Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Полската тенисерка Ига Швјонтек се осврна на неодамнешните коментари на директорот на турнирот во Дубаи, кој ја критикуваше за повлекувањето непосредно пред натпреварувањето. Салах Талак ја критикуваше Сабаленка, како и Ига Швјонтек, за откажувањето на нивното учество на натпреварот во ОАЕ оваа година. Талак потоа рече дека повлекувањето на Сабаленка и Швјонтек е „несреќно изненадување“ и повика на строги мерки за доцните повлекување, со ...
Иранската фудбалска репрезентација нема да биде сместена во САД за време на Светското првенство, откако ФИФА го одобри барањето кампот на националниот тим да биде преместен во Мексико. Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, потврди дека наместо во Тусон во Аризона, репрезентацијата ќе престојува во Тихуана, град кој се наоѓа на границата меѓу Мексико и САД. Главна причина за ваквата одлука се проблемите со визите, бидејќи ...
Хрватскиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Марио Хезоња, го призна поразот во финалето на Евролигата и му честиташе на Олимпијакос за одличната сезона во елитното натпреварување. „Кралевите“ загубија со 92-85 во финалето одиграно во „ОАКА Арена“ во Атина, а Хезоња беше искрен и рече дека грчкиот гигант повеќе го заслужил трофејот. „Им честитам на ривалите за прекрасната сезона. Олимпијакос беше прв на табелата, прикажа веројатно ...
Драматична и хаотична вечер во Серија А донесе конечна разврска околу патниците во Лигата на шампионите, а најголемите губитници се Милан и Јувентус. Иако градското дерби меѓу Торино и Јувентус беше одложено за еден час поради сериозните инциденти и судири меѓу навивачите, борбата за топ четири доби разрешница уште пред крајот на таа средба. Милан имаше сè во свои раце пред последното коло. Тимот на Масимилијано Алегри важеше за голем фаворит ...
Екипата на Виљареал ја затвори сезоната во шпанската Примера со огромен триумф над Атлетико Мадрид (5-1) во натпреварот од 38. коло. Во мечот без преголемо значење, „жолтата подморница“ покажа сила и сосема заслужено дојде до победа, прва по два последователни порази. Имаше домаќинот убедливи 4-1 по првите 45 минути, а стрелци беа Дани Парехо, Ајозе Перез, Георгес Микаутадзе и Папе Геје. Гостите од Мадрид во првиот дел погодија преку Марк ...
Олимпијакос е новиот шампион на Евролигата, откако во спектакуларното финале во Атина со 90-85 го совлада Реал Мадрид. Грчкиот гигант конечно стигна до европската круна по повеќе години разочарувања и за првпат од 2013 година повторно се искачи на тронот на европската кошарка. Финалето во арената „ОАКА“ донесе вистинска драма и кошарка на највисоко ниво. Реал подобро го отвори мечот и уште на стартот поведе со 1-9, користејќи ја нервозата кај ...
Неверојатна приказна ни доаѓа од португалскиот Куп. Екипата на второлигашот Торенсе го совлада големиот фаворит Спортинг во финалниот натпревар со конечни 1-2, обезбедувајќи пласман во Лига Европа на УЕФА! Торенсе рано го отвори резултатот, поведе со 1-0 уште во четвртата минута, а Спортинг израмни по девет минути игра во второто полувреме. Се чинеше дека фаворитот го презема моментумот во свои раце, но Торенсе успеа да остане во егал по ...
Нишеш Басавареди приреди големо изненадување уште на стартот на Ролан Гарос, откако во четири сета го елиминираше својот сонародник Тејлор Фриц. Младиот американски тенисер славеше со 7-6, 7-6, 6-7, 6-0 и ја оствари една од најголемите победи во својата кариера. Мечот донесе огромна борба во првите три сета, при што Басавареди двапати беше подобар во тај-брејкот, додека Фриц успеа да остане во игра освојувајќи го третиот сет по драматичен ...
Нема крај на серијата на титули на МЗТ Скопје, а не е ни блиску крајот на неверојатната кариера на Војдан Стојановски. Испиша легендарниот македонски кошаркар уште една страница во својата биографија. Сега ја дополни со наградата – признанието за најкорисен играч на финалната серија на плеј-офот. Еден од најискусните играчи во ново-стариот шампион одигра уште една одлична партија во третиот и решавачки натпревар, кој им ја донесе на ...
Голема тензија и сериозни инциденти се случија во Торино во пресрет на градското дерби меѓу Јувентус и Торино. Според првичните информации, 45-годишен навивач, за кого се претпоставува дека е симпатизер на Јувентус, бил пренесен во критична состојба во болница по жестоките судири меѓу ултрас групите во близина на стадионот. Навивачот се здобил со тешка повреда на главата и најпрво бил однесен во болницата „Маурицијано“, а потоа итно префрлен ...
