Утре со два натпревари ќе биде затворено 27. коло на Првата македонска фудбалска лига. Во 13 часот на Градскиот стадион во Гостивар ќе се одигра дуелот меѓу Арсими и Пелистер, каде Александар Грујоски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак Марјан Стојановски ќе биде четврти. Во ВАР собата ќе биде Игор Стојчевски и Гоце Петрески. Делегат на овој меч ќе биде Зоран Ѓорески, а пак Никола Караколев ќе ...

Пелистер го очекува исклучително важен меч против Арсими во гости, кој доколку го добие тогаш дефинитивно ќе има отворен пат кон опстанок во Првата лига. Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Марјан Секуловски истакна дека Арсими е квалитетен противник, вели дека генерално се подготвуваат за меч на кој ќе мора да го дадат максимумот за трите бодови. „Следен противник ни е Арсими, се подготвуваме на ист начин како и за претходните натпревари. ...

Веќе се е јасно во долниот дел од табелата односно екипите кои ќе се преселат од Втора во Трета лига за следната сезона 2026/2017. Официјално од Втора лига веќе испаднаа Големо Коњари, Победа и Слога Виница, оваа сабота отпаѓа Преспа, а за три кола ќе испадна и Вардар Неготино. Од овие екипи најмногу испаѓаат во Трета лига – Југ, дури три екипи односно Големо Коњари, Победа и Вардар Неготино. Во Трета лига – Исток испаѓа Слога Виница, а во ...

Одамна не била толку неизвесна сезоната во Втората македонска фудбалска лига, каде до последните кола ќе се води жестока битка за шампионската титула и директен пласман во Прва лига, како и за двете позиции што носат бараж за влез во ПМФЛ. Во трката за врвот се Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново, додека од сенка својата шанса ја чека и Беласица, која се надева на место во бараж-зоната. Една победа или пораз може целосно да ја ...

Македонската ракометна Суперлига влегува во клучна фаза, а дербито меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер доаѓа во момент кога секој бод има тежина на злато. Иако Вардар веќе се одлепи на врвот и практично ја контролира трката за титулата, вистинската драма се одвива зад него – во битката за втората позиција. Алкалоид ќе го пречека шампионот во Автокоманда со јасна цел – победа што ќе ја направи табелата уште понеизвесна. Во спротивно, Еурофарм ...

Денес нови возбудувања во Трета лига – Југ со мечевите од 21. коло, каде тимот на Превалец го доби дербито со Тополка славејќи со резултат од 1:2. Кристијан Маневски во 33. минута погоди за водство на Превалец од 0:1, но радоста траеше многу кратко бидејќи по три минути Николче Стојанов постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Превалец презеде иницијатива за да бара погодок за ново водство, а кое дојде во 73. минута со голот на Ѓоре ...

Тиквеш стигна до голема и важна победа на гостувањето кај Струга Трим Лум (1-2), додека Шкендија рутински и убедливо го совлада Шкупи со високи 6-0 во рамките од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во Струга, домашниот тим подобро го отвори натпреварот и поведе во 21. минута, кога по ударот на Марјан Радески, голманот Стефан Тасев несреќно ја смести топката во сопствената мрежа. Сепак, радоста на стружани траеше кратко, бидејќи само ...

Осогово извлече бод во дуелот со Шкендија Арачиново и тоа во судиското надополнување, благодарение на голот на Филип Јованов, кој беше прецизен за конечни 1:1. Овој гол донесе бод за „жетварите“, но и голема радост кај домашната публика, верните „сејмени“ и за самиот град. Осогово продолжува да го напаѓа петтото место што е главна цел до крајот од сезоната. Јованов по мечот истакна дека во фудбалот треба борба до последната секунда, дополнува ...

Во време кога детскиот фудбал носи радост и искрени емоции, од Скопје доаѓа една прекрасна приказна – приказната за младата Калија Зафировска, фудбалерка која веќе сега покажува дека пред неа стои светла иднина. Калија, родена на 1 јуни 2016 година, настапува за екипата на Спартак од Скопје, каде тренира под водство на тренерот Филип Јакимоски. Tаа рамноправно се носи со момчињата и тоа со стил. На еден од натпреварите во детската лига на ...

Шкендија ќе се соочи со Шкупи во натпревар каде фаворитот е веќе познат, но тоа не значи дека фудбалерите од Чаир ќе се предадат без борба. Тренерот на Шкупи, Алиса Виши, потенцира дека ова е тежок предизвик, но верува дека секој играч што ќе истрча на теренот ќе го даде својот максимум. Тој се надева дека овој ангажман и пожртвуваност на играчите ќе бидат наградени во следната сезона. „Нè очекува многу тежок натпревар. Имаме почит кон ...

