Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, уште еднаш загуби финале, откако неговиот тим беше поразен од Пари Сен Жермен во големото финале од Лигата на шампионите. Англискиот репрезентативец беше заменет во 83. минута од натпреварот, но по неговото завршување во преден план излезе една навистина непријатна статистика – Сака сè уште нема победа на ниту едно финале во својата кариера. Неговиот малер со финалните натпревари започна уште на Европското ...

Фудбалерот на ПСЖ, Жоао Невес, изрази огромно задоволство од втората освоена европска титула, по што упати пофалби за својот тим, но не пропушти и да го „пецне“ ривалот од Англија - Арсенал. Невес изјави дека „светците“ од Париз повеќе ја посакувале победата, а тоа било очигледно и на теренот на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта. „Пресреќен сум што ја освоив мојата втора европска титула. Овој тим е неверојатен, мислам дека најдобрата одлука во ...

Француската суперѕвезда Виктор Вембањама изрази огромно задоволство од пласманот на Сан Антонио Спарс во НБА финалето, истакнувајќи дека чувството е прекрасно и неверојатно. Популарниот „Вемби“ ги пофали и своите соиграчи, за кои рече дека се подеднакво заслужни за овој успех, но потенцираше дека работата не е завршена и мислите ги насочи кон финалето. „Ова чувство е толку моќно и неверојатно, што едноставно не можам да го опишам со зборови. ...

Тренерот Иван Варадиновски повеќе не е на кормилото на Кожуф, откако по завршувањето на сезоната и обезбедениот опстанок одлучи да поднесе оставка. Стратегот истакна дека зад него е еден исклучително тежок, но воедно и значаен период во кариерата, нагласувајќи дека предизвиците надвор од теренот биле поголеми од оние на самиот терен. „Дефинитивно комплициран период да се биде тренер на ФК Кожуф. Сепак, големо искуство и предизвик за мене. ...

Работнички е некогашен шампион на Македонија, клуб со успеси во европски рамки низ историјата и клуб кој дал многу играчи надвор од границите на нашата земја, но од следната сезона екипата ќе биде во Втората македонска фудбалска лига. Интернет страницата „Плејн Футбол“ направи анализа на екипи кои некогаш играле во понизок ранг, па обезбедиле промоција, ама од оваа сезона испаднале. Работнички се наоѓа на второто место, испаѓа од ПМФЛ по 28 ...

Фудбалерите на Арсенал не се наиграа фудбал во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен – и затоа можеби загубија. Тимот на Микел Артета му се спротивстави на технички супериорниот ривал со строго дефанзивна игра, од која само спорадично развиваа игра на додавања и контра напади. Таква игра, претежно без топка, не им ја донесе титулата европски шампион на „топџиите“, кои, на крајот, потклекнаа во изведувањето на пеналите. Ќе се ...

Тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, испрати јасна порака во пресрет на бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига против Шкендија Арачиново, кој ќе се одигра во Кавадарци. Стратегот на битолскиот тим потенцира дека единствено важно е Пелистер на крајот да излезе како победник, без оглед на начинот на кој ќе се дојде до триумфот. „Една работа е важна во бараж-натпреварот, а тоа е Пелистер на крај да биде победник. ...

Дојде денот „Д“ за прволигашите Брера и Пелистер и второлигашите Скопје и Шкендија Арачиново. Денеска на програмата се бараж натпреварите за Првата македонска фудбалска лига, по кои ќе се знае кои екипи ќе бидат дел од елитата, а кои во второлигашкото друштво следната сезона. Во Кавадарци, екипата на Пелистер ќе се сретне со Шкендија Арачиново. Атмосферата во таборот на битолчани е на високо ниво, со доаѓањето на Марјан Секуловски на клупата ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, е пред голем трансфер и во следната сезона најверојатно ќе го носи црвено-белиот дрес на белградскиот гигант Црвена Звезда. Според информациите кои доаѓаат од српските медиуми, но и од повеќе кошаркарски инсајдери, Шортс веќе се наоѓа во Белград каде што се водат завршните преговори со раководството на клубот. Дополнителна потврда пристигнува и од грчките медиуми, со оглед на тоа што ...

Ракометарите на Охрид вечерва се на чекор до испишување историја. Во реванш финалето од ЕХФ Европскио Куп, „гладијаторите“ на домашен терен ја пречекуваат унгарска Татабања, бранeјќи ја минималната предност стекната на првиот натпревар. Македонскиот претставник во Унгарија одигра извонреден натпревар, во одредени моменти имаше и плус шест, но на крајот славеше со 28-29, резултат кој сепак остава отворена битка за трофејот. Сепак, таа победа ...

