Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Македонската кошарка ќе има свој претставник во големото финале на АБА 2 лигата, откако ТФТ со максимални 2-0 во серијата ја елиминираше Сутјеска и испиша клупска историја. По победата на гости, тимот од Тафталиџе беше сигурен и на домашен терен, славејќи со убедливи 90-77. Иако гостите најавуваа поинаков исход, на паркетот доминираше ТФТ, кој уште од стартот наметна силно темпо и брзо изгради двоцифрена предност. Клучен беше одличниот прв ...
Репрезентативната пауза заврши, продолжуваат возбудувањата во Првата футсал лига на Македонија каде веќе многу работи се решени и сега ќе се игра за конечен пласман на екипите во средишниот дел од табелата. Проект и официјално стана шампион, а овој викенд и официјално во Втора лига ќе се преселат Балкан и Мал Ајакс, останатите екипи ќе играат за распределба на позициите односно за што повисок пласман. Колото број 16 го отвараат Јувентус ...
Ракометниот клуб Вардар продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во составот е египетскиот репрезентативец Мохаб Абделхак. Станува збор за еден од најперспективните ракометари од својата генерација, кој игра на позицијата десен бек и доаѓа како значајно засилување за тимот. Абделхак е леворак ракометар роден на 20 јануари 2003 година во Каиро и веќе е дел од сениорската репрезентација на Египет. Во Вардар пристигнува од ...
Силвана Карбеска и Марија Илиева добија уште едно големо признание од Европската ракометна федерација, откако се делегирани да судат натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Македонската судиска двојка ќе биде задолжена за арбитражата на првиот дуел меѓу данскиот Оденсе и унгарскиот гигант Ѓер, актуелен европски шампион. Довербата од ЕХФ е јасен показател за нивниот квалитет и континуитет на меѓународната сцена. Натпреварот ќе се ...
Уште шест кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, шест меча и 18 бодови. Пелистер е пред најтешкиот испит – дали ќе избори опстанок и следната сезона да биде дел од елитата или пак ќе се пресели во Втора лига. Првиот чекор кон опстанокот на Пелистер започнува на домашен терен против Македонија ЃП, натпревар кој мора да се добие во спротивно тимот на Марјан Секуловски ќе биде во ситуација каде ќе биде речици ...
Ракометарите на Прилеп продолжуваат со одличните настапи во плеј-аут фазата, откако на домашен терен го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 29-26 и ја продолжија победничката низа. Натпреварот донесе израмнета борба во првото полувреме, но прилепчани успеаја да направат пресврт и на паузата заминаа со минимална предност. Во вториот дел, домаќините ја презедоа контролата и со сериозна разлика успеаја да го диктираат темпото, иако гостите се обидоа ...
Ракометарите на Куманово продолжуваат со одличните настапи во плеј-аутот, откако на домашен терен го совладаа Пролет со 35-28 и ја продолжија победничката серија. Домашниот состав уште од самиот старт го наметна ритамот и постепено ја градеше предноста, која во текот на второто полувреме достигна и осум гола разлика. Иако Пролет се обиде да се врати во финишот и ја намали негативата, Куманово не дозволи изненадување и сигурно го приведе ...
Ресен имаше можност по долги години да следи второлигашки фудбал, но тоа траеше само една сезона, Преспа во сабота испаѓа во Трета лига – Југозапад по една година. Ресенчани не издржаа долго во второлигашкото друштво, имаа епизодна улога и од следната сезона одново ќе биде дел од третолигашкото друштво во Југозападниот регион. Преспа минатата година беше шампион во Трета лига – Југозапад, а во баражот за влез во Втора лига беше убедливо ...
Ракометарите на Струга стигнаа до значајна победа во плеј-аут фазата, откако на домашен терен го совладаа Радовиш со убедливи 33-26. Иако гостите имаа минимална предност по првото полувреме, продолжението донесе сосема поинаква слика на теренот. Стружани заиграа далеку поорганизирано и поагресивно во вторите 30 минути, постепено ја презедоа контролата и го скршија отпорот на ривалот. Клучниот период беше средината на второто полувреме, кога ...
Еурофарм Пелистер продолжува со формирањето на конкурентен тим за наредната сезона, откако официјално го ангажираше словенечкиот среден бек Миха Котар. 27-годишниот ракометар стави потпис на двегодишен договор и ќе биде еден од клучните организатори на играта во битолскиот состав. Котар доаѓа во Македонија од редовите на српскиот шампион Партизан, каде настапуваше во изминатите две сезони. Станува збор за ракометар роден во Требње, кој ...