После поразот од Пелистер, Шкендија се врати на победничките патеки совладувајќи го тимот на Работнички со 3-0, и доближувајќи му се на првопласираниот Вардар на само еден бод разлика. Денеска тетовските „црвено-црни“ за противник го имаат последнопласираниот тим на Шкупи на домашен терен, и се очекува лесен триумф во трката за првото место на крајот од сезоната. Од таборот на Шкендија се свесни за ситуацијата во која се наоѓа нивниот ...

Она што му се случи на тимот на Тиквеш на дуелот против Силекс на домашен терен во поразот од 0:3, повеќе не смее да се повтори. Кавадарчани премногу напредуваа на играчки и резултатски план пролетва и посакуваат да се вратат на патеките на успехот и да почнат нова победничка серија. „Нормално дека боли тоа што се случи на дуелот против Силекс. Не толку поради самиот пораз, туку поради фактот што се случи во Кавадарци. Сепак, можеби и требаше ...

Струга Трим Лум се надева дека до крајот на првенството може да стигне до втората позиција, а тоа е можно само доколку влезе во нова победничка серија. По триумфот над Шкупи во минатото коло, стружани посакуваат нови три бода и од денешната пресметка против Тиквеш. Младиот и талентиран Флоријан Рочи, кој беше еден од стрелците на последниот натпревар против Шкупи, вели дека тимот се наоѓа во добра форма. „Ова е многу важен натпревар за нас, ...

Екипата на Каменица Саса следната сабота ќе гостување во Автокоманда, каде во рамки на 25. коло на Втора лига ќе се соочи со фаворитот Скопје. Но, „рударите“ на „Железарница“ ќе имаат голем хендикеп, а тоа за „пиратите“ ќе има голема предност. Поради акумулирани пет жолти картони Филип Николовски, голманот Мартин Миленковски и Глигорче Ефремов ќе го пропуштат мечот против Скопје следната сабота. Тоа ќе значи дека тренерот на Каменица Саса, ...

Многу погодоци донесе 17. коло на Трета лига – Запад, каде лидерот Камјани убедливо славеше над некогашниот прволигаш Ренова со резултат од 6:0. Хузри Џемаили постигна четири погодоци, а пак двоен стрелец во високата победа беше искусниот Шпенд Асани. Вардар Брвеница на својот терен играше како формален гостин против Љуботен и го декласираше со 0:7. Двојни стрелци беа Ивица Костадиноски и Синиша Јованоски, а пак по еден гол постигнаа Тони ...

На шест кола до крајот трката за првото место ја водат четири екипи – лидерот Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново. Само првото место води директно кон елитата, а пак второто и третото место водат по потешкиот пат до Прва лига, односно преку бараж меч. Брегалница е на врвот со 55 бодови, а конкурентите имаат два помалку односно 53 бодови за делба на второто место. Но, што вели распоредот, кој тим има најтежок распоред и како до ...

Брегалница е на добар пат да се врати во Првата македонска фудбалска лига, а искусниот стратег Влатко Костов е пред можноста да испише уште едно големо поглавје во својата тренерска кариера. Во досегашната кариера, Костов дури петпати успеал да внесе екипи од Втора во Прва лига, а последен пат тоа го направи со Пелистер, враќајќи го битолскиот клуб таму каде што припаѓа – во елитата. Претходно, истиот успех го оствари и со Хоризонт Турново, ...

Нашите анализи од изминатиот период се потврдија – 24. коло донесе нов лидер во Втора лига, Брегалница е осамена на врвот со 55 бодови, тимот на Влатко Костов е чекор пред другите на патот кон директен влез во Прва лига. Покрај „сините“ во трката за директен влез во елитата се Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново кои го делат второто место со по 53 бодови, а од сенка своја шанса чека и петтопласираната Беласица која има 48 бодови. На шест кола ...

Во Трета лига – Север веќе за горниот дел станува јасно оти Еуромилк ГЛ ќе биде шампион и ќе игра бараж за влез во Втора лига. Останатите екипи ги очекува борба за што повисок пласман на табелата. Во продолжение целата табела во Трета лига – Север со прогрес или пад на екипите од претходното 18-то коло во однос на 19-то коло. ЦЕЛА ТАБЕЛА ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР: 1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД ➖ 19 18 1 0 82 18 +64 55 2 ФК БВК КОЊАРЕ ➖ 19 15 3 1 63 27 +36 48 ...

Возбудувањата во „МТЕЛ“ Супер лигата донесоа интересни пресметки и во Плеј-аутот и во ТОП 6 сегментот, каде фаворитите ја оправдаа улогата, но не без сериозни предизвици. Работнички направи важен исчекор кон опстанокот, откако во директниот дуел го совлада Феникс 2010 со 93:83. „Црвено-белите“ имаа контрола во поголемиот дел од мечот и по три четвртини водеа со убедливи 69:55, но во последниот период гостите се вратија со серија од 16-4 и се ...