Пари Сен Жермен ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако во драматична битка за трофејот го совлада Арсенал по подобро изведување на пенали. По 90, а потоа и 120 минути игра резултатот беше 1-1, а парижани славеа со 4-3 во пенал-серијата. Арсенал поведе уште во воведните минути со голот на Каи Хаверц, но Осман Дембеле по нешто повеќе од еден час игра израмни од пенал и го врати ПСЖ во игра. До крајот на продолженијата немаше промена ...

Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска ќе биде ново засилување на Црвена Звезда за следната сезона, објави „Моцарт Спорт“. Српскиот шампион активно го засилува ростерот со цел да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да направи исчекор во европските натпреварувања и да стигне до групната фаза на Лигата на Европа. Мицевска во кариерата настапуваше за Вардар, француска Ница, а последен клуб ѝ беше романска Слатина. ...

Екипата на Сан Антонио Спарс продолжува да ја пишува најубавата приказна во овогодинешниот НБА плејоф. Тимот од Тексас со победа од 111-103 на гостувањето кај Оклахома Сити Тандер ја доби серијата и обезбеди пласман во големото НБА финале. Спарс успеаја да го елиминираат актуелниот шампион и да стигнат до своето прво финале по 2014 година, кога ја освоија последната титула. Сега ќе имаат можност да се борат за шестиот шампионски прстен во ...

Веќе поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, се огласи по одлуката на клубот да ја прекине соработката со него по две сезони поминати на клупата на „црвените“. Холандскиот стратег им се заблагодари на навивачите, играчите и на сите вработени во клубот за поддршката што ја добивал во текот на својот престој на „Енфилд“. „Беше неверојатно патување. Му благодарам на секој што беше дел од него. Ќе ги паметам овие две години со гордост и ...

Светскиот шампион во МотоГП за 2024 година, Хорхе Мартин, постави нов рекорд за максимална брзина во кралската класа уште на почетокот од втората слободна тренинг-сесија пред Големата награда на Италија. Шпанскиот возач на Априлија Рејсинг беше измерен со неверојатни 368,6 километри на час на стартно-целната рамнина на патеката Муџело, користејќи ја и воздушната струја од мотоциклите пред него. Со овој резултат, Мартин го подобри досегашниот ...

Откако Карлос Алкараз го откажа настапот поради повреда, а од турнирот беа елиминирани и Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, овогодинешното издание на Ролан Гарос ќе добие нов грен слем шампион. Без разлика кој ќе триумфира во финалето следната недела во Париз, трофејот ќе заврши во рацете на тенисер кој првпат во кариерата ќе освои грен слем титула. На хартија, главен фаворит за освојување на турнирот сега е вториот носител Александар Зверев. ...

Селекторот на канадската репрезентација, Џеси Марш, го објави конечниот список на играчи кои ќе ја претставуваат Канада на Светското фудбалско првенство. На списокот се најдоа најдобрите канадски фудбалери, предводени од Алфонсо Дејвис и Џонатан Дејвид, кои се сметаат за главни адути на репрезентацијата на претстојниот шампионат. Во составот има искусни интернационалци, но и неколку млади играчи кои добија шанса да се докажат на најголемата ...

Навивачите на Пари Сен Жермен излегоа на улица и почнаа да ја слават титулата европски шампион. Минатата сезона, кога „светците“ исто така го освоија најпрестижниот трофеј, славјето се претвори во вистински хаос на улиците на главниот град. Улиците, плоштадите и булеварите на Париз беа претворени во вистинска воена зона – од една страна полициски единици, „до заби“ вооружени, а од друга страна маса понесена од славјето (и којзнае од што ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ги сподели своите впечатоци по финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим беше поразен од Пари Сен Жермен по изведувањето на пеналите (1-1, 4-3). „Во казнените простори, со пеналот што беше досуден против Москера, оној што не беше досуден врз Мадуеке, а потоа и со пеналите – тие разлики не беа во наша корист. Она што им го кажав на играчите и на стручниот штаб е дека и милион пати да им се заблагодарам, ...

Арсенал не успеа да стигне до првиот трофеј во Лигата на шампионите во клупската историја, откако беше поразен во финалето од ПСЖ по изведувањето на пеналите. Еден од капитените на „топчиите“, Деклан Рајс, собра сили да зборува по исцрпувачкиот натпревар кој траеше три часа, но немаше среќен крај за новите шампиони на Англија. Најпрво беше запрашан што им рекол Микел Артета на играчите во соблекувалната. „Тој е скршен. Сите сме скршени. Ова е ...

