ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19 и стигна до вториот триумф на турнирот. Охриѓани одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме, кога целосно го презедоа контролата врз случувањата на теренот и направија двоцифрена разлика. Воедно, ова беше и прва победа за „гладијаторите“ во новоформираната Регионална лига. Во ...

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона ќе биде експресно враќање во елитата. Паунов во Каменица Саса доаѓа од второлигашот Осогово од Кочани, неговото искуство ќе биде клучно во остварувањето на амбициите на тимот од малото рударско гратче. 35-годишниот фудбалер ја имаше првата изјава за Спортска Мрежа, каде вели дека атмосферата е одлична, има ...

Ракометарите на Загреб продолжуваат со одличниот настап на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Хрватскиот шампион вечерва убедливо ја совлада младинската репрезентација на Египет со 38-28 и стигна до втората победа во групата А. Загреб уште од самиот почеток наметна силно темпо и брзо ја презеде контролата врз натпреварот. Хрватите беа сигурни во нападот и цврсти во одбраната, па по првите 30 минути имаа ...

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА во периодот 2027–2031 година. За својата одлука, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Од федерацијата посочуваат дека одлуката следува по внимателно разгледување на ...

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по шест месеци поминати во Шведска повторно ќе го облече зелено-белиот дрес. Вилсон во првата половина од сезоната во дресот на Содертаље имаше просек од 11,8 поени, 5,4 асистенции и 4,9 скокови по натпревар. Американецот има искуство и од македонската кошарка, со оглед на тоа што покрај ...

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи Цветковски. Само на 18 години, Цветковски веќе остави сериозна трага на младинската репрезентативна сцена. На Европското првенство до 18 години постигнуваше просечно 17,3 поени, со одлични 45 проценти реализација за три поени, што му донесе место меѓу најдобрите стрелци на ...

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во дресот на Согдиана и е меѓу најдобрите стрелци во узбекистанското првенство. 30-годишниот офанзивец повторно се запиша во листата на стрелците на вчерашниот натпревар против Кизилкум, на кој Согдиана славеше со 2:1. Дориев го отвори резултатот во 39. минута со прекрасен погодок, продолжувајќи ја својата одлична голгетерска серија. Со своите настапи ...

КК Работнички АД Скопје го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување за сезоната. Искусниот крилен центар, кој може да покрива повеќе позиции под обрачите, пристигнува со богато меѓународно искуство. Брунчевиќ во досегашната кариера настапувал во Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција, а со своите 206 сантиметри треба да донесе дополнителна физичка сила и стабилност во рекетот. Особено успешна беше неговата сезона 2024/25 во ...

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња – Александар Костоски и Јован Александровски. Штипјани чекаат потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер лигата, откако Чаир не доби лиценца за натпреварување, по што беше објавен јавен повик од КФМ за сите заинтересирани екипи да бидат дел од кошаркарската елита, за ...

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на Македонија. Бојкова доаѓа од редовите на Билјанини Извори од Охрид, а 26-годишната фудбалерка претходно беше дел од Плачковица, Шкендија, Атлетико и Габер од каде и ја започна кариерата. Кавадарчанката за Кочани настапуваше во сезона 2022/2023 и сега одново го облекува овој дрес. Минатата ...

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион 4, кој во иднина ќе функционира со седиште во Прилеп. За претседател на Регионот е избран Марјан Стојковски од Прилеп, а во Регионот припаѓаат фудбалски клубови од ОФС Прилеп, ОФС Кавадарци, ОФС Велес и ОФС Неготино. Тоа значи дека седиштето на Трета лига – Регион 4 ќе биде во Прилеп. Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион 4, кој во ...

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна настапот на петтото издание на турнирот. Избраниците на Борис Ројевиќ со 31-27 славеа над младата репрезентација на Египет, во натпревар во кој стратегот на охриѓани им даде шанса на поголем дел од ракометарите. По натпреварот, голманот Бојан Блажески истакна дека заморот од претходните натпревари во Струга бил забележлив, но најважно било што екипата стигнала ...

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од Регионалната ракометна лига, откако навивачката група „Чкембари“ објави дека нема организирано да присуствува на средбите од ова натпреварување. Битолската навивачка група како причина го наведува ставот дека Регионалната лига не претставува приоритет, но и незадоволството од начинот на кој е креиран распоредот. Особено се посочува фактот што во период од само ...

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три денови, а ќе се отвори во петок со мечот меѓу Скопје и Тиквеш кој ќе стартува во 17 часот. Два часа подоцна во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу Брегалница и Башкими, кој ќе стартува во 19 часот под рефлектори. За сабота е планиран еден меч – Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на Арсими од 16:30 часот. Колото се затвара со два натпревари в понеделник. Од 17 часот Вардар ќе ...

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Охрид 2026“, откако бранителот на трофејот славеше над У-20 репрезентацијата на Египет со 31-27. Охриѓани уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот и со одлична игра во одбраната стигнаа до предност од 4-1. Во продолжението домашниот состав одржуваше предност од неколку гола, но пропуштените можности за дополнително зголемување на разликата ...

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, совладувајќи го Олимпијакос со 39-27 во меч во кој разликата беше направена уште во првото полувреме. По почетните 3-3, македонскиот шампион влезе во серија од девет погодоци и стигна до убедливи 12-3. Одбраната функционираше одлично, а Валах со неколку интервенции дополнително ја олесни работата на својот тим. До одморот Вардар веќе имаше двоцифрена ...

