Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Напаѓачот на Аргентина, Хулијан Алварез порача дека актуелниот светски шампион оди на новото Светско првенство со јасна цел, одбрана на титулата. „Секогаш сакаме да бидеме шампиони и нема причина овојпат да биде поинаку. Целта ни е финале и нова титула, иако знаеме дека нема да биде лесно. Ќе мора многу да работиме и да одиме чекор по чекор. Доаѓаме како светски шампиони и тоа е неверојатно чувство. Горди сме на тоа, но сакаме повторно да го ...
По отпуштањето на речиси цела управа, италијанската јавноста открива дека во Милан всушност владеел вистински хаос. Новинарката Моника Коломбо тврди дека тензиите меѓу Златан Ибрахимовиќ и Масимилијано Алегри кулминирале со физичка пресметка. Новинарката на „Кориере дела Сера“ открива дека проблемите меѓу двајцата траеле подолго време, а несогласувањата околу изборот на трет голман за следната сезона биле само повод повторно да се разгорат ...
Во спортската сала во Куманово, на специјално подготвените терени за М12 генерациите, продефилираа голем број на млади кошаркари и кошаркарки од повеќе градови низ Македонија. Преку игра, дружење и натпреварување, најмладите имаа можност да ги покажат своите кошаркарски вештини, но и да создадат нови пријателства и убави спомени. Настанот уште еднаш потврди дека кошарката носи радост, среќа и магија, особено кога на едно место се собираат ...
Светскиот рекет број еден Јаник Синер се пласира во второто коло на Ролан Гарос, откако вечерва рутински го победи Французинот Клемонс Табур, рангиран на 171. место на АТП листата, со 3-0 во сетови (6-1, 6-3 и 6-4). Мечот траеше два часа и десет минути, па Синер не загуби премногу енергија за време на овој дуел. Можеше да заврши и малку побрзо, но со водство од 5-3 во третиот сет, Синер пропушти три меч-топки, па потоа мораше да игра уште ...
Два дена по заминувањето на Пеп Гвардиола од кормилото на Манчестер Сити, следуваше и првиот конкретен потег на клубот. Според новинарот Николо Шира, Сити се договорил околу условите со Елиот Андерсон, играч од средниот ред на Нотингем Форест, и сега му останува потешкиот дел од работата – преговорите со Евангелос Маринакис околу обештетувањето. А тој дел нема да биде лесен бидејќи сопственикот на „шумарите“ пред само два дена изјави дека ...
Голема е веројатноста Марк Маркез да се врати на патеката веќе овој викенд на трката за Големата награда на Италија која ќе се вози на легендарната патека во Муџело. Од тимот на Дукати соопштија дека актуелниот шампион ќе отпатува за Италија и ќе се обиде да добие зелено светло од лекарските служби на Мото ГП шампионатот за настап на тркачкиот викенд. Шпанецот се повреди за време на спринтот во Ле Ман кога доживеа тежок пад и заработи ...
Во првиот од двата контролни натпревари кои македонската репрезентација до 19 години ги игра против Словенија, забележан е пораз од 3-1. Гостите поведоа во 26. минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2-0. Во 42. минута Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2:1. Конечниот резултат беше поставен во 74. минута кога во листата на стрелци се ...
Еден од најголемите спортисти во историјата, Мајкл Џордан ги предводеше бројните спортски и светски ѕвезди кои му оддадоа почит на Пеп Гвардиола, на емотивната проштална вечера организирана во чест на легендарниот менаџер на Манчестер Сити. Гвардиола минатата недела објави дека ќе ја напушти клупата на Сити по десет години во клубот, во време во кое освои дури дваесет трофеи. Легендарниот Џордан, и поранешниот капитен на Сити, Винсент ...
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети сака повторно да соработува со Мохамед Салах, а според информациите на „Ла Република“, египетската ѕвезда е една од главните желби на клубот од Торино. Според истиот извор, Спалети се надева дека ќе успее да го убеди 33-годишниот Салах да се пресели во Торино, а важна улога во тоа би можел да има токму Алисон. Бразилскиот голман е во напредни преговори со Јувентус, а дел од италијанските медиуми тврдат ...
Раде Стојановиќ направи успех во Словенија и со својот клуб Ајдовшчина избори пласман во Првата лига. Македонскиот стратег е на кормилото на овој тим пет месеци, а во тоа време од третото место се проби до врвот и следната сезона ќе настапуваат во елитата на словенечкиот ракомет. По постигнатиот успех Стојановиќ на социјалните мрежи објави порака за ракометарите, клубот и навивачите. „Некои победи се мерат со бодови, а другите стануваат дел ...
Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер со голем оптимизам го очекува финалето во Конференциската лига против Рајо Ваљекано кое утре ќе се игра во Лајпциг, а порача дека неговиот тим заслужено стигнал до борбата за трофејот и е подготвен за најважниот натпревар сезонава. „Сите со нетрпение го чекаме утрешниот натпревар затоа што покажавме дека одигравме фантастична сезона во Конференциската лига. Финалето во Лајпциг го гледаме како награда ...
Рајо Ваљекано ќе го предизвика Кристал Палас во финалето на Конференциската лига на УЕФА. На прес-конференцијата пред натпреварот тренерот на шпанскиот тим Ињиго Перез порача дека неговиот тим е подготвен и дека клучно ќе биде играчите да останат верни на својот стил на игра. „Важно е да разбереме дека ова е натпревар каков што многумина од овие фудбалери сонувале да го играат уште од деца. Мораме да го игнорираме целиот притисок околу ...
Македонската репрезентација влегува во серија силни тестови против учесници на следното Светско првенство, а еден од фудбалерите кои повторно се вратија во националниот тим е Јован Манев. Пред гостувањето кај Босна и Херцеговина во Сараево, дефанзивецот порача дека Македонија нема да прави разлика меѓу пријателски и официјални натпревари и дека целта е максимален пристап и позитивен резултат. „Чест ми е што повторно сум дел од оваа селекција ...
Искусната ракометна судиска двојка Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески ја заврши својата кариера во овој спорт. По 27 годишен стаж во македонскиот ракомет двоецот реши дека е време да се повлече. Во кариерата Седлоски и Ангелески имаат преку 900 отсудени натпревари. Тие преку социјалните мрежи ја споделија одлуката за повлекувањето. „По 27 години активен судиски стаж и повеќе од 900 отсудени натпревари, од срце сакам да упатам голема ...
Главниот град на Србија, Белград, повторно е меѓу главните кандидати за организација на „фајнал-фор“ турнирот во Евролигата, објавија повеќе регионални и европски медиуми. Според информациите на литванскиот новинар Јонас Лекшас, српската престолнина е во потесниот избор за домаќин на завршниот турнир во 2027 година, доколку Абу Даби се откаже од организацијата. Покрај Белград, кандидати се и Валенсија и Каунас. Белград веќе двапати успешно ...
„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена. Во второто издание на оваа кампања запознаваме осум перспективни македонски спортисти, млади луѓе кои секојдневно тренираат, се жртвуваат и растат низ спортот. Преку нивните лични приказни откриваме и дел од ...
По крајот од сезоната, раководството на Осасуна одлучи да му се заблагодари на доскорешниот тренер, Алесиo Лиси. Тимот од Памплона оствари очаен резултат на крајот од сезоната во Примера, забележувајќи пет порази, но сепак успеа да го зачува опстанокот и покрај тоа што имаше ист број бодови како Мајорка, која испадна од лигата. Цената ја плати 40-годишниот Италијанец, кој брзо беше отпуштен. Лиси помина една година на клупата на Осасуна, која ...
Ракометарите на Охрид останаа со шанси за второто место и вицешампионската титула, откако во првиот натпревар од последното десетто коло на плеј-офот го совладаа Тиквеш со 22-29 (12-17). Овој натпревар се одигра во СЦ „Биљанини извори“ во Охрид, иако номинално домаќини беа кавадарчани. Најефикасни во тимот на Охрид беа Јасухура, Софкоски, Лиапис и Бојаниќ со по десет гола, а кај Тиквеш се истакна Томче Стојановски со десет погодоци. Од ...
Еден од најголемите таленти од школата на Еурофарм Пелистер, младиот Андреј Георгиев, официјално потпиша за Еурофарм Пелистер 2 и ќе биде дел од тимот во новата сезона. Георгиев важи за еден од најперспективните млади ракометари во својата генерација, а со одличните настапи во кадетските категории веќе го привлече вниманието со своите партии и голгетерски учинок. Во Битола гледаат сериозна иднина во младиот ракометар, па потписот за вториот ...
Конечниот список на селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, од 26 фудбалери за Светското првенство, без ниту еден од Реал Мадрид, со осуммина од Барселона, предизвика клупски полемики, медиумски „боцкања“, расправа, па и војна на социјалните мрежи. Шпанскиот селектор во духот на Спартанците веднаш пресече со сите клупски манипулации. „Ова е Шпанија. За мене најдобар тим е – Шпанија, не постои друг. Не земам ...
