Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Младиот тренер Александра Рубаноска е пред нов значаен чекор во својата кариера, откако 24-годишната охриѓанка се раздели со поранешниот шампион ЖФК Билјанини Извори од Охрид. Рубаноска во изминатиот период беше шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Билјанини Извори, а паралелно работеше и со младинските категории на клубот, кој во актуелната сезона има јасна амбиција за враќање во Првата женска фудбалска лига. По завршувањето на ...
Беласица продолжува со засилувања во пресрет на продолжението од сезоната. По ангажманот на Давид Ристовски, струмичкиот клуб го официјализираше и враќањето на Благој Стојанов, кој повторно ќе го носи дресот на „сините“. Давид Ристовски е нов фудбалер на Беласица, а играчот за врска во Струмица пристигнува од редовите на прволигашот Брера. Тој важи за модерен фудбалер од средниот ред, способен да одговори на повеќе тактички задачи – како во ...
Македонските арбитри Доне Ристовски и Марјан Младеновски добија огромна чест и доверба да го судат дербито од групата Б на Европското футсал првенство 2026, во кое во недела од 13:00 часот ќе се соочат селекциите на Ерменија и Чешка. Станува збор за клучен натпревар во групата, бидејќи победникот ќе направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето. Во првото коло Ерменија ја совлада Украина со 2:1, додека Чешка одигра спектакуларен меч ...
Ракометната репрезентација на Шведска направи голем чекор кон пласман меѓу најдобрите четири на Европското првенство, откако во Малме ја совлада селекцијата на Словенија со 35-31, во меч од првото коло на главната фаза во групата 2. Словенците одиграа многу квалитетно прво полувреме и долго време го диктираа темпото на играта. Предводени од одличниот Домен Макуц и со сигурниот Јоже Базник на голот, избраниците на Урош Зорман во неколку ...
Шкендија Арачиново официјално го промовираше Енис Дервиши како најново засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната. 28-годишниот фудбалер од денеска е дел од „црвено-црната“ фамилија и треба да донесе дополнителна стабилност во одбранбената линија. Дервиши настапува на позицијата десен бек, а се одликува со сигурност во дефанзивата, брзина и солидно искуство. Во Арачиново пристигнува од редовите на второлигашот Тетекс, каде што ...
Возбудувањата во втората група од главната фаза на Европското ракометно првенство продолжија со два исклучително драматични натпревари, во кои нијанси одлучуваа за бодовите. Хрватска ги задржа шансите за полуфинале откако во трилер-завршница го совлада Исланд со 30-29. „Каубоите“ одиграа одлично прво полувреме, ја наметнаа својата игра и на паузата имаа солидна предност од 19-15. Во продолжението Исланѓаните заиграа поагресивно, постепено ја ...
Второлигашот Скопје кој во пролетниот дел ќе води борба за влез во Првата македонска фудбалска лига се засили со Бесмир Даци, 21-годишен талент кој доаѓа од косовски Шари во Автокоманда. Десното крило стави потпис на договор со тимот кој го води искусниот стратег Александар Таневски, а Даци всушност е повратник во Скопје, бидејќи и во минатото го носеше дресот на „пиратите“, па доаѓа во добро позната средина. Низ својата кариера Даци покрај ...
Фудбалскиот клуб Арсими официјално го промовираше своето најново засилување во офанзивниот ред пред продолжението на сезоната. Нов член на „жолто-црните“ е искусниот напаѓач Ремзифаик Селмани, фудбалер со богато искуство и значајни успеси и на домашната и на меѓународната сцена. Селмани во Арсими пристигнува од редовите на косовскиот Феризај, а зад себе има импресивна кариера во повеќе земји. Кариерата ја започна во Ренова, по што направи ...
Македонскиот кошаркарски тим МКК Куманово го засили ростерот со потписот на Стојан Ѓуроски, кој доаѓа од редовите на Работнички. Ѓуроски е познат по својата агресивна игра во одбрана и способноста да се вклопи во различни системи на игра, што ќе му овозможи на Куманово дополнителна длабочина на позиции. Претставници на клубот изјавија дека со неговото доаѓање се очекува подобрување на резултатите во текот на пролетниот дел од сезоната, а ...
Второлигашот ГФК Охрид денес со соопштение се огласи околу последните шпекулации кои кружат во јавноста околу наводни „местења“ на пријателскиот натпревар со прволигашот Работнички, а кој заврши со резултат од 8:2 за тимот од Дебар Маало. „Рибарите“ со соопштение до јавноста демантираат околу случувањата со тој меч. ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС: „Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос се оградува од сите невистини и јавниот ...