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за развој на млади фудбалски таленти, а потврда за тоа е и најновиот репрезентативен успех на двајца фудбалери кои се дел од радовишкиот второлигаш. Емир Шаботиќ и Давид Голубов се најдоа на списокот на младинската репрезентација на Македонија до 20 години која ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Шаботиќ е 18-годишен везен фудбалер кој потекнува од ...

Натпреварот од 2. коло на Втора лига е одложен и ќе се игра во нов термин Викендот мечот кој требаше да се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид се одложува и ќе се игра во нов термин, дознава Спортска Мрежа Барање за одложување на овој натпревар имаше поднесено Охрид и истото е прифатено од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Двајца фудбалери на Охрид ќе настапат на Медитеранските игри во Италија и тоа е причината ...

Викендот ќе се играат натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига, а еден натпревар од оваа рунда ќе биде одложен и ќе се одигра во нов термин. Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички е одложен на барање на домашниот клуб, поради тоа што двајца фудбалери на „штофарите“ ќе бидат дел од Медитеранските игри во Таранто, Италија. Останатите мечеви ќе бидат одиграни викендот. Викендот ќе се играат натпреварите од второто коло на ...

Пелистер натпреварот од второто коло на Втората македонска фудбалска лига против Брера Струмица наместо во Битола ќе го игра во Кавадарци. Со тоа битолчани ќе мора да патуваат во Кавадарци за да го следат натпреварот на Пелистер, а причината е обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а влезот ќе биде слободен. „Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од ...

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп добива нов лик и повторно е подготвен да биде сцена за фудбалски натпревари. По периодот на запоставеност и нарушување на состојбата на зелените површини и инфраструктурата, направена е целосна рехабилитација на стадионот. Како што информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со ЈКП „Водовод и канализација“ и Локалната самоуправа, на одредени делови е поставена нова бусен-трева, извршено е ...

Во село Ораовица ќе се одржи посебен спортски настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, со кој се испраќа јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат, да стекнуваат нови пријателства и да започнат ново спортско поглавје. Настанот ќе се одржи во недела, 23 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на фудбалскиот терен во Ораовица, во вечерен термин под рефлектори. Во рамки ...

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку договор за партнерство и спонзорство, со кој дополнително се зајакнува поддршката за медицинската грижа во македонските национални селекции. Како дел од соработката, ВИА ФАРМ ќе обезбедува медицински средства и суплементи потребни за репрезентативните тимови, со што ќе се создадат уште подобри услови за здравствена грижа, регенерација и подготовка на ...

Охрид повторно живее за ракометот. Од денеска до 22 август, спортската сала „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на петтото, јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој годинава носи исклучително силна конкуренција и осум екипи подготвени за четири дена ракометни возбудувања. Турнирот е поделен во две групи. Во групата А се домаќинот ГРК Охрид, Загреб, младинската репрезентација на Египет и Војводина. Во групата ...

КК ТФТ продолжува да го гради својот состав со фокус на младите и перспективни македонски кошаркари, па во клубот пристигнуваат Матеј Митревски и Григориј Ѓорѓевиќ од редовите на КК Вардар. Митревски има 19 години и настапува на позицијата бек-шутер. Станува збор за млад и перспективен кошаркар кој во дресот на ТФТ ќе добие можност за понатамошен развој и докажување, како во Првата македонска лига, така и на регионалната сцена во АБА2-лигата. ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје вчера го одработија првиот тренинг во пресрет на новата сезона, во која ги очекуваат настапи на три фронта – домашната Суперлига, АБА2-лигата и ФИБА Еврокупот. Шефот на стручниот штаб Васко Атанасов на располагање го имаше поголемиот дел од составот, а подготовките започнаа во позитивна и работна атмосфера. Амбициите на клубот остануваат високи – борба за сите домашни трофеи, но и успешен настап во регионалното и ...

МКК Куманово го официјализираше ангажманот на Алек Петкоски, кој во новата сезона ќе биде дел од составот на кумановскиот клуб. Петкоски е роден на 16 октомври 2004 година, висок е 190 сантиметри и настапува на бековската позиција. Во досегашната кариера има настапувано за КК Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата на Македонија. Новиот кошаркар на МКК Куманово претходно беше дел и од екипите на ТФТ и Феникс 2010, а има и репрезентативно ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, со акцент на млади и перспективни ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет во бековската линија. Нов член на битолскиот суперлигаш е 18-годишниот Марин Крстевски, кој пристигнува од Мулти Есенс. Младиот среден бек зад себе има успешни настапи во младинските категории, каде со својот поранешен клуб освојуваше трофеи, а воедно е и репрезентативец на ...

По пауза од цели 20 години, ФК Јуниор од Доброшане повторно се враќа во Третата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои шампионското место во Општинската фудбалска лига во Куманово и обезбеди пласман во повисок ранг. Екипата веќе три недели ги одработува подготовките за новата сезона во Трета лига – регион 2, а досега одигра и два контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ја темпира формата и го подготвува тимот за ...

Ракометната Академија на РК Младост 1977 продолжува со уписите на нови членови, а можност да станат дел од школата имаат момчиња и девојчиња родени 2014 година и помали. Академијата е предводена од врвни спортисти и поранешни репрезентативци, со јасна цел преку тим, дисциплина и спортски дух да се создаваат нови ракометни генерации. Тренинзите во Богданци започнуваат на 24 август 2026 година од 17:30 часот, во спортската сала „Млаз“, а ќе се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Калај

46.54