Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Лудата трка за местата во Европа и опстанок во шпанската Примера заврши и веќе е познато сè. Шампионот Барселона изненадувачки загуби од Валенсија на Столе Димитриевски (3-1), меѓутоа „лилјаците“ не дочекаа кикс на ривалите и останаа без европска виза. Првиот дел не понуди голови, а потоа Левандовски донесе предност на последниот меч за Барса. Во продолжението Валенсија со погодоците на Гуера, Риоха и Родригез стигна до трите бода. Во ...
Лацио со победа ја заврши сезоната во Серија А. Римскиот тим на домашен терен славеше против Пиза со 2-1 (2-1) во последното коло од шампионатот. Гостите први стигнаа до предност и во 23 минута Морео погоди за изненадувачки 0-1. Сепак, Лацио брзо одговори и за само неколку минути целосно го сврте резултатот. Прво Деле Баширу израмни во 33 минута, а веднаш потоа Педро донесе пресврт и водство од 2-1 за римскиот состав. Во второто полувреме ...
Охрид утре го очекува најважниот натпревар во европската сезона. македонскиот тим ќе гостува кај Татабања во првиот натпревар од финалето од Европскиот куп на ЕХФ. Избраниците на Борис Ројевиќ денеска ја почувствуваа атмосферата во салата во Унгарија и го одработија последниот тренинг пред големиот предизвик. Иако охридскиот состав има кадровски проблеми и неколку ракометари не се целосно подготвени, во таборот на македонскиот претставник ...
Баерн Минхен ја заокружи сезоната во германскиот фудбал со двојна круна, откако во финалето на Купот на Германија го совлада Штутгарт со убедливи 3-0 (0-0) на „Олимпискиот стадион“ во Берлин. Херој на баварскиот гигант беше Хари Кејн, кој со хет-трик во второто полувреме го реши финалето и му го донесе трофејот на својот тим. Штутгарт подобро го отвори натпреварот и се закани преку Анџело Штилер и Максимилијан Мителштат, но Баерн постепено ја ...
По Бобан Бабунски во времето на Југославија, уште еден член на семејството стана првак со Вардар. Тоа е секако Давид Бабунски, кој е еден од лидерите на „црвено-црните“ во средниот ред. Искусниот играч за врска по освоената титула во ПМФЛ го прокоментира успехот. „ Многу убаво чувство за мене и моето семејство. Среќен сум што постигнав ваков успех, каков што своевремено имаше и мојот татко. Сите сме вардарци и мојот дедо, среќни сме сите. Не ...
Фудбалскиот клуб Вардар ја крена дванаесеттата титула во ПМФЛ. Иако веќе математички беше обезбедена, во последното коло „црвено-црните“ триумфираа во дербито со Шкендија (3-0) за крај на кампањата. По церемонијата за доделување на пехарот својот став го сподели дефанзивецот Дарко Велковски. „Кога дојдов во Вардар не ја познавав премногу екипата, само неколку играчи бидејќи не ја следев македонската лига кога играв во странство. Тешко е ...
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, му го врачи трофејот на Вардар за шампион на Македонија по дерби-победата со Шкендија. По натпреварот, тој се огласи со честитка за новиот шампион и му посака среќа во настапот во европските купови. „Честитки до Вардар за заслужено освоената шампионска титула и за сè што прикажаа оваа сезона. Им посакувам многу успех во европските предизвици и нови големи моменти за ...
Фудбалерите на Вардар со победа над ланскиот првак Шкендија ставија печат на успешната сезона во која го вратија пехарот од домашниот шампионат во своите витрини. Триумфот од 3-0 во последниот настап сезонава беше само потврда за квалитетот на вардарци оваа сезона, а по славјето над тетовци коментар за успехот даде Бобан Николов. „Ова беше тешка сезона. Знаете како зборуваат, колку потешко ќе стигнете до успехот, толку е посладок. Докажавме ...
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и нов шампион, екипата на Вардар, со стил ја заврши сезоната, со победа во дербито со Шкендија (3-0). Овој меч на Арената „Тодор Проески“ беше само за престиж, затоа што и двата тима веќе ги имаат осигурано своите позиции, вардарци се шампиони и ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија како вицепрвак е во првата рунда на Конференциската лига на УЕФА. Вардар за ...
Фудбалерите на Вардар на најдобар можен начин ја заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига – со победа над лутиот ривал Шкендија во последното коло од шампионатот. Пред својата публика вардарци со убедливи 3-0 го совладаа ланскиот првак и го започнаа шампионското славје кое сигурно ќе трае до доцна во ноќта. Тренерот во заминување, Гоце Седлоски, по триумфот над тетовчани и освоената титулата истакна дека е горд на успехот, но и има ...
