Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) официјално информираше дека ќе организира лицитација и работен состанок со сите заинтересирани страни за организација на националниот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2026 година, во машка и во женска конкуренција. Право на учество имаат физички лица, здруженија, акционерски друштва и други правни субјекти кои ќе пројават интерес за преземање на организацијата на овој престижен ...

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид испиша уште една значајна страница во својата историја, откако статистиката пред почетокот на Европското првенство 2026 покажа дека токму овој клуб ќе има најмногу свои играчи на континенталниот шампионат во Скандинавија. Вкупно 14 ракометари кои настапуваат за Алкалоид ќе бидат дел од репрезентациите на ЕП, со што македонскиот суперлигаш се најде пред европските гиганти Магдебург, кој испраќа 13 играчи, и ...

ФК Струга Трим Лум официјално потврди дека четворица фудбалери на клубот ќе настапуваат како позајмени во други екипи и во пролетниот дел од сезоната. Станува збор за Јусуф Каба, Хадис Таири, Веби Ислами и Кире Ристевски. Клубот продолжува со стратегијата за развој на своите играчи преку позајмици во домашните натпреварувања. Така, по веќе договорените позајмици на Кире Ристевски, Јусуф Каба и Веби Ислами од стартот на сезоната, на листата ...

Македонските прволигаши Шкендија и Струга Трим Лум со позитивни настапи ги отворија пријателските натпревари во рамки на зимските подготовки, забележувајќи убедливи победи против Брера Струмица, односно Маличи. Шкендија денеска го одигра првиот контролен натпревар во 2026 година и славеше сигурна победа од 3:0 против АП Брера на терените на тренинг-комплексот на ФФМ во Скопје. И покрај заморот од интензивната фаза на подготовки и зголемените ...

Македонскиот репрезентативен дефанзивец Дарко Велковски повеќе не е член на Зрињски Мостар, откако клубот од Босна и Херцеговина официјално објави прекин на соработката. Велковски пристигна во Зрињски во летниот преоден рок како едно од позначајните засилувања, но не успеа да се избори за посериозна улога во тимот. Во есенскиот дел од сезоната настапи на само два официјални натпревари, по што стана јасно дека нема да биде во прв план кај ...

Кога ќе се спомне името Сергеј Турченко веднаш се будат убави моменти од најдобрите времиња на РК Младост кога клубот ги живееше најубавите времиња. Украинецот Сергеј Турченко „гинеше“ за дресот на Младост, а кога ќе се спомени неговото име сите велат бил играч со неверојатен талент, ракометар кој направил многу не само за Младост туку и за македонскиот ракомет, а тој е поранешен македонски репрезентативец. Вечерва иако Украина загуби на ...

Без поголеми изненадувања помина првата натпреварувачка вечер на Европското првенство за селекцијата на Германија. „Панцирите“ во регионалното дерби ја совладаа Австрија со 30-27, во интересен меч до самиот финиш, кога Австријците успеаја да се доближат, но сепак без сили за сензација. Дуелот меѓу Германија и Австрија, беше многу рамноправен, но искуството и дисциплината на германскиот состав се покажаа како клучни. Иако Австријците во ...

Ракометната репрезентација на Норвешка на најдобар можен начин го отвори Европското првенство, запишувајќи убедлива и доминантна победа над Украина од 39-22 (19-11). Во преполната сала во Осло, еден од домаќините на турнирот покажа сила, ширина во ростерот и сериозни амбиции уште од првото коло. Украинците успеаја да парираат само на самиот почеток, но по воведните минути целосната контрола ја презедоа норвешките ракометари. Со агресивна ...

Со рутинско и доминантно издание, ракометната репрезентација на Франција ги оправда епитетите фаворит уште на стартот од Европското првенство. „Триколорите“ ја отворија групата Ц со убедлива победа над Чешка од 42-28 и веднаш се позиционираа на врвот со првите два бода. И покрај тоа што на шампионатот настапуваат без повредениот Недим Ремили, Французите воопшто не дозволија дилеми околу победникот. На паркетот во Осло, избраниците на Гијом ...

Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка започна со очекуван исход во дуелот од групата А, каде што Шпанија ја оправда фаворитската улога и ја совлада Србија со 29-27. Иако српската селекција покажа моменти на борбеност и се обиде да се врати во мечот, „фуријата“ во клучните периоди ја имаше контролата врз резултатот. Шпанците уште од стартот наметнаа висок ритам и со цврста одбрана и расположени голмани брзо создадоа солидна ...