На крајот од сезоната, започна „војната“ помеѓу поранешниот и сегашниот капитен на Манчестер Јунајтед – Рој Кин и Бруно Фернандеш. Кин особено го критикуваше Португалецот за неговиот пристап на натпреварот со Нотингем Форест каде што истакна дека Бруно бил повеќе загрижен за својот рекорд отколку за успехот на Манчестер Јунајтед. На ова, Фернандеш, кој беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, одговори: „Секогаш велев дека не ми ...
Пеп Гвардиола од пред два дена и официјално го напушти Манчестер Сити, а веќе се знае кој ќе седне на неговото место. Станува збор за италијанскиот стратег Енцо Мареска, кој според Фабрицио Романо веќе е постигнат договор и наскоро треба официјално да биде промовиран во нов тренер на „граѓаните“. Се очекува Мареска да стави потпис на тригодишен договор со Манчестер Сити, а во него клубот гледа идеална замена за Гвардиола. Мареска одлично го ...
Легендарниот македонски напаѓач Дарко Панчев повторно ја одушеви јавноста со својата искрена и емотивна изјава поврзана со клубовите кои му значат најмногу во животот. Панчев без двоумење истакна дека за него најголема вредност би имале трофеите освоени со Вардар и Црвена Звезда, ставајќи ги пред успесите на пример со европските гиганти како Милан и Манчестер Јунајтед. „И сега ако би бирал, јас илјада пати повеќе би сакал да освојам трофеј со ...
Само неколку часа по елиминацијата на Марин Чилиќ, пристигна уште едно големо изненадување во првото коло од Ролан Гарос. Рускиот тенисер Данил Медведев уште во воведната рунда ги заврши настапите на Грен слемот во Париз. По голема битка со Адам Волтон, Русинот успеа да загуби иако беше голем фаворит и го заврши учеството на овој турнир. Медведев се посрамоти во француската престолнина, а Адам Волтон приреди сензација за три часа и 22 минути, ...
Жељко Обрадовиќ, најодликуваниот европски тренер, би можел да ја предводи Барселона следната сезона. Како што објави „Л'Еспортио“, познатиот српски стручњак наскоро ќе донесе одлука каде ќе работи следната сезона, а според нивното пишување, Барселона сега е еден од главните фаворити. Откако го напушти Партизан на 25 ноември минатата година, Обрадовиќ направи пауза. Како што се очекуваше, голем број клубови се заинтересирани да потпишат ...
Можеби го имаме најголемото изненадување досега на Ролан Гарос. Францускиот тенисер, Мојзе Куаме, го шокираше далеку популарниот Марин Чилиќ во првото коло на Ролан Гарос. Откако Тејлор Фриц беше елиминиран во првото коло, само два дена подоцна, Марин Чилиќ загуби од анонимниот француски тенисер Мојзе Куаме, со 3-0 во сетови. Сензационалниот пораз на Хрватот ја шокираше тениската публика речиси колку што го шокираше него Куаме. Французинот е ...
Олимпијакос го освои фајнал-фор турнирот во Евролигата, победувајќи го Реал Мадрид во финалето, а низ медиумите многу се зборуваше за присуство на полиција во грчката престолнина. Иако работите поминаа без инциденти на трибините, во ВИП делот беше поинаку. На социјалните мрежи кружи видео од тепачка меѓу двајца моќници во Грција. Сопственикот на фудбалскиот клуб Олимпијакос, Евангелос Маринакис, кој заработи големо богатство во бродоградба, ...
Карлос Кеироз, селекторот на фудбалската репрезентација на Гана, го објави списокот од 28 играчи, кои ќе се борат за настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Африканската земја претрпе голем удар нешто повеќе од две недели пред почетокот на натпреварувањето, бидејќи напаѓачот Мохамед Кудус е исклучен поради повреда. Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на квадрицепсот во јануари и се очекуваше да се врати во март. Сепак, ...
Селекторот на репрезентацијата до 19 години, Димитар Капинковски го објави списокот на играчи кои се во конкуренција за настап на двата контролни натпревари против Словенија што ќе се одиграат во Скопје. Предводникот на националниот тим се реши за 22 фудбалери кои со овие две средби влегуваат во новиот квалификациски циклус за настап на Европското првенство. Голман: АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВ (АП БРЕРА) АНТОНИ ТРАЈКОВ (ВАРДАР) Одбрана: СТЕФАН ...
Во Милан веќе сериозно работат на изборот на нов тренер по заминувањето на Масимилијано Алегри, а според информациите од Италија, најголем фаворит во овој момент е Андони Ираола. Шпанскиот стратег, кој имаше одлична сезона со Борнмут и го одведе тимот до шестото место во Премиер лигата, веќе имал контакт со сопственикот на „росонерите“, Гери Кардинале. Ираола котира највисоко на листата желби на Милан поради офанзивниот и модерен стил на ...