Во фантастичен натпревар од последното 38. коло во Серија А, Болоња и Интер одиграа спектакуларно реми (3-3) на „Ренато Дал’Ара“. Дуелот понуди вистинска голеада и возбудувања до самиот крај. Интер прв поведе преку Федерико Димарко, но Болоња брзо возврати и направи пресврт со головите на Федерико Бернардески и Томазо Побега. Во второто полувреме, „нероаѕурите“ повторно се вратија во игра преку Франческо Пио Еспозито, но Болоња уште еднаш ...
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и нов шампион, екипата на Вардар, со стил ја заврши сезоната, со победа во дербито со Шкендија (3-0). Овој меч на Арената „Тодор Проески“ беше само за престиж, затоа што и двата тима веќе ги имаат осигурано своите позиции, вардарци се шампиони и ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија како вицепрвак е во првата рунда на Конференциската лига на УЕФА. Вардар имаше ...
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во претпоследниот натпревар од сезоната во Суперлигата извојува убедлива победа, откако на гостински терен славеше против Струга со 29-40. Младите пелистерци одиграа одличен натпревар и уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра, што им донесе сигурна предност. По првото полувреме имаа водство од 16-20, а во вториот дел дополнително го засилија ритамот и со резултат 13-20 во тие 30 минути стигнаа до убедлив ...
Ракометарите на Алкалоид се простија од домашната публика со убедлива победа над градскиот ривал Бутел со 37-21 (19-11). Комплетниот натпревар меѓу Алкалоид Ракомет и Бутел Скопје: Дуелот од претпоследното коло на плеј-офот во Суперлигата во целост му припадна на тимот на Кирил Лазаров. Бутелци парираа само на стартот и водеа во три наврати, последно со 2-3. Тогаш Алкалоид влезе во ритам, направи серија од 7-0 и сериозно се одлепи до ...
Голманот Давор Талески се покажа во одлично светло на дербито против Шкендија, неговиот поранешен клуб, затоа што фати два пенали во низа. Во средината на второто полувреме со ВАР-проверка судијата Бенџамин Ќерими покажа на белата точка. Фаул направи Најдовски врз Вебстер. Одговорноста за пеналот ја презеде Лирим Љатифи, а Давор Талески го прочита неговиот удар. Сепак, беше утврдено дека голманот излегол порано од гол-линијата и најстрогата ...
Кадетите на Вардар дојдоа до трофејот во шампионатот на Македонија, а на дербито со Шкендија продефилираа на атлетската патека. Младите надежи на црвено-црните со пехарите беа гости на дербито за крај на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а добија аплауз од публиката во Скопје и навивачката група „Комити“. Сезоната кадетскиот тим на Вардар ја заврши со 81 освоен бод, 12 повеќе од второпласираниот Работнички. На 30 одиграни ...
Екипата на Хал Сити по девет години повторно ќе игра во Премиер лигата, откако во финалето од плејофот во Чемпионшип, во „најскапиот меч“ на Островот заради високата премија со пласманот во Премиер лигата, на „Вембли“ со 1-0 го совлада Мидлсбро. Херој на „тигрите“ беше искусниот Оливер Мекбрни, кој победничкиот гол го постигна длабоко во судиското продолжение и донесе огромна радост за клубот и навивачите. Интересно е што Хал едвај успеа да ...
Воочи финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид, утревечер во Атина, попладнево прес-конференција одржаа првиот човек на натпреварувањето - Дејан Бодирога и директорот Чус Буено. Тој зборуваше на многу теми пред големиот број новинари, кои ги интересираше иднината на најсилното клупско натпреварување во Европа. Еве го главните заклучоци од средбата на челниците на Евролигата со многубројните новинари во Атина: За зголемувањето на ...
Екипата на Алкалоид пред последниот домашен меч од сезоната во Суперлигата против Бутел Скопје објави разделба со тројца ракометари од актуелниот ростер. По крајот на сезоната, од клубот заминуваат пивотите Никола Маркоски (39) и Кристијан Симоноски (25), како и средниот бек Мартин Ивановски (25). Тројцата добија благодарници од раководството на Алкалоид, кое истовремено им посака и успех во понатамошниот дел од кариерите. Екипата на ...
Екипата на Вардар има предност од 1-0 во дербито со Шкендија во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со автогол кој падна во 20. минута од мечот. По една контра која ја повлече Стефан Цветковиќ и уфрлање во шеснаесетникот, топката ја зафати дефанзивецот Нуман Ајетовиќ и го измами голманот Астрит Амзаи. Шкендија бараше прекршок од судијата Бенџамин Ќерими на почетокот на акцијата, но судијата остана дециден на ставот дека нема елементи за ...
