Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски додаде европски трофеј во својата биографија. По освоените трофеи со Металург и со Вардар 1961 на домашната сцена, дојде до најпрестижниот трофеј во кариерата, тоа е Европскиот Куп на ЕХФ. „Пред се, сакам да им честитам на соиграчите за успешната и извонредна сезона. Дуелот со Татабања беше многу тежок, но ние игравме добро, иако доста промашивме. Одигравме вистинско финале, трофејот го ...
Охрид повеќе од една седмица живееше за ракометот. Победата во Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Купот само дополнително ја подигна атмосферата кај охриѓани, но она што се случуваше на денот на реваншот беше вистинска еуфорија. Салата „Билјанини Извори“ беше центарот на сите случувања во градот покрај езерото. Уште два часа пред почетокот на натпреварот, просторот околу салата беше исполнет со навивачи, а фан-зоната обоена во ...
Познати се официјалните лица за пријателскиот натпревар меѓу Турција и Македонија, кој ќе се одигра во Истанбул. Правдата на теренот ќе ја дели елитнот шпански судија кој секоје коло е делегиран во Ла Лига, Хосе Луис Мунера Монтеро. Негови помошници ќе бидат сонародниците Диего Барберо Севиља и Алфредо Родригез Морено. Улогата на четврти судија ќе ја има Алехандро Кинтеро Гонзалес. Овој контролен натпревар ќе биде втор тест за избраниците на ...
Екипата на ГРК Охрид дојде до трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ, а со тоа еден од македонските репрезентативци испиша историја во својата лична биографија. Десниот бек Давид Савревски се закити со втората европска титула во третото по ранг натпреварување во европскиот ракомет, откако со екипата на Борис Ројевиќ во двомеч ја победи Татабања од Унгарија. 23-годишниот репрезентативец на Македонија претходно успеа да го направи истиот подвиг со ...
Бразилската ѕвезда Винициус Жуниор изјави дека Португалија ќе биде еден од главните претенденти за титулата на Светското првенство, кое годинава се одржува во САД, Канада и Мексико. Во интервју за бразилски медиум, офанзивецот на Реал Мадрид ја истакна силата на португалската репрезентација и квалитетот на играчите кои ја сочинуваат оваа генерација. „Португалија има неверојатен тим. Мислам дека се меѓу главните фаворити за освојување на ...
Фудбалската репрезентација на Бразил испрати силна порака пред почетокот на Светското првенство, совладувајќи ја Панама со убедливи 6-2 во пријателски натпревар одигран на легендарната „Маракана“. Главна ѕвезда беше Винисиус Жуниор, кој го претвори враќањето на својот поранешен стадион во вистинско шоу. Фудбалерот на Реал Мадрид постигна гол уште во втората минута и запиша асистенција во првото полувреме. Без повредениот Нејмар, како и ...
Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Тајлер Флечер, доби дополнителен повик во репрезентацијата на Шкотска за претстојните натпревари на Светското првенство, откако селекторот беше принуден да направи измена во составот. Флечер, кој важи за еден од перспективните млади играчи во англискиот клуб, ќе го замени повредениот Били Гилмор, кој се повреди на последниот натпревар во кој Шкотска забележа победа од 4-1 против Курасао. Селекторот Стив ...
Фудбалерите на ПСЖ денеска ќе ја прослават новата европска титула заедно со своите навивачи во Париз, откако во драматичното финале на Лигата на шампионите го совладаа Арсенал во пенал серијата (4-3). И покрај инцидентите што беа забележани по натпреварот во француската престолнина, клубот потврди дека прославата ќе се одржи според планираната програма. ПСЖ во саботата вечерта во Будимпешта ја одбрани европската круна откако по 120 минути ...
Екипата на Шкендија Арачиново забележа историја и со победа над Пелистер по изведување на пенали (1-1 регуларен дел, 6-5 по пенали) обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за првпат во својата историја. Битолчани, пак, иако со поголем буџет од ривалот и квалитет на хартија, не успеаја до резултат и се селат во понизок ранг. Херој во пенал-рулетот беше голманот Антонио Столевски, кој блескаше и фати три пенали во серијата на ...
НБА лигата и оваа сезона ќе добие нов шампион, што значи дека осма година по ред титулата ќе заврши во рацете на различна франшиза. Ова е најдолгата низа на различни шампиони во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Последниот тим што успеа да ја одбрани титулата беше Голден Стејт Вориорс, кој славеше во 2017 и 2018 година. Оттогаш шампионскиот трофеј го освојуваа различни екипи - Торонто Репторс, Лос Анџелес Лејкерс, Милвоки ...