Фудбалерите на Арсенал го шокираа фудбалскиот свет со пристапот во финалето против ПСЖ, а бројките делуваат речиси неверојатно. Пари Сен Жермен по голема драма и изведување пенали стигна до нова титула европски шампион, но по финалето во Лигата на шампионите многу повеќе од резултатот се зборува за неверојатната статистика на Арсенал. Имено, тимот на Микел Артета одигра дури 120 минути против ПСЖ, а според податоците кои кружат по ...

Португалскиот репрезентативец Витиња е прогласен за најдобар играч на финалето од Лигата на шампионите, во кое Пари Сен Жермен по изведувањето пенали го совлада Арсенал и ја одбрани европската титула. Играчот од средниот ред беше вистински лидер на теренот и ја контролираше играта на својот тим во текот на речиси целиот натпревар. Витиња одигра 106 минути пред да биде заменет од Лукас Бералдо. Особено импресивна беше неговата статистика во ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не го криеше воодушевувањето по новата европска круна, откако неговиот тим по изведувањето пенали го совлада Арсенал во финалето на Лигата на шампионите и ја одбрани титулата освоена минатата сезона. „Чувствувам огромна возбуда и многу емоции. Да се освои Лигата на шампионите две години по ред е навистина големо достигнување за нашите навивачи. Имавме одлична сезона, победивме на многу важни ...

Со триумфот над Арсенал во финалето, Пари Сен Жермен испиша историја и стана само вториот клуб што успеал да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако беше воведен сегашниот формат на натпреварувањето. Ова е уште едно големо достигнување за тренерот Луис Енрике, кој останува непобедлив во финалињата на најелитното европско клупско натпреварување. Шпанскиот стратег има максимален учинок од три победи во три финалиња, една со Барселона ...

Пари Сен Жермен продолжува да покажува неверојатна смиреност и ментална сила во најдраматичните моменти од натпреварите. Со победата над Арсенал во финалето на Лигата на шампионите, парижаните стигнаа до неверојатен учинок од четири добиени пенал-серии од четири можни оваа сезона. Низата започна во Суперкупот на Европа, каде ПСЖ беше поуспешен од Тотенхем Хотспур. Потоа следуваше триумф на пенали против Фламенго во Светското клупско ...

ПСЖ е нов шамион на Европа! Францускиот гигант ја освои титулата во Лигата на шампионите по драматично финале против Арсенал, кое беше решено дури по изведувањето пенали. По 120 минути игра резултатот беше 1-1, а во пенал-рулетот парижаните славеа со 4-3 и вторпат во својата историја, втора година по ред, се искачија на европскиот трон. Финалето донесе вистинско тактичко надмудрување меѓу двајцата шпански стратези, Луис Енрике и Микел Артета. ...

Фудбалската федерација на Косово изрече строги санкции против Феризај по инцидентот со напуштањето на церемонијата за доделување на пехарот и медалите. Овој клуб го направи потегот како тетовска Шкендија, која не ги прими медалите по поразот од Силекс во Купот на Македонија. Најтешката казна ја доби клубот, кој е исфрлен од учество во Купот на Косово во следните две години. Тренерот Арсим Абази е суспендиран на една година и во тој период ...

Македонскиот ракометар Михаил Ивановски е блиску до трансфер во Горење Велење, пренесува „Хандбалиа“. 22-годишниот десен бек во текот на зимската пауза го напушти Алкалоид и се пресели во редовите на Ајдовшчина, каде за кратко време успеа да остави силен впечаток. Во словенечкиот клуб брзо ги демонстрираше своите квалитети, покажувајќи одличен преглед на играта, разновидност во нападот и силен шут од бековската позиција. Ивановски зад себе ...

Историски договор е постигнат во светот на Формула 1, откако италијанската модна куќа „Гучи“ ќе стане главен спонзор и насловен партнер на Алпин од сезоната 2027. Со ова, „Гучи“ ќе стане првата луксузна модна куќа во историјата што ќе ја преземе улогата на главен спонзор на тим во Формула 1. Италијанскиот бренд ќе ја наследи австриската компанија „БВТ“, која беше главен спонзор на Алпин од 2022 година. Според најавите, тимот од следната ...

Екипата на Пари Сен Жермен доби пенал во финалето од Лигата на шампионите против Арсенал, по кој Во 62. минута, Москера го фаулира Кварацкелија во казнениот простор, а судијата покажа на белата точка веднаш затоа што го зафати по ногата. Одговорноста ја презеде Осман Дембеле, кој против Раја успеа да реализира за 1-1. Екипата на Пари Сен Жермен доби пенал во финалето од Лигата на шампионите против Арсенал, по кој Во 62. минута, Москера го ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09