Фудбалскиот клуб Вардар продолжува со кадровските промени во пресрет на новата сезона, во која се враќа на меѓународна сцена и веќе потврдени две заминувања. Клубот го напуштаат голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски, кои спогодбено ја прекинаа соработката со скопскиот тим. Двајцата фудбалери беа дел од Вардар оваа сезона, но по заеднички договор со раководството решија да побараат нови предизвици во кариерата. Ќосевски ...

Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со селекторот на САД, Маурицио Покетино, кој е една од главните желби на раководството за нов тренер на „росонерите“. Според италијанските медиуми, клубот веќе стапил во контакт со аргентинскиот стратег по разделбата со Масимилијано Алегри, а евентуалниот договор би бил реализиран по завршувањето на Светското првенство. Покетино моментално ја предводи репрезентацијата на САД, со која ќе настапи на ...

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате е сè поблиску до заминување од Ливерпул, откако преговорите за нов договор влегле во сериозен застој. Актуелниот договор на Конате истекува на 30 јуни, а англиските медиуми пренесуваат дека двете страни засега не успеваат да најдат заеднички јазик околу условите за продолжување на соработката. Поради тоа, сè погласни се шпекулациите дека стоперот би можел да го напушти „Енфилд“ како слободен играч. За ...

Италијанскиот шампион, Интер, го договори трансферот на српскиот фудбалер Алекандар Станковиќ, за кого ќе плати 22 милиони евра. Станува збор за еден од најталентираните млади играчи од Балканот, а „нероаѕурите“ решија да ја активираат откупната клаузула и да го вратат во Милано по одличните настапи во Белгија. Синот на легендарниот Дејан Станковиќ минатата сезона блескаше во дресот на Клуб Бриж, каде беше еден од клучните играчи во средниот ...

Фудбалската репрезентација на Македонија во овој прозорец на ФИФА одигра пријателски натпревар со Босна и Херцеговина кој заврши нерешено (0-0). Тренерот Гоце Седлоски им даде шанса на сите фудбалери да настапат, а по натпреварот, ги сумира впечатоците од одиграното и она кое го виде во Сараево. „Првото полувреме имавме шанса да поведеме, а покажавме и иницијатива. Не искористивме две ситуации од кои можеше да се направи натпреварот поинаков. ...

Босна и Херцеговина го имаше првиот од двата пријателски натпревари пред настапот на СП 2026. Се соочи со Македонија во Сараево, а натпреварот заврши без голови 0-0. Селекторот Сергеј Барбарез играше во комбиниран состав, очекувано, ако се земе предвид дека доаѓа големиот спортски настан. „Ова беше подготвителен натпревар на кој се обидовме со сите „оружја“. Доста од овие играчи играа првпат заедно. Имавме три дебитанти и потребно е време да ...

Вистинска сензација се случи во завршницата на српското кошаркарско првенство, откако за првпат во историјата финалето ќе се игра без белградските великани Црвена звезда и Партизан. Во полуфиналниот натпревар, Спартак Суботица приреди големо изненадување и ја совлада Црвена звезда со 90-89, обезбедувајќи место во финалето. Претходно во текот на денот, уште еден шок приреди ФМП, кој го елиминираше Партизан во второто полуфинале. Со тоа, ...

Убави сцени во Сараево по натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Македонија приредија навивачите на двете репрезентации. Мечот заврши без голови, но навивачите на трибините и атмосферата го одбележаа натпреварот во Сараево. По дуелот, неколкумина Македонци се здружија со Босанците, па ги научија на познатата навивачка песна „зига-зага Македонија, але“. Заедно навиваа по натпреварот, сите беа одушевени. Убави сцени во Сараево по натпреварот ...

Бојан Миовски се најде во нападот на Македонија, а ја имаше најубавата шанса на мечот за нашиот национален тим во ремито против Босна и Херцеговина. По мечот кој заврши без голови 0-0, тој кажа дека силните пријателски мечеви се добри за оваа нова Македонија. Првите 45 минути беше доста тврд натпревар. Имавме ние свои шанси, исто и противникот, но не се искористија. Се воигруваме, знаеме што ни следува. Имаме доста нови играчи, нова ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизира со Босна и Херцеговина (0-0) во пријателски натпревар во мајско-јунскиот циклус. Нашата репрезентација добро му се спротивстави на домаќинот на стадионот „Кошево“ во Сараево, па иако беше во подредена улога успеа добро да се одбрани, а имавме шанса и да постигнеме гол. Првата шанса на натпреварот ја имаа Босанците кои во четвртата минута ја погодија пречката по удар на Гиговиќ кој од ...