Депортиво Ла Коруња и официјално се врати во Ла Лига по пауза од осум години. Славниот шпански клуб обезбеди промоција во елитното друштво откако математички потврди најмалку второ место во Сегунда дивизион, коло пред крајот на сезоната. Депортиво последен пат играше во Ла Лига во сезоната 2017/18, кога тимот го водеше Кларенс Сидорф. По испаѓањето следуваа тешки години за клубот, кој помина и три сезони во третото ниво на шпанскиот фудбал. ...
Екипата на МЗТ Скопје го совлада Маџари со конечни 74-80 во третиот натпревар од финалната серија во Суперлигата, со што му приреди „метла“ на дебитантот во елитата и стигна до тринаесеттата шампионска титула во историјата на мак-баскетот. „Металците“ на Васко Атанасов можеби не одиграа најдобар меч на гостувањето во Маџари, но на крајот покажаа зошто се фаворити во финалето против дебитантот во најсилната конкуренција. Домаќинот солидно го ...
Екипата на МРК Куманово продолжи со натпреварите во плеј-аутот и славеше убедливо над Радовиш (38-21) во рамки на Суперлигата. Веќе е познато кој се сели во понизок ранг, а кој ќе игра бараж, па овој натпревар беше само за престиж. МРК Куманово очекувано беше подобар ривал од радовишани и славеше со висока разлика. На полувремето беше 17-9 за домашните. Најдобар стрелец кај Куманово на овој натпревар беше Борјан Цековски со 12 гола, а го ...
Она што го направи Сандерленд оваа сезона слободно може да се нарече една од најголемите фудбалски приказни во Европа. Тимот кој минатата година настапуваше во Чемпионшип, сега успеа да се пробие до самиот врв на англискиот фудбал и да обезбеди место на европската сцена. „Црните мачки“ приредија вистинско чудо, завршувајќи на седмото место во Премиер лигата, што по последните резултати им носи директен пласман во Лигата на Европа. ...
Навивачите на Манчестер Сити се збогуваа со две огромни легенди на нивниот клуб. Последното премиерлигашко коло значеше крај на една успешна и трофејна ера, по која заминуваат Португалецот Бернардо Силва и трофејниот тренер, Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ загубија од Астон Вила со 1-2, но резултатот од мечот остана во втор план, додека фановите со громогласен аплауз го испратија Бернардо Силва, кој заминува од клубот после девет сезони во небесно ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас, како што стојат моментално работите со победа го напушта Наполи. Македонскиот „дијамант“ денеска го одигра последниот натпревар за наполитанскиот гигант, затоа што неговата позајмица од РБ Лајпциг завршува, а барем засега нема иницијатива од италијанскиот клуб за откупување на договорот. Во последното коло од Серија А екипата на Наполи славеше минимално над Удинезе со 1-0. Голот за ланскиот ...
Кошаркарската секција на Барселона е освојувач на јуниорската Евролига, откако денес во „Ел Класоко“ дуел за тротфејот во „ОАКА Арена“ го совлада Реал Мадрид со 85-77. Целиот натпревар беше резултатска нишалка, двете екипи се менуваа во водството и ниту една не се одлепи. Бумтеј Бумтје со 17 поени и 6 скока беше прогласен за најкорисен кошаркар на натпреварот (МВП). screenshot-capture-2026-05-24-18-32-01.png На завршниот турнир во Атина ...
Анте Иванковиќ уште еднаш ги покажа своите квалитети во дресот на ГРК Охрид и заедно со Дарко Ѓукиќ беа топ-стрепци во победата над Татабања (28-29) во првиот меч од финалињата во Европскиот Куп на ЕХФ. По дуелот во унгарскиот град, Иванковиќ истакна дека целта да се победи е остварена. „Задоволни сме што победивме, иако во еден момент имавме плус од шест гола. Следниот меч е во Охрид, тоа е наша тврдина. Но сигурно дека ќе биде тежок меч ...
Екипата на Вардар ја освои титулата на Македонија, но во новата сезона ќе има нов тренер, затоа што Гоце Седлоски заминува да ја води во целост сениорската репрезентација на Македонија. Под водство на Седлоски, Вардар ја заврши сезоната на најдобар можен начин, со освоена шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига, како круна на напорната работа, дисциплината и тимскиот дух што ги изгради во тимот. „Седлоски внесе стабилност, ...
Дојде крајот на ерата на Мохамед Салах во Ливерпул. Египетскиот „фараон“ се збогуваше со навивачите на натпреварот против Брентфорд во последното премиерлигашко коло, ставајќи крај на една повеќе од успешна етапа во дресот на „црвените“. Салах беше заменет во 74. минута од Џереми Фримпонг, по што доби двеминутни стоечки овации од навивачите на „Енфилд“, кои за последен пат му искажаа почит на најдобриот клупски стрелец во историјата на ...
