Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Барселона вложи сериозни напори ова лето да го доведе Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид повторно ја одби понудата на каталонскиот гигант. Поради тоа, спортскиот директор Деко веќе се насочил кон алтернативните решенија, а се чини дека клубот го избрал новиот напаѓач. Алварез беше првата желба на Барселона за засилување на нападот, но Атлетико останува категоричен дека аргентинскиот голгетер не е на продажба. По последната одбиена понуда, ...
Атлетико Мадрид ја победи Малага со 2-0 (0-0) во натпреварот од првото коло на шпанската Примера. Средбата на „Ванда Метрополитано“ не понуди погодоци во првиот дел, меѓутоа во продолжението тимот на Диего Симеоне стигна до победата. Чоло натпреварот го започна без Хулијан Алварез, кој остана надвор од составот поради неизвесноста околу неговата иднина, а во нападот шанса доби Адемола Лукман. По мирното прво полувреме без голови, домашниот ...
Фудбалерите на Селтик сигурно го добија првиот плеј-оф меч во квалификациите за Лигата на шампионите против ЛАСК со 3-0 (2-0). Натпреварот на „Селтик Парк“ беше еднонасочен и домашната екипа покажа дека е ниво над австрискиот противник. Резултатот беше отворен во 26. минута со погодокот на Бенџамин Нигрен кој даде ефектен погодок (1-0). До полувремето Шкотланѓаните успеаја да ја удвојат позитивата преку Камило Дуран (2-0), а истиот фудбалер ...
Барселона го освои пријателскиот турнир „Гампер Трофеј“, откако ја совлада екипата на Ал-Ахли со 2-1 (2-0) на „Камп Ноу“. Овој натпревар беше искористен за промоција на новите засилувања, па така Родри првпат се појави пред каталонските навивачи и доби овации. <<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Родри претставен на „Камп Ноу“, но Кансело се налути и разочара! Резултатот во Каталонија го отвори летниот хит на Барселона, младиот Хамза Абдулкарим ...
Барселона игра пријателски натпревар против Ал-Ахли во рамките на „Гампер купот“. Тоа беше искористено за на „Камп Ноу“ да биде претставено најновото големо засилување Родри. Шпанскиот репрезентативец и освојувач на „Златната топка“ од 2024 година беше пречекан од навивачите со овации, излезе на теренот и ги поздрави назад. Тој во Барселона покажа дека ќе го носи дресот со број 16. Rodri gets number 16 at Barcelona, as reported. Here ...
Ромелу Лукаку отворено проговори за своето искуство во Наполи и призна дека периодот во италијанскиот клуб бил исклучително тежок за него. Белгискиот напаѓач, кој кариерата ја продолжи во Фенербахче, не крие дека сака што побрзо да го заборави времето поминато во Неапол. Покрај проблемите на теренот, Лукаку се соочувал и со тешки моменти во приватниот живот. „Тоа беше најлошата година во мојот живот“, кратко и јасно порача Лукаку во интервју ...
Челниците на Баерн Минхен се сериозно загрижени за состојбата на Џамал Мусиала, но во исто време германскиот гигант сака да му даде целосна поддршка на својот млад фудбалер. Во клубот наводно му ставиле до знаење дека здравјето е на прво место и дека ќе ја поддржат секоја одлука што Мусија ќе ја донесе во иднина. Баерн дури му ветил дека, доколку фудбалерот одлучи привремено да се повлече од фудбалот, ќе го чека онолку долго колку што ќе биде ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер со состанок и прв тренинг означи старт на новата подготовките за новата сезона. Првата прозивка ја имаше новиот кормилар Тане Спасев кој ја доби довербата да го води тимот и ги сподели првите импресии. „Чест ми е пак да работам во македонската кошарка. Пелистер е клуб со реноме. Уште од моите младински денови брендот значеше во македонската кошарка многу. Битола е еден од најубавите градови во Македонија, освен ...
Ракометарите на Охрид убедливо го совладаа тимот на Војводина (29-19) во натпревар кој имаше двојна улога, бидејќи беше дел од второто коло на меморијалот „Крсте Андоновски“, но се броеше и за новата Регионална лига. Домаќинот во салата „Билјанини извори“ одигра одличен натпревар, во целост го надигра противникот и на крајот убедливо триумфира. Гостинот прв поведе преку Срдановиќ, ама Јагуриновски, Ојлески и Кеита донесоа водство за Охрид од ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа во пријателски тренинг натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 39-17. Ова беше првиот претсезонски тест за битолчани кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“. Меѓу другото, ова беше и премиерен меч на Лино Червар на клупата на Еурофарм Пелистер. Веќе традиционално, со меч меѓу пелистерци и „двојката“ стартуваше уште една сезона на двата клуба. Битолската публика знаеше да го дочека ...