По успешниот подготвителен престој во Србија каде што го освоија турнирот „Вук Рогановиќ“, ракометарите на Охрид, подготовките пред стартот на вториот дел од сезоната ги продолжуваат во родниот град. Со полн интензитет се тренира во спортската сала „Билјанини извори“, каде што се темпира формата за претстојните предизвици во Супер лигата. Имено, во наредните денови се очекува комплетирање на ростерот со повратниците од репрезентативните ...
Доне Мајнов ќе биде предводник на Тинекс Пролет на стартот од втората полусезона од Супер-лигата, откако ракометарот со најголем стаж во клубот реши да ја заврши играчката кариера. Очекувано, цел на сите во клубот беше Мајнов да остане дел од Тинекс Пролет, а по кратки разговори беше најден заеднички јазик, тој во наредниот период да седне на клупата и токму во клубот каде мина најдолго време како играч, сега да ја стартува и тренерската ...
Второлигашот Детонит Плачковица се засили со повратникот Тони Мичковски, кој одново ќе го носи дресот на тимот од Радовиш. 24-годишниот фудбалер од Берово се приклучува на старо-новиот тим и со тоа се става на располагање на стратегот Горан Здравков, со што веќе утре би можел да заигра за Детонит Плачковица на контролниот меч со Осогово. Мичковски го радовишкиот тим доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса, покрај за овие две екипи, ...
Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. Ждрепката посака актуелниот бранител на Куп титулата, Вардар да се соочи со второлигашот Охрид. Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш ќе игра со прволигашот Силекс, Струга Трим Лум на мегдан со Шкендија. Второлигашот Шкендија Арачиново ќе игра со Работнички, а ова ќе биде реприза од пред две сезони, кога тимот од Арачиново тогаш како ...
Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски во вториот дел од сезоната ќе настапува во иранскиот шампионат, откако официјално беше претставен како нов фудбалер на прволигашот Мес Рафсанјан. Искусниот 33-годишен лев бек ја напушта српската Суперлига по краток престој во Раднички Ниш, каде што во првата полусезона забележа девет настапи во домашното првенство. Новиот клуб на Ашковски се наоѓа во борба за опстанок во елитата на иранскиот ...
Футсал клубот Каршиака успешно го затвори јануарскиот преоден рок, официјализирајќи четири значајни засилувања со кои јасно ја потврдува амбицијата за пласман во Првата футсал лига. Раководството на клубот задоволно го оцени преодниот период, потенцирајќи дека ростерот е дополнително зајакнат и дека конкуренцијата во тимот е подигната на повисоко ниво. Најзвучно име меѓу новајлиите е Бујамин Асани, поранешен професионален фудбалер и добро ...
Викендот започнува пролетниот дел во Втората женска кошаркарска лига со натпреварите од 9. коло. Колото се отвара во Штип со натпреварот меѓу Тим Арена и Охрид, кој е закажан за сабота со почеток од 12:30 часот во „Јордан Мијалков“. Вториот меч се игра истиот ден од 17 часот меѓу лидерот Гевгелија и Шкупи кој се игра во „26 април“ во Гевгелија. Колото ќе се комплетира дури на 28 јануари со мечот меѓу Струга и Гостивар, со почеток од 12 часот ...
Стартот на пролетниот дел во Првата женска кошаркарска лига го носи дербито меѓу актуелниот шампон Баскет Кам и Крива Паланка, дуел на две екипи кои ќе се борат за титулата. Овој меч на програмата ќе биде в недела од 16 часот, а се игра во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Ден претходно, односно в сабота ќе се одиграат три натпревари. Спорт Тим ќе биде домаќин на Бадел меч кој се игра во Неготино од 15 часот. МЗТ Бела ...
Конкурс за ангажирање на членови на стручен тим за работа со учениците во спортските паралелки за кошарка во ДСУ Спортска Академија за учебна 2025/26 и учебна 2026/27 година. Кошаркарската Федерација на Северна Македонија распишува конкурс за ангажирање на стручни лица за работа во спортските паралелки (кошарка) во Спортската Академија, за наставна програма за учебна година 2025/2026 и за учебна година 2026/2027. Кандидатите треба да ги ...
Второлигашот Слога Виница останува без младиот и талентиран Октај Амедов, кој кариерата ќе ја продолжи во нова средина. 23-годишниот фудбалер кој игра како лево крило, а може да игра и како десно крило и централен напаѓач беше еден од стандардните играчи и играч со многу погодоци за тимот од Виница. Амедов беше дел од генерацијата која ја врати Слога во Втора лига, а постигна клучни погодоци во есенскиот дел за тимот од Виница носејќи бодови ...
