Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Откако Кристијан Ериксен доживеа нов здравствен проблем за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, во јавноста се обрати докторот на данската репрезентација Мортен Боесен и ги изнесе првичните претпоставки за тоа што можело да доведе до инцидентот. Искусниот играч од средниот ред се сруши на теренот среде натпревар, што предизвика загриженост кај соиграчите, стручниот штаб и навивачите. Ериксен брзо доби медицинска помош, по ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот продолжува со Ѓорѓи Христов, ...
Денеска во Охрид, се одржа официјалниот собир на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа. Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации. По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плоцк, Полска. Распоред на ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата Ц во која Бразил се истакнува како прв фаворит, а ...
Со договор за значителна годишна финансиска поддршка од eден милион евра, Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, како и други членови на компанијата и клубот Во Новоматик Македонија во чија групација се светски ...
Уште еден повремен македонски репрезентативец се враќа во тимот на Вардар. Бојан Димоски е пред финализација на договорот со црвено-црните и ќе настапува за екипата во новата сезона во која ќе се напаѓа двојната круна и се посакува долго европско лето. 24-годишниот лев бек играше за ТСЦ од Србија на позајмица, но по испаѓањето на клубот во понизок ранг се врати во Русија каде е член на Акрон. Димоски одлучи да се врати во екипата каде ја ...
Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на фудбалскиот шампион Вардар. Ова беше потврдено денеска на прес-конференција на која учествуваа претставници на Новоматик и фудбалскиот клуб од Скопје. На почетокот од своето обраќање капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот тим упати јавна благодарност до Новоматик Македонија „Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и ...
Македонскиот репрезентативец Стефан Деспотовски се наоѓа во фокусот на повеќе европски клубови, пренесува реномираниот фудбалски инсајдер Руди Галети. Според неговите информации, за 23-годишниот фудбалер постои сериозен интерес од екипи од Белгија, Русија и Турција, додека клубови од Полска, Швајцарија и Австрија внимателно ја следат неговата ситуација. Деспотовски, кој моментално настапува за ОФК Београд, влегува во последната година од ...
Фудбалерот Фатјон Буњаку трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 22-годишна возраст, потврди Фудбалскиот сојуз на Косово. Несреќата се случила во неделата наутро на патот меѓу Митровица и Приштина, во близина на Максунај. Според информациите од косовските власти, во судирот биле повредени уште три лица, а Буњаку подоцна им подлегнал на повредите. За околностите на несреќата е отворена истрага. Буњаку во кариерата настапуваше за ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) повлече чекор по бурните реакции од јавноста и навивачите околу правилата за Светското првенство 2026. Откако првично беше најавено дека посетителите нема да смеат да внесуваат вода на стадионите, светската куќа на фудбалот реши делумно да ја ублажи контроверзната одлука. Новите правила предвидуваат секој гледач да може со себе да внесе едно фабрички затворено шише вода од мека пластика, со капацитет до ...
Јаник Синер и Карлос Алкараз останаа на двете водечки позиции на АТП ранкингот. Италијанецот беше рано елиминиран на Ролан Гарос, а Шпанецот воопшто не настапи поради повреда, но и покрај тоа имаат висока предност пред конкуренцијата. Синер на врвот има 13.500 поени, додека Алкараз е на 9.960. Освојувачот на трофејот во Париз, Александер Зверев остана на третото место, меѓутоа собра 7.305 поени на своето конто. Феликс Оже-Алијасим скокна две ...
Нема промени на врвот на ВТА рангирањето, иако Арина Сабаленка беше рано елиминирана од тукушто завршениот Ролан Гарос. Белорусинката испадна во четвртфиналето, меѓутоа со 9.090 поени е на првото место, додека втора е Елена Рибакина со 8.143. Третото место го зазема Ига Швјонтек, а зад неа во топ десет се Пегула, Анисимова, Андреева, Гоф, Свитолина, Мбоко и Мухова. Хитот од Париз, полската тенисерка Маја Хвалинска која играше финале ...
