Многу погодоци донесе 16. коло во Трета лига – Север, на три меча имаше победници со по шест постигнати погодоци. БВК Коњаре со 6:1 славеше над Отља на домашен терен во натпревар каде Бејтула Авдали постигна хет-трик, двапати стрелаше Руфат Чалафи, а еднаш Онур Емини, за гостинот погоди Сеид Саљији. Куманово со 6:0 го доби тимот на Студеничани, каде Кристијан Златковски постигна три гола, а по еден Андреј Јовановски, Амар Имери и Екрем ...

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф дуел против Данска во борбата за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим го одработи првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Поради отсуство на неколкумина фудбалери, кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први впечатоци ги сподели Себастијан Херера од Борац ...

Есенскиот шампион во Трета лига – Југозапад пролетниот дел го отвори со катастрофален пораз од 4:0 губејќи на гостувањето во Дебар од Кораб. Во дуел на два поранешни второлигаш домаќинот беше убедлив во рамки на 10. коло со кое беше отворен пролетната полусезона. Амар Иса го отвори мечот по две минута игра, а во 38. минута погоди за двојна предност, а пак Фатјон Леши во 40. минута погоди за три гола предност на полувреме. Во вториот дел Ујкан ...

По денешниот пораз од Струга Трим Лум со 0:2, тренерот на ФК Пелистер, Милан Стојановски, си поднесе оставка од функцијата. Клубот ја прифати неговата одлука, со што Пелистер останува без шеф на стручниот штаб во клучен дел од сезоната. „Како шеф на стручниот штаб, ја преземам одговорноста за резултатите во пролетниот дел од сезоната и одлучив да си поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да им се заблагодарам на клубот за укажаната ...

Превалец со голот на Ристо Станковски го доби мечот со Младост во Кривогаштани откако славеше со 0:1 во рамки на 17. коло на Трета лига – Југ. Дебакл на Росоман кој загуби од Башкими од Јаболчиште со 0:4 – Лавдрим Лазами го отвори мечот во 3. минута, а потоа хет-трик постигна Емре Исмаил со три гола о вториот дел. Влазними Јуниор и Ултрас ги поделија бодовите откако одиграа 1:1, за гостинот погоди Стојески во 78. минута, а за домаќинот ...

Трета лига – Исток има нов лидер, откако Овче Поле со минимални 0:1 славеше над Брегалница во Делчево и го презеде челното место на табелата. Дарко Нацев беше единствениот стрелец во Делчево кој го реши мечот, со што трите бодови заминаа во Свети Николе. Тимот на Овче Поле е лидер на табелата со два меча повеќе во однос на непоразената Победа од Валандово, која во рамки на 14. коло беше слободна. Тиверија одамна немала ваква висока победа ...

Струга Трим Лум продолжува да чекори сигурно во шампионатот, откако славеше на гостувањето кај Пелистер со 0-2 во рамки на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дуелот во Битола започна со мала иницијатива на домашниот тим, кој се обиде да се закани преку прекини, но без посериозна опасност по голот на стружани. Со текот на времето, гостите ја презедоа контролата и почнаа да го диктираат темпото на игра. Таквата игра резултираше со ...

Големо Коњари стигна до втората сезонска радост откако денес пред верната публика славеше над Победа со 2:0, меч со кој се комплетираше 21. коло на Втора лига. Ова беше дерби на две екипи кои веќе се испаднати во Трета лига – Југ, а воедно и локално дерби за прв позитивен пролетен резултат. Херој на мечот беше Беким Алимоски кој со два гола ги обезбеди трите бодови за Големо Коњари. Првиот пат погоди во 37. минута и погодокот го прослави со ...

Екипата на Каменица Саса веднаш се врати на победи после поразот од лидерот Скопје во претходното коло, откако денес буквално го „разнесе“ со 7:0 „жилавиот“ Топ Гол од Битола, во рамки на 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Повеќе од јасно беше дека „рударките“ ќе прокнижат три бодови, ќе стигнат до 12-тиот сезонски триумф, а прашање беше само со колкава разлика. Битолскиот тим беше инфериорен противник и немаше капацитет да се носи со ...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе се соочи со селекцијата на Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во Германија наредната година. Словаците до третата бараж-фаза стигнаа по драматичен двомеч против Украина. Иако во реваншот на домашен терен беа поразени со 32-31, победата од првиот натпревар (27-24) им беше доволна за пласман понатаму. Украина имаше одлична можност да направи пресврт, откако во текот на мечот ...

