Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1.000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ - стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...

Антонио Конте повторно е во центарот на вниманието на италијанската спортска јавност, а медиумите на Апенините сè почесто го нарекуваат „татко на нацијата“ поради неговото влијание врз италијанскиот фудбал. Искусниот стратег важи за човек кој каде и да работи носи дисциплина, победнички менталитет и силна емоција, а токму тоа, според многумина, ѝ недостигаше на Италија во изминатите години. Медиумите силно шпекулираат дека токму Конте може да ...

По поразот од 3-0 во финалето на Лига Европа од Астон Вила, тренерот на Фрајбург, Јулиан Шустер, призна дека неговиот тим е разочаран, но порача дека искуството од историскиот настап не треба да се заборави. Шустер истакна дека натпреварот бил решен во клучни моменти, особено пред паузата, кога Вила искористи корнер и грешка во одбраната за да дојде до предност. „Навистина немавме среќа. Загубивме финале и тоа боли. Верувавме дека можеме да ...

Емилијано „Дибу“ Мартинез продолжува да гради импресивна репутација како голман кој не знае за пораз во финални натпревари, откако повторно беше дел од победничкиот тим на Астон Вила во Лига Европа и ја зголеми својата неверојатна серија на освоени финалиња. Аргентинскиот чувар на мрежата важи за специјалист за големи натпревари, а неговата статистика во финалиња станува сè поимпресивна - со седум победи во сите финални натпревари во кои ...

Шуичи Јошида е шестото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона. Јапонскиот репрезентативец потпиша договор за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување за уште една година. Има 25 години и висок е 193 сантиметри. Во Охрид ќе го носи дресот со бројот 11. „Здраво, Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативец. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и ...

Новак Ѓоковиќ го дозна првиот ривал на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Денешната ждрепка одлучи дека српскиот ас ќе ги одмери силите со домашниот претставник, Џовани Перикард. За нив ова ќе биде прв меѓусебен дуел, а Ѓоковиќ секако ќе ја има фаворитската улога. Србинот е поставен како трет носител на турнирот, откако стана јасно дека Карлос Алкараз нема да настапи во Париз поради повреда. Перикард во моментов е на 80. позиција на АТП ...

Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими, се обрати до навивачите на Шкендија после поразот од Силекс во финалето од Купот на Македонија (1-0). Напаѓачот не беше во можност да му помогне на тимот и истакна дека навистина го боли поразот во мечот за трофејот, признавајќи дека разочарувањето е навистина големо. „Да се изгуби едно финале е болно за секој што ја сака Шкендија. Чувствувам разочарување што не успеавме да ви ја ...

НБА лигата ја објави идеалната петорка на дебитанти за сезоната 2025/26, а очекувано во неа се најде и Купер Флег, кој претходно беше прогласен за дебитант на годината. Во најдобриот тим на новајлии се избрани Флег од Далас, Кон Кнупел од Шарлот, Ви Џеј Еџекомб од Филаделфија, Дилан Харпер од Сан Антонио и Седрик Кауард од Мемфис. Флег, Кнепел и Еџкомб добија максимални 200 поени во гласањето, Харпер освои 193, додека Кауард заврши со 125 ...

Легендата на Селта Виго, Јаго Аспас, го продолжи договорот со шпанскиот клуб за уште една година, на големо задоволство на навивачите. Клубот пред само неколку недели најави дека ќе изгради статуа пред стадионот во негова чест, а сега Аспас доби и едногодишен договор, со кој само ќе го продлабочи митот во дресот на тимот од Виго. 38-годишниот напаѓач има опција и за продолжување за уште една година, но тоа ќе зависи од неговата форма по ...

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против Шкендија поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – Поведување ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Египет, Хосам Хасан, го објави списокот на играчи за настап на Светското првенство, а очекувано главна ѕвезда на тимот ќе биде Мохамед Салах. Селекторот се одлучи за комбинација од искусни фудбалери и неколку помлади имиња, со цел Египет да остави силен впечаток на Мундијалот. Покрај Салах, во составот се најдоа и голманот Мохамед Ел Шенави, дефанзивецот Ахмед Хегази, како и офанзивците Мостафа ...

