Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години вечерва заминува за Таранто, Италија, каде ќе настапи на Медитеранските игри. Селекторот Александар Таневски и покрај сите проблеми, со оптимизам гледа на настанот кој следи, за кој вели дека е филтер за иднината на македонската У21-селекција. „Пред нас е специфичен и тежок турнир, со три натпревари за само шест дена против квалитетни репрезентации Тунис, Турција и Мароко. Поради тоа што ...
Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години вечерва заминува за Таранто, Италија, каде ќе настапи на Медитеранските игри. Селекторот Александар Таневски мораше принудно да менува двајца играчи пред заминувањето за Италија, а голем хендикеп е што селекцијата која е филтер за играчите кои одат од помладата во постарата селекција и е влог за иднината, ќе го нема капитенот Димитар Данев од Вардар. Од првичниот објавен список, меѓу ...
Грчкиот кошаркар Никос Плотас е ново засилување на Олимпијакос, потврди актуелниот европски шампион. 22-годишниот Плотас стави потпис на петгодишен договор со еден од најдобрите грчки клубови. Плејмејкерот зад себе има одлична сезона, во која беше прогласен за најдобар млад играч во грчкото првенство. Плотас минатата сезона настапуваше за Промитеас. Во домашниот шампионат просечно постигнуваше 5,5 поени, со 1,8 скока и 1,2 асистенции по ...
Навивачки организации од повеќе делови на светот започнаа петиција со која бараат претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, итно да се повлече од функцијата. Иницијативата, која се шири под хаштагот #InfantinoOut, доаѓа по контроверзниот план на првиот човек на светската фудбалска организација да им понуди дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Во петицијата се бара не само оставка на Инфантино, туку и ...
Фудбалскиот магионичар Роналдињо повторно е во центарот на вниманието во Италија. Легендарниот Бразилец пристигна во земјата, каде што вечерва ќе биде специјален гостин на претставувањето на составот на Равена, клуб со кој неодамна склучи договор. Роналдињо слета со приватен авион на аеродромот во Форли, кој се наоѓа на околу 30 километри од Равена. По пристигнувањето, расположениот Бразилец им потпиша неколку фудбалски топки на вработените, ...
Повторно неизвесни „облаци“ надвиснале над Прилеп и иднината на Победа. Сепак, како светло на крајот на тунелот се јавува можна иницијатива за организирање и преземање на клубот. Се најавува нова ера и продолжување на успесите од минатото. „Постојат моменти кога минатото и иднината се среќаваат, кога нешто што се сметало за заборавено почнува повторно да дише. Наследство изградено низ генерации, пренесено низ спомени, страст и срцата на оние ...
Јан Диоманде имаше подолго интервју за шпанскиот медиум „АС“ по трансферот во Реал Мадрид. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска пристигна во Мадрид со огромни очекувања, а самиот трансфер го опиша како остварување на детскиот сон. Тој откри детали за трансферот во шпанскиот гигант, односот со Жозе Мурињо и фудбалерите кои оставиле најголем белег врз неговата кариера. „Ова е мојот нов дом. Среќен сум што сум тука и што сум дел од ...
Џеј Краудер ќе биде нов кошаркар на Асвел, откако францускиот клуб постигна договор со искусниот американски крилен кошаркар. 36-годишниот крилен кошаркар пристигнува со огромно НБА-искуство и треба да биде едно од најзвучните засилувања за екипата која ја предводи Тони Паркер. Краудер во најсилната светска лига настапуваше од 2012 до 2025 година, носејќи го дресот на Далас Маверикс, Бостон Селтикс, Кливленд Кавалирс, Јута Џез, Мемфис ...
Американскиот тенисер Тејлор Фриц обезбеди место меѓу најдобрите осум на Mастерс турнирот во Синсинати, откако во осминафиналето го совлада Австралиецот Кристофер О’Конел со 6-4 и 6-3. Мечот траеше еден час и 17 минути, а Фриц одигра сигурно во клучните моменти. Деветтиот тенисер на АТП-листата направи по еден брејк во двата сета, што му беше доволно за убедлив триумф. За место во полуфиналето, Фриц ќе се соочи со Брендон Накашима. ...