Третолигашот Победа Валандово ќе има квалитетни подготовки за предизвиците кои ќе следуваат пред клубот во пролетниот дел од Трета лига – Исток кон остварување на целта – влез во Втора лига. Како што веќе објави Спортска Мрежа познат е распоредот за одигрување на пријателски натпревари, но истиот е надополнет со уште три контролни натпревари, а кој еден е меѓународен. Првиот пријателски натпревар ќе биде во сабота во Валандово против ...
Македонскиот интернационалец Томе Китановски ја продолжува својата фудбалска кариера во Романија, откако потпиша договор со екипата на Мусцелул Кампулиунг. За 33-годишниот дефанзивец ова претставува уште еден странски ангажман во богата и разновидна кариера. Китановски во новиот клуб пристигнува од Австрија, каде настапуваше за ФАВ АЦ, а претходно беше дел и од австрискиот ФК Мауерверк. Зад себе има сериозно меѓународно искуство, со настапи ...
Во периодот од 9 до 14 јануари, во Дојран успешно се одржа 18. издание на RB голманскиот камп, кој повторно собра млади и талентирани голмани од регионот. Учесниците беа сместени во хотелот „Истатов“, додека тренажниот процес се реализираше на терен со природна трева, во спортска сала и во теретана, со одлични услови за работа. Вкупно 13 голмани, меѓу кои и четири голманки, беа дел од кампот, а тие пристигнаа од Македонија, Србија, Црна Гора ...
Ракометната репрезентација на Данска запиша огромна и многу значајна победа над Франција, славејќи со 32-29 во дербито од првото коло во главната фаза на Европското првенство, одиграно во Хернинг. За домаќинот ова беше меч „на сè или ништо“, поради тоа што Данците не пренесоа бодови од првата фаза и пораз речиси сигурно ќе значеше крај на сонот за полуфинале. Дуелот започна во висок ритам и со многу физичка игра. Франција делуваше посигурно ...
Репрезентацијата на Норвешка стигна до исклучително важна победа над Шпанија, триумфирајќи со 35-34 во драматичен натпревар од првото коло во главната фаза на Европското ракометно првенство, одигран во Хернинг. Дуелот понуди вистински спектакл, неизвесност од првата до последната минута и завршница која долго ќе се памети. Натпреварот започна во израмнет ритам, со чести промени во водството и цврсти одбрани на двете страни. Ниту една ...
Третолигашот Еуромилк ГЛ закажа пријателски натпревар за проверка на формата против второлигашот Брегалница. Овој контролен меч е закажан за 28 јануари со почеток од 13 часот, а ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип. Ова ќе биде тест-средба на два поранешни прволигаши кои во пролетниот дел ќе имаат цел за прогрес во повисок ранг на натпреварување. Еуромилк ГЛ да влезе во Втора лига, а пак Брегалница да се врати во Прва лига. Третолигашот ...
КМФ Проект претстојниот викенд ја продолжува подготовката за вториот дел од сезоната со две контролни средби во Србија, каде ќе се соочи со реномирани противници. Македонскиот прволигаш во сабота ќе гостува во Ниш кај КМФ Винтер Спорт, додека во недела го очекува дуел со КМФ Врање, натпревар кој ќе се одигра во Врање. Овие средби ќе послужат како сериозна проверка на формата и подготвеноста на ростерот, но и како можност за стручниот штаб да ...
Одделот за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа известување до клубовите дека извлекувањето на 1/4 финалните парови од Купот на Македонија ќе се одржи во петок, 23.01.2026 година, со почеток во 12:00 часот, во „Куќа на фудбалот“. Во ждрепката се осум екипи кои утре ќе го дознаат својот противник за пласман во полуфиналето односно меѓу најдобрите четири. Во борбата за место меѓу најдобрите четири влегуваат ...
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци договори три пријателски натпревари за проверка на формата во Анталија, Турција. Првиот тест Тиквеш ќе го има против Славија Софија од Бугарија, кој е закажан за 24 јануари. По три дена кавадаречкиот прволигаш ќе ја проверува формата против Токтогул од Киргистан, а последниот тест во Анталија ќе биде против против Кизилкум од Узбекистан. Тиквеш во пролетниот дел ќе цели кон опстанок во Првата лига. Прволигашот ...
Прволигашот Работнички со убедливи 8:2 го доби второлигашот Охрид на тестот кој денес се одигра во Скопје, сепак мора да се нагласи дека се работи за пријателски натпревари и тренерите имаат можност за ротација, комбинации, а притоа им се дава шанса на сите фудбалери, па резултатот оди во втор план, но мора да се внимава и на тоа. За Работнички двојни стрелци беа Елези и Дестани, а по еден гол постигнаа Хоџа, Демири, Манојлов и Мухарем. Иако ...