Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Општина Конче за првпат ќе добие организирана ракометна школа, откако беше воспоставена официјална соработка помеѓу Општината и Ракометниот клуб Феникс од Радовиш. Со почетокот на новата учебна година, клубот ќе започне со работа во Конче, отворајќи ново спортско поглавје за младите од оваа рурална општина. Со ова, Конче уште еднаш потврдува дека е вистинска општина на спортот. По борењето и фудбалот, младите за првпат ќе имаат можност ...
По една турбулентна и исполнета со предизвици сезона, фудбалскиот клуб Њу Старс успеа да ги оствари поставените цели и да излезе уште посилен. Клубот направи сериозни промени во играчкиот и тренерскиот кадар, а паралелно продолжи со успешната работа во младинските категории и развојот на својата школа. Првиот тим обезбеди пласман во Третата лига по освојувањето на првото место во Четвртата лига, додека младинците го задржаа прволигашкиот ...
Стадионите ширум Македонија ќе добијат ново руво откако ќе бидат имплементирани столчињата на трибините со што ликот на многу стадиони ќе биде променет, а публиката ќе има подобри услови да следи натпревари. Како што истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во првата фаза биле донирани 8.270 столчиња за стадионите и терените низ Македонија, а на крајот од процесот, донацијата од ФФМ ќе надмине повеќе од 30.000 столчиња. „Ветивме дека ќе ...
Второлигашот Новаци ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига, а стручниот штаб веќе го договори планот на контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата на екипата. Избраниците на шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски ќе имаат четири тест-средби во подготвителниот период, со цел тимот што подобро да се подготви за предизвиците во новиот шампионат. Првиот контролен натпревар Новаци ...
Женскиот ракометен клуб Астибо најверојатно нема да настапува во Супер женската лига во сезоната 2026/27, иако минатата сезона на терен го обезбеди опстанокот во елитното друштво. Според информациите, штипскиот клуб ќе се пријави за настап во Првата лига, а главната причина за ваквата одлука се финансиските можности. Од клубот сметаат дека трошоците за настап во најсилната конкуренција се преголеми во однос на актуелниот буџет, поради што ...
Второлигашот Пелистер интензивно се подготвува за почетокот на новата сезона, а раководството на клубот го комплетираше и стручниот штаб кој ќе биде задолжен за работата со тимот во претстојниот шампионат. Главниот тренер на стучниот штаб ќе биде Борче Христов, кој во новата сезона ќе има поддршка од искусен тим соработници. Функцијата прв асистент ќе ја извршува Трајче Стојковски, додека втор асистент ќе биде Горан Ганчев. За работата со ...
Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров ја продолжи верноста со српскиот шампион Црвена Звезда, откако потпиша нов договор кој ќе важи до 2029 година. Гаштаров во белградскиот гигант пристигна пред две години како еден од најперспективните македонски таленти, а со своите настапи и континуиран напредок успеа да се избори за место и во првиот тим на „црвено-белите“. Деветнаесетгодишниот играч за врска се наоѓа во одлична форма и важи ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување на битолскиот тим е голманот Марко Трајков. Младиот чувар на мрежата во Битола пристигнува по настапите за Голден АРТ и Тинекс Пролет, каде што стекна драгоцено искуство во македонскиот ракомет. Во Еурофарм Пелистер 2 веруваат дека Трајков ќе донесе дополнителен квалитет и конкуренција на голманската позиција, а со своите настапи ќе ...
Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако денес официјално претстави уште шестмина фудбалери кои ќе го носат зелено-белиот дрес. Нови членови на битолскиот клуб се Данаил Тасев, Максим Славков и голманот Давид Илоски, додека во Пелистер се враќаат добро познатите Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски. Тасев пристигнува од редовите на ...
Дебитантот во Втора лига, Камјани продолжува со активностите околу формирањето на составот за историската сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување за тимот е Бесарт Реџепи. Младиот фудбалер во новата сезона ќе го носи бело-зелениот дрес, откако реши својот фудбалски пат да го продолжи во редовите на Камјани. Реџепи потекнува од академијата на тетовска Шкендија, настапуваше и за Гостивар, Дрита, Борец, Воска Спорт и ...
Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел – експресно враќање во елитата, откако минатата сезона испаднаа од Првата лига, губејќи во баражот од Шкендија Арачиново. Тимот од Битола се екипира за новата сезона откако беше продолжена соработката со Кире Ристевски, Стефан Спировски, Натаниел Димовски, Јован Мрмачовски, Христијан ...
Ракометниот клуб Радовиш ги започна активностите околу формирањето на играчкиот кадар за сезоната 2026/27, откако официјално ги потпиша првите договори со ракометарите кои ќе го носат дресот на клубот во новата натпреварувачка година. Во составот остануваат дел од играчите кои настапуваа и минатата сезона, а клубот укажа доверба и на неколку перспективни млади ракометари од сопствената младинска школа, кои со својата работа и развој ...
Македонскиот вицешампион Шкендија направи одличен чекор кон пласман во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако на гостувањето во Гибралтар ја декласира Европа со убедливи 5:0. Избраниците на Артим Положани одиграа сигурен и доминантен натпревар, во кој уште еднаш ја потврдија фаворитската улога и практично го решија прашањето околу победникот во двомечот уште по првиот натпревар. По неколку воведни обиди на двете ...
Новиот прволигаш Арсими продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона, а најново засилување во редовите на тимот од Чегране е колумбискиот напаѓач Диего Контрерас. 22-годишниот офанзивец пристигнува од албански Партизани, каде што со своите настапи во изминатата сезона се наметна како едно од најпријатните откритија во шампионатот и го привлече вниманието на повеќе клубови од странство. Пред ангажманот во ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, направи голем чекор кон пласманот во следното квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако славеше со минимални 1:0 против Динамо Минск во првиот натпревар одигран на неутрален терен во Стара Загора, Бугарија. Кратовци одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, успевајќи да го неутрализираат белорускиот претставник и да стекнат значајна предност пред реваншот. Единствениот погодок ...
Младиот голман Антонио Шемкоски се раздели со второлигашот Кожуф, 21-годишникот за новата сезона ќе бара нова средина каде ќе ја продолжи средината. Се работи за голман кој покрај за Кожуф имаше настапи и за Големо Коњари и прилепска Победа. Минатата сезона на 16 мечеви го чуваше голот на тимот од Гевгелија. Во следниот период треба да биде познато каде Шемкоски ќе ја продолжи кариерата, а за негов ангажман веќе постои интерес од неколку ...
Куманово ќе има добро познато име во своите редови за претстојната сезона, откако Наум Костов повторно се враќа во клубот по тригодишна пауза. Десното крило, кое во минатото беше еден од лидерите на тимот, повторно ќе го облече кумановскиот дрес. Костов, зад себе има настапи за Охрид, Куманово, Аеродром и Струга. По периодот минат во овие клубови, повторно се враќа во средина каде ги одигра едни од своите најдобри партии. Во својот претходен ...
Екипата на Илинден сериозно го отвара трансфер пазарот откако го договори потписот на искусниот Дарио Десниќ, кој беше промовиран во дресот на третолигашот кој ќе има амбиции да обезбеди влез во Втора лига. Десниќ доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново, претходно 32-годишниот фудбалер настапуваше за Куманово, Вардар, Скопје, Борец, Кадино, Тетекс, Силекс. Со тимот од Арачиново обезбеди промоција од Трета лига – Север во ...
ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на „гладијаторите“ е искусниот лев бек Филип Талески. Триесетгодишниот ракометар стави потпис на договор за сезоната 2026/27, со можност соработката да биде продолжена и за уште една година. Во охридскиот тим ќе го носи дресот број 28. Талески во Охрид пристигнува од унгарска Татабања, а зад себе има богата интернационална кариера. ...
Раководството на ФК Пелистер го потврди ангажманот на искусниот фудбалер Мартин Мирчевски, кој по неколку години повторно се враќа во матичниот клуб каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Дваесет и деветгодишниот офанзивец зад себе има богата домашна и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Беласица, Вардар, Брера Струмица и Силекс, додека во странство го носеше дресот на српскиот ТСЦ Бачка Топола и на босански ...