Босанските навивачи го искористија натпреварот против Македонија како прослава за пласманот на Светското првенство. На тестот на „Кошево“ имаше и организирана навивачка група која во вториот дел направи пиротехничко шоу, покрај „ѕвезденото“ небо од светилките на телефоните. Сепак, еден од факелите предизвика и мал пожар кој беше на само една локација кој почна да се шири под трибината. Пиротехничкото шоу во Сараево: Сепак, членовите на ...

Голем пех доживеа резервниот голман на репрезентацијата на Босна и Херцеговина Осман Хаџикиќ. Се работи за 30-годишен чувар на мрежата кој требаше да влезе во игра и да дебитира за босанската репрезентација откако претходно беше дел од младинските категории на Австрија. 0-02-05-42988690332373730cdbc34323481ac05f1091c5f4f914f40a7c9ed690cb755d_6745d2f8225f2376.jpg Сепак, иако замената беше најавена на загревањето меѓу двете полувремиња тој ...

Барселона официјално го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец Ентони Гордон. Каталонскиот гигант постигна договор со Њукасл Јунајтед за трансферот на офанзивниот фудбалер, кој потпиша договор со Барселона до летото 2031 година. Гордон зад себе има одлична сезона во дресот на Њукасл, во која настапи на 46 натпревари во сите конкуренции. Англискиот крилен напаѓач постигна 17 голови и забележа пет асистенции, потврдувајќи се како еден ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра полувреме без голови (0-0) на пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина. Средбата пред полните трибини на „Кошево“ мина во еуфорична атмосфера за домаќинот кој се подготвува за настап на Светското првенство, а по првите 45 минути беше подобар на теренот од нашиот тим. Првата шанса на натпреварот ја имаа Босанците кои во четвртата минута ја погодија пречката по удар на Гиговиќ кој од ...

Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Босна и Херцеговина и е „спаринг-партнер“ пред настапот на Мундијалот на Босанците, а на стадионот во Сараево владее празнична атмосфера. Полни трибини, песни се пеат во еден глас, моменти да се наежиш. Босанците „дишат“ фудбал, ги тресе мундијалската грозница и сите едвај чекаат на стартот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Македонија не успеа да се квалификува на СП 2026, ...

Сензација на Ролан Гарос! Младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека приреди големо изненадување и го елиминираше Новак Ѓоковиќ по спектакуларен пресврт. 19-годишниот Бразилец успеа да се врати од негатива од 0-2 во сетови и на крајот да слави со 3-2 (4-6, 4-6, 6-3, 7-5, 7-5), продолжувајќи ја својата неверојатна серија на турнирот. За Фонсека ова е втор меч по ред на кој успева да направи целосен пресврт по загубени први два сета, уште еднаш ...

Ракометарите на Куманово со победа ја завршија сезоната во плеј-аутот од македонската Суперлига, откако на гостински терен го совладаа Пролет со 25-27 во натпревар од последното коло. Во израмнет и неизвесен натпревар, гостинскиот состав покажа повеќе присебност во завршницата и успеа да стигне до посакуваниот триумф. Домаќините имаа подобар старт и поголем дел од првото полувреме ја контролираа играта, па на паузата заминаа со предност од ...

Гоце Седлоски и Сергеј Барбарез, селекторите на Македонија и Босна и Херцеговина, ги објавија стартните состави за пријателскиот натпревар во Сараево. Во нашиот национален тим има еден новитет од претходно, тоа е дебитантот Георгије Јанкулов кој ќе игра на страничната бековска позиција. Босанците, пак, се комбинирани во првите 45 минути. БиХ (4-3-3): Зломислиќ; Дедиќ, Радељиќ, Катиќ, Мукајиќ; Бајрактаревиќ, Тахировиќ, Гиговиќ; Баждар, Лукиќ, ...

Масар Омерагиќ, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), имаше средба со претставници на Фудбалската федерација на БиХ пред пријателскиот меч во Сараево. Претседателот на македонскиот фудбал истакна дека „секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.“. Омерагиќ беше на средба со делегација предводена од Вицо Зељковиќ. Првиот човек на ФФМ истакна благодарност за гостопримството во ...

Микел Артета, тренерот на Арсенал, говореше пред медиумите пред финалето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Стратегот на новиот англиски првак покажа голема почит кон ривалот, но истакна дека Арсенал не се плаши и дека е подготвен да се надигрува со актуелниот европски владетел. „Тука сме во финалето затоа што заслуживме да бидеме тука. Сите сакаат да го играат овој натпревар и ние сме со целиот ростер. Тимбер и Мадуеке се ...

