Куманово станува дел од една од најпрепознатливите фудбалски приказни во светот. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié, клуб со 115 годишна традиција и оваа сезона повторно учесник во УЕФА Лигата на шампионите, првпат пристигнува во Македонија. Од 19 до 21 јуни 2026, во MM SPORT Евент Центар во Куманово, ќе се одржи камп со кој започнува соработката меѓу Севиља и нашиот град. Но најважниот збор во оваа ...

Јакуб Меншик продолжува со фантастичните настапи на Ролан Гарос и обезбеди место меѓу четворицата најдобри тенисери на турнирот. Чешкиот ас во четвртфиналето беше сигурен против Жоао Фонсека и триумфираше со максимални 3-0 во сетови. Меншик уште од самиот почеток го наметна својот ритам и без поголеми проблеми стигна до предност од два сета, добивајќи ги со 6-4 и 6-3. Бразилецот се обиде да се врати во игра во третиот сет и пружи далеку ...

Хаити испрати сериозно предупредување пред настапот на Светското првенство, откако во контролен натпревар убедливо го совлада Нов Зеланд со 4-0 (1-0). Извештај од натпреварот: Пријателската средба во Форт Лодердејл започна со половина час задоцнување поради невреме и опасност од удари од гром, но тоа не ги попречи фудбалерите на Хаити да прикажат одлична игра и целосно да го надиграат својот ривал. Тимот од Хаити поведе по одлична акција во ...

Францускиот фудбалер, Ибрахима Конате, е во напредни преговори со Реал Мадрид. Конате, на кого му истекува договорот со Ливерпул на крајот од јуни, е блиску до договор да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч. Тој претходно преговараше со Ливерпул за нов договор, но двете страни не успеаја да се договорат околу платата. Конате за Ливерпул одигра 183 натпревари и освои Премиер лига, ФА Куп и два Лига купа. Во Ливерпул пристигна ...

Фудбалската асоцијација на Катар до Меѓународната фудбалска федерација го достави конечниот список на играчи од својата А селекција за Светското првенство во Сoeдинетите Американски Држави, Мексико и Канада (11 јуни - 19 јули). Во списокот на Катар има само играчи од домашни клубови или тимови од земји од регионот. Домаќинот на Светското првенство во 2022 година, првото вакво натпреварување организирано во зима, нема широка база ниту свои ...

Ден пред почетокот на НБА финалето, главна вест е спонзорскиот договор што Стеф Кари го склучи со кинескиот производител на спортска опрема Ли-Нинг. Според наводите на медиумите, 38-годишниот Кари со новиот десетгодишен договор со Ли-Нинг ќе заработи неверојатни 1,19 милијарди долари! Тоа е речиси четири пати повеќе од износот што го инкасираше во текот на 12-годишната соработка со Андер Армор. Овој спонзорски договор со Ли-Нинг е поврзан со ...

Репрезентациите на Велс и Гана одиграа нерешено 1-1 во пријателски натпревар во Кардиф, во кој гостите беа на чекор до победа, но примија гол во самата завршница. Во првото полувреме Велс имаше целосна иницијатива и доминација во поседот на топката, создавајќи повеќе опасни ситуации, но не успеа да го отвори резултатот. Најблиску до гол беше преку Џејмс, кој двапати ја погоди рамката на голот. Гана, иако помалку конкретна, имаше одлична шанса ...

Ако може да му се верува на Фабрицио Романо и неговото познато „here we go“, Бенфика од следната сезона ќе има нов тренер. Со тоа, практично се потврдува дека Жозе Мурињо дефинитивно заминува во Реал Мадрид. Имено, италијанскиот новинар објави дека Марко Силва постигнал договор со клубот од Лисабон. Досегашниот менаџер на Фулам ќе потпише договор на 2+1 сезона. На тој начин, на клупата на „орлите“ и понатаму ќе седи домашен тренер. Силва кој ...

Една од најголемите легенди на светскиот фудбал и човек чие име засекогаш е поврзано со Ливерпул, Сер Кени Далглиш, соопшти дека се бори со рак и дека моментално е на терапија. Веста за здравствената состојба на прославениот Шкот излезе во јавноста откако ненамерно објави информација на социјалните мрежи. За да спречи понатамошни шпекулации, Далглиш потоа одлучи лично да ѝ се обрати на јавноста и да го потврди она што првично сакал да го ...