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци продолжува со јасна стратегија за развој на сопствен кадар и вложување во младите фудбалери. Во таа насока, младиот БлагојчСтојчев го потпиша својот прв професионален договор со клубот, со важност од една и пол година. Од редовите на Тиквеш истакнуваат дека договорот е резултат на напорната работа на Стојчев во младинските категории, како и на довербата што клубот ја има во неговиот потенцијал. Со континуирана ...

Второлигашот Шкендија Арачиново официјално го претстави своето осмо зимско засилување. Нов член на тимот е Хадис Таири, 20-годишен фудбалер кој пристигнува од редовите на прволигашот Струга Трим Лум. Таири во Арачиново доаѓа како засилување на левата бековска позиција. Станува збор за млад, но веќе профилиран фудбалер, кој зад себе има настапи и за екипите на Охрид, Велешта, Њу Старс, Јанг Тим и Фламуртари. Од клубот посочуваат дека Таири ...

Денес официјално е отворен зимскиот преоден рок во македонскиот фудбал, со што се очекува во следниот период прволигашите и второлигашите интензивно да се активираат на трансфер пазарот. Досега доминираа заминувањта од екипи, но има и трансфери со кои екипите се пофалија, но со отварањето на преодниот рок се очекува големо раздвижување на трансфер пазарот. Зимскиот преоден рок ќе биде активен до 11 февруари, период во кој клубовите ќе вршат ...

ФК Тетекс официјално ги започна подготовките за претстојниот пролетен дел од сезоната со одржување на првата прозивка. Со тоа, тимот од Тетово влезе во работен ритам, а клупската управа паралелно работи на комплетирање и засилување на ростерот за продолжението на првенството. Во изминатиот период дел од досегашните фудбалери го напуштија клубот, додека раководството активно преговара со нови имиња кои треба да донесат свежина, квалитет и ...

Второлигашот Осогово од Кочани го објави распоредот на пријателски натпревари кои ќе ги одигра во рамки на подготовките за пролетниот дел од сезоната. Екипата предводена од тренерот Крсте Крстев со тренинзи ќе стартува на 17 јануари, а веќе од крајот на месецот ќе влезе во серија контролни средби. Првиот тест е закажан за 24 јануари (сабота), кога Осогово на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се соочи со Детонит Плачковица. Четири ...

ГРК Охрид продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако клубот официјално потврди дека тројца ракометари остануваат дел од тимот и во наредните сезони. Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ја продолжија соработката со охридскиот суперлигаш до 2028 година, додека левиот бек Дејан Кукуловски потпиша договор до 2027 година. Со овој потег, раководството на клубот од градот крај Охридското Езеро испраќа ...

Второлигашот Брегалница официјално доби ново име во ростерот за вториот дел од сезоната, откако од денес Јорданчо Наумоски е нов член на „плаво-белите“. Искусниот фудбалер ќе биде важна опција во средниот ред на штипскиот второлигаш во продолжението од шампионатот. 30-годишниот Наумоски зад себе има богато домашно искуство. Фудбалските чекори ги направи во ФК 11 Октомври од Прилеп, а како млад играч беше дел и од подмладокот на данскиот ...

Ракометарите на РК Драчево Јуниор вчера официјално ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Првата ракометна лига. Со првиот тренинг беше означен стартот на зимските активности, а клубот влегува во продолжението на шампионатот со непроменети амбиции – борба до самиот крај за највисок пласман. Во однос на ростерот, тимот во паузата претрпе неколку заминувања, но стручниот штаб доби и две нови имиња кои ќе бидат дел од екипата во ...

Еден од најперспективните млади фудбалери во државата, Драган Петков, оствари средба со градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Петков е стандарден член на македонската фудбалска репрезентација до 15 години и веќе зад себе има богато искуство на репрезентативно ниво. Младиот фудбалер потекнува од фудбалската школа Победа Кидс, денес позната како Либра Кидс, каде во сезоната 2024/25 во лигата на петлиња се истакна како најдобар ...

Второлигашот Скопје направи значаен потег во пресрет на пролетниот дел од сезоната, ангажирајќи го искусниот голман Кристијан Наумовски како адут во борбата за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Второлигашот од Автокоманда со овој трансфер јасно ги истакна амбициите за повисок пласман и стабилност во клучниот дел од сезоната. Наумовски по повеќе од две години повторно се враќа на македонските терени, откако последниот ангажман го ...

