Оваа недела ќе бидат познати финалистите во Купот на Македонија во младинска и кадетска конкуренција. Кај младинците во првото полуфинале се среќаваат Шкупи и Вардар, а натпреварот ќе се игра во вторник, 12 мај со почеток во 16 часот. Вториот финалист ќе биде познат ден подоцна откако АП Брера и Пелистер ќе го одиграат дуелот кој е закажан за 11 часот. Во кадетска конкуренција двете полуфинални соочувања се предвидени за в среда, 13 мај. Во ...

Брегалница е на само два натпревари од враќање во Првата македонска фудбалска лига, а искусниот стратег Влатко Костов повторно е пред можност да испише ново златно поглавје во својата богата тренерска кариера. На две кола до крајот на Втората македонска фудбалска лига, „сините“ од Штип се наоѓаат на врвот на табелата со 65 бодови, исто колку што има и Скопје, но Брегалница е лидер поради подобриот меѓусебен дуел. До крајот на сезоната ...

Дерби пресметката меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново во рамки на 28. коло од Втората македонска фудбалска лига донесе голема борба на теренот, многу емоции и важни бодови во трката за пласман во елитата, а натпреварот во Штип заврши без победник – 1:1. Посебен момент пред стартот на натпреварот беше фотографијата на четворицата прилепчани кои настапуваат за двата клуба. Во редовите на Брегалница настапуваат Даниел Карчески и Јорданчо ...

Натпреварот меѓу Арсими и Башкими од 31. коло на Првата лига заврши без победник (1:1) за делба на бодовите, мечот го одбележаа неколку одлични интервенции на голманот на Арсими, Дејан Силјановски. Една од неколкуте одлични интервенции на искусниот 32-годишен голман беше и одбранетиот зицер на Филип Алексовски. Погледнете го моментот од 59. минута од мечот во Гостивар. Силјановски е искусен голман кој низ неговата кариера ги чуваше головите ...

Фудбалерите на Тиквеш, стручниот штаб, докторите и физиотерапевтите на кавадаречкиот клуб денеска покажаа дека спортот не е само резултат и борба на теренот, туку и човечност надвор од него. При враќањето од Скопје кон Кавадарци, по убедливата победа од 1:4 над Македонија Ѓорче Петров во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига, автобусот на Тиквеш запрел на клучката кај Мирковци каде имало сообраќајна несреќа. Медицинскиот тим на клубот ...

Екипата на Спартмани конечно стигна до своето прво пролетно славје, откако на домашен терен во Балдовци го шокираше лидерот Интер Кукла со триумф од 3:1. Во рамки на 11. коло на Општинската фудбалска лига Спартмани стигна до шестото славје и се проби до третото место на минус три бода Интер Кукла. Поразот на лидерот од Куклиш беше добредојден за Огражден, кој пак со 1:3 славеше над Илинден во Добрејци, па така сега екипата на Ново Село има ...

31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе вистинска драма во битката за опстанок, а по денешните резултати и математички стана јасно дека Македонија Ѓорче Петров и Работнички следната сезона ќе играат во Втората лига. Најголем удар претрпе Македонија ЃП, која на домашен терен беше убедливо поразена од Тиквеш со 4:1. Кавадарчани одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме најавија сигурен триумф со головите на Виздом Окере и ...

Фудбалерките на Вардар со убедливи 1:4 го добија „фенерџијата“ Топ Гол среде Битола во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига. Јулија Живиќ погоди во 24. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Теодора Јанковска постигна гол за 0:2 во 46. минута, а една минута подоцна Александра Ристевска постигна гол за 1:2. До крајот Јелена Радевич во 69. минута беше прецизна за 1:3, а во завршните мигови од мечот Ивана Милевска погоди за ...

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ денес го доби пехарот за шампион на Трета лига – Север, со што „лисиците“ од Горно Лисиче ќе играат бараж за враќање во Втора лига. Инаку, денес Еуромилк ГЛ играше против Куманово, каде со 5:0 беше убедлив за нов триумф. Хусеин Демири беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Зенговски, Јаневски и Исмаиловски. Беса од Слупчане се соочи со Беса од Сарај, а во овој меч победник беше домаќинот со 2:1 преку ...

Новиот шампион во Трета лига – Запад, екипата на Камјани која ќе игра бараж за влез во Втора лига, денес во рамки на 21. коло играше против Скендебеу, каде забележа победа од 3:0. Џемаили и Нуредини погодија во првиот дел, а во вториот дел стрелец беше Синани. По завршување на натпреварот беше доделен шампионскиот пехар на екипата на Камјани. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР НА КАМЈАНИ: Некогашниот прволигаш Ренова на домашен терен против ...

