Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Францускиот ПСЖ се подготвува за најголемиот предизвик во сезоната - финалето во Лигата на шампионите. „Светците“ веќе допатуваа во Будимпешта, а на новинарите им се обрати Усман Дембеле, кој изјави дека „Арсенал е одлична екипа, имаат одличен тренер и не случајно се шампиони на Англија и непоразени во Лигата на шампионите. Мислам дека одговорноста на мојот грб е уште поголема откако дојдов во ПСЖ, но мислам дека добро се справувавм со тоа. ...
Јубилејната 70. церемонија на доделување на „Златната топка“ ќе биде одржана во Лондон, наместо во Париз, соопштија повеќе европски медиуми. Манифестацијата е закажана за 26 октомври годинава. Со ова се прави историска промена, бидејќи традиционално најпрестижната фудбалска награда повеќе од половина век се доделуваше во француската престолнина. Организаторите одлучиле да ја префрлат свеченоста во британската метропола, како дел од нов ...
Славниот германски клуб Минхен 1860 се соочува со сериозна финансиска криза и опасност од целосен банкрот, пренесуваат германските медиуми. Клубот има огромни долгови и е под силен притисок на финансиските доверители, поради што иднината на организацијата е неизвесна. Во случај на дополнително влошување на состојбата, не се исклучува ниту сценарио за административни мерки и евентуална владина помош за излез од „амбисот“. Германските извори ...
Рускиот тенисер Андреј Рубљев продолжува со добрите настапи на Ролан Гарос, и се пласираше во осминафиналето откако го елиминираше Португалецот Нуно Боргеш со 3-0, по сетови 7-5, 7-6/2 и 7-6/2. Боргеш прикажа одличен тенис и му зададе многу проблеми на фаворитот, но Рубљев беше фокусиран во клучните моменти и не дозволи да загуби ниту еден сет. Мечот траеше два часа и 46 минути, а дополнителни проблеми создаваше и жешкото париско сонце, чија ...
Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, изјави дека тимот добил мотив повеќе за финалето во Лигата на шампионите, а тоа се почувствувало веднаш по освоената титула во Премиер лигата. „Топчиите“ конечно станаа шампиони на Англија, но сега имаат уште еден сериозен предизвик - финалето во елитниот ранг на УЕФА, каде се среќаваат со актуелниот европски првак - ПСЖ. „Знам дека навивачите имаат големи очекувања, но најважно е ние да бидеме максимално ...
Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, реши да се повлече од јавноста и да замине на краток одмор по шокантната елиминација од Ролан Гарос. Италијанскиот тенисер доживеа болен пораз откако беше елиминиран уште во второто коло од аргентинскиот тенисер Хуан Мануел Серундоло, иако имаше убедлива предност од 2-0 во сетови и 5-1 во третиот сет. По натпреварот, Синер призна дека имал сериозни физички проблеми и чувство на исцрпеност, поради што ...
Кошаркарот на Њујорк Никс, Мичел Робинсон, го скршил малиот прст на десната рака, и тоа пред почетокот на големото НБА финале. Според повеќе американски медиуми, Робинсон ќе мора да паузира најмалку две до три недели, што значи дека сезоната за него веќе може да биде завршена Лекарскиот тим ветил дека ќе даде максимум за да го оспособи за настап во финалната серија, но шансите за такво нешто во моментов се многу мали. Робинсон на последниот ...
На денешен ден пред 35 годинa Црвена Звезда го направи најголемиот успех во југословенскиот клупски фудбал, откако славеше победа во финалето на Купот на европските шампиони, одиграно во Бари, против францускиот гигант Олимпик Марсеј. Таа генерација на белградскиот тим беше составена и од двајца Македонци – Илија Најдоски и Дарко Панчев. Двајцата имаа огромна заслуга за историскиот успех на Црвена Звезда – Најдоски беше незаменлив во ...
Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос откако во два сета ја совлада сонародничката Магда Линет со 6-4, 6-4. Четирикратната шампионка на Ролан Гарос уште еднаш покажа зошто важи за една од главните фаворитки за титулата на париската земјена подлога. Линет во одредени моменти успеваше да парира, особено во првиот сет, но немаше доволно квалитет за посериозно да ја загрози поранешната светска број еден. ...
Крајот на месец мај секогаш буди убави спомени за навивачите на Црвена Звезда. На денешен ден во 1991 година, „златната генерација“ на Љупко Петровиќ ја покори Европа и го освои тогаш Купот на шампионите. А, ѕвезда во финалето беше нашиот Дарко Панчев. „Златната копачка“ од Македонија во финалето против Олимпик Марсеј во Бари го даде решавачкиот пенал и ги фрли сите што ја сакаа „црвено-белата“ боја во делириум. Во шампионската сезона Црвена ...