Мартин Едегард и Арсенал ги очекува уште еден голем натпревар за крај на сезоната. Веројатно и најголемиот во поновата историја. Во финалето на Лигата на шампионите, новиот шампион на Англија се среќава со францускиот и европски првак ПСЖ. „Малку ни олесна по освојувањето на Премиер лигата, но соблекувалната е иста. Поминавме многу како група, долго се подготвувавме за овие последни неколку недели и спремни сме. Добив порака од Патрик Виеира, ...

Вистинска „војна“ на социјалните мрежи се разгоре меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, откако се појавија информации дека каталонскиот клуб покажува интерес за напаѓачот Хулијан Алварез. Од Атлетико реагираа на саркастичен начин, алудирајќи дека Барселона наводно преговара зад нивниот грб. На официјалниот профил на клубот беше објавена фотографија генерирана со вештачка интелигенција на Ламин Јамал во дресот на мадридскиот клуб. „Испративме факс ...

Мухамед Елмас е дел од У21-тимот за пријателскиот натпревар против Бугарија. Како увертира за натпреварот, играчот на Македонија ЃП кажа дека и покрај тоа што се работи за крај на сезоната и сите играчи зад себе имаат многу натпревари, заморот мора да се заборави кога се носи дресот со државниот грб. „Имаме контролен натпревар со Бугарија, сите спремни сме, иако ни фалат некоклку играчи заради повреди и заради клупски обврски, но ние што сме ...

По успешната сезона во Србија каде обезбеди опстанок со Борац Чачак, Матеј Гаштаров се стави на располагање на У21-тимот на Македонија со кого ќе игра пријателски натпревар со Бугарија. Еден од играчите од помладата генерација, очекува добар дуел и победа. „Како и на секој натпревар, ние ќе го дадеме максимумот. Убаво е кога си со репрезентацијата, сакаме победа, да ја завршиме сезоната како што треба. Има доста нови играчи на овој собир, до ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година отпатува за Бугарија каде ќе го одигра контролниот дуел со источниот сосед. Со неколку принудни промени, селекторот Горан Станиќ го собра тимот и ги одработува последните подготовки за пријателскиот натпревар кој ќе биде и влог за иднината која ни следи. „Сакавме да го искористиме овој ФИФА прозорец за пријателски натпревар. Имаме проблеми околу составот, доста играчи откажаа заради ...

Германскиот ракометар од редовите на Кил, Руне Дамке, изјави дека очекува спектакуларен завршен турнир во Европската лига на ЕХФ, каде неговиот тим има огромни амбиции. Гигантот од Германија во полуфиналето се среќава со францускиот Монпелје, а Дамке очекува балансиран меч, со победа на Кил и пласман во големото финале. „Мислам дека квалитетот на ова натпреварување постојано расте. Секој завршен турнир е прилично балансиран во силите, па ...

Македонскиот шампион Вардар ја реализира најавената трансфер „бомба“ за новата сезона, откако во Скопје пристигна репрезентативецот на Луксембург, Герсон Родригеш и стави потпис на договор на една година со најтрофејниот македонски клуб, со можност за продолжување. Станува збор за 30-годишен офанзивец со богато интернационално искуство, фудбалер кој во кариерата настапуваше за звучни клубови како Динамо Киев од Украина, Шериф Тираспол од ...

Серена Вилијамс се враќа на тениските терени за десетина дена, пренесува лондонскиот „Телеграф“. Освојувачката со 23 Грен слем титули не играла од УС Опен 2022, а сега побарала „вајлд-карта“ за турнирот во Квинс во Лондон. Серена ќе настапи само во двојки на овој турнир, а нејзина партнерка ќе биде Викторија Ембоко, 19-годишна Канаѓанка, која во моментов е деветта на светот. „Серена треба официјално да објави дали ќе игра. Тоа треба да биде ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, им се обрати на медиумите пред финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Арсенал, кој ќе се одигра во Будимпешта. Шпанскиот стратег смета дека Арсенал целосно ја заслужил титулата во Англија, но порача ова е друго натпреварување, а ПСЖ сака да се задржи на европскиот трон. „Мислам дека нема дилема дека Арсенал ја заслужи титулата во Премиер лигата и ова финале на Лигата на шампионите. Мотивирани сме, ...

Капитенот на ПСЖ, Маркињос, беше полн со оптимизам пред финалето во Лигата на шампионите против Арсенал, обраќајќи им се на новинарите на прес-конференцијата во Будимпешта. Маркињос е убеден во квалитетот на неговиот тим, а воедно го пофали и тренерот Енрике, за кого рече дека е еден од најдобрите тренери во светот. „Чувството и за ова финале е како за секое финале. Како да е истата енергија пред дуелот во Минхен минатата година. Откако дојде ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Сребро

2186.28