Ракометарите на Веспрем ја освоија шампионската титула во Унгарија, откако со 2-0 во финалната серија го совладаа големиот ривал ПИК Сегед. Во вториот натпревар, одигран на гостински терен, Веспрем славеше со 34-36 и ја завери јубилејната триесетта титула. Иако домаќинот имаше одличен старт и во првото полувреме водеше и со пет гола разлика (17-12), тимот на Веспрем не се предаде. До паузата успеа да ја намали негативата, а во вториот дел ...

Хари Кејн, ѕвездата на Баерн Минхен, верува дека ќе биде главен кандидат за „Златната топка“ доколку со Англија ја освои титулата светски првак. По спектакуларната сезона во која постигна 61 гол, напаѓачот е уверен дека триумф со репрезентацијата би му ја донел најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Кејн, пред својот 33 роденден, ја одигра веројатно најдобрата сезона во кариерата. Со 36 гола на само 31 настап беше најдобар стрелец ...

Репрезентацијата на Австрија речиси пред самиот почеток на Мундијалот остана без својот најдобар играч. Имено, Кристоф Баумгартнер се повреди на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис, и во прв момент се чинеше дека не станува збор за сериозна повреда. Сепак, по прегледите со магнетна резонанца, утврдено е дека го очекува пауза од неколку недели, па офанзивецот ќе мора да го пропушти Светското првенство. „Ова е многу горчлива ...

Репрезентацијата на Белгија ја совлада Хрватска во претпоследниот подготвителен натпревар пред Светското првенство во САД со 2-0 (1-0). „Црвените ѓаволи“ во Риека ги надиграа „коцкестите“ благодарение на головите на Јури Тилеманс и Ромелу Лукаку. Играчот од средниот ред на Астон Вила во 38. минута се најде на вистинското место во вистинско време. Со малку среќа, топката по центаршутот на Доку се одби од двајца играчи и стигна до Тилеманс, кој ...

Ѕвездата на Баерн Минхен, Луис Дијаз, одлучи на посебен начин да ја украси својата насмевка. Колумбискиот фудбалер во татковината изработи таканаречен „grillz“ – украсни навлаки за заби, и тоа со вкупно 29 дијаманти. Еден заб сега му е украсен со 12 помали брилијанти, додека на друг има дури 17 брусени дијаманти, што е зафат кој сигурно не бил евтин, пишува „Билд“. Со резултатот на Инстаграм се пофали неговиот стоматолог и специјалист за ...

Од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде центар на европската минибаскет сцена, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во партнерство со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде домаќин на единаесеттото издание на Европската конвенција за минибаскет. Настанот ќе собере тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, кои секојдневно работат со најмладите кошаркари и кошаркарки. Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија безбедно слета на скопскиот аеродром, откако претходно имаше кратка непријатност при летот од Истанбул. Имено, чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија беше принуден да се врати на пистата на аеродромот во Истанбул кратко по полетувањето, поради мал технички проблем на авионот. Сепак, ситуацијата била под контрола и безбедноста на патниците во ниту еден момент не била доведена во прашање. ...

Екипата на Пелистер во новата сезона ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. Оваа реченица сигурно била незамислива пред една година, затоа што најавите беа многу охрабрувачки, оптимистички и позитивни. Со историски највисок буџет досега, еден милион евра, наместо битка за Европа, битолчани добија ново разочарување и следната сезона ќе го бодрат својот миленик во второлигашкото друштво. Минатото лето дојде до промена на ...

Нешто повеќе од една недела пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два ...

Фудбалската репрезентација на Швајцарија отпатува кон Соединетите Американски Држави, каде што ќе ја има својата база за време на Светското првенство, но без еден од своите најважни играчи Брил Емболо. Од Швајцарската фудбалска федерација соопштија дека напаѓачот во моментов не може да патува со националниот тим поради административни проблеми поврзани со неговата дозвола за влез во САД. Според информациите од федерацијата, електронската ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека започнала официјална истрага по наводите за расистички навреди упатени кон ракометарот на Татабања, Баптист Даматрен, за време на реванш-финалето од ЕХФ Европскиот куп одиграно во Охрид. Во официјалното соопштение, ЕХФ нагласува дека е запознаена со инцидентот кој наводно се случил од трибините за време на натпреварот меѓу ГРК Охрид и Татабања, а во кој цел на навредите бил францускиот ...

