и е препознатлив по жолто-црвените бои. 23-годишниот прилепчанец потекнува од Победа, а низ својата кариера беше дел од Брегалница, Работнички, Дрита Боговиње, Велазерими, Беласица, ...

Со убедлива победа од 5-1 над Арсими, екипата на Тиквеш на најдобар можен начин ја започна новата сезона и ги освои првите три бода во натпреварот со кој официјално беше отворено 35. издание на Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани уште од самиот почеток покажаа дека имаат јасна намера да стигнат до триумф. По неколкуте почетни закани, првиот погодок во новата прволигашка сезона го постигна Тохеб Лавал во 18. минута, а девет минути ...

Ракометниот клуб Струга и следната сезона ќе се натпреварува во Супер лигата, иако клубот испадна губејќи во баражот од Младост од Богданци. Стружани имаа среќа да останат во елитата, откако Пролет се откажа од натпреварување во Супер лигата и пријави учество во Првата ракометна лига, па отвореното слободно место го пополни Струга. Стружани сега се фокусирање на креирани на тим за следната сезона, кој ќе биде конкурентен со цел да не се ...

Второлигашот Осогово од Кочани се засили со Амир Фејзулаи, ексклузивно дознава Спортска Мрежа. Се работи за 23-годишен фудбалер игра како десен бек, но може да игра и како лев бек и десно крило, што прави да има поголем избор на теренот за стратегот Крсте Крстев. Фејзулаи во редовите на „жетварите“ доаѓа од тимот на Преспа од Ресен, а низ неговата кариера настапуваше за Брегалница, Победа, Детонит Плачковица и Пелистер од каде и ја започна ...

Денес стартува 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига со мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Арсими. Вкупно десет екипи ќе се натпреваруваат во елитата, а со тоа се познати и сите десет тренери кои ќе ги предводат истите, последниот беше потврден денес. Седум домашни и тројца странци. Вардар ќе го предводи Аргентинецот Кристијан Фабијани, Струга Трим Лум ќе ја предводи Бленди Шкемби од Албанија, а пак Оливер Богатинов од Словенија ќе ...

Со денешниот натпревар меѓу Тиквеш и Арсими (17:00 часот) официјално започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, која ќе биде 35. шампионат во историјата на независна Македонија. Новото првенство носи значајна промена, бидејќи елитното друштво од оваа сезона ќе брои десет екипи, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на домашниот шампионат. Актуелниот шампион Вардар ќе ја брани својата 12. титула во историјата, но ...

Повратникот во Првата лига, Брегалница и официјално го назначи Никола Кузманов за нов тренер, кој ќе ги предводи „сините“ во сезоната која стартува денес. 60-годишниот стратег од Штип и минатата сезона беше во стручниот штаб, но работеше како прв асистент, а сега ја презеде улогата шеф на стручен штаб. За Кузманов ова е враќање на тренерското столче на Брегалница, бидејќи и во минатото го водеше „сините“. Кузманов, во минатото го предводеше ...

Арсими со гостување кај Тиквеш ја отвора новата прволигашка сезона. По солидната дебитантска сезона во елитното македонско друштво, тимот од Чегране со оптимизам влегува во новиот шампионат и со јасно поставена цел – пласман во горниот дел од табелата. Во пресрет на денешниот натпревар во Кавадарци, шефот на стручниот штаб Вилдан Салиу истакна дека е задоволен од сработеното во подготвителниот период и верува дека неговиот тим е подготвен да ...

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува денеска со дуелот меѓу Тиквеш и Арсими во Кавадарци. Домашниот состав ќе има можност пред своите навивачи да ги освои првите бодови и да испрати јасна порака дека е подготвен за успешна сезона. Во изминатиот период Тиквеш претрпе сериозни промени – клубот доби ново раководство, нов тренерски тим и значително изменет играчки ростер. Амбициите остануваат високи, а целта е уште од ...

Новото засилување на Пелистер, Костадин Капсаров, со голем ентузијазам го започнува новото поглавје во својата кариера. По одличната сезона во дресот на Брегалница, со која стана шампион во Втората македонска фудбалска лига и избори пласман во елитата, 21-годишниот напаѓач сега ќе ги брани боите на битолскиот клуб. Капсаров зад себе остави фантастична сезона во Штип, каде со 14 постигнати голови беше најдобар стрелец на Брегалница и еден од ...

Познати се официјалните лица за воведниот меч со кој денес се отвара 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига. Бењамин Ќерими ќе им суди на Тиквеш и Арсими, кој денес со почеток од 17 часот ќе играат на Градскиот стадион во Кавадарци. Негови асистенти ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а четврт судија е Ндерим Тефику. Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири, а оператор за повторување на снимка е Петар ...

Амбициозниот третолигаш БВК Коњаре продолжува да се екипира за новата сезона, откако го промовираше искусниот Ерблин Даци, кој носи и интернационално искуство. Тимот на БВК Коњаре цели кон пласман во Втора лига, а за тоа ќе треба најпрво да го обезбеди шампионскиот пехар во Трета лига регион 1. 28-годишниот Даци во својата кариера настапуваше Вардар од каде ја започна кариерата, беше дел од Шкупи, Скопје, Вардар Форино, Локомотива Скопје, ...

Прволигашот Брегалница од Штип официјално потврди дека е продолжена соработката со Лука Георгиев и Дино Михолов. Спортска Мрежа пред неколку дена објави дека Георгиев ќе остане во дресот на „сините“ и во следната сезона, за што сега Брегалница само ги потврди нашите најави кои и овој пат се потврдија за точни. 22-годишниот Георгиев беше дел од фудбалски академии во Германија, а во македонскиот фудбал настапуваше за Осогово, АП Брера Струмица ...

Второлигашот Осогово од Кочани има ново засилување, според информациите на Спортска Мрежа нов играч е Ерион Шуку. Се работи за играчи кој може да игра на повеќе позиции во нападот, како напаѓач, но и како лево крило со што ќе биде избор за стратегот Крсте Крстев. 22-годишникот доаѓа од редовите на Беласица каде настапуваше во пролетниот дел од минатата сезона, а претходно беше дел од Шкупи, Скопје, Арсими и Слога Виница. Шуку има и ...

Екипата на Еуромилк ГЛ која е повратник во Втората македонска фудбалска лига се засили со Стојан Попоски, кој доаѓа од редовите на Охрид. Се работи за 25-годишен десен бек кој низ кариерата беше дел и од Брегалница, Борец, Велес, Кадино и Њу Старс. „Лисиците“ добиваат проверено засилување кое има и прволигашко засилување, а според информациите на Спортска Мрежа, екипата од Горно Лисиче која во минатото настапуваше и во Прва лига ќе има уште ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25