Само еден гол го реши мечот во Пржино меѓу Истатов и Речица, „истатовки“ славеа триумф од минимални 1:0, а стрелец на единствениот победнички гол беше Радица Чонева, која погоди во 47. минута од средбата. Во мечот од 19. коло на Првата женска фудбалска лига голот на Чонева се покажа сосема доволно за Истатов да ја оправда фаворитската улога, а притоа да ја продолжи победничката низа. Истатов сега е на третото место со 38 бодови, а пак Речица ...

Лото победа забележа тимот на Тиверија Брера откако на домашен терен во Струмица со фантастични 7:0 го декласираше дебитантот Вардар со што струмичанки го држат второто место во Првата женска фудбалска лига. Повеќе од очекуван беше триумфот за Тиверија Брера која важеше за апсолутен фаворит на мечот од 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Резултатот го отвори Данче Карпузовска по две минути игра, а до крајот на првиот дел повратничката ...

Притисокот е огромен врз Пелистер во пресрет на денешниот натпревар во Битола. Битолчани се наоѓаат во зоната за директно испаѓање со 22 бодови и веќе пет кола се без победа, со три ремија и два порази, што дополнително ја усложнува нивната ситуација. Токму затоа, дуелот со Струга Трим Лум добива карактер на „да се биде или не“ за домашниот тим, кој едноставно мора да стигне до трите бодови за да остане во игра за опстанок. Дополнителен ...

Денес ќе биде комплетирано 21. коло на Втората македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Големо Коњари и Победа, меч во кој двете екипи ќе го бараат првото пролетно славје, а дуел од долниот дел на табелата на две екипи кои веќе се испаднати во Трета лига – Југ. Следете го во живо натпреварот меѓу Големо Коњари и Победа, пренос кој го овозможува Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ВО ЖИВО: ГОЛЕМО КОЊАРИ – ПОБЕДА: Денес ќе биде ...

Дербито на 19. коло во Првата женска фудбалска лига ќе се игра во Пржино меѓу лидерот Скопје и Ас Јунајтед. Лидерот е фаворит за трите бодови, во Пржино тешко се освојуваат бодови, а стружанки ќе биде под предизвик дали можат до бодови против Скопје кој ита кон шампионската титула. Следете го мечот во живо од 19. коло на ПЖФЛ, пренос овозможен од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ВО ЖИВО: СКОПЈЕ – АС ЈУНАЈТЕД: Дербито на 19. коло ...

Со два натпревари вчера беше отворено 14. коло на Трета лига – Запад, кое ќе се комплетира денес со останатите мечеви. Екипата на Џепчишти стигна до лото победа откако на домашен терен со 7:0 славеше над Доброшти. Ментор Саљиу и Џевдет Идризи беа двојни стрелци, додека пак по еден гол постигнаа Адриан Беќири, Беким Садики и Еди Абдија. Речица исто така имаше убедлива победа пред домашната публика откако со 5:1 го декласираше тимот на ...

Струга Трим Лум по болната елиминација на пенали од Шкендија во четвртфиналето на Купот, се фокусира на првенството и се враќа во акција во 24. коло од домашната фудбалска елита, гостувајќи му на Пелистер во Битола. Стружани немаат пораз на гостување во Битола, а последниот натпревар заврши со реми 1-1, при што единствениот гол за Струга ТЛ го постигна Арби Воша. „Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе ...

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот меч од 15. коло на Втората лига со 2:10 славеше над Партизан Југ во Брвеница. Каршиака е во фантастична форма, а тоа го потврди и вечерва преку четири погодоци на Енис Ибраими, како и двојните стрелци Седат Јакупи и Фејзула Шабани, а по еден гол постигнаа Бујамин Асани и Џезаир Рамадани. За ...

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди изненадување против шампионот МЗТ Скопје, Феникс 2010 славеше во градскиот дуел со Чаир, а Гостивар запиша убедлива победа над Маџари. Најголемото изненадување се случи во Гевгелија, каде Кожув го совлада МЗТ Скопје со 88-80 и му го нанесе првиот пораз на терен оваа сезона. Домашните одиграа стабилно во текот на целиот натпревар, градејќи предност која ...