Екипата на Еурофарм Пелистер со заедничка вечера ја спушти завесата за сезоната 2025/26 во која во домашниот шампионат заврши на втората позиција, а во Лигата на шампионите беше многу блиску до пласман во елиминационата фаза. По натпреварот со Алкалоид раководството на клубот ги собра сите ракометари и стручниот штаб, а на оние кои го напуштаат клубот им додели пригодни подароци. „Спортските разделби се емотивни, посебно кога се последица на ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се врати на врвот во македонскиот фудбал, а од летово почнува да врти нов лист. Човекот кој го донесе шампионскиот пехар Гоце Седлоски се посветува во целост на репрезентацијата, а црвено-црните се префрлаат под аргентинска палка. Кристијан Фабиани, Аргентинец со одлична фудбалска кариера, но релативно млад тренер, ја презема работата во таборот на вардарци. Неколку дена по промоцијата на ...
Заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити предизвика огромно внимание, не само кај објективната спортска јавност, туку и кај најверните навивачи на „граѓаните“. Како дел од „програмата“ пред заминувањето, шпанскиот тренер се сретна со навивачот кој пред 10 години го праша „каде ќе ги сместиме сите трофеи што ќе ги освоиме?“. Двајцата разменија многу убави спомени, навраќајки се на детството на навивачот, кој сега веќе е возрасно момче. ...
Ракометарот на Охрид, Тилен Стрмљан, со голема доза оптимизам го најави реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Купот против унгарската Татабања. Охриѓани во првиот меч одиграа одлично и славеа на гостински терен со 28-29, па сега пред својата публика ќе имаат историска шанса да стигнат до европски трофеј. „Ни претстои последниот и најважниот натпревар оваа сезона. Го играме реваншот против Татабања во финалето на ЕХФ Купот. Сите знаеме против ...
Македонската фудбалска репрезентација во последниот овосезонски репрезентативен прозорец ќе одигра две пријателски средби против селекции кои ова лето ќе настапат на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Прв предизвик за избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе биде селекцијата на Босна и Херцеговина, која по вторпат во својата историја обезбеди пласман на Мундијал. Босанците дебитираа на Светското ...
Пријателскиот натпревар помеѓу Ирска и Катар (1-0) беше двапати прекинат од страна на домашните навивачи, кои сакаа да испратат силна порака до фудбалските челници на својата земја. Здружените навивачи на ирските прволигашки во два наврата го прекинуваа мечот со фрлање тениски топчиња кои имаа насликани палестински знамиња, а пораката беше да се откажат натпреварите против Израел во новото издание од Лигата на нации. На топчињата, покрај ...
Лигата на шампионите секогаш носи посебна атмосфера – големи натпревари, врвни играчи и моменти што долго се паметат. А кога ќе дојде време за големото финале, возбудата е уште поголема. Еден натпревар, две екипи и една шанса за европска слава, токму ваквите вечери најубаво се доживуваат во друштво. Како спонзор на Лигата на шампионите, Heineken, во соработка со барови низ целата земја, организира заедничко следење на големото финале. Во овие ...
Најтрофејниот тенисер во историјата на „белиот“ спорт, Новак Ѓоковиќ, како што се очекуваше, се квалификуваше во третото коло на Ролан Гарос. Српскиот тенисер беше подобар од домашниот играч Валентино Рохе со 3-1, со што ја оправда улогата на фаворит, иако не стигна до триумфот на лесен начин, како што можеби укажува резултатот. Во следната натпреварувачка рунда, Ѓоковиќ го очекува дуел со Жоао Фонсека, бразилски тенисер кој моментално ја ...
На денешен ден пред 35 годинa Црвена Звезда го направи најголемиот успех во југословенскиот клупски фудбал, откако славеше победа во финалето на Купот на европските шампиони одиграно во Бари против францускиот гигант Олимпик Марсеј. 29 мај 1991 година скоро секој фан на Црвена Звезда уште долго ќе го памети, а тогаш не постоеше Македонец кој не беше горд на Илија Најдоски и Дарко Панчев кои беа дел од таа феноменална генерација на Звезда ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе се сретне со Босна и Херцеговина во пријателски натпревар, кој ќе се одигра на „Кошево“ и се очекува култниот стадион да биде исполнет до последно место. Вчера нашите фудбалери го одработија единствениот тренинг на легендарниот стадион во Сараево, а таму беа пречекани од Крсте Велкоски, некогашен репрезентативец на Македонија, а сегашен функционер во фудбалскиот клуб Сараево. Велкоски им ...