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман, го објави конечниот список на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на претстојното Светско првенство. Нагелсман на Мундијалот ќе поведе со себе 26 играчи, а меѓу нив нема преголеми изненадувања, односно тимот ќе биде составен од добропроверени сили кои настапуваа и во изминатиот период. Мануел Нојер останува неприкосновен помеѓу стативите, а во тимот ќе го нема Серж Гнабри, кој ...

Навивачите на Шкендија ја исвиркаа химната на Македонија во финалето на Купот против Силекс (1-0). Овој потег наиде на сериозна осуда, а се очекува постапка против клубот за однесувањето на фановите. На темата се огласи и Министерството за спорт, на чело со министерот Борко Ристовски. Освен тоа, осуда има и за однесувањето на фудбалерите кои не сакаа да ги примат медалите за поразениот во финалето. Соопштението на Министерството за спорт ви ...

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, порача дека неговиот тим е подготвен за нов голем предизвик пред стартот на евролигашкиот фајнал-фор во Атина. Литванскиот стратег истакна дека Фенербахче низ сезоната постепено го градел својот идентитет и дека тимот значително напредувал како на дефанзивен, така и на офанзивен план. „Многу сме среќни што повторно сме на завршниот турнир. Не го земаме ова здраво за готово и работиме максимално за ...

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, порача дека неговиот тим е целосно фокусиран на полуфиналниот дуел против Фенербахче пред стартот на фајнал-фор турнирот во Евролигата, кој се одржува во Атина. Искусниот грчки стратег нагласи дека Олимпијакос не размислува за атмосферата, фаворитската улога или за тоа кои екипи недостасуваат на завршниот турнир, туку исклучиво за предизвикот што ги очекува на паркетот. „Не нè интересира кој ...

Тренерот на Реал Мадрид, Серџо Скариоло, зборуваше со медиумите во пресрет на полуфиналниот натпревар во Евролигата против Валенсија, истакнувајќи дека неговиот тим е свесен за квалитетот на ривалот. Валенсија играше можеби најдобра кошарка во регуларниот дел од сезоната, а Скариоло смета дека неговите избраници ќе имаат многу тешка задача пред себе. „Знаеме со каков тим се соочуваме, тоа е повеќе од јасно. Валенсија беше меѓу најдобрите ...

Астон Вила испиша нова страница во својата историја со убедливата победа од 3-0 над Фрајбург во финалето на Лига Европа, а тренерот Унаи Емери порача дека клубот нема намера да застане тука. Шпанскиот стратег, кој ја освои својата рекордна петта титула во ова натпреварување, изјави дека успехот е резултат на огромната работа и посветеност на целиот тим, но и дека пред Вила допрва следуваат уште поголеми предизвици. „Трофеите му даваат смисла ...

По примерот на Дубаи, уште еден кошаркарски проект од Блискиот Исток сериозно се подготвува за влез во европската кошаркарска сцена. Според најавите, клуб од Абу Даби веќе работи на долгорочен план кој во иднина би му донел настапи во АБА лигата, а потоа и во системот на Евролигата. Информациите велат дека тимот од Обединетите Арапски Емирати би можел да се приклучи во регионалното натпреварување од сезоната 2027/28, по моделот на Дубаи кој ...

Андреј Тодороски игра одлично во српската фудбалска Суперлига во дресот на ТСЦ Бачка Топола. Играчот со македонско потекло, но со австриски пасош, е желба на селекторот Гоце Седлоски и на ФФМ, но административните проблеми прават тој да не биде со тимот. „Околу Андреј Тодороски од ТСЦ, се чека тој да добие македонски пасош, секако дека таков играч ни е добредојден. Го следам и го пратам, што побрзо добие пасош толку поубаво за нас ќе биде ...

Прославата на фудбалскиот клуб Вардар на освоената титула по мечот со Струга наиде на критика и на осуда заради речникот на фудбалерите, а во име на тимот се извини се уште актуелниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Гоце Седлоски. „Во мое лично име и во сите играчи на Вардар сакам да се извинам за потегот кој се направи на прославата со екипата во Струга.“, изјави Седлоски на стартот на прес-конференцијта како најава за ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, го објави списокот на повикани играчи за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција кои го чекаат нашиот национален тим во овој прозорец. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек на Вардар, ...