Италијанскиот репрезентативец Давиде Фратези е на чекор до заминување од Интер, откако двете страни се подготвени да ја завршат соработката во текот на летниот преоден рок. Фратези не успеа да се избори за константна минутажа во стартниот состав на „нероаѕурите“, и покрај тоа што во изминатите сезони покажа дека може да биде важен адут во средниот ред. Токму поради тоа, играчот е заинтересиран за нова средина каде што ќе има поголема улога и ...
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао навести дека неговата етапа во Милан е при крај, откако во интервју за португалските медиуми истакна дека е подготвен за нов предизвик во кариерата. „Мислам дека му дадов на Милан сè што знаев и можев. Тоа е клуб кој многу ми помогна да пораснам како играч и како личност. Среќен сум што успеав да оставам трага во историјата на клубот, но сакам да се испробам во друга лига“, изјави Леао. Неговите ...
Фудбалската репрезентација на Германија убедливо ја совлада Финска со 4-0 во пријателски натпревар во рамките на подготовките за претстојното Светско првенство. Најзаслужен за победата на „панцерите“ беше Дениз Ундав, кој постигна два гола и запиша една асистенција, пред да го напушти теренот поради полесна повреда. Селекторот Јулијан Нагелсман настапи со силен состав, а зад најистурениот Ундав ги воигруваше Флоријан Вирц, Џамал Мусијала и ...
Кристијан Пилиповиќ го одигра последниот натпревар за ГРК Охрид и ја напушта Македонија. Следна дестинација ќе му биде Швајцарија. Голманот кој за многу кратко време стана миленик на публиката заради неговите партии, не издржа на прославата на европската титула во ЕХФ Купот и прослави во солзи. „Не можам да опишам, ова е најлудиот меч кој јас сум го играл. Пред меч се простив и не можев да се радувам затоа што знаев дека е крај на една ...
Борис Ројевиќ го освои првиот трофеј со ГРК Охрид. Српскиот стратег е творецот на успехот во Европскиот Куп на ЕХФ, каде македонскиот колектив со две победи во финалето мина преку унгарска Татабања до трофејот. „Благодарам на овие навивачи, ваква атмосфера не сум доживеал досега, ова беше бразилска атмосфера, траеше откако влеговме на терен па се до крај. Благодарност до Македонија, оваа година ќе ја носам во срце цел живот. Пресреќен сум што ...
Кристијан Пилиповиќ го одигра последниот натпревар за ГРК Охрид и ја напушта Македонија. Следна дестинација ќе му биде Швајцарија, каде ќе настапува за Луцерн. Голманот кој за многу кратко време стана миленик на публиката заради неговите партии, не издржа на прославата на европската титула во ЕХФ Купот. Хрватот доста емотивно го поднесе моментот за крај, пушти и солзи. Соиграчите го тешеа, публиката го скандираше неговото име. Убав крај за ...
Македонскиот ракомет поставува нови стандарди во третото по ранг натпреварување на Европската ракометна федерација. Трофејот од ЕХФ Купот останува во нашата држава, но се сели од Скопје во Охрид! Македонија одново е горда на уште една своја ракометна екипа, која во клупските витрини од вечерва ќе има трофеј од големата меѓународна сцена. Екипата на ГРК Охрид го запиша најголемиот успех во клупската историја. Во големото финале од ЕХФ Купот ...
Македонскиот ракомет поставува нови стандарди во третото по ранг натпреварување на Европската ракометна федерација. Трофејот од ЕХФ Купот останува во нашата држава, но се сели од Скопје во Охрид! Македонија одново е горда на уште една своја ракометна екипа, која во клупските витрини од вечерва ќе има трофеј од големата меѓународна сцена. Екипата на ГРК Охрид го запиша најголемиот успех во клупската историја. Во големото финале од ЕХФ Купот ...
Македонската фудбалска репрезентација го имаше единствениот тренинг на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул пред утрешниот пријателски натпревар против Турција. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски имаа можност да се запознаат со условите на теренот на кој ќе се одигра средбата. Овој тренинг беше шанса да се поделат последните совети пред вториот контролен натпревар во рамките на јунскиот циклус. По ремито против Босна и Херцеговина во ...
Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз од Шкендија Арачиново по пенали и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат. Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени ...