Прволигашот Брера Струмица преку пет контролни натпревари ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната. Првиот тест е веќе денес против Шкендија, меч кој ќе се одигра со почеток од 13 часот. Потоа Брера Струмица заминува за Грција каде ќе ја проверува формата, а пак Шкендија ќе „летне“ за Анталија, Турција. Втор контролен натпревар за Брера Струмица ќе биде против грчкиот тим Ксанти кој ќе се одигра на 21 јануари. Следува трет тест ...

ЖФК Вардар продолжува со јасна стратегија за градење конкурентен тим за иднината, откако во пресрет на пролетниот дел од сезоната ангажира три млади и перспективни фудбалерки. Нови членки на црвено-црното семејство се голманката Натали Талевска, играчот од среден ред Михаела Марковска и офанзивката Ивана Милевска. Најискусна меѓу нив е 20-годишната Натали Талевска, која пристигнува од ЖФК Топ Гол од Битола. Таа своите фудбалски почетоци ги ...

ФК Љуботен и ЖФК Љуботен влегуваат во нова ера, откако на 12 јануари 2026 година се одржаа редовните годишни собранија на двата клуба кои го носат името на најстариот фудбалски колектив во Македонија и женскиот четирикратен шампион. На собранието беше избрано ново раководство кое ќе биде заедничко за ФК и ЖФК Љуботен. За претседател на двата клуба е именуван Драгољуб Јовановски, додека старо-нови членови на Управниот одбор се Перо Јованоски, ...

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш со јасна визија влегува во пролетниот дел од сезоната, а тоа најдобро се гледа преку измените во играчкиот кадар. Клубот веќе направи неколку конкретни потези, со кои го крои ростерот за продолжението од Втората лига. Радовишани се разделија со неколку фудбалери кои беа дел од есенскиот дел на шампионатот. Клубот повеќе нема да смета на Валентин Кочоски, Давид Велковски, голманот Стефан Нанчовски, ...

Прволигашот Брера Струмица денес одработи два тренинг пред утрешниот прв пријателски натпревар кој струмичани ќе го одиграа против актуелниот шампион Шкендија. Фудбалерите на Брера под водство на младиот стратег Мартин Алаѓозовски работат под полна арена за подигање на формата. Утре Брера Струмица и Шкендија ќе го имаат првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки, а потоа тимовите заминуваат во странство да ја одработат ...

Еурофарм Пелистер го означи стартот на подготовките за продолжението од сезоната, така што ракометарите денеска се собраа во салата „Боро Чурлевски“ и го одржаа првиот тренинг во новиот циклус. Поради настапите на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, на располагање не беа девет репрезентативци, па тренажниот процес засега се одвива со скратен ростер. Првата сесија беше реализирана под водство на асистент-тренерот Алексо ...

Во рамки на подготовките за второто коло од Лигата на Европа, Европската ракометна федерација ги објави имињата на судиите и делегатите кои ќе бидат задолжени за натпреварите. Меѓу нив се најдоа и македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски од Битола, кои добија доверба да судат на меѓународен дуел во Романија. Браќата Илиевски ќе ја делат правдата во Баја Маре, каде домашниот состав ќе се соочи со унгарскиот претставник Мошонмаѓаровар. ...

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, откако тренерот Горан Здравков ја имаше првата прозивка на Градскиот стадион. Тимот за пролетниот дел ќе има неколку измени во ростерот за пролетниот дел. Радовишани се разделија со Валентин Кочоски, Давид Велковски, со голманот Стефан Нанчовски и Мартин Пивковски. Додека пак, клубот се засили со повратникот Томи Мирчевски, кој доаѓа од ...

Второлигашот Беласица денес ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната под водство на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов. На првиот тренинг се појавија сите играчи на кои Стојанов може да смета и неколку играчи од младинскиот погон. Како што истакнуваат од клубот овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување во ростерот на струмичката фудбалска гордост. Од Беласица истакнуваат дека целите ...

РК Вардар официјално ја потврди определбата да ја гради иднината со млади и перспективни ракометари, откако потпиша долгогодишен договор со Бобан Поповски – еден од најталентираните играчи во својата генерација, кој и покрај младата возраст веќе поседува значајно искуство и богата колекција на индивидуални и екипни успеси. Поповски својата ракометна приказна ја започна во Преспа, а потоа следуваше важен развоен период во Алкалоид, каде ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.74
60%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.5
78%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
70%
1027
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
69%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / -1ᴼ
2.06
67%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.04

Иридиум

229769.28

Родиум

368126.05

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Сребро

2648.90

Алуминиум

3.29

Платина

67998.83

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Бакар

11.75

Кобалт

66.14