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе големи возбудувања и промена на лидерската позиција. Бадел 1862 ја продлабочи кризата на бранителот на титулата Баскет Кам, додека Крива Паланка го искористи тоа и се искачи на врвот на табелата. Во дербито на колото, Бадел 1862 славеше над Баскет Кам со 54-48. И покрај отсуството на Марија Николов, „баделки“ одиграа цврсто, особено во одбраната, и во текот на целиот ...

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во Првата футсал лига. Двете екипи мораа да се задоволат со бод во битката за потврда на опстанокот во елитата. Домашниот тим го отвори резултатот во 8. минута преку гол на Исмаил Абдуловски, а со кој гол Јувентус Серава замина на полувреме со 1:0. Во вториот дел домаќинот дојде и до двојна предност откако ...

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми за Македонија (30-30) против Австрија во пријателскиот натпревар одигран во Брегенц. Македонската селекција имаше контрола врз резултатот во поголем дел од второто полувреме, кога стигна и до највисоки +4 (25-21), но домаќините во финишот се вратија и израмнија на 29-29. Австрија потоа и поведе, но Македонија избори пенал во последните секунди, кој Кузмановски ...

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На Собранието присуствуваа 61 од вкупно 65 делегати, при што беа усвоени следните значајни одлуки: -Завршната сметка за 2025 година – Буџетот за 2025 година – Новиот Статут на ФФМ – Одлука за овластување на Управниот одбор на ФФМ за донесување на Стратегија за развој на ФФМ 2026-2030 УЕФА и ФИФА направија детална анализа на нашите статутарни одредби и ...

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш над Детонит Плачковица во рамки на 21. коло на Втората македонска фудбалска лига. Натпревар кој понуди четири гола во првиот дел, многу шанси израмнувања и пресврт, а за комплетно уживање на гледачи на Градскиот стадион во Радовиш, каде беа и верните „Сејмени“ кои допатуваа од Кочани за да дадат силна поддршка на Осогово и на крај заедно да прослават уште една победа. ...

Трката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига доби нов заплет, откако Арсими го изненади Вардар, а Шкендија ја искористи шансата и се израмни на врвот на табелата. Во Гостивар, Арсими славеше минимална, но злато вредна победа од 1-0. По неколку почетни закани на двете страни, клучниот момент се случи пред самиот крај на првото полувреме, кога Гони ја искористи асистенцијата од Мустафа и ја затресе мрежата на Вардар. Во ...

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари ќе ја одредат позицијата на водечките екипи пред почетокот на плеј-оф натпреварите, преку кои ќе се стигне до учество во следната сезона во Суперлигата. Во овој круг, сите четири дуели ќе се играат на гостински терен. Во сабота, од 14 часот, Вардар ќе ја пречека екипата на Бутел во Скопје, дуел во кој ...

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување на едно место во Првата македонска лига за сезоната 2026/2027. Во битката за елитата ќе учествуваат четирите најдобри екипи од регуларниот дел – Гевгелија, ИБА баскет, Шар Планина и Винеам. Само една од нив ќе избори промоција во повисок ранг, по одигрувањето на полуфиналните серии и големото финале. Системот на натпреварување предвидува ...

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на четвртфиналниот двомеч од ЕХФ Европскиот куп против грчкиот Олимпијакос, информирајќи за важна организациска одлука поврзана со натпреварите. Од клубот посочуваат дека одлуката е донесена по комуникација со противникот и на барање на Европската ракометна федерација, со цел да се избегнат несакани сценарија како оние од минатата сезона. „Имајќи ги во предвид ...

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот бек Сара Богојеска го продолжи договорот со клубот до 2029 година. Богојеска, која е родена на 15 јуни 2005 година во Прилеп, зад себе има интересен развоен пат. Својата ракометна кариера ја започнува во ЖРК Деспина, по што настапува за Куманово и Вардар, каде дополнително го надградува својот квалитет. Нејзиниот потенцијал беше препознаен и на репрезентативно ...

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на нови ракометни судии, со цел проширување и подмладување на судиските редови во македонскиот ракомет. Повикот е наменет за сите млади љубители на ракометот кои сакаат да останат дел од спортот, но во нова, одговорна улога – како судии на теренот. Ова е можност за оние кои имаат желба да го продолжат своето ракометно искуство и да придонесат во развојот на спортот од ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
70%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
97%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
2.68
71%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
78%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
59%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Родиум

324722.54

Паладиум

49215.93

Сребро

2840.84

Калај

49.88

Платина

66712.80

Злато

166450.52

Бакар

12.14

Кобалт

45.39

Рутениум

55395.74

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Цинк

3.44