Кошаркарот на Олимпијакос, Донта Хол, е пред трансфер во Макаби Тел Авив, каде се очекува да настапува во следните две сезони. Израелскиот евролигаш активно работи на засилување на ростерот, а центарот е една од главните цели на клубот во летниот преоден рок. Хол, кој е познат по својата атлетска игра, блокади и игра над обрачот, зад себе има солидни настапи во Евролигата. Неговите квалитети го прават интересна опција за Макаби, кој сака да ...
Шпанскиот гигант Барселона е приморан да подигне нов кредит за завршување на реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“, откако трошоците за еден од најголемите инфраструктурни проекти во европскиот фудбал ги надминале првичните проценки. Според шпанските медиуми, раководството на каталонскиот клуб подготвува план за дополнително финансирање на проектот, кој веќе беше обезбеден со пакет од 1,45 милијарди евра. Сепак, поради растот на цените на ...
Непријатни вести пристигнуваат од Соединетите Американски Држави, каде што се случи престрелка со огнено оружје во близина на базата на англиската репрезентација пред почетокот на Светското првенство. Според информациите од локалните медиуми, полицијата интервенирала по пријава за истрели на булеварот Траст во Канзас Сити, неколку километри од на хотелот каде што е сместена делегацијата на Англија. По пристигнувањето на местото на настанот, ...
Италија е нов европски шампион во конкуренција до 17 години, откако во драматичното финале на Европското првенство ја совлада Белгија по изведување пенали со 4-3, по нерешените 1-1 во регуларниот дел. Финалниот натпревар во Талин понуди голема борба и мал број шанси, а изгледаше дека Белгијците ќе стигнат до трофејот по голот на Ноа Охеа во 85. минута. Сепак, кога се чинеше дека победникот е решен, Италија доби пенал во судиското продолжение. ...
Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски имаше неверојатен тркачки викенд на патеката „Еце Хомо“ во Чешка во Штернберк. Откако на првата трка Иџе имаше страшно излетување и сериозно го оштети автомобилот, делуваше дека викендот е загубен. Сепак, потоа Македонецот и неговиот тим со напорна работа го оспособија автомобилот на импровизиран начин за тој да се појави на патеката и за второто возење. Токму во него Иџе освои трето место и се ...
Флорентино Перез останува на чело на Реал Мадрид, откако според првичните резултати убедливо победи на претседателските избори во клубот. Излезните анкети покажуваат дека Перез освоил 65% од гласовите, додека неговиот противкандидат добил 35% поддршка. Се очекува во наредните денови резултатите и официјално да бидат потврдени. Шпанските медиуми веќе шпекулираат дека новиот мандат на долгогодишниот прв човек на „кралскиот клуб“ ќе биде ...
Според информациите на повеќе кошаркарски портали, литванскиот Жалгирис го договорил трансферот на досегашниот играч на Виртус Болоња, Карсен Едвардс. Екс-кошаркарот на Бостон, Детроит, Фенербахче и Баерн Минхен ја заврши сезоната како еден од најдобрите стрелци во Евролигата, просечно бележејќи 17,3 поени по натпревар. Во Жалгирис го гледаат како замена за Силвијан Франциско, кој веќе ги договорил личните услови со францускиот Асвел. ...
Ко-домаќинот на Светското првенство, Канада, ќе мора да настапи без централниот дефанзивец Моиз Бомбито (26) на претстојниот Мундијал, кој заеднички го организираат Канада, САД и Мексико. Иако долго време постоеја сомнежи околу неговата подготвеност, надежите се зголемија откако фудбалерот на Ница настапи на пријателскиот натпревар против Узбекистан, каде одигра околу 30 минути. Сепак, и по тој настап, Бомбито повторно почувствувал болка и ...
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен, јавно застана во одбрана на Мохамед Салах по критиките што неодамна беа упатени кон египетскиот фудбалер. Хрватот остро реагираше на коментарите на Џејми Карагер, оценувајќи ги како неправедни и несоодветни кон играч кој со години е еден од најважните членови на тимот. „Карагер зборува кога треба и кога не треба. Девет години молчеше за Салах, а сега го критикува и се чуди зошто не постигнал ...
