Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Рафаел Надал откри шокантни детали од својата кариера и борбата со хроничните болки во документарецот кој ќе биде прикажан на платформата „Нетфликс“ за време на Ролан Гарос. Апсолутниот крал на земјената подлога и освојувач на 14 титули во Париз отворено зборуваше за проблемите со повредите и синдромот Милер Вајс, деформација на левото стапало од која страда уште од младоста, а која подоцна влијаела и на проблемите со колената. „Мојот проблем ...
Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Џејмс Харден, порача дека неговиот тим е поквалитетен од Њујорк Никс, и покрај убедливата елиинација во финалето на Источната конференција. Никси стигнаа до големото НБА финале со максимални 4-0 во серијата, а во последниот натпревар славеа со убедливи 130-93. Сепак, Харден смета дека резултатот не ја покажал вистинската разлика меѓу двата тима по прашањето дали смета дека ривалот бил многу подобар. „Да, беше ...
Манчестер Сити организираше спектакуларна прослава во арената „Ко Оп Лајв“, каде клубот се прости од Пеп Гвардиола и ги претстави сите 20 трофеи освоени во ерата на шпанскиот стратег. На свеченоста присуствуваа бројни поранешни фудбалери и клупски легенди кои ги изнесуваа трофеите на сцената и му оддадоа почит на Гвардиола за најуспешниот период во историјата на клубот. Меѓу присутните беше и сегашниот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани, ...
Нестор Лоренцо го објави списокот на фудбалери со кои Колумбија ќе настапи на Светското првенство. На него се вратија неколку искусни имиња. Јасно е дека „кафетеросите“ одново ќе се потпрат на искуството, па така во тимот се Оспина, Родригез, Кинтеро, Ариас... Фудбалерите кои пред 12 години оставија белег и ја водеа репрезентацијата до историски успех пак ќе бидат дел од подмладениот колектив. Колумбискиот список на фудбалери за Мундијалот: ...
Двајца ветерани и миленици на публиката, Гаел Монфилс и Станислав Вавринка, ги одиграа последните мечеви на Ролан Гарос и полека се простуваат од големата сцена бидејќи по крајот на сезоната најавија пензија. Монфилс беше елиминиран уште во првото коло по поразот од сонародникот Уго Гастон со 3-2 во сетови. Ветеранот загуби со 6-2 и 6-2 во првите два сета, но со голема поддршка од трибините успеа да се врати во мечот и да ги добие следните ...
Во Аргентина пристигнаа добри вести на само три недели пред стартот на Светското првенство, откако првичните лекарски прегледи покажале дека повредата на Лионел Меси не е од посериозна природа. Од Интер Мајами соопштија дека кај аргентинската ѕвезда е констатирано истегнување на мускулот на левата натколеница, а времето за враќање на терените ќе зависи од процесот на рехабилитација и дополнителните медицински проценки. Според аргентинскиот ...
Кошаркарите на Њујорк со максимални 4-0 го елиминираа Кливленд и се пласираа во финалето на НБА лигата. Никси ги декласираа Кавалирси со 93-130 и со втор брејк ја затворија серијата на Истокот. Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс: Уште од стартот во „Рокет Арената“ се наметна гостинот, стекна предност и во продлолжението само ја надоградуваше за на крајот да победи многу убедливо. Донован Мичел беше најдобар поентер со 31 поен зад своето име. ...
Манчестер Јунајтед е многу блиску до ангажман на играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, кој треба да биде директна замена за Бразилецот Касемиро. Според англиските и италијанските медиуми, „црвените ѓаволи“ веќе постигнале договор со бразилскиот фудбалер за личните услови, а преговорите со Аталанта се во завршна фаза. Трансферот би можел да изнесува околу 45 до 50 милиони евра. Едерсон е една од најголемите желби на новиот тренер Мајкл ...
Новиот шампион на Македонија, Вардар ќе го задржи костурот на тимот за наредните сезони. Клубот денес официјално потврди продолжување на договорите на двајца од најискусните фудбалери. Станува збор за македонските репрезентативци Дарко Велковски и Бобан Николов. Искусниот стопер стави потпис на нов договор со „црвено црните“ до 2027 година, додека фудбалерот за врска ќе остане дел од Вардар до 2029 година. Од клубот преку официјалните канали ...
Легендарниот американски кошаркар, Двејн Вејд, упати пофални зборови за ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, за кого смета дека покажува доминација каква што своевремено имаа Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Поранешната ѕвезда на Мајами додаде дека францускиот кошаркар е „подеднакво доминантен и во напад и во одбрана“, нагласувајќи дека неговото влијание на двете страни од теренот е ретко видено во НБА лигата. „Кога зборуваме за ...
