Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, денеска во бугарското министерството за надворешни работи се сретна со градоначалникот на општина Нијагарини Водопади, Канада, Џим Диодати, кој престојува во посета на Бугарија со цел зајакнување на културната дипломатија. Средбата се одржува во пресрет на 60-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Бугарија и Канада. Двајцата изразија уверување дека оваа ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец. Тој се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Имено според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од ...
Од Општина Карпош изразуваат сериозна загриженост за зачестените случаи на вандализам и оштетување на урбаната опрема и детските игралиштата на цела територија на општината. Во изминатиов период, наведуваат од општината, е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема. Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на ...
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во ...
Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата на власт, Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа. „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо ...
Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше, кажа Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ на денешната прес-конференција. „Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување ...
Бугарија и Турција споделуваат заеднички интерес за проширување на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност, која е од значење за целиот регион. Ова го изјави премиерот Румен Радев пред медиумите во Народното собрание, по учеството на парламентарната контрола, одговарајќи на прашање за вчерашниот разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан. „Разговаравме за широк спектар прашања од нашата билатерална ...
Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 78-годишниот Ш.А. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија ...
Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста. Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски, истакна денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Во 2021 година ВМРО, потсети таа, поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар. „До каде беа подготвени да одат кога беа во ...
Денес градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски додели 57 стипендии на најдобрите ученици од основните училишта, информираат од општината. „Под мотото „Со срце учам, со знаење успевам” локалната самоуправа ја продолжи традицијата, за наградување на најуспешните ученици“. Денес беа доделени стипендии во вредност од 12.000 денари, на 11 првенци на генерација, во три наставни јазици (македонски, албански и турски). На најдобрите ученици ...
Д-р Жан Митрев е еден од десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки. Ова признание доаѓа од истражувањето спроведено во рамки на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети, а за истото му е доделен и сертификат. На денешната манифестација на доделувањето на сертификатите присутни беа проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стоицовски, кој во име на д-р Митрев го прими признанието, односно сертификатот. ...
„Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што систем нема. Затоа борбата против корупцијата е во срцето на нашата ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Roam Like at Home“ — „Роаминг како дома“. На состанокот, кој се одржа преку видеоконференциска врска, се разговараше за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори во процесот и подготвеноста на земјите од Западен Балкан за пристапување кон ...
Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот М.К. од село Мала Речица, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на Владата и министер за ...
Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, извести Министерството за локална самоуправа. Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое покрај класичните цигари постојат електронски цигари, ...
Вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 25-годишниот Б.С. од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З.. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и ...
„Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека Постапките за јавна набавка за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир“, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир“ и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март“ се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, ...
Решението е само едно, македонските лидери навистина да бидат Македонци какви што тврдат дека се и навистина да го штитат македонскиот дневен ред. Да не прават шоу на би рекол англиски со ниско ниво на TOEFL. Ова во утринската програма на БТВ го изјави новинарот и сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС, Љубчо Нешков. Според Нешков огромната поддршка на во македонската јавност за ЕУ се должи на тоа што токму Македонците ја ...
„Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија“, велат од СДСМ. „Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот ...
Вчера во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Република Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Вчера во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија ...
„Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир. Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот кога со општината раководел Изет Меџити“, велат од ДУИ. „Она што ...
Веста за донесената судска пресуда против познатиот македонски Бугарин Драги Каров од Велес, кој денеска беше осуден условна казна затвор од една година затвор, со три години условен рок, поради објава на социјалните мрежи, предизвика реакции во јавноста. Во објава на Фејсбук, Љупчо Ѓорѓиевски, прв човек на веќе забранетиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола, оцени дека носењето осудителна пресуда за публикација на социјалните мрежи е недозволиво ...
Германија мора да се подготви за можен руски напад до 2029 година, а можеби и порано, изјави за “Политико“ генералниот инспектор на германската армија (де факто врховен командант на германската армија) Кристијан Фројдинг. „Мора да бидеме подготвени. Мора да бидеме подготвени за борба“, рече генерал-потполковник Фројдинг на воздушниот саем ILA во Берлин. Тој истакна дека постои широк консензус меѓу сојузниците дека Русија би можела да нападне ...
Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Успешно заврши тридневната интензивна обука за пребарување и спасување во урбана средина, која ја спроведе Специјалната единица за справување со катастрофи (ΕΜΑΚ) на Противпожарната служба на Република Грција. Обуката беше организирана од Амбасадата на Република Грција во Северна Македонија, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и со спонзорство од авиокомпанијата AEGEAN која обезбеди воздушен превоз. Програмата беше ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика сите компании кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат условите предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестиции да ја искористат можноста за државна поддршка и навремено да поднесат барање до Министерството за економија и труд. Министерот потсети дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 15 јуни и ги охрабри компаниите да ја искористат оваа можност за ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период ...