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојното Светско првенство. Актуелниот шампион нема посилна генерација од претходната, особено затоа што Лионел Меси е четири години постар. Но, недостасуваат имиња во соблекувалната и на теренот, како на пример, Анхел ди Марија, Пауло Дибала и слични. Големо изненадување за многумина е отсуството на Франко Мастантуоно, ...
Кошаркарите на Сан Антонио извојуваа уште една голема победа над Оклахома со резултат од 118-91 и се изборија за „мајсторка“ во финалето на Западната конференција на НБА. Домашните покажаа енергија уште од првата минута и имаа предност од почетокот до крајот на натпреварот. Серијата со која ставија крај на сите надежи на противникот се случи во третата четвртина и беше 20-0. Виктор Вембањама ги предводеше Спарси со 28 поени, 10 скока, три ...
Фудбалскиот клуб Новаци зад себе има сезона која слободно може да се нарече – вистинска приказна за опстанок и пресврт. Само неколку дена пред стартот на првенството, клубот се наоѓаше во исклучително тешка ситуација. Новаци имаше едвај десет фудбалери на располагање, беше во сериозна организациска и финансиска криза, па дури и под стечај со долг од околу пет милиони денари. Се чинеше дека иднината е неизвесна, а настапот во Втората лига ...
Аргентинскиот тренер Мартин Демикелис и натаму ќе ја води шпанската Мајорка, и покрај тоа што екипата не успеа да избори опстанок во Примера. 45-годишниот стратег потпиша нов договор, со важност до 2028 година. Демикелис го презеде тимот во февруари и не успеа да избори уште една година во елитниот ранг, но забележа резултати кои беа оквалификувани како позитивни, кревајќи го духот на играчите и навивачите. Без оглед на тоа што Мајорка оди ...
Државите Њујорк и Њу Џерси отворија истрага против ФИФА поради начинот на продажба и формирање на цените на билетите за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Американските власти реагираа по бројни поплаки од навивачи за енормно високи цени, сомнителни промени на категориите на седишта и недоволна транспарентност во процесот на продажба. Според истрагата, посебно спорни се билетите за финалето на стадионот „МетЛајф“ ...
Шпанскиот тренер Мичел повеќе не е предводник на Џирона, која сезонава испадна во ранг подолу и ќе се натпреварува во Сегунда. Младиот стратег остави голем печат во таборот на Џирона, со која избори пласман во Примера, а потоа и во Лигата на шампионите, но оваа година не ги бележеше посакуваните резултати и го доживеа најлошото можно сценарио. За услугите на Мичел има интерес од повеќе клубови, но се претпоставува дека ќе седне на клупата на ...
Германскиот Волфсбург се соочува со голема реконструкција по испаѓањето од Бундеслигата, откако дури девет фудбалери го напуштија клубот веднаш по завршувањето на сезоната. Според германските медиуми, заминувањата се дел од широка реорганизација во клубот, кој по поразот во баражот против Падерборн ја загуби својата позиција во елитата по речиси три децении. Раководството на Волфсбург најави нов проект со значително намален буџет, фокус на ...
Италијанскиот тренер Винченцо Италиано официјално ја напушти Болоња, откако двете страни постигнаа договор за раскин на соработката, соопшти клубот. Италијано заминува по две успешни сезони на клупата на тимот од „Ренато Дал’Ара“, во кои успеа да го подигне нивото на игра и да постигне историски резултати, меѓу кои и освојување на Купот на Италија - прв трофеј за клубот по повеќе од пет децении. Под негово водство, Болоња се пласираше во ...
Еден од најстандардните дефанзивци на Манчестер Сити, Рубен Диас, наводно е незадоволен од својата улога во тимот и сериозно размислува за промена на средината, пренесуваат повеќе медиуми од Англија. Според информациите, португалскиот репрезентативец веќе ги информирал своите агенти дека сака нов предизвик, а за неговите услуги има огромен интерес од повеќе европски гиганти. Иако деталите засега не се целосно откриени, се споменува дека ...
Петтиот тенисер во светот, Бен Шелтон, порано од очекуваното го заврши настапот на Ролан Гарос, откако беше елиминиран уште во второто коло. Од него убедливо, по три сета, подобар беше Белгиецот Рафаел Колинјон со 6-4, 7-5, 6-4. Моментално 62. тенисер во светот одигра врвен меч и така го изедначи својот најдобар резултат на некој Грен слем турнир. Колку беше сигурен, говори податокот дека не му дозволи ниту една брејк-топка на противникот. ...