Додека фудбалерите на Арсенал ја славеа шампионската титула во Премиер лигата, нивниот играч за врска Деклан Рајс во еден момент вниманието го насочи кон својот поранешен клуб Вест Хем. Арсенал со победата од 2-1 против Кристал Палас ја потврди титулата, но Вест Хем не дочека кикс на Тотенхем и не успеа да обезбеди опстанок во елитата и испадна од Премиер лигата. Пред церемонијата за доделување на трофејот, Рајс се одвои од соиграчите за да ...
Панатинаикос започнува сериозна реконструкција на ростерот по завршувањето на сезоната. Според грчките медиуми, веќе се разгледуваат потенцијални нови засилувања за тимот кој сезонава не ги постигна очекуваните резултати. Сигурно заминуваат неколку играчи кои не беа во прв план кај тренерот Ергин Атаман, а меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. Во Панатинаикос паралелно се работи и на доведување нови засилувања, бидејќи ...
Екипата на Падерборн 07 го надигра Волфсбург со конечни 2-1 (1-1) во вториот бараж-натпревар на Бундеслигата, обезбедувајќи пласман во елитното друштво после шест години. Во регуларното време, натпреварот заврши со конечни 1-1, откако по еднаш на двете страни стрелаа Џенан Пејчиновиќ и Филип Билбија. Волфсбург беше во тешка ситуација откако остана со играч помалку уште во 14. минута, но успеа да го одведе мечот во продолженија. Падерборн во ...
Македонскиот репрезентативец Агон Елези одигра одличен натпревар за екипата на Сараево и го постигна единствениот погодок за својот тим во победата против Железничар со конечни 1-0 (1-0). Мечот од последното коло на босанскиот шампионат беше решен со голот на Елези, за кого ова беше деветти подогок сезонава. Гостинскиот тим ја затресе мрежата во 90. минута, но беше поништен по прегледот на ВАР-снимката. Во составот на домаќинот беше и ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека пласманот во Лигата на шампионите е резултат на огромна работа и верба во тимот, откако „волчицата“ по седум години повторно обезбеди место меѓу европската елита. Римјаните успеаја да дојдат до елитниот ранг на УЕФА со победа над Верона во последното коло, но во прилог им одеа и резултатите на Милан и Јувентус. „Го чувствувавме напредокот од натпревар во натпревар. Поразите нè погодија, но ...
Милан денес официјално го отпушти Масимилијано Алегри, заедно со дел од раководството, а клубот сезоната ја оцени како „недвосмислен неуспех“ поради тоа што остана без пласман во Лигата на шампионите. Откако Алегри доби отказ, новинарите успеаја да извлечат кратка изјава од трофејниот тренер, кој рече дека направил грешки и пропусти во клучните мечеви од сезоната. „Направивме грешки, јас грешев. Клучните мечеви не ги одигравме на потребното ...
Банката на Шкотска претстави специјално ограничено издание на банкнотата од 20 фунти со ликот на шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј, инспирирана од неговите легендарни „ножички“ против Данска во квалификациите за Светското првенство. Новата банкнота е изработена во чест на пласманот на Шкотска на Мундијалот, прв по пауза од 28 години, а на неа е прикажан моментот кога фудбалерот постигна спектакуларен гол со „ножички“. Испечатени се ...
Фудбалерот на Сондерјиске и репрезентативец на Македонија, Сефер Емини, изјави дека нашиот национален тим ќе се обиде да оствари добри резултати на „контролките“ со Босна и Херцеговина и Турција, најавувајќи голема борба на двата натпревари. Емини уште нема дебитантски настап во дресот на Македонија, но смета дека важно е колективот да биде подготвен за предизвиците, без оглед на тоа што овие мечеви доаѓаат на крајот од сезоната. „Многу ...
Управата на Тотенхем им вети на навивачите значајни промени и нови инвестиции во тимот, но истовремено јасно порача дека клубот не е на продажба. Според британските медиуми, раководството на лондонскиот премиерлигаш планира дополнително да ја зајакне финансиската структура на клубот и да обезбеди поголем буџет за спортскиот сектор, со цел Тотенхем повторно да биде конкурентен во борбата за трофеи. Мнозинскиот сопственик „ENIC Group“, кој ...
Привремениот селектор на Италија, Силвио Балдини, го објави списокот за пријателските натпревари против Луксембург и Грција. На општо изненадување на јавноста, на списокот се најдоа неколку фудбалери од младинскиот состав, кои настапија за У21 селекцијата на квалификацискиот натпревар против Македонија, одигран на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. 704072645_18594264388060923_6771467727888983895_n.jpg Балдини реши да комбинира во овој ...