Борец денес го доби пехарот за шампион на Трета лига – Југ, со што велешани ќе играат бараж за враќање во Втора лига. Претседателот на Трата лига Југ, Сашко Тасев го додели пехарот на некогашниот прволигаш од Велес, кој сега ќе игра бараж за враќање во Втора лига. Инаку, Борец денес го одигр натпреварот од 25. коло против Младост од Кривогаштани кој го доби со 7:0. Мирчевски и Филиповски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Иванов, ...

Денес во рамки на 20. коло во Трета лига – Исток во Валандово не се одигра мечот меѓу Победа и Тиверија, откако гостинската екипа од Струмица не допатува во Валандово, па со тоа „калинкарите“ добиваат службена победа од 3:0 и службени три бода. „По чекање од 30 минути, гостинската екипа не се појави на теренот за игра. Судиите, делегатот, контролор и сите официјални лица од домашната екипа беа присутни на теренот. Натпреварот не започна ...

Дербито на 28. коло на Втора лига во Штип меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново заврши без победник (1:1) за делба на бодовите, резултат кој Брегалница ја остава на првото место и на милиметри од Прва лига. Николче Шаркоски го отвори резултатот во првиот дел за 0:1, а во вториот дел со гол од пенал Костадин Капсаров ги постави конечните 1:1 и големо славје во Штип. Голема радост и славје за верната “фаланга” и цела штипска спортска јавност. ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија го одржа официјалниот собир пред клучниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Дуелот ќе се одигра на 14 мај во 19:00 часот во Прешов, Словачка. На собирот беше присутен целиот репрезентативен состав и стручниот штаб, кои го означија почетокот на завршните подготовки за овој важен европски предизвик. Атмосферата беше работна и мотивирачка, со јасен фокус на ...

Тиверија Брера со високи 1:4 славеше над ланскиот шампион Љуботен на гостински терен, во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига. До овој голем триумф со кој струмичанки се зацврстуваат на второто место стигнаа преку двојните стрелци Розита Пецева и Билјана Панеска. За тетовскиот тим единствен стрелец во високиот пораз беше Меланија Грозданова. Новиот шампион Скопје загуби на гостинувањето кај Каменица Саса, откако резултатот во ...

Арсими денеска пред своите навивачи во Гостивар ќе го одигра еден од најважните натпревари сезонава. Во дуелот против Башкими, домашниот состав ќе атакува на три бода кои би можеле значително да го доближат до обезбедување опстанок во Првата лига. Во пресрет на важниот натпревар, свое видување даде дефанзивецот Џелил Абдула, кој истакна дека тимот очекува тежок и неизвесен дуел, но дека целта на Арсими останува јасна – победа и нов голем ...

Тиквеш во финишот од сезоната влезе во резултатска криза, а турбулентниот период кулминираше со смена на целиот стручен штаб. Кавадарчани на последните пет натпревари имаат само една победа, остварена на гостувањето во Струга. По еден бод освоија против Башкими и Арсими, додека забележаа убедливи порази од Силекс, Шкендија и Вардар. Во последните три кола Тиквеш постигна само два погодоци, а прими дури 12. Сепак, и покрај лошата серија, тимот ...

АП Брера во претходното коло стигнаа до исклучително важна победа на гостувањето кај Струга, но освоените бодови нема да имаат големо значење во битката за директен опстанок доколку денеска не бидат потврдени со нов триумф против Работнички. Младиот состав предводен од Шефки Арифовски успеа да стави крај на серијата негативни резултати, а сега пред себе има нов предизвик – да покаже дека може да игра квалитетно и во континуитет во клучниот ...

На само три кола до крајот на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, Работнички сè уште ја води жестоката битка за опстанок и нема простор за нов кикс. „Романтичарите“ денеска ги очекува тешко гостување кај АП Брера во Струмица, натпревар во кој единствена цел за скопскиот состав се трите бода. Борбата за избегнување на опасната зона станува сè понеизвесна, а секој бод може да биде пресуден во финишот од сезоната. Работнички ќе мора ...

На две кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Арсими и Башкими ќе водат директна пресметка која може да биде клучна во битката за опстанок. „Златните“ бодови се во игра, а влогот е огромен за двата тима кои сакаат и следната сезона да останат дел од елитното друштво. Домашниот состав на Арсими влегува во дуелот во добра форма, со освоени 10 бодови на последните пет натпревари, додека Башкими дополнително ја крена ...