Раководството на Црвена Звезда е на чекор до ангажман на нов тренер по разочарувачкиот финиш на сезоната 2025/26. Според информациите од „Меридиан Спорт“, белградскиот клуб постигнал договор со шпанскиот стратег Ибон Наваро, кој треба да ја преземе тренерската функција во наредниот период. Педесетгодишниот Наваро зад себе има исклучително успешен период на клупата на Уникаха Малага, каде што работеше во изминатите четири сезони и изгради еден ...

Германскиот тенисер Александар Зверев обезбеди место во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во три сета го совлада младиот шпански тенисер Рафаел Ходар, или „малиот Рафаел Надал“ како што веќе го нарекуваат во земјата. Третиот носител на турнирот славеше со 7-6, 6-1 и 6-3 по два часа и 28 минути игра на централниот терен „Филип Шатрие“, продолжувајќи го својот поход кон првата грен слем титула во кариерата. Иако резултатот на крајот изгледа ...

Украинската тенисерка Марта Костјук продолжува да блеска на Ролан Гарос, откако обезбеди пласман во полуфиналето на престижниот гренслем турнир во Париз. Костјук до местото меѓу четирите најдобри стигна по победата над својата сонародничка Елина Свитолина со 2-1 во сетови. Мечот траеше еден час и 49 минути, а Костјук славеше со 6-3, 2-6 и 6-2. По одличниот старт и освоениот прв сет, Костјук дозволи Свитолина да се врати во натпреварот и да ...

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство. Најголема доверба италијанскиот стратег им укажа на играчите од двата најголеми турски клуба, Галатасарај и Фенербахче, но во составот се и најголемите турски ѕвезди кои настапуваат во европските гиганти. Меѓу нив се Арда Ѓулер од Реал Мадрид, Кенан Јилдиз од Јувентус и капитенот Хакан Чалханоглу од Интер. Турција на Мундијалот ...

Грчкиот кошаркарски великан Панатинаикос е подготвен да направи голем чекор во обидот повторно да го ангажира најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ, пренесуваат медиумите од Србија. Иако актуелниот стратег Ергин Атаман сè уште е на клупата на атинскиот гигант, неговата иднина во клубот станува сè понеизвесна по резултатите и случувањата во изминатиот период. Според информациите, сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го ...

Екипата на Ѓорче Петров ЖРК почна да го гради тимот за следната сезона и потпиша договор со Ана Марија Коларовска. 23-годишната Коларовска игра на позицијата десен бек, а во Македонија се враќа од Хрватска каде минатата сезона настапуваше за екипата на Брод. Коларовска во Суперлигата беше дел од тимовите на Спартак, Вардар и Ѓорче Петров, пред да се пресели во Металург Автокоманда, а настапите за Брод ѝ беа првите во странство. Исто така ...

Како би изгледала Југославија на Светското првенство во 2026 година? Тим што би можел да се бори за самиот врв. Иако Југославија одамна не постои на фудбалската карта, љубителите на спортот често се прашуваат каква репрезентација би имала оваа земја доколку и денес беше обединета. Анализите направени во пресрет на Светското првенство од страна на „Give me sport“ покажуваат дека селекцијата составена од најдобрите играчи од државите ...

Шпанецот Андони Ираола ќе биде новиот предводник на Ливерпул, откако клубот постигнал договор со стратегот по интензивните преговори во изминатите денови. Според информациите на Фабрицио Романо, официјализацијата на соработката се очекува во следните неколку дена. Италијанскиот новинар прв ја објави веста за заминувањето на Арне Слот, по што и самиот клуб ја потврди разделбата со холандскиот тренер. Ираола пристигнува на „Енфилд“ по успешната ...

Петар Наумоски и Врбица Стефанов се едни од најголемите кошаркарски имиња кои ги дала Македонија низ својата историја. Две легенди, кошаркарски великани преку кои не препознаваат во светот. Сега, двајцата имаат свои наследници во сениорскиот тим. На поширокиот список на селекторот Берокал се најдоа нивните синови. Михаил Наумоски, кошаркар роден 2003 година кој игра како крилен центар, доаѓа во националниот тим за првпат. Моментално тој е ...

Фудбалската репрезентација на Македонија кратко по полетувањето од аеродромот во Истанбул се врати на писта, причина е технички проблем на авионот. Дваесетина минути по полетувањето од аеродромот во Истанбул, пилотот побарал да се врати назад и му било одобрено. Се работи за мал технички проблем, безбедноста на патниците не е нарушена или загрозена. Во моментов, чартерот на Фудбалската федерација на Македонија е на аеродромот во Истанбул, но ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Калај

53.60