Екипата на Еуромилк ГЛ ја зголеми бодовната предност на табелата во Трета лига – Север, сега популарните „лисици“ имаат 55 бодови, седум повеќе од БВК Коњаре, кој по ремито со Аеродром останува без шанси да изненади. Некогашниот прволигаш од Горно Лисиче ита кон второлигашки бараж и по една деценија тимот да се врати во Втора лига, доколку го помине баражот. Последен пат Еуромилк ГЛ во второлигашка конкуренција се натпреваруваше во сезона ...

На шест кола до крајот Победа и Слога Виница испаднаа во Третата македонска фудбалска лига, од следната сезона Прилеп и Виница ќе гледаат третолигашки фудбал. До крајот остануваат уште шест кола, а во игра се 18 бодови, двете екипи со по 11 бодови го делат 14. место во Втората лига, а со оглед на тоа што Каменица Саса има 29 бодови и се наоѓа на 11. место на табелата, последна позиција од бараж зоната, тоа значи дека Победа и Слога Виница и ...

Екипата на Кожуф од Гевгелија која во рамки на 24. коло на Втората лига славеше над Слога Виница со 5:2 дојде на минус пет бодови од Новаци во трката за директен опстанок во Втора лига. Сега одново тимот на Иван Варадиновски на шест кола до крајот има шанси за директен опстанок, во игра се 18 бодови, а Кожуф има минус пет од Новаци. Реа Што вели распоредот и како двете екипи до крајот може да освојуваат бодови? РАСПОРЕД НА КОЖУФ 25. коло ...

Нашите анализи од изминатиот период се потврдија – 24. коло донесе нов лидер во Втора лига, Брегалница е осамена на врвот со 55 бодови, тимот на Влатко Костов е чекор пред другите на патот кон директен влез во Прва лига. Покрај „сините“ во трката за директен влез во елитата се Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново кои го делат второто место со по 53 бодови, а од сенка своја шанса чека и петтопласираната Беласица која има 48 бодови. На шест кола ...

Екипата на Беласица оствари убедлива победа на гостувањето во Прилеп, откако славеше со високи 0:5 против Победа, но натпреварот ќе остане запаметен и по уште еден важен момент – дебито на двајца млади фудбалери од сопствениот младински погон. Шанса за настап добија Петар Трендов и Осман Томе, двајцата родени 2008 година, кои веќе подолг период се дел од тренажниот процес со првиот тим. Трендов настапува на позицијата во средниот ред, додека ...

Неверојатен меч се одигра во Ношпал – драмата ја доби Славеј откако тимот од Мешеишта со џиновски пресврт славеше со 3:4 над Напредок, во рамки на 13. коло на Трета лига – Југ. „Не е можно“ тоа што домашниот тим го „прокоцка“ за само петнаесет минути игра имаше предност од три гола, а на крајот остана без бодови. Христијан Китрозоски по три минути си постигна автогол, а со тоа Напредок дојде до предност од 1:0 Потоа Владе Јанакиевски и Фатон ...

Фортуна се спаси од пораз на домашен терен откако одигра 1:1 против Студеничани во рамки на 19. коло на Трета лига – Север. Гостинот во 26. минута стигна до водство од 0:1 преку Риад Кадри, а неизвесноста траеше до 75. минута кога Вулнет Мемети постигна гол за конечни 1:1 и делба на бодовите. Во меч со седум погодоци Ржаничино на домашен терен загуби од Беса Сарај, со што гостинот стигна до шест победи во низа, а овој пат славеше со 2:5. ...

Вардар стигна до минимална, но значајна победа од 1:0 над Работнички во градската пресметка од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Човек на одлука беше Стефан Цветковиќ, кој во 23. минута со одлично изведен слободен удар, со помош на дирекот, ја затресе мрежата на противникот. Иако натпреварот не понуди висок ритам, двете екипи имаа свои шанси. Работнички се закани преку Омерагиќ и Мухарем, додека Вардар можеше и порано да поведе. ...

Сосема очекувано Брегалница го декласираше новиот третолигаш Големо Коњари со 6:1 во Штип, во рамки на 24. коло на Втора лига. Брегалница сега е осамен лидер на табелата во Втора лига и има предност пред конкурентит. Стрелци беа Костадин Капсаров Костадин, Дино Михолов Дино погоди двапати, Давид Калпачки, Аљбан Мемеди и Лука Бојаџиев. Исто така убедлива победа имаше и Кожуф кој дома со 5:2 ја доби Слога Виница, која испадна во Трета лига – ...

Елитниот фудбал нема многу простор за одмор, бидејќи веќе в сабота започнува 27-то коло од тековната сезона, кое носи два интересни дуела. Во еден од нив, екипата на Башкими, по две последователни ремија, бара позитивен резултат во Кратово против Силекс. Оптимизмот пред овој натпревар го сподели и дефанзивецот Фисник Зука. Според него, кумановскиот тим традиционално игра добро во Кратово и верува дека таквата низа ќе продолжи и на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
73%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
75%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
86%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
76%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
78%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.14
87%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
63%
1019
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
84%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
74%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Калај

53.60

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39