Во рамки на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП на домашен терен ќе го пречека Тиквеш во натпревар кој може многу да влијае на битката за опстанок во елитното друштво. Тимот предводен од Боби Божиновски влегува мотивирано во овој дуел, со цел да ја продолжи позитивната серија резултати во финишот од сезоната и да ги задржи шансите за спас. Македонија ЃП во последните два домашни натпревари успеа да стигне до значајни ...

Радовиш добива нов спортски колектив и нова надеж за младите генерации, откако ракометниот клуб Феникс од утре и официјално започнува со работа. Првиот тренинг и официјалниот старт на клубот се закажани за понеделник, 11 мај, со почеток од 17:15 часот во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, каде најмладите љубители на ракометот ќе имаат можност да ги направат своите први спортски чекори во дресот на новиот радовишки клуб. Од РК Феникс најавуваат дека ...

Екипата на Партизан од Добрушево е шампион во Општинска Б Лига на Битола, откако во рамки на последното 18. коло славеше со убедливи 5:0 над Златни Деца и со тоа го потврди првото место во шампионатот кој е петти по ранг на натпреварување во македонскиот фудбал. Тимот од битолско Добрушево, село во рамки на општина Могила заврши на првото место со 13 победи, едно реми и два порази и освоени 40 бодови на своето конто. Тимот од следна сезона ќе ...

Денес со почеток од 16 часот ќе бидат одиграни сите натпреварите од 28. коло на Втората македонска фудбалска лига. Преносите од сите натпревари се овозможени од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО (Коментатор: Александар Ванев) КАМЕНИЦА САСА – СЛОГА ВИНИЦА ТЕТЕКС – СКОПЈЕ ВАРДАР НЕГОТИНО – ОСОГОВО ОХРИД – ГОЛЕМО КОЊАРИ ПРЕСПА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА НОВАЦИ – БЕЛАСИЦА КОЖУФ – ПОБЕДА Денес со почеток ...

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 20. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток. Во Валандово ќе се одигра натпреварот меѓу Победа и Тиверија, а за правдата ќе биде задолжен Здравко Костовски, а ќе му помагаат Цане Давитков и Иван Јанев, додека пак Гоце Бојчев ќе биде делегат, а Тони Манчев контролор. Во Свети Николе каде ќе играат Овче Поле и Дојранско Езеро главен судија ќе биде Тоше Џамов, а ќе му ...

Екипата на Борец денес ќе го одигра натпреварот од 25. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југ против Младост од Кривогаштани. Велешани го потврдија првото место уште пред неколку кола, а денес Борец ќе го добие пехарот за шампион во ТМФЛ – Исток. Борец, кој е некогашен прволигаш, ќе игра бараж за влез во Втора лига, а доколку го помине баражот, тоа ќе значи експресно враќање во Втора лига. Екипата на Борец денес ќе го одигра ...

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ стана шампион во Трета лига – Север и ќе игра бараж за влез во Втора лига. „Лисиците“ од Горно Лисиче денес ќе го добијат пехарот за шампиони во ТМФЛ – Север. Еуромилк ГЛ денес на домашен терен ќе игра против Куманово, во рамки на 25. коло, а по завршување на натпреварот ќе следува свечена церемонија за доделување шампионскиот пехар. „Лисиците“ ќе имаат можност под неколку сезони да се вратат во ...

КК Струмица 2001 е нов член на македонската Супер лига, откако струмичани во решавачкиот трет натпревар од финалната серија ја совладаа екипата на КК Бутел со 81:76 и со вкупни 2-1 во победи ја освоија шампионската титула во Првата македонска лига. Во салата „Никола Карев“ домашниот состав одигра сигурен и зрело контролиран натпревар, во кој водството беше на нивна страна во текот на сите 40 минути. Струмичани уште во првата четвртина ...

Денес ќе бидат одиграни четири натпревари од 24. коло на Првата женска фудбалска лига, а оваа рунда ќе биде затворена дури во среда (13 мај) со еден натпревар. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари. Колото денес се отвара со два натпревари кои ќе започнат во 11 часот. Во Големо Речица ќе се игра натпреварот меѓу Љуботен и Тиверија Брера, каде Ненад Тодоровски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Филип Николов и ...

Денес со три натпревари ќе се комплетира 31. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите натпревари познати се и судиите. Дербито за опстанок во Струмица меѓу Брера и Работнички ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Бојан Ивановски, а пак Димитар Пилешков ќе биде четврт судија. Во ВАР собата ќе бидат Благојче Ралевски и Владимир Митревски, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97