Гоце Седлоски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, на прес-конференција зборуваше за објавениот список за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција кои ќе се одиграат во овој прозорец. „Ни следат мечеви со две силни селекции со БиХ и Турција. Повикав повеќе играчи, доста играчи откажаа затоа што е крај сезоната и заморот и повредите го направија своето. Повикав играчи од македонското првенство, сакам да ...

Ракометниот клуб Охрид објави продажба на билетите за финалниот натпревар против Татабања во Европскиот куп на ЕХФ и салата беше експресно распродадена. За помалку од петнаесет минути се продадоа нешто помалку од 2.000 билети за двете трибини во „Билјанини извори“. Еуфоријата во градот крај Охридското езеро е огромна и тоа веднаш се одрази на продажбата на билетите дуелот со Унгарците. Охрид прво в сабота ѝ гостува на Татабања, па потоа на ...

Извлечени се паровите за баражот за место во Втората македонска фудбалска лига. Во баражот ќе се судрат неколку поранешни прволигаши, а единствениот дуел на овосезонски третолигаши ќе биде Камењане против Победа Валандово. Бараж дуелите за ВМФЛ: Тетекс - Влазними Каменица Саса - Еуромилк Горно Лисиче Борец - Кожуф Победа Валаново - Камјани Натпреварите од баражот за ВМФЛ ќе се одиграат на 30 мај. Се очекува во следните денови да се одредат ...

Фудбалерките на севернокорејскиот Негојанг приредија големо изненадување откако на гостински терен во Јужна Кореја го совладаа Сувон со 2-1 и се пласираа во финалето на Азиската Лига на шампиони. Овој натпревар ќе остане запаметен како прв дуел меѓу севернокорејски и јужнокорејски клуб на територијата на Јужна Кореја уште од 2018 година, а воедно и прво гостување на севернокорејски фудбалски тим во Јужна Кореја од 2014 година. Хероини на ...

Фудбалерите на Силекс го освоија четвртиот пехар во Купот на Македонија, откако славеа во финалето против Шкендија со 1-0. Честитки до новиот освојувач на Купот испрати и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Покрај тоа, им посака среќа и во европските натпревари ова лето на кратовци. „Искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на ФК Силекс за освојувањето на Купот на Македонија. Во ...

Кошаркарите на Оклахома славеа на домашен терен против Сан Антонио со 122-113 и така израмнија на 1-1 во финалето на Западната конференција во НБА лигата. Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс: Спарси овојпат не успеаја да го запрат Шеј Гилџус Александер, кој натпреварот го заврши со 30 поени и девет асистенции. Сан Антонио не се предаваше во ниту еден момент, повеќепати се враќаше во игра, но во последната четвртина сепак попушти. ...

Фудбалскиот клуб Шкендија не ги прими медалите во Купот на Македонија по поразот од Силекс (1-0). По крајот на финалето играчите беа под трибината со своите навивачи кои ги побараа нивните дресови, а потоа не се „јавија“ на повиците да дојдат да ги примат сребрените медали. Поради тоа, клубот реши јавно да се огласи за ситуацијата. Тие демантираа дека Шкендија одбила да ги прими медалите и наведоа дека се работело за техничка грешка, односно ...

Легендарниот хрватски фудбалер, Лука Модриќ, поставил јасни услови за да остане во Милан и следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми. Според информациите на „Скај“, искусниот играч за врска сака клубот да му гарантира конкурентен тим и амбициозен проект пред да прифати продолжување на договорот. Еден од клучните услови на Модриќ е Милан да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, бидејќи Хрватот сака кариерата да ја заврши на ...

Додека неговиот најголем ривал ја слави својата прва титула по 22 години, Тотенхем се упатува кон последното коло од Премиер лигата, заканувајќи се со испаѓање за првпат по 48 години. Тоа е неверојатна ситуација за клуб кој ја освои Лигата на Европа пред една година, а оваа сезона стигна до нокаут фазата од Лигата на шампионите. По поразот од 2-1 на гости против Челзи, Спарс останаа на 38 бода, само два повеќе од 18. место што го држи Вест ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Калај

53.60