Александер Зверев без поголеми проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Јеспер де Јонг со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-1). Германецот најголем отпор имаше во првиот сет, кој траеше повеќе од еден час. Де Јонг поведе со 3-0 по раниот брејк, но не успеа да ја задржи предноста. Зверев возврати, а потоа во тај-брејкот сигурно ја заврши работата. Во продолжението најдоброрангираниот ...
Првата светска тенисерка Арина Сабаленка сигурно се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос, откако ја совлада Дарија Касаткина со 6-0, 7-5 за само 75 минути игра. Белорусинката целосно доминираше во првиот сет и не ѝ остави никаква шанса на Касаткина, која од неодамна настапува под знамето на Австралија. Во вториот сет имаше поголема неизвесност, Касаткина направи ран брејк, но Сабаленка брзо се врати во мечот и со клучен брејк во 12. гем ...
Емоции и благодарност пред почетокот на големото финале во Охрид. Непосредно пред стартот на натпреварот против Татабања, раководството на клубот им оддаде признание на ракометарите кои го играат својот последен натпревар во синиот дрес. Публиката во „Билјанини Извори“ со аплаузи и овации ги поздрави сите ракометари кои заминуваат, но очекувано најголемо внимание доби голманот Кристијан Пилиповиќ. Хрватскиот ракометар, кој настапува за ...
Грузискиот репрезентативец Квича Кварацкелија и официјално е прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, по фантастичните игри во дресот на Пари Сен Жермен. Грузискиот репрезентативец беше еден од клучните играчи во походот на ПСЖ кон втората последователна европска титула. Во текот на турнирот одигра 16 натпревари и забележа импресивен учинок од 10 голови и 6 асистенции, односно вкупно 16 директни придонеси за ...
Иако Охрид ја има домашната поддршка, и гостите од Унгарија не се без гласна поддршка во финалето од ЕХФ Купот во салата „Билјанини Извори“. Околу стотина навивачи на Татабања допатуваа во Охрид за да го бодрат својот тим во обидот да стигнат до европскиот трофеј. Со знамиња, песни и навивачки реквизити, тие создадоа своја атмосфера и јасно покажаа дека нивниот тим нема да биде сам на овој важен натпревар. Сепак, пред ракометарите на ...
Роберто Гарсија Парондо, поранешниот тренер на Вардар 1961, направи голем подвиг откако со Мелсунген го победи Кил по голема драма (24-23) во финалето на Ф4-турнирот во Европската лига на ЕХФ. Со победата, Мелсунген си обезбеди потенцијален билет и за Лигата на шампионите. Бундеслигашкото дерби беше крајно израмнето, а победникот се даде во последната минута од финалето на завршниот турнир. Не беше оној вообичаен ракомет со многу голови, но ...
Вистинска еуфорија владееше во салата „Билјанини Извори“ во Охрид непосредно пред почетокот на големото финале во ЕХФ Купот. Над две илјади навивачи во еден глас ја испеаја химната на домашниот тим „Лихнида“, создавајќи неверојатна атмосфера и силна поддршка за ракометарите на Охрид. Одекнувањето на химната ја „запали“ салата и беше јасна најава за спектаклот кој следува на теренот. Со ваква поддршка од трибините, охридските „гладијатори“ ...
По комплетирањето на баражите, познати се екипите кои ќе играат во Првата и во Втората македонска фудбалска лига. Интересно е што во второлигашкиот шампионат, скоро сите екипи се поранешни прволигаши. Во баражот испаднаа два прволигаши, така што плус со трите кои испаднаа директно, вкупно пет екипи од ПМФЛ се селат во ВМФЛ. Елитата остана без екипи од фудбалските центри како Струмица и Битола, а истовремено е посиромашна и за Работнички, клуб ...
Екипата на Шкендија Арачиново забележа историја и ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а најголемиот резултат за клубот го донесе голманот Антонио Столевски кој беше херој во пенал-серијата. Столевски фати четири пенали, од кои три беа регуларни на крајот. Едниот од одбраните беше на Кире Ристевски, меѓутоа беше повторен со ВАР заради порано напуштање на гол-линијата и заврши со гол. Околу прочитаните пенали, тоа беа на Давид ...
Во пресрет на историското финале од ЕХФ Европскиот куп меѓу ГРК Охрид и Татабања, просторот пред спортската сала „Билјанини Извори“ веќе неколку часа пред почетокот на натпреварот е преполн со навивачи, симпатизери и љубители на ракометот. Сината боја доминира околу салата, а атмосферата е вистински празник за градот крај езерото. Голем број навивачи се собираат, пеат навивачки песни и со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот кој може да ...