Бугарскиот репрезентативец и кошаркар на Црвена звезда, Коди Милер-Мекинтаер, кариерата ќе ја продолжи во новиот европски шампион, Олимпијакос, каде што треба да потпише тригодишен договор. Според информациите на повеќе европски медиуми, грчкиот гигант подготвил богата понуда за еден од најдобрите плејмејкери во Евролигата, а договорот наводно е вреден повеќе од седум милиони евра. Милер-Мекинтаер зад себе има одлична сезона во дресот на ...
Кошаркарите на Будуќност се изборија за „мајсторка“ во полуфиналето на АБА лигата, триумфирајќи над Дубаи во вториот натпревар од серијата, со конечен резултат 91-90. Црногорскиот претставник се избори за тешка победа, затоа што Дубаи прикажа извонредна кошарка и на моменти се чинеше дека може да ја заокружи серијата со евентуална победа во Подгорица. Домаќинот водеше со 46-42 на паузата меѓу двете полувремиња, а потоа ја одигра најдобрата ...
Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во второто коло на Ролан Гарос, откако го елиминираше Перуанецот Игнасио Бусе со 3-1 во сетови (6-3, 6-7/6, 6-3 и 7-5). Бусе пристигна во Париз по освоениот трофеј на турнирот во Хамбург и пружи силен отпор против фаворитот, особено во завршницата на мечот, кога беше близу и до петти одлучувачки сет. Рубљев сепак успеа да ја задржи концентрацијата кога беше најпотребно, заокружувајќи ја победата за ...
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, ги изнесе своите очекувања од двата пријателски натпревари на „рисовите“, кои ќе ги одмерат силите со Босна и Херцеговина и Турција. Нашите репрезентативци ќе одиграат две контролки со две селекции-учеснички на Светското првенство, а Атанасов вели дека сите ќе одиграат максимално, без разлика што се работи за подготвителни натпревари. „Сезоните во нашите клубови завршуваат, полека се собираме и ги ...
По заминувањето од клупата на Шкендија, досегашниот тренер Јетон Беќири се обрати до јавноста со емотивна порака, заблагодарувајќи им се на клубот, фудбалерите и навивачите за поддршката и соработката во изминатиот период. „Сакам да ја искористам оваа можност јавно да им се заблагодарам на сите со кои ја споделив оваа авантура. Им благодарам на раководството на клубот, на сопственикот Лазим Дестани, на моето семејство и на компанијата Еколог ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш официјално се прости од еден од најискусните фудбалери во тимот, откако Берат Садик стави крај на својата богата професионална кариера. Од кавадаречкиот клуб му се заблагодарија на искусниот 39-годишен напаѓач за професионализмот, посветеноста и придонесот што го даде во дресот на Тиквеш. Садик зад себе остава навистина импресивна интернационална кариера. Роден е во Скопје во 1986 година, но уште како дете се ...
Екипите на Брера, Пелистер, Скопје и Шкендија Арачиново ги продолжуваат подготовките за клучните бараж натпревари кои ќе решаваат за местата во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона. Во првиот бараж дуел, Брера Струмица ќе се соочи со Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Струмичани ќе се борат за опстанок во елитното друштво, додека Скопје ќе се обиде повторно да обезбеди место меѓу најдобрите македонски клубови. ...
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Силекс се прости од еден од своите најискусни фудбалери, откако Милош Николиќ го одигра последниот натпревар во кариерата. Во рамките на последното коло, 37-годишниот Николиќ за последен пат го облече дресот на кратовскиот клуб и официјално стави крај на својата играчка кариера по четири сезони минати во „сино-црвениот“ табор. Искусниот фудбалер остави силен белег во Силекс, каде беше ...
Вистински земјотрес го погоди Милан по катастрофалниот финиш на сезоната и неуспехот да се обезбеди место во Лигата на шампионите. Раководството на „росонерите“ донесе радикални одлуки и во еден ден се раздели со речиси целото клучно раководство на клубот. Без функциите останаа Џорџо Фурлани (извршен директор), Игли Таре (спортски директор), Џефри Монкада (технички директор) и Масимилијано Алегри кој ја вршеше улогата тренер на првиот тим. ...
Со крајот на последните натпревари, завршена е сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а познати се и најдобрите играчи на листата на стрелците. Басиру Компаоре од Струга Трим Лум е најдобар стрелец со 17 постигнати гола. Зад него е неговиот соиграч Христијан Малески со 16 постигнати гола. Доминацијата на Струга на врвот ја руши Азер Омерагиќ од Вардар. Капитенот има 14 постигнати гола зад своето име. На делба на четвртото место ...