Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со Словачка, во битката за место на Светското првенство 2027. На листата се најдоа вкупно 35 имиња, а дел од повиканите настапуваат и надвор од домашниот шампионат. Меѓу интернационалците се издвојуваат голманот Мартин Томовски, како и бековите Филип Талески и Мартин Карапалевски, кои ...
Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамките на 23. коло од Младинската Супер лига. Поради утврден неправилен настап, односно користење лажни податоци и невалидни легитимации од страна на дел од фудбалерите на ГФК Тиквеш 1930, клубот е санкциониран со парична казна од 1.000 евра, како и со одземање на три бода од младинската екипа. Дополнително, ...
Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој е закажан за 2027 година во Саудиска Арабија. 50 годишниот фудбалски стратег по заминувањето од селекторската функција на македонската фудбалска репрезентација, продолжи со тренерска кариера во странство, водејќи ги екипите на Горица, Каспиј и Етникос Ахна. Сега повторно се враќа на селекторска ...
Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за паметење и во моментов е меѓу најистакнатите фудбалери во лигата. Дориев зад своето име има веќе 7 постигнати голови и 3 асистенции, со што се наоѓа на врвот на листата на стрелци, но и меѓу петте најдобри асистенти во шампионатот. Неговите настапи се од клучно ...
Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и со тоа ја освои Куп титулата, комплетирајќи ја двојната круна оваа сезона. Натпреварот започна во знакот на тимот од Јосифово. По само пет минути игра, радовишанецот Горан Стојанов го отвори резултатот за 1:0, а веќе во 10. минута Бојан Јанев ја искористи грешката во одбраната на велешани и зголеми на ...
Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со промоција на ракометари од развојниот состав Еурофарм Пелистер 2 во екипата која се бори за највисоките цели. Најново име кое добива шанса во сениорскиот тим е младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски. Десното крило од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на шампионот на Македонија, откако ...
Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија и по само една сезона се враќа во елитното друштво. Поранешниот шампион на Македонија зад себе има извонредна сезона, во која целосно ја оправда амбицијата за брз камбек, откако минатата година испадна од најсилната конкуренција. Со константни настапи и стабилна игра, тимот успеа да ја оствари зацртаната цел и повторно да се врати таму каде што припаѓа. Од клубот не ...
Екипата на ТФТ не успеа да избори „мајсторка“ во финалната серија од АБА 2 лигата, откако во вториот натпревар загуби од Широки Бријег со минимални 87:86. Со овој триумф, гостинскиот тим ја затвори серијата со 2-0 и обезбеди пласман во елитната АБА лига. Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, домашниот состав имаше одличен старт. По првата четвртина ТФТ водеше со 25:21, а во втората дополнително ја зголеми предноста, па на полувреме замина со ...
Со одигрувањето на петтиот круг од ТОП 6 фазата, практично се стави крај на сезоната за екипите на Кожув и Тиквеш Голден Игл, кои нема да продолжат во плеј-офот. Воедно, веќе се познати четирите екипи кои ќе се борат за шампионската титула, а последното коло ќе биде само формалност без промени на табелата. И покрај тоа што дилемите се решени, преостануваат уште три натпревари од регуларниот дел кои ќе послужат како подготовка за претстојниот ...
Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки на 9. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), во меч со многу шанси за Охрид, а на крај Иван Иванов, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ мораа да се задоволат само бод. Атрактивен меч со многу зрели шанси, но фалеше последниот пас при завршниците за да може да се круниса во погодок. Со овој бод Охрид сега има вкупно 11 и делба на седмото место со Графичар Во следното ...
Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија во младинските категории, со што официјално започнува битката за пласман во финалето кај младите фудбалски надежи. Во конкуренција на младинци, ќе се соочат АП Брера и Пелистер, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шкупи 1927 и Вардар. Кај кадетите, за место во финалето ќе играат Њу Старс против Пелистер, а вториот дуел е помеѓу Вардар и ...
Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех го очекува Охрид, кој во сабота го игра реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп против Целје. Во преполната сала „Билјанини Извори“, каде се очекува вистински ракометен спектакл, тимот ќе има поддршка од трибините во обид да ја анулира минималната негатива и да направи чекор кон финалето. Пред овој голем предизвик, капитенот и крилниот играч на ГРК Охрид, Гоце ...
Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи огромна тежина, но и шанса за подвиг што долго ќе се памети. Во сабота, пред преполните трибини во „Билјанини извори“, ракометарите на ГРК Охрид ќе излезат со една цел – да го дадат максимумот и да направат чекор поблиску до финалето во ЕХФ Европскиот Куп. Еден од клучните адути во тимот, Томислав Јагуриноски, јасно ја потенцира важноста на овој натпревар, истакнувајќи дека ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до голем успех и го освои златниот медал на Светското првенство во училишен ракомет, по победата во финалето против Израел со 38-32. Македонските ракометари од самиот старт ја контролираа играта и резултатот, не дозволувајќи противникот сериозно да се закани. Уште по првото полувреме ја најавија победата, кога заминаа на пауза со предност од 20-14. ...
Македонскиот Вардар 1961 се враќа од гостувањето во Франција со убедлив пораз од 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига, резултат што сериозно ја комплицира борбата за пласман на Ф4 турнирот во Хамбург. Средбата донесе два различни периоди на игра, но и многу проблеми за „црвено-црните“, кои уште од почетокот беа во резултатска негатива и не успеаја да го најдат вистинскиот ритам во нападот. Домашниот тим брзо ја презеде ...
Гевгелија вечерва ќе биде во знакот на футсалот, а интересот кај спортската јавност, навивачите и љубителите на овој спорт е огромен во пресрет на големото финале од Купот на Македонија. Со почеток од 20:30 часот, салата се очекува да биде исполнета до последно место, каде за трофејот ќе се борат екипите на Проект и Кеги Моби. Тимот на Проект од Јосифово влегува во финалето како фаворит и без ниту еден пораз оваа сезона. Веќе ја обезбедија ...
Утре во Гевгелија се игра големото финале во футсал Купот на Македонија меѓу екипите на Проект и Кеги Моби. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на големата финална пресметка за Куп титулата која стартува во 20:30 часот. Прв судија е Доне Ристовски, втор судија е Никола Костенчев, трет судија е Марјан Смилкоски. Делегат на средбата ќе биде Илија Митров, додека пак контролор ќе биде Бранко Величковски. Утре во Гевгелија се игра ...
Крива Паланка за прв пат, или пак Бадел 1862 по седми пат во својата историја, ќе биде шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција? Одговор на ова прашање ќе даде финалната серија на плеј-офот, која стартува утревечер (од 20.часот), во салата „Бранители 2011“ во Крива Паланка. Екипата на Крива Паланка ќе ја има предноста на домашниот терен во финалето кое ќе се игра според системот „подобар во пет натпревари“. Односно нов шампион ...
Славеа кошаркарите на Гостивар со високи (107:72), во последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона. Во последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона, кошаркарите на Гостивар славеа убедлива победа над Чаир 2023, за простување од своите фанови со натпреварувањето во „МТЕЛ“ Супер лигата. Со победа, и тоа убедлива за нив деветта во сезона, се простија кошаркарите на Гостивар со своите верни фанови од оваа натпреварувачка сезона во ...
Ракометарите на Охрид продолжуваат со сигурни настапи во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа Бутел Скопје со 31-26, во натпревар во кој клучна беше играта во второто полувреме. Иако резултатот на паузата беше израмнет (16-16), а гостите парираа до средината на вториот дел, домашниот состав постепено го наметна својот ритам. Пресвртниот момент дојде околу 40. минута, кога Охрид почна да ја гради разликата и со серија погодоци се ...
Фудбалот не е само игра и резултат – тој е школа за живот. Токму тоа го покажаа младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица (генерација 2013), предводени од тренерот Зоки Ристов – Роко, кои уште еднаш потврдија дека се пример како се гради не само спортист, туку и вистинска личност. По одиграниот натпревар против Хоризонт Турново, младите надежи од Радовиш ја оставија соблекувалната во перфектна состојба – чиста и уредна, токму како што ја ...