ФК Арсими продолжува со активностите на трансфер-пазарот и го потврди новото засилување за сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот од Чегране е искусниот играч за врска Ибрахим Олаосебикан. 26-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на Вардар, каде минатата сезона запиша 20 настапи. Олаосебикан претходно остави добар впечаток и во македонскиот шампионат со дресот на Брера, каде имаше две успешни сезони. Нигерискиот ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Камјани се засили со Веби Ислами, кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на прволигашот Струга Трим Лум. Минатата сезона Ислами настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Кожуф од Гевгелија, а во сезона 2026/2027 ќе го носи дресот на Камјани. Ислами кариерата ја започна во тетовска Шкендија, а потоа премина во редовите на Струга Трим Лум, од каде минатата сезона ...
Прволигашот Скопје кој обезбеди враќање во Првата македонска фудбалска лига ги започна подготовките за новата сезона со првиот тренинг на стадионот „Железарница“ во Автокоманда. „Пиратите“ кои минатата сезона го освоија второто место во Втората лига преку бараж совладувајќи ја Брера Струмица обезбедија промоција во елитата. Од клубот истакнаа дека со максимална посветеност и напорна работа влегуваат во новите предизвици. „Со максимална ...
Добри вести за ЖФК Љуботен. Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија повеќе не се наоѓа под забрана за регистрација на нови фудбалерки, откако ФИФА ја укина блокадата за трансфери. Со ова, тетовскиот клуб во целост е тргнат од „бан листата“ и повторно може слободно да регистрира нови засилувања во летниот преоден рок, со што добива можност да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона. Според ...
Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а најновите потврдени потези се продолжувањето на соработката со тројца фудбалери кои и понатаму ќе го носат зелено-белиот дрес. Искусниот Христијан Грозданоски останува дел од битолскиот клуб и во наредниот период, носејќи дополнителна сигурност и искуство во составот. Од Пелистер истакнуваат дека неговиот квалитет, професионален однос и долгогодишно искуство ...
Второлигашот Новаци денес ги започна подготовките за новата сезона која ќе започне на 15 август, откако новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски денес ја имаше првата прозивка со која се означи почеток на летните подготовки. Клубот досега официјално се засили со Петар Гугуљанов и Кирил Стојков кои во пакет пристигнаа од Кожуф, а во следниот период се очекува уште некое засилување. Носителите на играта односно костурот на тимот е ...
Македонскиот футсал шампион Проект ги доби противниците за настапот во прелиминарната рунда од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, по денешната ждрепка што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Тимот од Јосифово ќе игра во исклучително силна група, каде за ривали ќе ги има шампионите на Словенија – Врхника, Австрија – Атлетик Грац и Израел – Макаби. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 25 до 30 август. Од клубот ...
Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го започна формирањето на тимот за новата сезона со ангажманот на првото летно засилување. Нов член на „сино-белите“ е македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, кој официјално го стави потписот на договорот со клубот. За 26-годишниот бек-шутер ова е враќање во добро позната средина, откако претходно беше дел од МЗТ Скопје во сезоната 2018/19. Во продолжение на кариерата настапуваше за Академија ...
Нови предизвици, нови европски возбудувања и големо враќање на меѓународната сцена за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Клубот официјално потврди дека во сезоната 2026/27 повторно ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, со што по пауза од две ипол децении се враќа во ова европско натпреварување. Покрај настапите во АБА2 лигата и домашното првенство, „сино-белите“ ги очекува и европска авантура во која ќе се соочат со квалитетни противници од ...
Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола одбележа значаен јубилеј – 11 години од своето основање, период во кој клубот од скромен почеток прерасна во препознатлива спортска приказна во која место имаат повеќе од 120 млади фудбалери и фудбалерки. Клубот својата приказна ја започна во 2015 година со дваесетина деца и само еден тренер, а денес функционира со четворица тренери кои работат на развојот на новите генерации. Јубилејот беше одбележан на ...