Соколи 1933 го комплетираа ангажманот на американскиот кошаркар Џеј Пал, кој ќе биде ново засилување за тимот во пресрет на новата сезона. Станува збор за 206 сантиметри висок и атлетски ориентиран кошаркар, кој зад себе има богато искуство од НЦАА-лигата. Пал настапуваше за Џексонвил Стејт, Кембел и Сан Диего Стејт. По завршувањето на колеџ-кариерата, Пал играше и надвор од САД, настапувајќи во Грузија, Белгија и Мексико. Минатата сезона го ...
Црвена Звезда тргна по Бамба Диенг и веќе испрати понуда за 26-годишниот сенегалски напаѓач. Станува збор за фудбалер кој според „Трансфермаркт“ е проценет на 15 милиони евра. Диенг летово беше на чекор до трансфер во Лацио, со кого претходно постигна договор, но зделката пропадна во последен момент. На лекарските прегледи била утврдена повреда на коленото, по што италијанскиот клуб се откажа од ангажманот. Токму оваа ситуација сака да ја ...
Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите и на 59 години. Напаѓачот постигна два гола од пенал во убедливата победа на Фукушима Јунајтед над Ојама со 7-0 во Царскиот куп на Јапонија. Со двата погодоци, Миура стана најстариот стрелец во историјата на најстарото јапонско фудбалско натпреварување, кое годинава се одржува по 106. пат. „Кинг Казу“ беше еден од клучните играчи во убедливиот триумф на ...
Koшаркарската селекција на Австрија направи промена во ростерот во пресрет на августовскиот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2029, а оваа промена е особено значајна и од аспект на натпреварот со Македонија во Виена. Селекторот Арамис Наглич го повика Ерик Диц на местото на Даниел Кепел, кој сè уште не е целосно закрепнат од терапијата со матични клетки на левото колено и нема да биде во составот за претстојните натпревари. Диц ќе ...
Фудбалската федерација на Македонија ја утврди ждрепката за 1/16-финалето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека актуелниот освојувач на Купот, Силекс, е слободен и директно ќе настапи во 1/8-финалето. Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 Могила 2023 – Арсими 1973 БВК Коњаре – Башкими 1947 Студеничани – Пелистер Венец Неготино ...
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, потпиша нов договор со Ред Бул и ќе остане во тимот до крајот на 2030 година. Со новиот договор, Холанѓанецот стави крај на шпекулациите околу својата иднина, откако во изминатиот период беше поврзуван со можен трансфер во Мерцедес или Мекларен. „Ги имаме најдобрите луѓе и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно и ќе се обидеме повторно да се вратиме на врвот“, ...
Ибрахима Конате официјално беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид, откако францускиот дефанзивец потпиша договор со шпанскиот гигант до 30 јуни 2030 година. Конате беше пречекан од претседателот Флорентино Перез во клупските простории, каде што го стави потписот на четиригодишниот договор. По официјализацијата, 27-годишниот Французин кој ќе го облече дресот на „кралскиот клуб“ го избра бројот 16. Acto oficial de bienvenida de ...
Роберт Рикиќ и во новата сезона ќе го носи дресот на Работнички, откако искусниот центар потврди дека останува во редовите на скопскиот клуб. „Голем поздрав до нашите верни навивачи. Со големо задоволство потврдувам дека ќе го носам истиот дрес (на Работнички) и наредната сезона. Сметам дека имаме недовршена работа на паркетот и се надевам дека со вашата поддршка и атмосфера каква што знаете да направите само вие, ќе дојдеме до заедничките ...
Големо изненадување се случи во осминафиналето на турнирот во Синсинати, каде што најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го заврши својот настап по поразот од 20-годишната Чехинка Сара Бејлек. Младата Бејлек ја запиша најголемата победа во досегашната кариера, совладувајќи ја првата тенисерка на ВТА листата во два сета. Особено драматичен беше првиот сет, во кој одлуката падна во тај-брејкот. Чехинката остана посмирена во клучните ...
Кошаркарскиот клуб го претстави своето прво странско засилување за новата сезона. Станува збор за американскиот плејмејкер Кам Хамилтон, кој доаѓа од Шарлот, Северна Каролина. Хамилтон ќе биде првиот Американец во составот, а во новата средина пристигнува со меѓународно искуство стекнато во неколку различни првенства. Покрај настапите во САД, во досегашната кариера играше и во Албанија, Кипар и Полска. Особено импресивна за Хамилтон беше ...