Фудбалерите на Брегалница Штип го освоија трофејот во Втората македонска фудбалска лига и се врати директно во елитата, откако во последното коло славеше со убедливи 7-0 против Победа. По ремито против Шкендија Арачиново во минатото коло, штипјани ја исполнија целта против аутсајдерот и го завери првото место на табелата. Второто место исто така со убедлива победа го завери Скопје добивајќи го дуелот со Детонит Плачковица со сигурни 5-1 ...
Вообичаено шампионите во земјите добиваат почит од екипите со кои играат пред да го добијат трофејот, но тоа не беше случај на големото дерби меѓу Вардар и Шкендија. Тетовчани пред стартот на натпреварот, не му аплаудираа на новиот првак на Македонија. Двете екипи само излегоа од тунелот и почна натпреварот на Арената. Вардар за првпат е на тронот по 2020 година, а ја освои својата дванаесетта титула во историјата. Вообичаено шампионите во ...
Екипата на Арсими 1973 успешно ја затвори сезоната и славеше победа со минимални 1-0 (0-0) против Струга Трим Лум во натпреварот од последното коло на Првата македонска лига. Првото полувреме не понуди премногу возбудувања за малубројната публика на стадионот во Гостивар. Арсими имаше за нијанса поконкретен почеток, но не создаде некоја посериозна шанса. Башким Велија беше во добар ритам, се обидуваше да дели корисни топки за своите ...
Вардар и Шкендија ќе ја затворат сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со дерби-дуел, кој ќе биде само за престиж, затоа што вардарци веќе се шампиони на Македонија. Тренерите Гоце Седлоски и Јетон Беќири ги објавија стартните состави за дуелот кој ќе се одигра на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Вардар: Талески; Јанкулов, Велковски, Матиќ, Данев; Николов, Најдовски; Бабунски, Закариќ, Цветковиќ; Омерагиќ Шкендија: ...
Спартак Варна на „македонски погон“ обезбеди опстанок во Првата лига на Бугарија. Со трите гола на Георг Стојановски оваа екипа го доби дуелот со Локомотив Софија (3-0) и го казни киксот на Септември Софија со што скокна на безбедна позиција по последното коло во шампионатот. Тренер на екипата е славниот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски кој ја исполни примарната цел на Спартак и го одржа во лигата. Искусниот тренер е популарен и меѓу ...
Маџари утре на домашен терен ќе го одигра третиот натпревар од финалната серија во македонската кошаркарска лига против МЗТ Скопје. Актуелниот резултат во серијата е 0-2 во корист на тимот од Аеродром, кој ги доби двата воведни натпревари на свој терен, па за Маџари претстојниот дуел ќе биде натпревар „да се биде или не“. Пред мечот, тренерот Миодраг Тодоровиќ испрати јасна порака дека неговиот тим нема намера лесно да се предаде. „Нè чека ...
Кристијано Роналдо по четири години конечно стигна до шампионската титула во саудиското првенство, откако со Ал-Наср ја освои титулата оваа сезона. Сепак, и покрај шампионскиот успех и одличната индивидуална статистика, португалската ѕвезда не беше избрана за најдобар фудбалер на шампионатот. Тоа признание му припадна на неговиот соиграч и сонародник Жоао Феликс, кој зад себе има импресивна сезона со 20 голови и 13 асистенции. Кристијано ...
Искусниот тренер на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, зборуваше со медиумите пред големото финале во Евролигата против Реал Мадрид, кое ќе се одигра во грчката престолнина, Атина. Барцокас уште еднаш изрази задоволство од добро одиграниот меч против Фенербахче, но повеќе се осврна на следниот ривал, за кој рече дека е многу силен и исклучително опасен. „Одигравме прекрасен меч против Фенер, но сега фокусот е на финалето. Знам дека растат ...
Хрватот Марио Хезоња и неговиот Реал Мадрид се подготвуваат за големото евролигашко финале. „Кралевите“ ќе излезат на мегдан со грчкиот Олимпијакос, кој во полуфиналето го елиминираше Фенербахче. Хезоња се надоврза на тренерот Скариоло и изрази жалење за повредените соиграчи, но во исто време порача дека духот и менталитетот на тимот остануваат победнички. „Нема за што да жалиме. Ја прифаќаме ситуацијата каква што е. Ќе се бориме до крај со ...
Шпанска Валенсија веќе подготвува план за можната замена на Жан Монтеро, а според информациите на светските медиуми, главна желба на шпанскиот клуб е Ти Џеј Шортс. Раководството на Валенсија во плејмејкерот гледа идеален лидер за новиот проект на тимот, особено ако Монтеро ова лето реши да направи трансфер и да ја продолжи кариерата во друг клуб. Ти Џеј Шортс веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите организатори на игра во Европа, а со ...