Денеска покрај Охридското Езеро се очекува вистинска ракометна атмосфера, откако РК Струга од 17:30 часот во салата „Тими“ ќе го пречека составот на РК Радовиш во исклучително важен натпревар. Повикот за масовна поддршка доаѓа токму од најверните – „Паткарите“, кои ги повикаа сите љубители на ракометот да ја наполнат салата и да помогнат во освојувањето на важните бодови. Домашниот тим ќе има силен ветер во грб од трибините, а атмосферата се ...
Во периодот од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде центар на европската мини-кошарка, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе го организира 11-тото издание на Европската конвенција за минибаскет. Главниот град ќе пречека бројни тренери од Европа кои работат со најмладите категории, со цел размена на знаења, искуства и современи методи за развој на детската кошарка. Главната цел на ...
Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка и натаму ќе биде дел од тимот на СЗККА, каде што се етаблира како важен дел од составот. Во тековната сезона Џатевска има забележано 22 настапи и постигнато 37 голови, а покрај офанзивниот придонес, се истакнува и со стабилна игра во одбраната. Од клубот ...
Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на Марибор со резултат од 2:1. Голем хендикеп за „рибарите“ беше тоа што не играше Иван Иванов, кој имаше репрезентативки обврски со националниот тим на Македонија, а товарот беше на Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ. „Рибарите“ иако го загубија натпреварот сепак има свои шанси и можеа и до поволен резултат, но на крај ...
Во Втората женска фудбалска лига веќе многу работи станаа јасни и всушност сè е јасно. Конзули од Битола ќе биде нов прволигаш, а некогашниот шампион Билјанини Извори од Охрид се подготвува за бараж за можен влез во Втора лига. Но, јасно е и кој ќе ја освои „златната копачка“ во Втората лига. Ева Андонова е убедливо најдобар стрелец во лигата со постигнати 21 гол. Фудбалерката на Слободен доминира и сигурно ќе заврши како најдобар стрелец. ...
По 13 одиграни кола во Трета лига – Запад се „разгорува“ како трката за шампионската титула, така и за „златната копачка“ односно кој да биде најдобар стрелец. Најдобар стрелец и натаму останува Хакан Алимоски од екипата на Могила, кој има постигнато 13 погодоци, три повеќе од вториот најдобар стрелец Владе Јанакиевски, кој за тимот на Напредок од Ношпал постигна десет гола. На делба на третото место со по девет погодоци се Фатјон Леши ...
Овој викенд за третолигашите од Истокот беше слободен поради Велигденските празници, викендот заврши, а екипите веќе се подготвуваат за неделните предизвици од 17. коло. Во рамки на истото ќе се одигра дерби на Југот во Дојран, каде ќе се соочат Дојранско Езеро и Победа од Валандово. Според формата и не е дерби, но ќе се игра за престиж и за уживање на публиката од Дојран и Валандово. Од недела Победа Валандово ја започнува мисијата наречена ...
В недела се играат мечевите од 17. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, откако минатиот викенд третолигашите во овој регион беа слободни поради Велигденските празници. Двајца фудбалери овој викенд ќе бидат слободни, односно нема да може да настапат за своите фудбалери поради акумулирани пет жолти картони. Во Берово ќе се одигра мечот меѓу Малеш и Карбинци, а и двете екипи нема да може да сметаат на по еден фудбалер. Поради пет ...
Еурофарм Пелистер одигра меч за паметење и со фантастичен кам-бек славеше на гостувањето кај Алкалоид со 35-33 во дербито од плеј-офот во Суперлигата. Натпреварот започна израмнето, со почетна иницијатива на битолчани, но како што одминуваше првото полувреме, домаќините ја презедоа контролата. Со серија од неколку брзи голови, Алкалоид создаде значајна предност и на паузата замина со убедливи +6. Во второто полувреме, тимот од Автокоманда ја ...
Ако за титулата во Прва лига се борат Вардар и Шкендија, за опстанок се тркаат повеќе екипи – вистинска мешаница во долниот дел од табелата, секој бод е вреден злато за да се стигне до опстанок. Шкупи веќе официјално испадна во Втора лига, но сега треба уште две екипи да ги спакуваат куферите за преселба во ранг подолу. Најмногу загрозени се екипите на Македонија ЃП, Работнички и Пелистер. Многу извесно две од овие екипи ќе испаднат, а една ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука во случајот со македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, изрекувајќи им двегодишна суспензија поради сериозно прекршување на правилата. Станува збор за случај поврзан со манипулација на видео-снимки од фитнес тестовите пред почетокот на Европското првенство, по што двајцата арбитри беа отстранети од списокот на судии за шампионатот. По спроведената анализа, ЕХФ утврди ...