Искусниот голман Јан Зомер заминува од екипата на Интер и ќе ја продолжи кариерата на друга дестинација, јавија италијанските медиуми. Она што се претпоставуваше, сега добива и потврда, што значи дека актуелниот шампион на Италија сигурно ќе има нов чувар на мрежата за следната сезона. Засега, најавено е дека прв голман ќе биде Хозеп Мартинез, но не е исклучена и можноста за доведување уште еден квалитетен голман. Зомер ги бранеше боите на ...
Фудбалската репрезентација на Хрватска го доби последниот натпревар пред Светското првенство во Вараждин против селекцијата на Словенија (2-1). Натпреварот на „Градскиот стадион Вараждин“ му припадна на домаќинот, а сите три гола паднаа во второто полувреме. Откако мируваа мрежите во првите 45 минути, резултатот беше отворен на стартот на продолжението, а стрелец беше капитенот Лука Модриќ. Ветеранот добро биеше од околу 17-18 метри и донесе ...
Управата на Њујорк Никс воведува посебни безбедносни мерки за третиот натпревар од НБА финалето поради најавеното присуство на американскиот претседател Доналд Трамп во „Медисон Сквер Гарден“. Според информациите од американските медиуми, локалните и федералните безбедносни служби подготвиле засилени протоколи за заштита, што значително ќе ја промени организацијата на натпреварот. Околината на арената ќе биде под засилена контрола, а дел од ...
Бразилската репрезентација направи принудна измена во составот за Светското првенство, откако Едерсон доби дополнителен повик и ќе му се приклучи на националниот тим во САД. Промената доаѓа по повредата на Весли, кој по деталните лекарски прегледи го напушти кампот на репрезентацијата. Магнетната резонанца покажа мускулна повреда на левата натколеница, поради што стручниот штаб мораше да реагира и да повика замена. „По поставената дијагноза, ...
Кристијан Ериксен одново имаше незгодна ситуација и загуби свест среде натпреварот на Данска против Украина кој имаше пријателски карактер. Иако падна на тревникот, ситуацијата не беше драматична како пред неколку години. Играчите на двете селекции веднаш го заобиколија, на теренот дојде и неговата сопруга па заедно заминаа во болница. Првите информации од Данска за инцидентот во кој се најде Ериксен се смирувачки. За состојбата на данскиот ...
Германецот Александар Зверев, по освоениот прв Грен слем трофеј во кариерата, изјави дека конечно му се исполнил детскиот сон и среќен е што влегол во одбрано друштво на тениски великани. Зверев го совлада Флавио Коболи со 3-2 во финалето на Ролан Гарос и конечно се закити со титула од најпрестижните АТП турнири. „Мислам дека овој момент нема да го заборавам никогаш. Остварување на детскиот сон, ова беше голема мечта за мене. Конечно сум таму ...
Фудбалскиот свет повторно остана без здив поради Кристијан Ериксен. Данскиот репрезентативец пак се „сруши“ на тревникот во текот на пријателскиот натпревар против Украина во Одензе. Веднаш Ериксен беше обиколен од фудбалерите на двете репрезентации. Потоа се случи и емотивен момент, бидејќи сопругата на Ериксен влезе на теренот загрижена за неговата состојба, а потоа заедно со него спроведени и покриени од страна на фудбалерите дојдоа до ...
Филип Кузмановски имаше уште еден одличен настап на Азиското клупско првенство и беше меѓу најзаслужните за новиот триумф на Кувајт Спорт Клуб. Тимот на македонскиот репрезентативец ја забележа втората победа на турнирот, откако слави против Ал Наџма од Бахреин со 30-26. Кузмановски одигра одличен натпревар и шест пати ја затресе противничката мрежа. Неговиот придонес беше награден со признанието за најкорисен играч на средбата, иако најдобар ...
Германецот Александар Зверев конечно ја освои својата прва Грен слем титула, откако триумфираше во финалето на Ролан Гарос, надигрувајќи го Италијанецот Флавио Коболи со 3-2 во сетови (6-1, 4-6, 6-4, 6-7/5 и 6-1). Зверев започна со доминантен прв сет, но Коболи покажа зошто е финалист и возврати во вториот, но потклекна во третиот сет, иако имаше шанса за нов брејк, со кој можеше да внесе поголема неизвесност. Во четвртиот сет видовме ...