Соколи 1933 продолжува да го засилува ростерот за новата сезона во која очекува да настапува во Суперлигата, откако клубот официјално ги претстави Ивица Димчевски и Хусеин Бајрам. Димчевски во тимот пристигнува со големо прволигашко искуство. Искусниот бек е поранешен македонски репрезентативец и освојувач на Купот на Македонија, а во Соколи 1933 треба да донесе дополнителна сигурност и квалитет во составот. Во кариерата тој беше дел од ...
Рома продолжува да го засилува тимот со млади и перспективни фудбалери. Клубот од главниот град на Италија денеска потврди дека го ангажираше 19-годишниот Родриго Мора од Порто. Мора со Рома се обврза на соработка до 2031 година, додека според информациите на италијанските медиуми, Порто од трансферот ќе заработи 25 милиони евра. Во својот нов клуб, португалскиот талент ќе настапува со бројот 86. Мора е фудбалер кој целосно се развиваше во ...
Холанѓанецот Тијани Реијндерс официјално го напушти Манчестер Сити и потпиша договор со саудискиот клуб Ал-Кадсија, јави англискиот премиерлигаш. Трансферот беше најавуван повеќе денови, а „граѓаните“ за неговите услуги ќе инкасираат сума од 60 милиони евра. Реијндерс пристигна како големо засилување од Милан, но бргу ја загуби првотимската улога и повеќе седеше на клупата за резерви. Ал-Кадсија веќе го објави новото засилување, од кое се ...
Иако деновиве силно се шпекулираше дека Дарвин Нуњез ќе премине во турскиот Трабзонспор и повторно ќе игра со Мохамед Салах, сепак, такво нешто нема да се случи. 27-годишниот уругвајски напаѓач кариерата треба да ја продолжи во Ал Дирија, каде што ќе настапува како позајмен фудбалер од Ал-Хилал. Според информациите, остануваат да се договорат уште неколку детали пред трансферот да биде официјализиран. Нуњез во Ал Хилал пристигна по ...
Ракометарите на Загреб без поголеми проблеми ја совладаа У20 репрезентацијата на Египет во натпреварот кој се игра на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, триумфирајќи со конечен резултат 38-28. Хрватскиот тим немаше намера да се поигрува со реномето и со силно темпо го отвори мечот, ја покажа својата сила и создаде предност од седум голови по првите триесет минути (20-13). Вториот дел не донесе големи промени во случувањата на паркетот. ...
Швајцарскиот репрезентативец Нико Елведи потпиша повеќегодишен договор со Лидс Јунајтед, соопшти англискиот клуб. Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пишуваат дека Лидс за трансферот ќе издвои 8,5 милиони фунти, плус бонуси. Елведи (29) е четврто засилување за Лидс во летниот преоден рок. Швајцарскиот дефанзивец од 2015 година беше член на Борусија Менхенгладбах, за која одигра 364 натпревари и постигна 19 голови. ...
Големите промени во сопственичката структура на Лос Анџелес Лејкерс повторно ја ставија иднината на Лука Дончиќ во центарот на вниманието. Само една година откако Марк Волтерс ја презеде франшизата од семејството Бас, Лејкерс добија нови мнозински сопственици. Клубот сега преминува во рацете на Боб Ајгер и Џош Кушнер, а вредноста на трансакцијата се проценува на неверојатни 12,5 милијарди долари. Промените не застанаа тука. Дел од семејството ...
Низ историјата на МЗТ Скопје минале голем број квалитетни кошаркари, но само малкумина успеале да остават толку длабока трага како Дамјан Стојановски. Капитенот и во новата сезона ќе го предводи клубот во сино-белиот дрес, за него 14. сезона во дресот на МЗТ Скопје. Пред себе има уште една голема цел - борба за својата 12. шампионска титула, со која дополнително би го потврдил своето место меѓу најголемите имиња во историјата на клубот. ...
Арсенал и Астон Вила постигнаа целосен договор за трансферот на дефанзивецот Езри Конса за сума од над скоро 60 милиони фунти. Двата клуба ги финализираа преговорите откако ја надминаа разликата во првичните проценки за вредноста на играчот. Англискиот репрезентативец веќе ги договори личните услови со лондонскиот клуб, а медицинските прегледи се закажани. Доколку Конса стане нов „топчија“, само ќе се потврди фактот дека Арсенал последниве ...