Манчестер Сити повторно го насочи вниманието кон Јужна Америка во потрага по млади таленти. На радарот на англискиот гигант се најде 19-годишниот Леонел Флорес, еден од најперспективните фудбалери на Бока Јуниорс. Според информациите од Аргентина, „граѓаните“ внимателно ја следат ситуацијата околу младиот фудбалер, чија откупна клаузула во актуелниот договор изнесува 15 милиони евра. Токму релативно ниската клаузула ги загрижи челниците на ...
Ракометарите на Прилеп продолжуваат со подготвителниот период, а следен тест за екипата на Наум Танески ќе биде настапот на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Стратегот на прилепчани очекува силни натпревари кои ќе му дадат појасна слика за можностите на целиот ростер. Прилеп досега одигра неколку квалитетни контролни натпревари, а настапи и на турнирот во Струга, каде што го освои третото место зад Охрид и Вардар. „Првиот ...
Кошаркарскиот клуб Кожув продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а ново име во составот од Гевгелија е Михаил Стојанов. Станува збор за 21-годишен македонски бек, висок 185 сантиметри, кој во изминатите сезони го носеше дресот на ТФТ Скопје. Стојанов во скопскиот клуб собираше искуство на домашната сцена, но доби можност да настапува и во регионалната АБА 2 лига. Токму во ова натпреварување минатата сезона имаше ...
Во рамките на глобалниот фудбалски развој беше одржан еднодневен семинар во организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), посветен на темата „Фудбал во училиште“. Семинарот беше насочен кон анализа на фудбалскиот потенцијал и можностите за развој и просперитет кај учениците и ученичките, односно кај децата од Македонија и од целиот свет. Во фокусот беа можностите за унапредување на училишниот фудбал и создавање услови за младите ...
Прилепска Победа започна со засилување на играчкиот кадар во пресрет на новата сезона во Третата лига – Југ. По ангажманот на новиот тренер Тони Наумовски, клубот веќе договори неколку нови имиња. Во екипата пристигнуваат Игор Паноски, Роберт Димитриески и Христијан Митрески, фудбалери кои ги минале младинските категории на Победа. По закрепнувањето од повредите на располагање ќе бидат и Дарио Наумовски и Филип Стомнароски. Наумовски најави ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со оформувањето на ростерот за новата сезона, а во редовите на младата битолска екипа се врати десниот бек Лука Георгиевски. Георгиевски повторно ќе го носи „зелено-белиот“ дрес и ќе претставува дополнителна опција на десната бековска позиција во пресрет на официјалните предизвици. Битолчани синоќа имаа силна проверка против првиот тим на Еурофарм Пелистер и загубија во „братското дерби“ во спортската сала „Боро ...
Лионел Меси повторно се запиша во листата на стрелците, но овојпат неговиот погодок имаше многу поголемо значење од самиот резултат. Аргентинската ѕвезда постигна гол за Интер Мајами во ремито против Филаделфија (2-2), а прославата беше исполнета со силни емоции по семејната трагедија која неодамна го погоди. Меси претходно овој месец остана без својот татко и долгогодишен агент, Хорхе Меси, а според информациите од медиумите, трагедијата ...
Натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра на друга локација од првично предвидената. Од клубот од Кавадарци информираат дека утрешната пресметка ќе се игра на терените на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Промената се однесува само на местото на одигрување, додека терминот останува непроменет. Натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш ќе започне во 17:00 часот. Натпреварот меѓу ...
Новото засилување на „кралскиот клуб“, Бернардо Силва, привлече големо внимание со својата изјава за големината на Реал Мадрид, а неговите зборови веднаш отворија простор за различни толкувања, особено поради сè што во изминатиот период се случуваше околу трансферот на Родри. Португалецот зборуваше за тоа како е да се игра за клуб кој има освоено дури 15 трофеи во Лигата на шампионите и потенцираше колку за него значи носењето на дресот на ...
Благој Хаџи-Кимов игра се подобро под водство на новиот тренер на Брегалница, Никола Кузманов. Тој се стандардизира во срцето на одбраната и претставува сигурен бедем во сопствениот шеснаесетник. Во пресрет на натпреварот против Башкими, во рамки од четвртото коло од новата сезона во ПМФЛ, Хаџи-Кимов за клубските медиуми изјави: „Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер официјално ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2026/27. Битолчани во новиот циклус влегуваат со променета структура и нова визија, а амбицијата е во следниот период да се изгради конкурентен тим. На чело на екипата застана искусниот стратег Тане Спасев, кој со Пелистер потпиша едногодишен договор. Негов асистент ќе биде Владимир Николовски, со што клубот обезбедува континуитет во работата со ...