Тимот на Охрид се врати на втората позиција на табелата во Супер лигата, откако вечерва славеше против Бутел Скопје со 31-26, на домашен терен. Избраниците на Борис Ројевиќ настапија со комбиниран состав поради густиот распоред и европските обврски, но и покрај тоа успеаја да го скршат отпорот на мотивираниот противник. По израмнетото прво полувреме (16-16) и резултатот 18-18 на стартот од вториот дел, охриѓани во периодот од 40 до 50 минута ...
На теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски денеска се одржа инклузивен турнир во рамки на грасрут активностите на ФФМ. На турнирот учествуваа осум училишта од Македонија од кои четири за ученици со атипичен развој. На турнирот настапија ОУ Ванчо Прке од Штип со по една екипа во машка и женска конкуренција, ООУ Марко Цепенков од Скопје беше претставено е еден тим во женска конкуренција, како и ООУ Димитар Македонски од Скопје, ООУ Димитар ...
Македонскиот фудбал доби уште едно значајно тренерско име со највисока европска квалификација. Искусниот стратег од Гевгелија, Раде Цицмиловиќ (47), официјално се стекна со престижната УЕФА ПРО лиценца, потврдувајќи го својот квалитет и долгогодишна посветеност на фудбалската игра. Цицмиловиќ зад себе има богата и респектабилна тренерска кариера, во која работеше во неколку значајни македонски клубови како Беласица, Тиквеш и Воска Спорт. ...
Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на нации што се одржува во Италија. По стартната победа во дуелот со Молдавија, избраниците на селекторот Горан Станковски доживеаа пораз од 2:1 во соочувањето со Велс. Противникот двата гола ги постигна во првиот дел, а единствениот погодок за Македонија беше дело на Велшкиот репрезентативец, Ануадике кој во 61. минута ја погоди сопствената мрежа. Во последното коло ...
Македонскиот шампион Вардар 1961 вечерва го отвора четвртфиналниот двомеч во Европската лига со гостување кај францускиот гигант Монпелје – дуел што носи тежина на вистински европски класик. Станува збор за пресметка меѓу два поранешни шампиони на Европа. „Црвено-црните“ се искачија на европскиот трон во 2017 и 2019 година, додека Монпелје славеше во 2003 и 2018, што само ја засилува тежината на овој четвртфинален судир. Францускиот тим на ...
Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп го објави официјалниот распоред за завршницата од сезоната, односно натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот, кои ќе го дадат шампионот и ќе ја решат борбата за опстанок во Квалитетната лига. Според објавениот календар, возбудувањата започнуваат на 6 мај, а ќе кулминираат со финалниот натпревар за титулата на 13 мај. Сите натпревари ќе се играат на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, со почеток од 17:00 ...
Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од Јосифово хет-трик постигна голгетерот Марио Благојевски, двојни стрелци беа Ѓорги Коцевски и Димитар Јанев, а по еднаш прецизни беа Мартин Тодоровски и Никола Анчевски. За домашниот тим двоен стрелец беше Никола Стојмировски, а пак една погоди Михаил Павловски. Јувентус Серава со 6:3 славеше домашна ...
Утре со почеток од 20:30 часот, салата во Гевгелија ќе биде центарот на македонскиот футсал, каде ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија. За трофејот ќе се борат екипите на Проект и Кеги Моби. Тимот на Проект од Јосифово влегува во финалето како апсолутен фаворит, но и како екипа која оваа сезона игра без ниту еден пораз. Тие веќе ја обезбедија шампионската титула во Првата футсал лига и ќе ја претставуваат Македонија во ...
Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на гостински терен го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 74:85 во рамки на ТОП 6 фазата од Супер лигата. Битолчани одиграа зрело и тактички дисциплинирано, а клучот на победата го поставија во втората четвртина. По почетната негатива (18:21), „зелено-белите“ направија одлична серија од 28:16 и на полувреме заминаа со солидна предност од 46:37. ...