Прволигашот Башкими го засили тимот со еден од најперспективните млади фудбалери во земјава. Клубот од Куманово со задоволство ја потврди соработката со Стефан Ристовски, кој настапува на крилната позиција. Ристовски во Башкими пристигна од Детонит Плачковица, каде што минатата сезона имаше одлични настапи и го привлече вниманието со своите квалитети. Младиот офанзивец веќе имаше можност да се претстави во дресот на новиот клуб и уште на ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, откри дека разговарал со новото засилување на Барселона - Родри, и за негов трансфер во шпанскиот гигант, но на крајот се откажал поради неодлучноста на фудбалерот. „Кралскиот клуб“ беше во пол-позиција за доведување на најдобриот играч на Светското првенство, но Родри во последен момент се реши за премин кај најлутиот и вечен шпански ривал. „Неколку пати разговарав со Родри. Реал му испрати одлична ...
Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, го објави списокот на повикани ракометарки кои ќе настапат на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Нашата репрезентација ќе отпатува со вкупно четиринаесет ракометарки, а интересно е што сите настапуваат во домашното првенство. Најзастапен клуб во националниот тим во моментов е ЖРК Вардар. screenshot-2026-08-19-161106.png Противници на нашата ...
Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со селекциите на Мароко, Тунис и Турција. Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери. Македонија е во Групата А, заедно со Тунис (22 август), Турција (24 август) и Мароко (26 август). ...
Настапот на Исак Хаџар на претстојната трка во Формула 1 е сериозно доведен во прашање. Возачот на Ред Бул се здобил со повреда на зглобот за време на тренинг во сала и најверојатно нема да биде подготвен за трката во Зандворт. Од Ред Бул засега нема официјална потврда, но според информациите на „Скај“, францускиот возач најверојатно ќе мора да ја пропушти трката. Доколку тоа се случи, неговото место во Ред Бул ќе го преземе Лиам Лосон, кој ...
Карлос Балеба ќе биде новото големо засилување за средниот ред на Манчестер Јунајтед. Управата е во напредни преговори со колегите од Брајтон, а според англиските медиуми, двете страни се приближуваат до договор. Јунајтед понудил околу 60 милиони фунти, со можност сумата да достигне 65 милиони преку бонуси. Сепак, Брајтон засега бара повеќе за 22-годишниот Камерунец. Балеба моментално се рехабилитира од повреда на лигаментите на глуждот. ...
Олe Воткинс би можел да биде следната голема ѕвезда што ќе ја напушти Премиер лигата и ќе се пресели во Саудиска Арабија. Ал-Хилал веќе испратил три понуди за напаѓачот на Астон Вила, но ниту една досега не била доволно убедлива за англискиот клуб. Последната понуда изнесувала околу 40 милиони фунти, но Астон Вила ја одбила. Сепак, според британските медиуми, се очекува Ал Хилал наскоро да испрати нова, значително повисока понуда. Воткинс е ...
Нов бран критики ја погоди ФИФА по ненадејното заминување на оперативниот директор Кевин Ламур, кој неодамна јавно се спротивстави на планот на Џани Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство и другите натпреварувања. Случајот привлече големо внимание бидејќи Ламур беше дел од раководството на ФИФА од 2024 година, а претходно имаше улога и во кампањата за избор на Инфантино за претседател. Организациите за ...
Управата на Струга Трим Лум доведе уште едно име во своите редови. Се работи за Даниел Акинлосоту, нигериски офанзивен фудбалер, кој игра а десната крилна позиција, но и во нападот. Акинлосоту има само дваесет години и се очекува солидно да ја пополни ротацијата во тимот на тренерот Бледи Шкемби. Стружани ја започнаа новата сезона во ПМФЛ со две победи и едно реми, а во следното коло ќе се сретнат со лидерот на табелата, Шкендија од Тетово. ...
Првата носителка на турнирот во Синсинати, Арина Сабаленка, продолжува сигурно кон завршницата. Белорусинката во третото коло без поголеми проблеми ја совлада кинеската претставничка Ксинју Ванг со убедливи2-0, по сетови 6-1, 6-3. Натпреварот траеше само 54 минути, а Сабаленка во следната рунда ќе се соочи со Чехињата Сара Бејлек, која претходно ја елиминираше Русинката Екатерина Александрова со 2-1 во сетови. Место во осминафиналето ...
Младиот фудбалер на Каљари, Јаел Трепи, излезе од индуцирана кома и повеќе не е приклучен на респиратор, два дена откако беше извлечен без свест од базен во вила на Сардинија. 20-годишниот Французин во неделата попладне доживеа инцидент додека бил во базен со пријатели, по што со хеликоптер бил префрлен во болница во Сасари. Лекарите постепено ја намалувале седацијата и поддршката со респиратор, а Трепи потоа се разбудил од индуцираната кома. ...