Екипата на Охрид извојува голема победа над Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Купот. Нашиот претставник од Унгарија се враќа со гол предност, стекнат со триумфот од 28-29. „Гладијаторите“ имаа контрола врз резултатот речиси во текот на целиот натпревар, во еден момент водеа и со седум гола (5-12), но на крај мораа да се задоволат со победа од само еден погодок. А најзаслужен за тоа е српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ, кој во ...
Филип Талески и неговата Татабања на домашен терен загубија од ГРК Охрид (28-29) во рамки на првиот меч од финалниот двомеч во Европскиот Куп на ЕХФ. Македонскиот бек придонесе со два гола за својот тим, но на крајот не се радуваше на победа. „Во финале шансите секогаш се 50/50. Ние се боревме 60 минути, но Охрид беше доста подобар од нас и се бореше, а ние правевме грешки. Но, имаме уште еден меч, ќе одиме кај нив со желба за борба и имаме ...
Екипата на Ливерпул се избори за пласман во Лигата на шампионите, откако во последното премиерлигашко коло ремизираше со Брентфорд (1-1), задржувајќи ја петтата позиција на табелата. „Црвените“ на Арне Слот поведоа преку Куртис Џонс во 58. минута, но гостите се вратија во егал со голот на Кевин Шаде, кој ги постави конечните 1-1 само шест минути подоцна. Се обиде Ливерпул да дојде до целиот плен, имаше уште 2-3 солидни прилики, но мораше да ...
Фудбалерите на Тотенхем зад себе оставија уште една турболентна сезона во Премиер лигата. Откако минатата завршија на 17 место, оваа до последно коло се бореа за опстанок и успеаја во тоа. На затворањето на сезоната во англиската елита „петлите“ го совладаа Евертон со минимални 1-0 и со тоа ги собраа потребните бода кои му гарантираа Премиер лигата и во следната сезона. Човек на одлука на „Тотенхем Стадиум“ беше Паулиња, кој во финишот од ...
Екипата на ГРК Охрид гостуваше кај Татабања во првиот финален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ, а иако имаше шест гола позитива во еден момент, победникот го даде драматичен финиш, тоа беше македонскиот тим кој славеше со 29-28. Реванш финалето на кој ќе го добиеме новиот победник во ЕХФ Купот и наследникот на македонски Алкалоид е следниот викенд во СЦ „Билјанини Извори“. Натпреварот во Унгарија започна според планот на Борис Ројевиќ. ГРК ...
Екипата на Брера Струмица со победа ја заврши сезоната. Тимот пред својата публика славеше над Шкупи (6-0), во меч кој немаше значај, затоа што Брера ќе игра бараж, а Шкупи патува во Втората лига. Се држеа чаирчани едно полувреме кога имаа минимална негатива во однос на ривалот (1-0), но во вториот дел се распаднаа. Како што е познато, Шкупи оваа сезона заради финансиска криза и блокади за трансфери ја игра сезоната со младинци и урива ...
Екипата на Пелистер со победа ја затвори турболентната сезона во Првата македонска фудбалска лига и пред својата публика со минимални 1-0 го совладаа составот на Башкими. Домашниот шампионат „зелено-белите“ го завршија на осмата позиција, која што носи бараж за опстанок. Пелистер офанзивно го отвори натпреварот, а првата закана стигна веќе во втората минута преку капитенот Ивановски, кој шутираше високо над голот. Само неколку секунди подоцна ...
Пред крај е уште едно издание од Првата македонска фудбалска лига. Нов шампион на нашата држава е ФК Вардар, кој ја освои дванаесеттата титула во историјата, и се врати на тронот после шест години. „Црвено-црните“ беа и екипата со убедливо најмногу постигнати голови (80), бележејќи 26 победи, пет нерешени средби и само два порази. Вардарци ќе играат во квалификациите за Лигата на шампиони, а излез во европски рамки обезбедија уште ...
Македонскиот бек Филип Талески по заминувањето од Вардар се пресели во Унгарија, каде што денес со новиот тим Татабања го игра првиот натпревар од финалето на ЕХФ Купот против Охрид. Охриѓани носени од голманот Пилиповиќ го „сомлеа“ домаќинот во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од пет гола (8-13), но најатрактивниот момент од првиот дел му пропадна на нашиот лев бек. Во самиот финиш од полувремето Талески со атрактивен цепелин ...
Бруно Фернандеш уште еднаш потврди дека зад себе има феноменална сезона, можеби и најдобра откако е во Манчестер Јунајтед. Капитенот на „ѓаволите“ повторно запиша асистенција, овој пат на натпреварот против Брајтон во последното коло на Премиер лигата, на тој начин поставувајќи нов апсолутен рекорд и надминувајќи ги Кевин Де Брујне и Тјери Анри. Двајцата имаа по дваесет асистенции во една премиерлигашка сезона, но сега Бруно има 21, со што ...