Македонија ЃП стави крај на негативната низа од пет последователни порази, освојувајќи вреден бод на гостувањето кај Брера Струмица (1-1) во рамки на 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домашниот состав беше нешто поактивен во првото полувреме и успеа да ја материјализира иницијативата во 22. минута, кога Филип Михаилов сигурно реализираше пенал за водство од 1-0. Брера имаше уште неколку обиди да ја зголеми предноста, но без ...
Овој викенд во Струмица ќе се одржи завршниот турнир од Купот на Македонија, каде четирите најдобри екипи ќе се борат за трофејот. Во првото полуфинале ќе се сретнат ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер, додека во второто Вардар ќе игра против Алкалоид. Пред големиот предизвик, ракометарите на ГРК Охрид најавуваат максимална борбеност и мотив за историски успех. Голманот на охриѓани, Кристијан Пилиповиќ истакнува дека тимот со голем ентузијазам ...
Екипата на Арсими запиша огромна победа над Пелистер со минимални 1-0, во натпревар кој имаше огромно значење во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот не понуди многу возбудувања во поголемиот дел од првото полувреме, со оглед на тоа што двете екипи играа внимателно и тешко создаваа шанси. Сепак, клучниот момент се случи во самиот финиш на првиот дел, кога по една грешка во одбраната на Пелистер, Сикиру одлично ...
ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во ростерот е македонскиот повремен репрезентативец Мартин Карапалевски, кој потпиша договор со клубот најмалку до 2028 година. 26-годишниот ракометар, кој настапува на позицијата среден бек, ќе го носи дресот со број 11 и се очекува да има значајна улога во амбициите на охридскиот тим. Карапалевски зад себе има богато искуство, а во Охрид доаѓа од шпанското првенство, каде ...
Тимот на АП Брера во еден од директните дуели за опстанок денеска (15:30 часот) ја пречекува Македонија ЃП. Првенството влезе во самата завршница и сега веќе нема простор за големи грешки. Го знае тоа и стратегот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски. „Ова е еден од мечевите против директните конкуренти за опстанок. Немаме право на кикс. Играме на домашен терен и нашата цел е да ги освоиме трите бода. Знаеме дека нема да биде лесно, затоа што и на ...
Претпоследниот натпревар од 27. коло на ПМФЛ се игра во Гостивар, каде што со почеток во 13 часот ќе истрчаат фудбалерите на Арсими и Пелистер. Првите две среќавања на овие два тима донесоа вкупно 10 погодоци: во првиот случај Арсими славеше како гостин со 0:4, а во вториот се играше нерешено, 3:3, но и двата мече беа пред зимската пауза. На последните мечеви, Пелистер славеше над Шкендија, а играше нерешено со Вардар, додека Арсими во ...
Екипата на Македонија ЃП денеска во натпревар од 27. коло во домашното првенство оди на гостување кај АП Брера. Тимот од Ѓорче Петров, пролетва води жестока битка за опстанок во елитното друштво. Со 23 бода на контото во моментов екипата е на претпоследната позиција на табелата, но далеку од тоа дека се е готово за некогашниот шампион и освојувач на Купот на Македонија. Македонија ЃП има задача да освои што е можно повеќе бодови во следните ...
Фатјон Јусуфи изрази големо задоволство по минималната победа на Арсими во Скопје против Македонија Ѓорче Петров, каде што беше и стрелец на единствениот гол на натпреварот, но потенцираше дека фокусот на екипата сега целосно е насочен кон новиот предизвик за гостиварци, а тоа е денешниот дуел со Пелистер. “Победата во Скопје беше многу важна за нас, и поради освоените бодови, и поради самодовербата што ни ја дава како тим. Среќен сум што ...
Македонската фудбалска сцена ова лето ќе добие вистинско освежување, откако престижниот AC Milan Junior Camp ќе се одржи во Скопје. Кампот ќе се реализира од 10 до 14 јуни 2026 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Станува збор за одлична можност за младите фудбалери од земјава да работат со стручни тренери од редовите на италијанскиот гигант AC Milan и одблиску да се запознаат со нивната препознатлива методологија на работа. Во ...